Луѓе - билборди?

Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Acid ...
Сам правиш паралела со тоа што „мислиш дека они можат многу подобро!“

Да. Мислиш, но не знаеш. Не си сугурен 103,3 %
Не се херои, ниту жртви, ниту пак, треба споменик да им изградат до Ченто, лево.
Мислиш дека шетањето со билборди е смешно. Сметај.
Исто така го изјави својот револт кон работодавците кои ги мачат децата.

Не. Дечките кои ги сожалувате се платени за трудот, доволно.
Но, зошто не го изјавиш својот револт спрема работодавците кои напукаа капитал со тоа што им даваат по 6000 денари на работници за цел месец работа.

Не правам споредби. Јас кажав - работа е работа. Некој е платен за тоа доволно, но вие форсирате да се чувствува мал. Некој црнчи но никој не го забележува, а зема 6000 денари плата. Едино добро кај него е што - ВИе не сметате дека неговата работа е понижувачка.

А всушност, целата работа од старт е зафркната.

Палам Јамахата ...
 
С

сашенко

Гостин
Soulcolector брат нема врска текстов што го пишуваш со тој муабет што го правиме.Зарем не читаш?Работодавците си поигруваат со нив.Млад човек денес може да најде подобар начин на заработка од тоа.Еве читам некои и не биле за заработка туку за ЗАБАВА?Ако е за забава а не за пари зашто не одат да делат флаери низ трговски?Незнам дали плаќаат или не за тоа ама нели парите не беа проблем?Дружбата и забавата беа причина.Понижувачко е што дури и тој флаери што дели има нешто што тој го работи.А ти со билбордот што работиш?Картонот на тебе и шетај по скопје.Ке ве распредели работодавецот и ке вика:Дечко ти си зборлест иди дели флаери и убедувај некој на улица ако сака да те слушне напрај му некој маубет за тоа, Девојче ти си симпатична те носам на презентација на друго место, дечко и ти ајде со неа.Ти дечко позади шо тебе да ти дадам?Ај бе земи картонот qr те боли иди шетај по град може некој нешто ке прочита.НЕ те цени како човек и како работник.Ти си само моторот на билбордот.Придвижувачка сила.Го носиш билбордот и другите читаат.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.323
Па можеш на некој да му обесиш реклама на врат ако тој не сака?
Тој не го смета тоа за понижување, а уствари јас не сфаќам и што лошо има во тоа.
Де бе, па и ти сеа до кај ја дотера работава...
Па и поголемиот дел од девојките кои се проституираат го прават тоа доброволно, за тоа зимаат пари и воопшто не сметаат дека работата им е понижувачка, ама некако тапа работа е и ова...
Секој денар чесно заработен е добредојден, зошто да ги понижуваме?
Стварно, зошто...
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Де бе, па и ти сеа до кај ја дотера работава...
Па и поголемиот дел од девојките кои се проституираат го прават тоа доброволно, за тоа зимаат пари и воопшто не сметаат дека работата им е понижувачка, ама некако тапа работа е и ова...
Стварно, зошто...

Хехехе абе не ја дотерав работата, ама можеш на некој со сила да му обесиш реклама на врат?
Ти понудуваш 5-6000 месечно за 3-4 саати дневно, има такви што ке прифатат, е сеа дали е за пари, дали е за забава, или на некој му се прижило добра прилика да симне некое килце + да заработи некој денер не знам и не ме интересира. Јас неможам да ги судам. Ако он не е доволно паметен да размисли дека може да најде и подобра работа ние ќе му кажеме? Секој со своја глава, не е така?
Не се криви работодавците како што ги осуди Lurtz, зошто да не ми се одбивни само затоа што користат луѓе како подвижни реклами?
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Podobra i polesna zarabotuvacka za studenti ne postoi.

Niedna promocija ne se naplaka pomalce od 1300 denari za 4-5 chasa rabota, taka da deckite zemaat dobra sum pare i jas go opravduvam toa.
Koga bi mi bila potrebna bash takva rabota bi ja rabotel i ne bi se sramel.

A da beshe nekoja visoka so dolgi nozi doar zadnik i golemi cicki vo minic i dlaboko dekolte ke bese taman neli? :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
OOoooooOOOOOoooOO Боже!!!

Луѓе!!! Живееме во време на пари, на пари, на пари, и на комерцијала. На РЕКЛАМИ!

Што е најскапо на светот?
Ако не знаете - ќе ви кажам.
ИНФОРМАЦИЈАТА!!!

Рекламирањето е многу битно за секој што сака да направи кеш.

Ако треба да се искористат човечките ресурси, нека ... се е добро, ако им се плати.

Некој зема дебели пари заради тоа што рекламира, не заради ... УСПЕХОТ!

Кој сфати, сфати ...
Сватив еве клипче:

 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Работа како работа.Не треба да ти биде срам да го работиш ова.Од чесна работа нема срам.Подобро е да бидеш политичар и да крадиш цел народ или пак да се излежаваш дома и да земаш пари од мама и тате?Мене лично не би ми било срам да го работам ова што има 3-4 саати да се излежавам дома подобро ќе одам низ чаршија ќе се прошетам и ќе ставам екстра пара во џеб.На крај краева никој не те тера да го работиш ова.Овие реклами се далеку поефективни отколку некој билборд 3 метра висок кој и немаш причина да го гледаш.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Soulcolector брат нема врска текстов што го пишуваш со тој муабет што го правиме.Зарем не читаш?Работодавците си поигруваат со нив.Млад човек денес може да најде подобар начин на заработка од тоа.Еве читам некои и не биле за заработка туку за ЗАБАВА?Ако е за забава а не за пари зашто не одат да делат флаери низ трговски?Незнам дали плаќаат или не за тоа ама нели парите не беа проблем?Дружбата и забавата беа причина.Понижувачко е што дури и тој флаери што дели има нешто што тој го работи.А ти со билбордот што работиш?Картонот на тебе и шетај по скопје.Ке ве распредели работодавецот и ке вика:Дечко ти си зборлест иди дели флаери и убедувај некој на улица ако сака да те слушне напрај му некој маубет за тоа, Девојче ти си симпатична те носам на презентација на друго место, дечко и ти ајде со неа.Ти дечко позади шо тебе да ти дадам?Ај бе земи картонот qr те боли иди шетај по град може некој нешто ке прочита.НЕ те цени како човек и како работник.Ти си само моторот на билбордот.Придвижувачка сила.Го носиш билбордот и другите читаат.
a kako ke najde ako ne ovaa rabota?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Хехехе абе не ја дотерав работата, ама можеш на некој со сила да му обесиш реклама на врат?
Ти понудуваш 5-6000 месечно за 3-4 саати дневно, има такви што ке прифатат, е сеа дали е за пари, дали е за забава, или на некој му се прижило добра прилика да симне некое килце + да заработи некој денер не знам и не ме интересира. Јас неможам да ги судам. Ако он не е доволно паметен да размисли дека може да најде и подобра работа ние ќе му кажеме? Секој со своја глава, не е така?
Не се криви работодавците како што ги осуди Lurtz, зошто да не ми се одбивни само затоа што користат луѓе како подвижни реклами?
Ги осудувам заради искуството кое сум го стекнал со разни фирми, студентски/младински задруги и работодавци. Доволен број од нив се спремни за некој денар повеќе (за нив) да те исцедат, искористат или понижат. Ако пак оние кои ова го прифаќаат, сметаат дека е ок...нивна работа. Мене ми е недолично, попрво повторно би растоварал шлепери и камиони отколку да работам ваква работа -и порано нуделе преку задруга вакви сваштарии- попрво сум бирал физичка работа отколку овие типови на заработка. Не секоја работа е прифатлива за секого (без разлика на пари). "Утре" можеби ќе побара да му шетаат со танга у излог...или работничките да си го потспуштат деколтето. Постојат одредени граници кога се нафаќаме на работа, барем за некого.
 

Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Сакаш да кажеш дека Роналдо, Кака...земаат приближно колку овие? Ако не е тајна, колку им е дневница или саатнина?

Инаку пари се земаат и од :pishtoldz :sekss: ....разни непристојни дејства ама не значи дека треба да се извршуваат за да се дојде до тие пари -кој сфати сфати-
Едниот дел ти е катастрофално контрадикторен наспроти другиот.

Ме цитираше со поента дека Кака и компанија земаат пари за реклами. Дебели пари, па тогаш е ОК. За разлика од билборд луѓето кои земаат пари, ама не големи. Тогаш, тоа не е во ред.
Значи, штом е платено, ОК е, што и да е.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Едниот дел ти е катастрофално контрадикторен наспроти другиот.

Ме цитираше со поента дека Кака и компанија земаат пари за реклами. Дебели пари, па тогаш е ОК. За разлика од билборд луѓето кои земаат пари, ама не големи. Тогаш, тоа не е во ред.
Значи, штом е платено, ОК е, што и да е.
Колку да ти нацртам, претходно Ти сакаше да доловиш споредба со Фабрегас или кој и да е фудбалер кој носи натпис...но тој носи натпис на маица исто како што 70-80% од облеката носи некој натпис...кое и не е нешто поврзано со темата.

Ќе го повторам прашањето...наместо да анализираш туѓи постови, не е лошо ако не е тајна да кажеш колку се платени по саат или дневно.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Моронска работа дефинитивно.

Каква глупост човече... подвижен билборд???
Изум на некои болни уанаби герила гуруа, рецидив на дебилната американска чикен фрајз генерација.

Би се осеќал најдебилно на свет, 1000 пати подостоинствено е човек да продава ѓевреци пред СОК банка.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454
Ме цитираше со поента дека Кака и компанија земаат пари за реклами. Дебели пари, па тогаш е ОК. За разлика од билборд луѓето кои земаат пари, ама не големи. Тогаш, тоа не е во ред.
Значи, штом е платено, ОК е, што и да е.
За разлика од децава кои носат пластични табли на грб Кака, Роналдо и компанија носат/употребуваат најнови и најквалитетни производи од фирмите кои ги спонзорираат. Уште од времето на Џордан, ласерски му ги мереа стапалата и потоа најдобрите дизајнери на патики во Најк правеа 1 пар годишно специјално само за него. Значи не е исто, можби има допирни точки, меѓутоа е тотално различно. Кај богатите спортисти брендот му служи на спортистот и му ги удоволува сите земни задоволства, додека овде е обратното.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom