Линдзи Стирлинг

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
123.jpg
Дефинтивно мора да има тема за прекрасната артиска Линдзи Стирлинг :)

Линдзи Стирлинг е родена на 21 септември 1986 Санта Ана, Калифорнија, САД. Таа е американски виолинист,танчер,композитор. Инаку Линдзи Стирлинг е можеби првата (и единствената) артистка во светот која направила комбинација од класична виолина, модерен танц.
На 18 септември 2012 година Линдзи го издаде својот прв албум, наречен Линдзи Стирлинг кој бил инспириран од неверојатно успешното присуство на нејзините песни на Ајтјунс. Составен од 10 оригинални песни, албумот совршено го доловува специфичниот виолина-дабстеп стил на Линдзи. Таа компонира, прави кореографии и ги режира сите свои оригинални музички дела и спотови. Целосната колекција на видеата можете да ја најдете на нејзиниот канал на Јутјуб.

Една мала нејзина изјава
„Мојот музички стил е одраз на мојата личност и се надевам дека преку него ќе ги споделам моите верувања дека никој не смее да се плаши од себе. Сите мои песни беа создадени така што опишуваат специфични теми кои јас ги извлеков од моите лични животни искуства. На пример, „Spontaneous Me“ е за храброста да се сакате себеси какви што сте. Од друга страна „Crystallize“ е многу подлабока песна: кристализирањето на водата е под влијание на нејзината околина и на тој начин се создаваат или прекрасни облици или безначајни маси. Слично на тоа верувам дека преку нашите мисли и околината која ја креираме, поседуваме моќ да направиме позитивна промена во нас и во другите околу нас.“
Љубовта кон класичната музика на Линдзи започнала со бесплатните концерти во нејзиниот град и со музиката на Чајковски, Бетовен и Моцарт која секојдневно била слушана во нејзиниот дом. На 5-годишна возраст таа ги молела нејзините родители за часови по виолина. По една година, нејзината мајка конечно попуштила и нашла професор кој можеле да си го дозволат и кој ќе ѝ одржува на Линдзи 15-минутни часови секоја втора недела. Таа се надевала дека на младата Линдзи брзо ќе ѝ здодее, но по 20 години тоа сè уште не се случило.

И за крај погледнете дел од нејзинита музичка колекција:

"Electric Daisy Violin" (2011)
"Shadows" (2011)
"Crystallize" (2012)
"What Child Is This" (2012)

1-iskluchitelno-talentiranata-violinistka-lindzi-stirling-www.kafepauza.mk_.jpg
3-iskluchitelno-talentiranata-violinistka-lindzi-stirling-www.kafepauza.mk_.jpg
Lindsay_Stirling_(7486855766).jpg
Lindsey_Stirling.jpg
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Линдзи е генијална, вистински талент. Прв пат со нејзините песни ме упозна Corvus и ептен ми се допадна.

... and she is HOT! :icon_lol:

Моиве омилени:



Ова со преработка на песна од еми ли, плачката и attention whore-от не и требало. Ама сепак we love u lindsey. :icon_mrgr:
 

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.292
Многу талентирана девојка!
Најомилена изведба :love:

Доста добри ѝ се и medley-та на Lord of The Rings, Skyrim, Game of Thrones. :)
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Интерпретацијата и` е одлична. Она со танцувањето со виолина в рака ми е егзибиционизам, или како што би рекле во мој крај - препичување.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Девојкава е "две во едно" (игра и свири)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

Линдзи во поинакво светло :pipi:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Линдзи Стирлинг на својот јутјуб канал пред некои 3 часа објави ново видео погледнете го:

Според тоа што ја преслушав 4 пати мојата оценка е 5/5 навистина одлично направено и музиката и самиот видео спот :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

Пред еден ден излезе новото музичко видео на Линдзи, погледнете. (y)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Време да ги додадеме најновите музички видеа.

Најново и одлично сработено видео, за музиката се знае 10 од 10.





 

Kajgana Shop

На врв Bottom