Македонија 2006-2016

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Како ги оценувате последните 10 години, кои се тие промени кои ви се допаѓаат или не допаѓаат, дали има работи за кои мислите дека требаше да се променат а не беа.

Дали овие 10 години беа успешни за Македонија?


Вработени
2006: 556.000
2016: 706.000

Невработени
2006: 320.000
2016: 249.000

Просечната нето плата;
2006: 13.600 денари
2016: 22.700 денари

Минимална плата :
2006: 5.000 денари
2016: 10.000 денари (9000 во текстилна)

Инфлација 2006-2016: 22%

Јавен долг:
2006: 1.818.000.000 евра
2015: 4.227.000.000

Субвенции
2006: 5 милиони евра
2016: 150 милиони евра

Говеда
2006: 255.430
2014: 241.607

Овци
2006: 1.248.802
2014: 740.457

Тутун
2006: 25.037 тони
2014: 27.578

Пченица
2006: 293.326 тони
2014: 287.954

Грозје
2006: 254.308 тони
2014: 195.888

Домати
2006: 142.387 тони
2014: 160.530

Изградени станови
2006: 6.493
2014: 5.356

Покриеност на увозот со извозот
2006: 64% (извоз: 2,4 милјарди долари.... увоз: 3,7 милјарди долари)
2015: 70% (извоз: 4,5 ..... увоз 6,4)

Регистрирани патнички возила
2006: 242.287
2014: 371.499

Број на туристи (домашни и странски)
2006: 499.473
2014: 816.067

Ученици во основни училишта
2005/06: 235.691
2014/15: 192.165

Ученици во средни училишта
2005/06: 95.867
2014/15: 83.522

Студенти
2006: 56.099
2014: 59.359

Родени деца
2006: 22.585
2015: 23.106

Изградени автопатишта 2006-2016: 7,6км* (Скопската обиколница од 26км беше започната пред 2006-та, а беше пуштена во употреба после 2006. *Едната страна на автопатот Табановце-Куманово во должина од 7,6км а во вредност од 15 милиони евра се градеше полни 3 години, исто така во 2012 година започна со изградба автопатот Демир Капија - Смоквица, од 26км ... но тој сеуште не е завршен. Во 2014-та година започнаа работите за изградба на автопатите Миладиновци-Штип како и Кичево-Охрид , кои треба да завршат во 2018 година.

Проект Скопје 2014: започна негде 2009/10 година, требаше да заврши во 2014 година, но ете 6 години сеуште се гради, според премиерот ќе кошташе 80 милиони евра, а според опозицијата веќе ги поминал 600 милиони евра.

Има и многу полиња од интерес: здравство, правосудство, безбедност...

10 години за кого како, но реално тоа не се малку години, сеуште не сме наполниле 25 години самостојна држава, така да 10 години чинат 40% од нашата државност, дали напредокот е задоволителен, дали е доволно оваа темпо во следните 10 години, дали се движиме во добар правец?
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Овци има помалку?
Немогуче!
Овците лека-полека си бегаат од трлото во ред е тоа, туку говедата не ми е јасно како се помалку.

А бројките се јасни - Македонија јуриша кон напредокот со брзина на артритична желка.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
На страна метафорите со овците, не знам од каде е статистикава и колку е точна, ама на 30 пати повеќе субвенции, да се има скоро во секој сегмент на земјоделството и сточарството полоши резултати од 2006 е поразително...
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
На страна метафорите со овците, не знам од каде е статистикава и колку е точна, ама на 30 пати повеќе субвенции, да се има скоро во секој сегмент на земјоделството и сточарството полоши резултати од 2006 е поразително...
Е, ова! Субвенции во ЕУ и секаде во нормалниот свет се даваат за зголемување на квалитет и/или квантитет на земјоделие. Од статистиката се гледа дека субвенциите се само и само популистичка мерка и просто купување на глас.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
На страна метафорите со овците, не знам од каде е статистикава и колку е точна, ама на 30 пати повеќе субвенции, да се има скоро во секој сегмент на земјоделството и сточарството полоши резултати од 2006 е поразително...
Ако бе, дупло плаќаме: прво за субвенции, после за увоз на земјоделски производи.

Инаку во однос на (не)вработеноста факт е дека постои скриена невработеност, во администрацијата најмногу секако, со што вештачки се намалува невработеноста. Има и други фактори меѓу кој е тоа што добар дел од невработените од 2006 сега се веќе во пензија, односно веќе не влегуваат во категоријата работоспособни. Од друга страна, јавна тајна е дека има голем број нс граѓани кои се во сивата економија.

Бројките во однос на јавниот долг се поразителни. Само овие нецели 3 месеци еден куп пари сме задолжени...
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ак ги прашвиш битушанец, брутус и остала изветреана багра, резултатите се повеќе него ли очекуваното. До толку сме напреднале шо најверојатно ни Аце во најлудите соништа не можел да помисли на вакво нешо.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.809
Поени од реакции
15.732
Ак ги прашвиш битушанец, брутус и остала изветреана багра, резултатите се повеќе него ли очекуваното. До толку сме напреднале шо најверојатно ни Аце во најлудите соништа не можел да помисли на вакво нешо.
Покриеност на увозот со извозот
2006: 64% (извоз: 2,4 милјарди долари.... увоз: 3,7 милјарди долари)
2015: 70% (извоз: 4,5 ..... увоз 6,4)

Регистрирани патнички возила
2006: 242.287
2014: 371.499
Број на туристи (домашни и странски)
2006: 499.473
2014: 816.067
...
а има и неточни работи во првиот пост..
Изградени станови
2006: 6.493
2014: 5.356
..се пени цел народ, а и оправдано, претерана урбанизација, , станавме Република Скопје, сите си купија станови во Скопје а сега кажува помалку станови ??
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Албанци
2006: 25%
2016: 17%


УСПЕШНИ ПОСЛЕДНИ 10 ГОДИНИ. Одиме понатаму.
Тоа е таа споредба и реторика исто ко за со крстот.
У превод „државава ни тоне ама ич да не ви е гајле, им го бапнавме на Албанците и се селат од државава“.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Убиства:
2006:54
2014:25[DOUBLEPOST=1458636886][/DOUBLEPOST]
Тоа е таа споредба и реторика исто ко за со крстот.
У превод „државава ни тоне ама ич да не ви е гајле, им го бапнавме на Албанците и се селат од државава“.
Кој за што се грижи. Ти се грижиш за говедата ја за албанците. Па и не сме многу различни?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Убиства:
2006:54
2014:25[DOUBLEPOST=1458636886][/DOUBLEPOST]
Кој за што се грижи. Ти се грижиш за говедата мене партијата ми вика да се грижам за албанците. Па и не сме многу различни?
Fixed.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom