Луѓе - билборди?

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Не мислам дека оваа работа е понижувачка. Не мислам дека е ниту оваа. Дали е понижувачка работата на пример на текстилците? Работнички работат кај грчки фирми по 12-14 часа на ден за 100 евра месечно а таму постојано се изложени на тортура и ги сметаат за робови?
Нема срам од чесна работа. Понижувачки е кога ќе те прикажат на тв како те уапсила полицијата за криминалното работење што си го правел.

Ако гледате така на работите, како што беше споменато и претходно, фудбалерите се најголеми билборди - рекламираат десетици брендови, но не мислам дека се чуствуваат понижено.

Друго прашање: Дали дечките што ја работат оваа работа можат повеќе? - ДА. Неверувам а и сигурно немаат намера да ја работат оваа работа до пензионирање, а за повремено да си заработат некој денар зошто да не. Според мене, поголемо понижување е човек цел ден да спие и да лежи, а вечерта да побара пари од своите родители за да излезе наспроти дечките кои чесно да си ги заработиле парите.

Тоа ти е македонскиот (балканскиот) менталитет. Па зарем мислите дека ние го измисливме овој начин на рекламирање!? Го има секаде на запад и не е ништо чудно или невообичаено.
:salut:
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Ги осудувам заради искуството кое сум го стекнал со разни фирми, студентски/младински задруги и работодавци. Доволен број од нив се спремни за некој денар повеќе (за нив) да те исцедат, искористат или понижат. Ако пак оние кои ова го прифаќаат, сметаат дека е ок...нивна работа. Мене ми е недолично, попрво повторно би растоварал шлепери и камиони отколку да работам ваква работа -и порано нуделе преку задруга вакви сваштарии- попрво сум бирал физичка работа отколку овие типови на заработка. Не секоја работа е прифатлива за секого (без разлика на пари). "Утре" можеби ќе побара да му шетаат со танга у излог...или работничките да си го потспуштат деколтето. Постојат одредени граници кога се нафаќаме на работа, барем за некого.
Те разбирам јас потполно, ти си возрасен човек имаш принципи и висок морал, имам и јас имаат и уште многу, ама НЕМААТ сите.
Ако за мене, тебе и некој трет тоа претставува искористување и понижување, за некој петти е вистинска прилика да заработи некој денар. Работодавците понудуваат, твое е дали ке прифатиш или не, дали тоа до сметаш за достојна или понижувачка работа. Навистина не гледам причина да се суди за тоа што и како работи некој се дури е чисто и достојно што и е, и неможеш да го порекнеш тоа, така?
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Не е срамота да работиш и чесно да заработиш некој денар без разлика за каква работа се работи.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Не е срамота да работиш и чесно да заработиш некој денар без разлика за каква работа се работи.
Токму така. Се согласувам. Подобро да се работи нешто, отколку да се излежават дома или да мерат улици.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
С

сашенко

Гостин
хахахах еве уште една убава привремена работа ако има заинтересирани...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Можеби сум старомоден, но според мене работа е она во кое ќе вклучиш мозок и раце за да создадеш нешто, а не да парадираш со рекламен билборд врз тебе.
постар пост-сепак ќе те цитарам ,само затоа што се согласувам со твоево мислење(y)
толку глупо ми изгледа ова што никако неможам да го сварам
доколку некому не му се даваат пари за скапи реклами, постојат илјада начини да се изрекламира мимо овие кутриве луѓе- реклами
што им фали на новите AdHitch Billboard?????



http://www.signarama.com/store/local/somerdale-nj/services/service/16707

http://www.signarama.com/store/local/somerdale-nj/images/u/af23035fa0b843c2aeef0c9080318c54-675.jpeg
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Ако работодавецот нуди работа а работникот прифаќа тука нема ништо лошо и проблем. Секој е слободен да бира што ќе работи. Инаку воопшто не изгледа понижувачки да се шеташ по улица со табла. Не е тешко на чист воздух си се движиш. Јас би прифатил без проблем.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ептем п .о. н .и.ж.у.в.а.ч.к.и



 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Во држава со 40% невработеност се жалат дека работата била понижувачка :pos:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Според мене ако не лажеш и не крадеш нема што да се срамиш.
Работата не е најсјајна и освен ако би немал друг избор најверојатно би работел нешто друго,но не би рекол дека е понижувачка.
Сепак е чесен начин да се дојде до пари.
Би рекол дека за некој со завршен факултет и работно искуство е релативно понижувачка,но за средношколци со слободно време зошто да не, подобро некоја пара да собере отколку да дреме по дома ако веќе нема што да прави.

Што прочитав во првите постови може да се каже дека на некој начин е понижувачка за интелегенцијата на поединецот,но како работа не би рекол како што напоменав горе секоја чесно заработена пара не е понижувачка.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не ми се верува дека ова ни дојде на главата.

 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Не би сакал да генерализирам али да не се лажеме не е проблем во работата туку во парите,за добра сума секој би носел табла, е сега ако е мала сумата демек понижување е.
Што би рекле старите ем шуто ем боде.
еве пример ( мада незнам колку ги плаќат) 50е дневница, неверувам дека некој така би одбил...
еве и 300 ден дневница .... ама овде е потценување нели...хм
 

Kajgana Shop

На врв Bottom