Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

Дали треба да одиме еден час понапред?

  • Вкупно гласачи
    206
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Ако не сум грешка, и ние сме во вистинската зона според овој критериум. Конкретно во Скопје денес сонцето било највисоко во 12:40 по локално време.
Ние сме во оваа зона поради Југославија и се беше во ред тогаш кога работното време започнување во 6 часот за производството и во 7 за се останато. Сега сите почнуваат со работа по европско работно време. Банки отвораат 8-9 часот, администрација исто после 8 часот со тенденција да работното врема да започнува од 9, трговски центри од 10 часот итн. Така да сега работното време ни е европско, а временската зона од СФРЈ. Половина западна европа (Франција, Шпанија, Бенелукс) се една часовна зона понапред одошто географски припаѓаат. Ние сме со дел од територијата во ГМТ+2, имаме основ и две зони понапред да одиме. Само овде никој не прифаќа ни една, не па две или трајно останување на летно сметање на времето.
Целата идеја е да се искориси утрото, кое сега го преспиваме.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Работното време е такво за ако си 2 па 1 смена да имаш 12 часа одмор.
Оди сега во Бугарија или Грција во 22 часот се стемнува.На што личи па тоа
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Работното време е такво за ако си 2 па 1 смена да имаш 12 часа одмор.
Оди сега во Бугарија или Грција во 22 часот се стемнува.На што личи па тоа
А какво е тоа работно време кога помеѓу 2-ра и 1-ва смена има 12 часа и како промената на временската зона би влијаела на него??
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
А какво е тоа работно време кога помеѓу 2-ра и 1-ва смена има 12 часа и како промената на временската зона би влијаела на него??
АКО се смени временската зона ќе се поремети распоредот на работното време
 
M

Mario Gómez

Гостин
Има услови и секако поубаво би било да сме еден сат напред ама многу работи ќе се пореметат. На пример зимата кога бев у Русија у 9 и пол сабајлето беше темно а ЛШ почнуваше на полноќ. Fuck that shit. :D
 
Член од
6 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
3
http://www.worldtimezone.com/

Таман си припаѓаме во онаа зона во која и сме сега. Баш крајната десна линија на оваа зона е границата со Бугарија, значи Бугарија географски си е +2, а ние +1. Нема никаква потреба од менување.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
АКО се смени временската зона ќе се поремети распоредот на работното време
Не,туку ќе се поремети човечки биолошки ритам и на тој начин им влијае работоспособност.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Еве мапата на зоните во Европа

Jaсно се гледа дека на Балканот зоната +1 е врезана. Реално географски този дел си е чисто +2. Просто от минатото по политички причини,а и денес е останато +1
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Еве мапата на зоните во Европа

Jaсно се гледа дека на Балканот зоната +1 е врезана. Реално географски този дел си е чисто +2. Просто от минатото по политички причини,а и денес е останато +1
Ако ставиш линија од источната граница на Полска,Словачка и Унгарија кон Југ ќе видиш дека не баш целиот Балкан е +2.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Со оглед на тоа дека у Скопје сонцето заоѓа у 7 и 50 денес, а у 8 и 50, јас би да треба да се поместиме еден саат. :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Не,туку ќе се поремети човечки биолошки ритам и на тој начин им влијае работоспособност.
Според ова, летно време никој не е работоспособен како во зима.
Затоа што промената од зимско во летно сметање на времето е идентична во однос на промена на една временска зона нанапред.

Многу слични неосновани противења имаше и кога Македонија го воведе токму ова летно сметање на времето пред триесетина години. Па еве денеска е сосема нормално и сите ги гледаме придобивките од истото. Уште повеќе, најмногу негативни коментари има токму кога завршува летното, односно во октомври кога се враќаме на нормалното сметање.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Еве мапата на зоните во Европа

Jaсно се гледа дека на Балканот зоната +1 е врезана. Реално географски този дел си е чисто +2. Просто от минатото по политички причини,а и денес е останато +1
Со исклучок на Белорусија и Калининградската област кои припаѓаат на +3.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ако ставиш линија од источната граница на Полска,Словачка и Унгарија кон Југ ќе видиш дека не баш целиот Балкан е +2.
Па не е целиот Балкан +2,коj е кажал ваква работа?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom