Македонија 2006-2016

Т

Триптико

Гостин
Јавен долг:
2006: 1.818.000.000 евра
2015: 4.227.000.000
2025: ???



...... и Вардар не не пере после.
Како што тргнало (под услов да не се смени на подобро), 2025 год ќе биде за 4 пати повеќе. Горе долу, околу 16 000 000 000! Ако биде барем пола, добри ќе бидеме.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Какви црни 3х3 ленти (помошната ја сметаш за лента)? Имам возено Тирана-Косово и Ќафасан-Елбасан-Тирана-Скадар и обратно. 170 км кажуваат светските статистики и нормално дека се изградија во последните 10 години, пошто пред тоа таму се возеше по козји патеки. Ќе скршев кола од дупки после Поградец, а во Кукс се изгубив пошто немаше еден знак по патот. А за тоа дека сме биле нормална држава, јас би рекол бевме најмизерна и најзапоставена во екс-ЈУ, со Европа не ни споредувам. Албанија дефинитивно беше најутепана, но денес како најимигрантска држава, нормално е да бележи раст на бројот на посетители, патници и возила. Сепак уште се позади Македонија, а криминалот им е со светски рекорди. Ако си слушнал, неколку пати имаше убиства на туристи (последните беа од Чешка) за ситна пара. И не се ситам на тоа, јас би сакал сите соседи околу нас да имаат економски бум, автоматски и ние ќе имаме придобивка од тоа.
Да и помошната се рачуна ... а кај нас поставија 2 патарини за наводен автопат од 20км Тетово-Гостивар, кој што не само што нема помошна, туку и на средина има само бетонски ѕид, арно ама пари си собираат секојден. И не само на Тетово-Гостивар и на други места земаат пари а патот на "автопат" не личи.

Зависи со какви статистики и од која година се служиш пошто работите се менуваат секоја година.

Можеш ли да споредиш Албанија од раните 90ти со Македонија?






Го добивме податокот и за 2015, регистрирани патнички автомобили

Македонија 2015: 383.833
Албанија 2015: 403.680


Гледаш како се менуваат работите, во 1993-та во Македонија имаше 290.000 автомобили, а во Албанија 56.000 .... сега Албанија има за 20.000 повеќе од нас.
 
Последно уредено:
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Лесна работа се албанците, им даваш 15% од територијата и ќе се спасиш од нив.
Но ќе треба да те разочарам, ништо нема да биде добро по вас, нити по нас, се додека бираме од овие што ни се нудат да ги бираме, макар во таа држава немаш ниеден албанец, односно македонец.

Гледај Битола, и не само Битола туку цел Пелагониски регион ... таму треба да врие од бизнис.
Направи споредба со Битола, мислам дека таму речиси ништо не мрда од место.

Полошки регион (Тетово-Гостивар), тоа е златен регион, имаат плодно земјиште, имаат планини, вода, студентски регион, печалбарски регион, имаат две познати ски терени: Попова Шапка и Маврово ... кажи ми што е инвестирано во овие две места, како бе им се даваат 250.000 евра за 3 жални врби во Скопје, а не им се даваат за да инвестираат на Попова Шапка?
Еве што прават паметните народи и успешните држави:
-Банско се наоѓа во Бугарија, не сум бил и не знам што место е тоа, но податоците велат дека во 2002 во Банско имало само 14.000 туристи, а во 2014 биле избројани над 500.000 туристи.... само Банско има 500.000 туристи, а цела Македонија има 800.000. Ние со 3 природни езера, со 3 ски терени, со главен град во кој се инвестираа 600 милиони евра, со голем број планини,..
Не ве бива, не не бива. (е затоа Бугарија има 7,9% невработеност, а ние 25%)

6 години не местат за да збориме за барок, а останатите си тераат напред со вистински проекти кои значат развој, што носат пари, што вработуваат народ.
Све се сведе на субвенции, како на апарати да живееме, лежи, земај субвенции, оди на гласање, пак истото се повторува.
Најново што слушнав е тоа дека земјоделците само ги орале нивите без да садат нешто, само со цел да земаат субвенции, пошто велат нема рачун да се сади нешто, не вреди. Па токму затоа и покрај 150 милиони евра субвенции, голем број на земјоделски култури забележуваат пад во споредба со претходните години.
Љоч,знаеш и ти самиот еден непобитен факт.
Вие да се одвоите од Македонија ќе поминете бетер него Косово (знаеш што се дешава таму економски,социјално,демографски).

Значи ајде нас не не бива,а кого го бива?
Албанија бетер е.
На Косово е многу многу бетер него во Македонија,а етнички чиста средина,демек сами за себе одлучуваат.Македонија без вас сега ќе имаше некаква благосостојба тоа го гарантирам.А вие без нас ќе пропаднете.
Вие во ваква според тебе никаква Македонија,каде има дискриминација кон вас, живеете подобро него во Албанија и многу многу подобро него во Косово.
Најмалку се иселувате од Македонија,кој е заслужен за тоа?
Па нормално македонците,вие не можете да се менаџирате сами себе,вие едно село не можете да изменаџирате а камоли држава.
Погледни на што личат албанските села и градови,ала Блиски Исток.

И сега кога ќе искочите на улица со знамињата и мајмукањето со разни пароли и после кога ќе се вратите во гетата од каде што излазивте,без асфалт и канализација...за тоа Македонија ви е крива?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Албанија во последните 10,12 години изгради 242-245км автопат со 3х3 ленти.
Од кои што 100км во најтешкиот предел, во северните планини према Косово.

Кажи колку км автопат е изградено за 10 години во Македонија?

Не велам дека Албанија е подобра, ама гледам како не престигнуваат.

И за автомобили не престигнаа.

Македонија 1993: 289.979 автомобили
Албанија 1993: 56.728 автомобили

Македонија 2005: 253.234
Албанија 2005: 195.125

Македонија 2014: 371.449
Албанија 2014: 378.053

Македонија 2015: х
Албанија 2015: 403.680


Треба да се земе во обзир и тоа дека албанското семејство е повеќе членско, Албанија има повеќе жители, но и семејствата имаат повеќе членови, по глава на жител Македонија има повеќе возила, но по глава на семејство не верувам да е голема разликата, но и таа разлика ќе ја снема, како што ја снемува од година во година. Од 5:1 за Македонија во 1993, сега Албанија го презеде водството.


Воздухопловен превоз на патници:

Македонија 1993: 635.000
Албанија 1993: 130.000

Македонија 2015: 1.451.000
Албанија 2015: 1.977.000

Во 1995-та во Албанија влегле 300.000 странци, додека во 2015-та влегоа 4,1 милион странци. (не се сите туристи, но иако низ Албанија сеуште не минува некој важен патен коридор, се гледа дека земјата е веќе отворена).

Да повторам, ние добивме во наследство нормална држава, ја направивме да биде ненормална.
Во Албанија наследија ненормална, и на пат се да направат нормална.
Албанија во 1993 г. речиси да не беше држава. Не може да се спореди со денес. Тие тогаш беа на почеток во создавање на нормална држава. Како и да е... многу ме интересира колкав е процентот на косовски и македонски државјани во вкупниот број на патници и туристи во Албанија. Јас сум бил на одмор во Драч пред 8 г. и за време на викенд беше неподносливо преполно со косовци (со нивната бучност, „певаљки“ по кафани за нив...). Плус, им изградија модерен автопат од Косово до морето.[DOUBLEPOST=1466329062][/DOUBLEPOST]При разгледување на бројките треба да се имаат на ум и светските и локалните прилики, како: војни, рецесии, кризи, локални прилики, прилики во соседството...)
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
320
Поени од реакции
312
Ова е последен пат да ти реплицирам. Покажуваш или основно непознавање на економија или едноставно тераш инат.
Колку повеќе расте девизниот дефицит Е голем проблем.
Еве прашање : од каде ќе ги обезбедиме разликата во девизите ? Ќе штампаме долари или ќе однесеме денари во странство да купиме девизи ?
Инаку, со вакво темпо, ДА, таа разлика за жал ќе стане бргу....

Ти си скаран со математика. Официјалните бројки ( сега ги проверував, провери си и ти на страната на Народна Банка) кажуваат спротивно од твоето пишување.

Значи:
Увоз 2006 - 3,7М , Увоз 2014 - 7,3М долари
Извоз 2006 - 2,4М , Извоз 2014 - 5,0М долари

Извозот НЕ Е зголемен повеќе отколку увозот ( дај Боже еден убав сончев ден и тоа да биде ) , туку, напротив, увозот е зголемен повеќе од извозот.
Извозот пораснал за 2,6, а увозот пораснал за 3,6 М долари.

Барем јас математиката што ја учев, така кажува....а ти колку сакаш гледај позитивно......
Не знам која математика ти ја користиш, но јас само укажав на едни прости и едноставни бројки (проценти), па кој како сака нека ги сфати. Крај на дискусијата со тебе.[DOUBLEPOST=1467681418][/DOUBLEPOST]
Да и помошната се рачуна ... а кај нас поставија 2 патарини за наводен автопат од 20км Тетово-Гостивар, кој што не само што нема помошна, туку и на средина има само бетонски ѕид, арно ама пари си собираат секојден. И не само на Тетово-Гостивар и на други места земаат пари а патот на "автопат" не личи.

Зависи со какви статистики и од која година се служиш пошто работите се менуваат секоја година.

Можеш ли да споредиш Албанија од раните 90ти со Македонија?






Го добивме податокот и за 2015, регистрирани патнички автомобили

Македонија 2015: 383.833
Албанија 2015: 403.680


Гледаш како се менуваат работите, во 1993-та во Македонија имаше 290.000 автомобили, а во Албанија 56.000 .... сега Албанија има за 20.000 повеќе од нас.
Аман бе Дардан, од коли не може да се свртиме, ти некои приказни кажуваш, овде викат скоро пола милион, а не 380к
http://start.mk/article/154227/recisi-470000-registrirani-vozila-se-trkalaat-vo-makedonija
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Аман бе Дардан, од коли не може да се свртиме, ти некои приказни кажуваш, овде викат скоро пола милион, а не 380к
http://start.mk/article/154227/recisi-470000-registrirani-vozila-se-trkalaat-vo-makedonija
Јас зборував исклучиво за патнички автомобили ... а во групата на возила влегуваат и мотоциклите, тракторите, автобусите и останато.
Изгледа Дардан не кажува приказни.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Јас зборував исклучиво за патнички автомобили ... а во групата на возила влегуваат и мотоциклите, тракторите, автобусите и останато.
Изгледа Дардан не кажува приказни.
Дардан, тезите ти се развиени ко албанска индустрија.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
320
Поени од реакции
312
Јас зборував исклучиво за патнички автомобили ... а во групата на возила влегуваат и мотоциклите, тракторите, автобусите и останато.
Изгледа Дардан не кажува приказни.
Банален ти е аргументот поради две работи, Албанија како прво има повеќе население (барем на хартија), во Македонија има голем број на коли со бугарски таблички, а кои ги возат постојани резиденти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom