Македонија и Австралија праќање пари?

Член од
5 август 2015
Мислења
30
Поени од реакции
3
Здраво,

Ме интересира дали може некој има роднини од Австралија и како оди со праќањето пари? Ако може некој да ми објасни како и со кој метод може да ми пратаќаат пари од Австралија во Македонија? *Со што е можно помали провизии нормално.

Благодаран поздрав! :)
 

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
451
Поени од реакции
277
Заеби тоа.

Neteller е добра опција, од првин може ќе ти се чини како многу замарање додека ти стигне картичката и околу верификацијата на профилот, но ако станува збор за редовно праќање пари - тогаш ќе си ја олесниш многу работава со овој платежен процесор.
Единствена провизија ти е 1.9% на сумата што ја депозитираат во твојот акаунт, префлрањето од еден на друг нетеллер акаунт е бесплатно, и потоа имаш 4E фиксна провизија при вадењето пари од банкомат со нивната Нет+ картичка, без разлика дали ќе извадиш 20 или 2000Е на една трансакција.

Пример:
Сакаат да ти пратат 1000евра.
1000Е - (1000 * 1,9%) = 981евро ќе има тој на акаунтот што ќе ти ги праќа парите.
Тебе ти стигаат точно 981Е.
Ги вадиш на банкомат со 4Е фиксна провизија: 981 - 4 = 977Евра.

Единствена мака е мислам што нашиве банкомати дозволуваат максимално да извадеш на една трансакција е 500евра, така да ќе треба на 2 трансакции да ги извадеш 981то евро, шо значи ќе ти земе 2х4евра провизија.

Верувај ќе заштедите многу на провизии ако го користите нетелерот наспроти western union.
Но ако ти е тебе само за едно праќање пари.. тогаш не ти препорачувам да се „замараш“ да креираш Нет акаунт, прати си ги преку вестерн.

Ако те интересира ова околу нетелеров - пиши ми пп.
Поздрав
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.074
Поени од реакции
22.116
1. Роднината отвара уште една сметка во австралија на негово име.
2. Ти ја праќа картицата во МКД.
3. Депонира пари на таа сметка.
4. Ти ги влечеш од МКД.

Зависно во која банка ти ја отворил сметката провизијата може да биде од 0 до 15тина долари. Успат ќе добиеш и најдобар курс што можеш да го добиш АУС за МКД денари.
 
Член од
5 август 2015
Мислења
30
Поени од реакции
3
1. Роднината отвара уште една сметка во австралија на негово име.
2. Ти ја праќа картицата во МКД.
3. Депонира пари на таа сметка.
4. Ти ги влечеш од МКД.

Зависно во која банка ти ја отворил сметката провизијата може да биде од 0 до 15тина долари. Успат ќе добиеш и најдобар курс што можеш да го добиш АУС за МКД денари.
Ова ми изгледа најдобар метод, дали ти или некој знае која дебитна картичка би била најповолна (најмалце провизија и др. трошоци) па да кажам да направат картичка и да ми ја пратат?

Фала многу на помошта :)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.074
Поени од реакции
22.116
Citi bank и HSBC за дебитна 28 degrees за кредитна, овие не напрлаќаат за вадење пари во странство.

Уште една предност е што парите ги добиваш ИНСТАНТНО ако иде и ги депонира во таа банка или и он има сметка во истата па ти префрли на другата. Ако ги префрла од неговата сметка а таа му е во друга банка тогаш фаќа до 3 работни дена да стигнат парите во Citi или HSBC (ова ти е поверојатна варијанта со оглед на тоа дека дали 1% од македонците овде имаат сметка во тие банки). Имај на ум дека тие банкине се многу популарни овде и немаат многу експозитури така да ќе биде мала мисија за него да отвори сметка ама доколку сака можеш доста да заштедиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom