Либерализација на пазарот за електрична енергија

Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Ќе почне ли компаниите да купуваат струја на слободниот пазар ?
Според Кочо Анѓушев 25 % ќе заштедат во трошоците за струја ?
Јас од линковите долу не сум сигурен дека компаниите ќе излезат на берзата преку балансни групи ?
Дали ние потрошувачите како следни на листата за либерализација плаќаме поскапа струја во моментов и може да очекуваме поевтина струја или на некого му одговара да продава поскапа струја ?

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B045A03510C4D446BAC11DEE45B7ABCB

http://www.sitel.com.mk/sloboden-pazar-na-struja-za-pogolemite-kompanii

http://24vesti.mk/novo-odlozhuvanje-na-liberalizacija-na-pazarot-na-struja

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=27714

http://denar.mk/17993/ekonomija/kompaniite-podgotveni-za-liberalizacijata-na-pazarot-na-elektricna-energija

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=130346&kategorija=2

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B0343C903102494CB11F9D35A98FD4A0

http://republika.mk/?p=79099

http://brif.mk/ekonomija/posledni-podgotovki-za-liberazicaija-na-pazarot-na-elektricna-energij/

http://www.kapital.mk/MK/makedonija/95487/kompaniite_podgotveni_za_liberalizacijata_na_pazarot_na_struja.aspx

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19458
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Уште кајгана ти фали , инаку ќе почнат да купуваат тоа нема сомнеж
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Уште кајгана ти фали , инаку ќе почнат да купуваат тоа нема сомнеж

http://faktor.mk/archives/51968

Кајгана ништо не извести за ова , можеби и подобро . Јас овие линкови ги постирав за да видиме колку новинарството во Македонија функционира по принципот копи - пејст , и бидејќи од ниеден од нив не можеше да се добие вистинска информација . Па така ние потрошувачите наместо поевтина струја од берзите за струја ќе добиеме можеби и поскапување на струјата секако во летните месеци кога луѓето одат на одмор . Значи си направија уште една реклама на владата демек тие ја држат цената за 25 % поевтина , а нема врска . Каде е тука сега пазарната конкуренција ? Се навикнавме без евтина тарифа , со поскапа струја и сега наместо како во Бугарија да се организираме да им ја еб... милосната мајка ние уште и благодарни треба да сме бидејќи наводно ја одржувале цената на струјата евтина .
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Либерализацијата се одлага за да не поскапи струјата

08/06/2013 // Пред 39 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

http://faktor.mk/archives/51968?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=liberalizacijata-se-odlaga-za-da-ne-poskapi-strujata

Никој од народот не направил поголем мајмун за струјата од овие. После 3 поскапувања од 25% и едно целосно укинување на ефтината тарифа сега демек не бранеле од либерализација или нивни интереси си бркаат.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Стварно не ми е јасно како со либерализација на пазарот може да ја поскапи струјата. Ако може Ваљон да ми го објасни пазарниот механизам...мене ова не ми е јасно.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Се додека има луѓе од власта во ЕВН не очекувај да дојде друго претпријатие... Ако се смени власта зошто да не... Не гледам зошто да не влезе нова фирма во нашиот пазар..
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Ваљон рече дека пазеле да не избрзаат . Тоа е доволен показател дека уште не им се формирани оф шор компании и фирми кои треба да им ги наполнат партиските буџети .
Инаку системот е направен . Треба само компаниите да се здружуваат во балансни групи и преку балансно одговорна страна да купуваат струја на берзата на струја . Прво за компаниите , а после ќе се почне и за домаќинствата . Кочо Анѓушев рече дека на Унгарската Берза цената на струјата е 41, 5 евра . Нашата е од 67 до 130 евра за Mwh.
Ако се формираат повеќе балансни групи ќе има повеќе трговци со струја . Пазарната конкуренција така ќе направи да плаќаме поевтина струја , слично како со мобилните оператори. Утре некој ако сака со конвектори ќе се топли зимно време , секој ќе се снабдува од оператор од кој ќе плаќа поевтина струја . Џабе купуваме штедливи сијалици и апарати со висока енергетска ефикасност кога овие не ќаруваат како сакаат.

Смрди нешто од кај главата ?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Се додека има луѓе од власта во ЕВН не очекувај да дојде друго претпријатие... Ако се смени власта зошто да не... Не гледам зошто да не влезе нова фирма во нашиот пазар..
ЕВН работи дистрибуција а ЕЛЕМ производство. Проблемот не е со ЕВН туку со државнотот претпријатие ЕЛЕМ мислам дека го штитат државниот капитал на сметка на граѓаните исто како што беше со државнотот МЖ-Т и либерализација на железничкиот сообраќај. Поради тоа имаме висока цена на железничкиот товарен транспорт и никој не сака да ја користи пругата Север-Југ сите се трудат да заобиколуваат преку Бугарија за да ги намалат трошоците...а граѓаните мораат да плаќаат повисоки цени на превоз на стоки.
 
ЕЛЕМ работи производство точно . Државата увезува околу 60 % од струјата што е потребна во Р. Македонија точно. ТЕ - ТО не работи бидејќи не можат да донесат евтин гас а може да произведува до 30 % од струјата што е потребна во РМ точно .Исто така гасификација чека и ТЕЦ Неготино . За РЕК Битола вечно нема да има јаглен , а исто од Битола одат камиони со јаглен за Кичево за да се одржува во живот ТЕЦ Осломеј.
МЕПСО дистрибуира струја а не ЕВН само тоа е неточно . МЕПСО вложуваше во системот и имаме современ систем . ЕВН само продава струја на потрошувачите и го цица профитот во Австрија . Исто како едно време Т- Мобиле што имаше монополска позиција на пазарот . Како да сме неписмени во Македонија за да ги менаџираме нашите компании. Треба Австријци , Руси , Субрата и разни странци да ни ги цицаат профитите .А кои домашни моќници се кријат позади тие компании и ги полнат џебовите ќе излезе некогаш во јавност. Либерализацијата е обична трговија . МЕПСО си дистрибуира , значи системот е направен . Треба само потрошувачите да се одлучат од кого ќе купуваат струја .
Јас така ја разбирам работава . Ако има некој некое познавање или информација за оваа работа нека ја сподели . Додека не се спроведе ова ќе функционира монопол на пазарот со струја . А Грујо ќе си ги полни фондовите .
 
Ок може не бев нај прецизен МЕПСО ги работи само мережата а ЕВН има ситна дистрибуција и наплата. Има и ЕВН улога во дистрибицијата...ама ај не сум експерт за оваа област. Знам дека има и тендери или незнам како се увезува е.е. имаше и тука финти. Дури и афери за местење цени и анти-конкурентски договори меѓу увозниците.
Дали сега ќе се формираат компании кој преку мрежата на МЕПСО и ЕВН ќе продаваат струја? Или ЕВН ќе оди надвор од каналот за дистрибиција зошто бројлата итн е сопственост на ЕВН? Не ми е јасно ова дали само ЕЛЕМ добива конкуренција и или и ЕВН? МЕПСО е аут не верувам дека има некој дозвола да гради високонапоски мережи и нисконапонски како приватна компанија? Производство во приватни раце е само ТЕ-ТО колку што не се лажам? Е тоа е многу интересно и те разбирам дека ова може да е добро за ТПЛФ...другите конкуренти ќе одат само со трговија од домашни и странски извори. Инаку дали е либерализарано производството на е.е. во МК? Ај ако имаш време објасни ми...зошто баш и незнам премногу детали во оваа проблематика. Поз.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
До сега Грујо беше принципиелен кога се работи за пазарна конкуренција . Така ќе ја спроведе и оваа либерализација но кога ? Изгледа дека ЕЛЕМ и МЕПСО му се кецовите .Преку овие компании и со континуирано покачување на струјата и даноците што ги плаќавме дисциплинирано, се бранеше од економската криза и рецесијата . Секако тука помогнаа и кредитите и емисиите со обврзници , но долговите иако никогаш не може целосно да се вратат , треба барем да се намалат.
Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија МЕПСО не е загрозен . Загрозени ќе бидат Електрани на Македонија бидејќи струјата што ќе ја произведуваат ќе мора да ја продаваат по пазарни услови и да бидат конкурентни . Е сега струјата од хидроцентралите и ветерниците ако се изградат ќе биде ОК , ама таа од јагленот не знам ? Прво ТЕЦ Неготино одамна не работи , друго резерви на јаглен нема да има уште долго. Значи до сега тие си увезуваа струја . Се увезува од 40 - 60 % од струјата што е потребна во Р. Македонија годишно и прашање е колку оваа струја ќе биде конкурентна.
ТЕ - ТО трошоците за производство на струја односно трошоците за енергенси ќе ги покрива преку БЕГ . Струјата што ќе ја произведува е наменета за странските пазари. За да не пропадне Топлификациониот систем во Скопје многу е важно ТЕ - ТО да работи . Впрочем на почетокот на 2012 производството во ТЕ - ТО ја спаси Србија во најладните денови . Имаше и некои написи во Србија ( Македонци су нас спасили ) бидејќи во тоа време имаше недостаток на струја во регионот а знаеме каква зима беше. Имаше и рестрикции на струјата во некои општини .
ЕВН во прво време нема да биде загрозен бидејќи нивно е само снабдувањето и наплатата . Но со либерализацијата и тие треба и мора да добијат конкуренција во повеќе оператори подоцна . Слично како со кабелските оператори .Значи тоа ќе се случува откако прво ќе профункционира кај големите потрошувачи односно компаниите.
Јас знаев дека нема да почне се ова од 1 јули но ме збуни сторијата во Шител ,според кои децидно беше кажано дека ќе се старува од 1 јули . Инаку Кочо Анѓушев е човек на кој му верувам околу пресметките и ако тој вели дека компаниите би заштедувале до 25 % тогаш тоа е така . Оваа функција на почетокот на годинава ја превзеде од Хаџимишев. Значи владата ќе пролонгира додека може за да се спасува со златните кокошки . После пазарот на струја ќе си го направи своето и ќе плаќаме реални цени за струјата . Како за кабловска , мобилен итн .
Направи Ваљон филмови дека уште треба и благодарни да сме но тие си имаат план како ги дозираат информациите за дејностите кои им се од клучно значење за одржување на власт ( цени на струја , парно , зони за паркирање итн итн . )
Пред неколку недели фрлаа со дрвја и камења по ТПЛФ па се протна одлука исклучените да плаќаат . Не дај боже сега да ја поскапат струјата . Мислам дека народот тоа без разлика на политичка припадност ќе не може да го свари. И Бранко го нема веќе за да е крив. Чудно ми е што Пешевски не се јави . Човекот е многу способен . На времето ги смири ЕВН и ЕЛЕМ . А се знае кој плати за помирувањето .
За платата во Осломеј , РЕК Битола , ЕВН да не пишуваме .
Нека цепаат наши луѓе се . ;)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Имај во предвид дека индустриската струјаа е двапати поскапа од струјата за домаќинствато(за Македонија зборам), затоа ако ја купуваат компаниите на меѓународна берза ќе заштедат 25% но ако рачунаш дека домаќинствата плаќаат двапати помалку за струја во однос на индустријата за kwh, значи дека домаќинствата околу 25% ќе плаќаат поскапа струја доколку ја купуваат на струја за берза по пазарни цени.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368

Различна е волтажата, амперажата и стабилноста за идустриска и обична струја оттука
тарифата сигурно ќе се разликува за индустриска струја и стуја за обичните потрошувачи.
Неможе ти да купиш пакет идустриска струја ако немаш високонапонски кабли од твојата трафостаница до твојот дом. Обичната бакарна жица по бандерите не може да ја издржи индустиската струја.
 
Најобичен дуќан да имаш било каде плаќаш индустриска струја .
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
Најобичен дуќан да имаш било каде плаќаш индустриска струја .
Обично кога се правеле чаршиите во СФРЈ по дифолт ги праеле објектите ДА МОЖАТ да примат индустриска стуја.
За дома да можеш да примаш индустриска струја ти треба од најблиската трафонстаница да инсталираш високонапонски кабли.
Ако се либерализира пазарот ти во дуќанот ќе можеш да си купуваш обична струја, без разлика какви кабли имаш до трафостаницата.
Патем сегде во светот поефтина е индустриската стуја.. незнам во Мк како е. Претпоставувам со поголемата конкуренција и обичната и индустриската стуја ќе поевтинат.
Како и да е либерализацијата ќе биде само плус и за граѓаните и за индустријата. Единствено негативно ќе биде за ЕВН и Буџетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom