Лицето на насилството во училиштата

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Проблемите предизвикани од насилство во училиште, не престануваат кога насилството ќе се спречи, покажало поново истражување, цитира MedicalXpress. Анализата е направена од универзитетот “Ставангер“ и од центарот за кризна психологија „Берген“ во Норвешка, и покажала дека жртвите имаат потреба од долготрајна помош.

Тормозењето во училиште се дефинира како долготрајно физичко или психолошко насилство од страна на една единка или група“. Тоа е насочено кон лице, кое не може да се заштити во даден момент. Тие чувства можат да предизвикаат сериозни траги на депресија врз жртвите.

Истражувањето е објавено во магазинот Journal of Abnormal Child Psychology. Тоа покажува до каков степен учениците имаат лоши спомени и манифестираат заштитно однесување дури и неколку години откако го напуштиле образованието. Овие симптоми укажуваат на пострауматичен стрес и растројство.

Трауматичните доживувања кои биле создадени за време на насилство, често ги тераат луѓето да страдаат повеќе, можат да предизвикаат сериозни проблеми со концентрацијата, имаат негативен ефект врз нормалното секојдневие на децата и се пречка за водење исполнет живот“.

Психолозите вклучени во овој проект се надеваат дека резултатите ќе им помогнат на децата, жртви на тормозење, да добијат долготрајна поткрепа, од која имаат потреба. Тука одговорноста на родителите не е ограничена само на спречување на агресијата. Тие треба да го следат и нормализирањето на жртвата. Впечатокот на психолозите е дека, поддршката која ја добиваат децата, не е адекватна.

-Во некои училишта се посветува преголемо внимание на тоа, да се спречи тормозењето и да се пружи помош на жртвите. Но сето тоа трае многу кратко, и иако насилството го нема, пострауматичниот стрес останува за подолго време кај некои деца.

Најлошото насилство е премолченото насилство.

Од каде доаѓа насилството во нашите училишта,на што се должи и дали правилно реагираат возрасните-учители и родители, на агресијата? Во Македонија, како насилни се сметаат само нај-екстремни случаи, додека полесните форми од него, се занемаруваат. Ако во светот 7 од 10 деца се сретнале со тормозење на училиште и агресија, во Македонија веројатно ситуацијата не е многу поразлична.

Според повеќе анализи, мал е процентот на агресивна активност и тормоз извршена во учиштата,од надворешни фактори.Со други зборови, училиштето не е објект на надворешна закана, тоа само ги манифестира сите односи кои постојат надвор од него.Како економската ситуација, семејните конфликти, разликите во културните норми, корупцијата, без законието… Токму затоа, видеонадзорот и обезбедувањето не помагаат.

Зголемувањето на агресијата и тормозењето во училиштата е феномен од светски рамки. Лицето на насилството во Македонското училиште, е се помногубројно-од удрен шамар, тепање, закани, подигрување, прекорување и клетви, па се до порафинирана агресија како кибер насилство, ширење на лоши гласови и трачарење, исклучување од пријателската средина…

Повозрасните ученици почесто демонстрираат некоја од формите на насилство врз помалите и послабите, отколку врз своите врсници. Најчесто жртви се страшливите и несигурните, чуствителните деца, кои реагираат со повлекување, немаат многу пријатели и се физички послаби. Исправени пред сопствената неможност да возвратат, тие ја губат својата самодовреба. Тоа ги прави лесен плен за децата склони да вршат агресија, кои ги избираат за да ја задоволат својата потреба од надмоќ.

Интересен факт е што мислењето дека момчињата вршат поголема агресија од девојчињата, во училишните средини е излитено. Тоа е точно и се однесува само на физичко тормозење, додека психичката агресија-навредливи зборови, изолација, изнудување, се еднакво распространети и кај момчињата и девојчињата.

Неофицијални анализи покажуваат дека од 65 од 85% од учителите не реагирале адекватно на појавите на тормозење. Само 35-55 % од децата кои преживеале тормоз или некоја полесна агресија, разговарале со родителите. Но, и децата свидетели на насилство, не споделувале, зошто ти е се „публиката“ ,и се плашат дека следниот ден ќе бидат објект на слична агресија.

Во прилог на оваа статија ви предлагаме да го погледнете документарниот филм Bully (Силеџија). Филмот го отсликува животот на пет семејства кои страдаат од тормозење во училиште.

Њу Јорк Тајмс пишува за него дека го претставува насилството во училиште не како обична случка, а како реален проблем, кон кој треба да реагира секое општество. Поради употребата на вулгарни зборови и сцените на насилство,филмот од Американската кино асоцијација е рангиран во категорија R, кој го прави непогоден за деца под 17 години, т.е. тие можат да го гледаат само во присуство на родители. Ова решение покрена низа реакции од сериозни сајтови,блогови па дури и познати личности. Мерил Стрип, Џони Дип, Џастин Бибер ставија потпис во петицијата против рејтингот на филмот.

Bully е сконцентриран врз осамениот и исполнет со стрес живот на 5 ученици, од различни држави во САД, во рамките на една учебна година.Тие се представници на различните убедувања на друштвото.Филмот ја отсликува и смртта на тинејџер,како разултат од тепачка од врсници.Интервјуирани се како жртвите така и учесниците. Самиот режисер бил измачуван како дете и тие спомени го провоцираат да го направи филмот.Таков е и мотивот на Мерил Стрип,со која често си поигрувале во гиманзијата.

„Тајмс“ го определува како достоен за Оскар,а списанието Ролинг Стоун, пишува дека Bully, го презентира токму она кое треба да го има секој документарец- да го претвори туѓиот проблем во твој личен.USA Today забележува дека продукцијата ја исправила публиката пред неверојатно тажни вистини,дека од него може да останете афектирани, но не безразлични.

Извор

Имам објавено многу текстови на култура со слична тематика, значи самоиницијативно со цел да се подигне културата кај граѓаните на овие ширини...кои се нештата што вие сметате дека треба да се направат, за да имаме една младина која ќе учи со задоволство, а училштата ќе бидат едни средини каде нема да има тепачки, потсмевања и сл, ќе владее другарство и вистински вредности...? Такви се училиштата во Финска :)
 
Последно уредено:
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
И ја сум бил тормозен у основно па и малце у средно. Сето тоа затоа што бев молчалив и мирен и со вишок килограми. И да, сум бил депресивен на периоди
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Верувам @DanielVogel , зошто ми е познат менталниот склоп на родителите и децата што живеат на овие ширини...лошо е што немаме закони, па човек незнае како да се заштити во такви случаи, мораш да реагираш сам, нема кој да ти помогне...Јас сум 83 генерација, во моето училиште немаше ни психолог...Учителите тоа однесување кое мислам дека 50% е изградено од дома, незнаат како да го сопрат...Кај нас училиштето за некои деца е повеќе измачување, не од самата материја која се учи, туку од тоа што го поминуваат секој ден...тормозењето остава траги, тоа е факт. А за едно друштво да има продуктивни и здрави граѓани, мора да почне да воспитува култура и вистински вредности ( ретко кој ги има денес) од најмали нозе...
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703

Тоа однесување не моѓе никој да го сопре освен малтретираниот..
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Temava e odlicna. Dosega poveke pati imase organizirano po skolive proekti sto trebase da go stivnat nasilstvoto vo ucilistata ama nisto od toa... Znaci koga ke dojdat od po selata grupa na ucenici Albanci pravat teror neviden na drugite deca. Pravat i drugi nasilstvo ali oni se najnasilni. Vo sporedba so porano koga mnogu pocesto imase probodeni deca so noz se namalija takvite slucuvanja blagodarenie na toa sto vo nekoi od ucilistata ima i obezbeduvanje. Posledicite se katastrofa od toa ako edno dete e tormozeno podolg period. Detoto ima traumi i frustracii deset pati poveke od pred toa... Sram neka im e na roditelite sto znaat sto im se pravi na svoite deca a ne prevzemaat nisto.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Верувам @DanielVogel , зошто ми е познат менталниот склоп на родителите и децата што живеат на овие ширини...лошо е што немаме закони, па човек незнае како да се заштити во такви случаи, мораш да реагираш сам, нема кој да ти помогне...Јас сум 83 генерација, во моето училиште немаше ни психолог...Учителите тоа однесување кое мислам дека 50% е изградено од дома, незнаат како да го сопрат...Кај нас училиштето за некои деца е повеќе измачување, не од самата материја која се учи, туку од тоа што го поминуваат секој ден...тормозењето остава траги, тоа е факт. А за едно друштво да има продуктивни и здрави граѓани, мора да почне да воспитува култура и вистински вредности ( ретко кој ги има денес) од најмали нозе...
Обично отвараш теми и ставови со кои горе-долу се согласувам. Но овде НЕ.
Има неколку причини. Првата е дека и порано, кога не беа толку лигави децава си постоеше тоа. Мене од К.Вода ме терале да идам дури до Зуко кај триумфална капија за 100 гр сончоглед. Нормално, кога ќе пораснеш, тогаш и ти исто на помалите и така во круг. И еве, сите од маало се ОК луѓе. Кој повеќе, кој помалку успешни. Но ниеден не е со некакви психолошки последици. Уствари, тоа и беше еден од начините на “калење на железото“. Значи, учиш и да бидеш дупен во здрав мозок, ама и ти да дупиш исто кога ќе дојде време.
Понатаму, сега сите родители си мислат дека нивното дете е нај нај, и дека тоа не смее ни да биде искарано од воспитувачката/наставничката. И во таква ситација се ствара негативен ефект во главата на детето. Првата е дека тоа е “посебно“ и со тоа му е се' дозволено, а втората е дека мама/тато ќе ми го средат проблемот. Наместо тоа самото да се избори за своето место во општеството (ова општество мислам на врсниците или сл).
Од оваа втора причина се створи лигава генерација на деца кои не знаат ни носот да ги избришат (мама ќе го избрише) а да не збориме и да знае да се избори и со зборови и со сила кога треба за своето. За оваа состојба се главни кривци “западњаците“ кои ги преувеличуваат сите такви психолошки глупости. Гледам светот се со пореметени луѓе бил полн додека не го “откриле“ тој ефект западните психолози. :tapp:
Од таквите третирања (лигавења) на децата се јавуваат навистина психичко пореметени личности. Прво немаат респект кон никого освен кон самите себеси. Дури ни кон родителите. Себични се, надмени и со синдромите на тоа дека на час треба да си игра со телефонот, или пак дека додека мене ми е арно, на другарчето до мене може маме да му се ебе (ова зборам за егоизмот кој се развива кај нив). Ќе направам паралела со сегашната состојба за екстерните испити на факултетите и една ситуација во мое време.
Сега во темата за екстерните испити има личности кои се егоисти и велат дека ги боли уво, и дека нема да протестираат. :facepalm: А јас иако бааѓи постар ќе испаднам на протест (ако е добро организиран без партиски примеси) само за да ги подржам студентите. А воедно тоа го правам и за моите/вашите деца.
Е сега, паралелеата со моето време е дека тогаш имаше едно срање со еден професор кој требаше да биде избркан само затоа што не ги следел комунистичките норми на предавање. ДА, имаше ученици кои не им се допаѓаше таквото предавање, но кога дојде моментот за бунт, СИТЕ до еден бевме сложни и се изборивме за тој професор. Човекот си предаваше уште долго време откако ние завршивме средно.
Ај, почнав да забегувам, доста беше:sneaky:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ако на тебе не ти оставило никакви последици на некој друг може да му остави.
Не викам НЕ, него според мене сега е многу полошо/поопасно за децата него тоа.
Пробај со статистики да видиш кога имало поголем број на деца со последици, сега или тогаш? И зошто е тоа така? Сега поради егоизмот сите деца “паѓаат“ во депресија. Ма немој молим те.
Тоа едно, а второ, што мислиш дека е поголемо зло, да имаш 5% деца со последици или 90% егоисти и самобендисани?
 
S

staycalm

Гостин

Глеј сега не знам ти како ја сфаќаш депресијата и како тоа сите деца паѓаат во депресија али ја бев во депресија до скоро време па знам како е.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Глеј сега не знам ти како ја сфаќаш депресијата и како тоа сите деца паѓаат во депресија али ја бев во депресија до скоро време па знам како е.
Имам дете и исто така знам и јас како изгледа. Но ... но родителот е тој кој треба да му даде механизам на детето да се справи со тие работи. Ако те удри, ти да удриш посилно. Ако те исмева, ти да го исмеваш повеќе. Ако некој нешто, ти на него појако. Самодоверба!! Дека и ти си ист ко и сите други. ДА, некој е понадарен за едно, но ти за друго и така натаму. Но во принцип дека нема место да се осеќаш ко последно гомно само затоа што некој така кажал.
 
Така е..
Инаку се сеќаваш ли во темата за тетоважи кога одговори за мене и за уште еден член дека не биле тетоважи за деца или што ти знам таму, епа сега најдов прилика да ти одговорам ете ја причината зошто таа тетоважа јас ја имам (затоа што ми значи)
Да не одам офтопик повеќе.. (oops, too late for that :giggle:)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Така е..
Инаку се сеќаваш ли во темата за тетоважи кога одговори за мене и за уште еден член дека не биле тетоважи за деца или што ти знам таму, епа сега најдов прилика да ти одговорам ете ја причината зошто таа тетоважа јас ја имам (затоа што ми значи)
Да не одам офтопик повеќе.. (oops, too late for that :giggle:)
На тебе ли сум ти одговорил? Појма немам дека ти си бил во таа конверзација. Е сега, не знам каква врска има тетоважата со темава?:confused: А секоја тетоважа си има свое значење, не е ништо ново тоа(y)
 
Знам дека е офтопик али чисто онака ми текна да ти кажам пошо некогаш некои личности ми остануваат во сеќавање и ете некако се деси ти да си еден од нив. :D
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Знам дека е офтопик али чисто онака ми текна да ти кажам. ;)
Ете, те мачело и сега ти е полесно. Така и треба, кога ќе имаш можност да кажеш што сакаш, ..... тоа е и впрочем поентата на она моето: јас тебе нешто, ти мене појако(y).............................. само следен пат биди уште појак;)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Кога седнав да го напишам текстот, направив мало истражување за нашите училишта, затоа и пишав дека се третираат, само екстремните форми на насилство ...торемозењето со зборови кај нас се разбира како...детска работа, денес се тепаат, утре се дружат.
Значи само ако дојде до тепачка, се реагира посериозно...Знам дека некои училишта имаат и камери и обезбедување...и за наши услови тоа е добро.
@kooperativa ...пред вистината и боговите молчат :)
Да те прати некој по сончоглед, не е некое големо тормозење, кое ќе остави последици...Во мојот клас имаше девојче кое имаше проблем со едната нога...не беше хендикепирано, но едната нога и беше пократка, па поткривнуваше...кога минуваше во ходникот, се слушаа извици на потсмев како “Крива баба“. “Крива жаба“...“куца патка“ и сл....можеш и сам да замислиш како се осеќало тоа дете. А тоа беше секојдневно.
Имаше и еден ученик кој беше многу низок...сите го викаа кепец.
Мене секогаш ме болело, зошто не сум научен на таков однос и го доживував тоа како нешто многу лошо...
И верувам дека и после толку години, тие зборови одекнуваат во главите на тие деца, колку и да се возрасни, успешни и реализирани, детството е нај-важниот период...
Исто верувам дека и тие деца што вршеле агреасија и тормозење, може се смениле, но најчесто си остануваат исти...само што сега агресијата ја манифестираат на друг начин...
Интересен текст кој на некој начин е поврзан со темата...
'Danas ne vladaju ni matrijarhat ni patrijarhat, nego razmažena djeca'
 
Kajgana Shop

На врв Bottom