Лекови и нивни замени (алтернативи)

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Претпоставувам многу пати сте се нашле во ситуација лекар да ви препише одреден лек па да појдете во аптека и да ви кажат дека немаат ист таков но имаат замена за него со речиси исто дејство, па сте во недоумица што да правите. Да ја купите замената или не. Затоа ја отварам темава каде може да дискутираме околу замената на одреден лек со друг со исто/слично дејство, да споделиме искуство, да се консултираме и посоветуваме со оние форумџии кои се поупатени во оваа наука.

п.с Секој пост со обид за тролање на вака серизна тема ќе биде санкциониран со бан од тема/форм.
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Валеријана како замена за лексилиум или дијазепам, природно нешто видеото е на српски:

 
K

Kacar

Гостин
Чај од глог + банана - за против висок притисок !
Канела/цимет - за превенција од преддијабетис!
Јаболков оцет на гладно, + омега3 капсули + јадење кромид и лук - превенција од висок холестерол и триглицериди!
Срендано јаболко, морков и цвекло + мед = сок што ја поправа крвната слика веднаш !
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Темата е замена на еден со друг лек а не употреба на алтернативна медицина....

На темава. Лекојте шо се нудет за замена се најчесто генерика шо значит дека не се од фирмата шо ги имат произведено прв пат, туку по истекот на лиценцата (патентот) други фирми го произведват лекот со поефтини методи ама активната супстанца е иста.
 
L

Löwe

Гостин
Бринердин за притисок да не имаат некоја замена? Прекинаа да го увезуваат нашиве...
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Луѓето(нормално) многу се одбивни кон тоа...
Фармацевт: Го имаме истиот лек, но од друга фирма.. (под ова се подразбира ист хемиски состав, односно активна супстанца и евентуално помошни супстанци).
Пациент: Леле, ама вака, така како ке дејствува, ова она...
Ги разбирам потполно, бидејќи некои не се упатени и навистина треба да се најде време да им се објасне како дел од работата што ја вршат докторите и фармацевтите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Jас секогаш прифаќам замена
Во аптеките се вработени магистри и тие знаат дека има лекови кои се исти а со различно име
Имам доверба во нивното знаење
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Замена само целосно од природно потекло. А наместо дрога "Х" да ти понудат дрога "Y" нема ништо различно за замена.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Во суштина колку што знам, се проверува генеричкото име на лекот т.е. генеричката супстанца.
Генериката треба секогаш да биде иста, но комбинацијата на помошни супстанции варира од производител до производител и е најчесто помалку или повеќе различна, така што знае да направи проблеми понекогаш. Иако се работи за навидум ист лек може да се појават контраиндикации. Во секој случај сите составни супстанции треба да се наведени во упатството. Понатаму, лекот како продукт од физичка гледна точка зависи од неговиот процес на преработка.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.916
Можно е...
Но јас немам било какви познавања од медицина и фармација
А тие се магистри....
STEALTH алудираше на исказот твој дека магистри се вработени во аптеките. Веројатно сака да каже дека не се само магистри-фармацевти вработени, туку и фармацевтски техничари со средно образование.
Во право сте и двајцата.

Во врска со темава, пријателски совет, на сите алтернативи што ќе ви ги кажат внимавајте на цените, често истиот состав на лек (под друго име/од друга фирма) знае да биде поскапичок од оригиналниот што сте го барале.

Постручните ќе си кажат повеќе во темава.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Не сум фармацефт, но се дружам со фармацефти...и знам дека не секогаш лековите се исти...
На пример витамин Е и витамин Ц....постојат неколку супстанци кои се нарекуваат витамин Е, а кај витаминот Ц многу зависи која суровина се употребува во процесот на производство

се замолува @n/a како најкомпетентен по ова прашање да сподели мислење
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Темата не е едноставна.
Ако постои регистрирана паралела, т.е. лек кој се издава во аптека како паралела на некој веќе присутен лек, значи дека е помината прилично сложена документирана процедура за докажување дека паралелниот лек има споредливо дејство со постоечкиот (т.е. е биоеквивалентен).

Не е проблемот во лековите, освен ако се фалсификувани или од сомнително потекло.
Проблем е како се издаваат, кој ги издава, како ве советува кога ви ги издава.... проблем е целиот систем на социјална фармација од кој никој не е задоволен....ама тоа е друга тема...

Претходно, во темата за парацетамол и аспирин изреагирав малку бурно, под влијание на тоа како систематски се уништува целиот систем на здравствена заштита и никому не му е гајле за тоа...

П.С. Не се препознав во најкомпетентноста, само дека бев прозван.... се нервирам на темава, а и немам што повеќе да кажам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom