И тие споредби што ги прави не држат вода, Албанија на скоро 3 милиони народ имале 380 илјади возила, а ние 370 илјади сме имале (на 2 милиона народ), или па демек 250 км автопат изградиле, а во сите статистики пишува 170, додека кај нас во скоро време ќе бидат 400 км (пак на помалку народ и помала територија)! За извозот нивни ни не зборувам, очигледно е. Единствено нешто што постигнаа повеќе е странски инвестиции, ништо друго.
Албанија во последните 10,12 години изгради 242-245км автопат со 3х3 ленти.
Од кои што 100км во најтешкиот предел, во северните планини према Косово.
Кажи колку км автопат е изградено за 10 години во Македонија?
Не велам дека Албанија е подобра, ама гледам како не престигнуваат.
И за
автомобили не престигнаа.
Македонија 1993: 289.979 автомобили
Албанија 1993: 56.728 автомобили
Македонија 2005: 253.234
Албанија 2005: 195.125
Македонија 2014: 371.449
Албанија 2014: 378.053
Македонија 2015: х
Албанија 2015: 403.680
Треба да се земе во обзир и тоа дека албанското семејство е повеќе членско, Албанија има повеќе жители, но и семејствата имаат повеќе членови, по глава на жител Македонија има повеќе возила, но по глава на семејство не верувам да е голема разликата, но и таа разлика ќе ја снема, како што ја снемува од година во година. Од 5:1 за Македонија во 1993, сега Албанија го презеде водството.
Воздухопловен превоз на патници:
Македонија 1993: 635.000
Албанија 1993: 130.000
Македонија 2015: 1.451.000
Албанија 2015: 1.977.000
Во 1995-та во Албанија влегле 300.000 странци, додека во 2015-та влегоа 4,1 милион странци. (не се сите туристи, но иако низ Албанија сеуште не минува некој важен патен коридор, се гледа дека земјата е веќе отворена).
Да повторам, ние добивме во наследство нормална држава, ја направивме да биде ненормална.
Во Албанија наследија ненормална, и на пат се да направат нормална.