Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Според вредноста на акциите, СТБ се цени на 175м, Тутунска за 105м а КМБ нешто над 100м.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Некако имам впечаток дека постепено КМБ е цел на превземање. Баш ме интересира кои го поседуваат уделот што е околу 39 проценти странска инвестиција.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Отидоа банките у небо ( барем оние квалитетните ), остана уште КМБ троа да порасне ( иако и таа порасна од 1800 на 2800, а бро ќе биде и 3000 ). Уни, ТТК, СБТ... не ги спомњам, не вредат спомињање ниту инвестирање :)

Да видиме што остана од квалитетните компании за инвестирање....

Алкалоид - досадна, мала дивиденда
Гранит - интересна, можен раст
Бетон - добра дивиденда во најава на пролет
Прилепска Пивара - досадна, мала дивиденда
Витаминка - досадна, мала дивиденда
Македонија Турист - солидна дивиденда на пролет
Усје - одлична дивиденда секоја година
Пекабеско - неликвидна, но голем потенцијал за капитален раст

Шпекулативни:

Топлификација
Макпетрол
Окта
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Некако имам впечаток дека постепено КМБ е цел на превземање.
Oчекував превземањето да започне после изборите, изгледа на некого му се брза.
Или друга опција е дека протекле информации за многу подобри резултати оваа година.

Баш ме интересира кои го поседуваат уделот што е околу 39 проценти странска инвестиција.
5% се на Европска банка за развој и 10% се на EAST CAPITAL EXPLORER INVESTMENTS
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Oчекував превземањето да започне после изборите, изгледа на некого му се брза.
Или друга опција е дека протекле информации за многу подобри резултати оваа година.



5% се на Европска банка за развој и 10% се на EAST CAPITAL EXPLORER INVESTMENTS
луѓе блиски до власта купуваат акции веќе подолг период, онолку колку што можат да договорат нели. Изгледа се забрза процесот, а причини може да има многу.

Резултатите сигурно се подобри од лани, прашањето е само колку. Искрено не верувам дека се толку многу за да се оправда цената. Тие највеќе зависат од отписот на или ревалоризацијата на побарувањата а тоа пак е процес што се тера рамномерно и како амортизацијата ако нема некоја исклучителна ситуација ќе биде со слична вредност како во 2015.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Тие највеќе зависат од отписот на или ревалоризацијата на побарувањата .
Сите се крстат дека ќе ја преполоват исправката на вредноста на финансиските средства, лани и полани беа по 30 милиони евра, што е премногу во споредба со СТБ и ТНБ.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
луѓе блиски до власта купуваат акции веќе подолг период, онолку колку што можат да договорат нели. Изгледа се забрза процесот, а причини може да има многу.

Резултатите сигурно се подобри од лани, прашањето е само колку. Искрено не верувам дека се толку многу за да се оправда цената. Тие највеќе зависат од отписот на или ревалоризацијата на побарувањата а тоа пак е процес што се тера рамномерно и како амортизацијата ако нема некоја исклучителна ситуација ќе биде со слична вредност како во 2015.
Или си во тешка заблуда или не те разбрав добро, ај кажи го со други зборови вториот пасус.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Или си во тешка заблуда или не те разбрав добро, ај кажи го со други зборови вториот пасус.
Не те разбирам и јас кој дел од моето мислење баш да го објаснам, ми се чини како да е добро напишано.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Сите се крстат дека ќе ја преполоват исправката на вредноста на финансиските средства, лани и полани беа по 30 милиони евра, што е премногу во споредба со СТБ и ТНБ.
Мислам дека околу 1,2 милијарди беше односно околу 20м што е многу, зборот ми беше дека веројатно толку ќе биде и оваа година бидејќи таков е трендот во првите 6 месеци.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Не те разбирам и јас кој дел од моето мислење баш да го објаснам, ми се чини како да е добро напишано.
За исправката на побарувањата/кредитите и амортизацијата. Најпрво двете не се ни малку поврзани ни слични.

Амортизацијата иако најчесто праволиниска ако нема значајни промени има тенденција на намалување. Значи различно од тоа што го напиша.

Побарувањата не се ревалоризираат; тоа веќе не е профитливо согласно мсс/мсфи. Ако мислеше на исправката, истата е согласно Одлуката за управување со кредитен ризик од НБРМ, и малце е потешко да се процени, зашто зависи од мн фактори, мислам лесно е да кажеш ако нема промени ќе остане исто кога не кажуваш што треба да остане исто, а банките и економијата се жива материја, никогаш не остануваат исти. Не инвестирам, па не сум правел некои анализи за да можам со бројки да поткрепам а не сум при време.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
За исправката на побарувањата/кредитите и амортизацијата. Најпрво двете не се ни малку поврзани ни слични.

Амортизацијата иако најчесто праволиниска ако нема значајни промени има тенденција на намалување. Значи различно од тоа што го напиша.
Не реков дека се поврзани ниту дека се слични. Коментарот беше на тоа дека нивниот тренд може да се утврди во шестмесечниот извештај. Бидејќи кај КБ има многу голем раст на цената на акцијата реков дека единствено преку значајно намалување на исправката на вредноста би се промениле толку многу резултатите што ќе го оправдаат растот. Друга ставка која може да покаже значително подобрување како и кај другите банки се расходите за камати. Ќе видиме за некое време.

Мислам дека го збориме истото само некако не можеме да се разбереме.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Мислам дека околу 1,2 милијарди беше односно околу 20м што е многу, зборот ми беше дека веројатно толку ќе биде и оваа година бидејќи таков е трендот во првите 6 месеци.
1,73 милијарди во 2015 и 1,83 милијарди во 2014 беше исправката, тоа се приближно 30 милиона евра.

--------------

BTW Кој е @n3xu5 од МојНовац форумот што ни прави бесплатна реклама? (y)
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Најпрво да кажам дека ја имам акцијата на UNI во портфолио.

Имам 5 акции во портфолио, а анализирам 15тина.

Ги гледав скоро сите деновиве но кај неа ми е највпечатлив трендот.

Прегледај го приврзокот 156267

Прегледај го приврзокот 156268

Ако продолжат со нивото на полугодие би оствариле: Добивка по акција од 277 денари.
Ако тоа се стави во однос со сегашната цена од 717 денари се добива p/e од 2,59.
Еве се потсетив на еден муабет денес, дека пред месец и нешто го постирав овој пост:
Од тогаш најпрво акцијата падна за 7%, па порасна за 18%.
Сеуште во историски рамки на p/e е ниска во однос на минатите години.

Јас во UNI инвестирав поради оваа причина, настрана муабетите дека банката е на „јавна“ продажба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom