Легија на Странците

Член од
9 мај 2014
Мислења
14
Поени од реакции
7
За ова знам дека е најаката армија во свет, и дека после ова (ако преживее) веќе никој не се враќа ист на психолошки план. Платата јас имам слушнато дека е и до 4 милиони евра месечно на тие што се во првите редови, а за да те примат треба премногу тестови да поминеш и разни измачувања психички и физички. Тука одат сва и свашта од луѓе со криминално досие од мал калибар, до луѓе со тешко криминално досие ко убиства и такви работи, одат и нормални луѓе што сакат и да заработат. Е сеа не познавам никој од Македонија што отишол, ама знам дека воџата на навивачите на Евертон отиде во ова, за да не оди во затвор и ги помина тестовите и све тоа. Нешто инфо друг ако има нека пише или даде линкче :)
I jas nemam slushnato za makedonec deka ima odeno vo legija na stranci, no od balkanot odnosno od srbija Milorad Ulemek Legija koj beshe komandir na JSO- jedinica specijalnih operacija kako sho imam gledano nekoi dokumentarci i se kazva da ne daj gospo nekoj da odi tamu hihi :))
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Јас имам другар што е таму еве веке неколку години и е од Македонија. Платата во почетокот му беше околу 5000евра, сега не знам колку му е ама сиг му е покачена. Што точно работат не сака да ми каже, посебно зашто јас го прашав преку фб и ми рече дека не смее ништо да пишува зашто го следат. Знам дека повекето време се во база во Франција негде на југот доле. Еднаш ми спомна дека ги пракале во Африка кај племињата, а што им правеле не ми кажа. Исто не знам низ што се поминуваат секојдневно, ама знам дека последен пат кога се врати летоска не беше со сите во паметот, ама рече дека мора да иде за да ја издржувал фамилијата (мајка, татко, брат). Во почетокот кога ке поминеш низ сите тие тестови кога те примаат потпишуваш договор дека ке работиш таму 5 години. После тие пет години ако сакаш можеш да го продолжиш договорот со што и добиваш француско државјанство, а можеш и да се откажеш и да си се вратиш дома. Слободни денови имаат во неделата и го гледам по сликине што ги става на фб дека доста си се шетка, што значи не им е толку затворен животот без комуникација со надворешен свет. Дреме на нет секој ден од работа, така да и нет им е дозволен:toe:. Колку им е тешко само они си знаат:popce:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
I jas nemam slushnato za makedonec deka ima odeno vo legija na stranci, no od balkanot odnosno od srbija Milorad Ulemek Legija koj beshe komandir na JSO- jedinica specijalnih operacija kako sho imam gledano nekoi dokumentarci i se kazva da ne daj gospo nekoj da odi tamu hihi :))
Најпознати легионери од Балканот се капетан Драган Васиљковиќ (моментално во затвор во Австралија) и Златко Бошњаковски - Алигатор.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Јас имам другар што е таму еве веке неколку години и е од Македонија. Платата во почетокот му беше околу 5000евра, сега не знам колку му е ама сиг му е покачена. Што точно работат не сака да ми каже, посебно зашто јас го прашав преку фб и ми рече дека не смее ништо да пишува зашто го следат. Знам дека повекето време се во база во Франција негде на југот доле. Еднаш ми спомна дека ги пракале во Африка кај племињата, а што им правеле не ми кажа. Исто не знам низ што се поминуваат секојдневно, ама знам дека последен пат кога се врати летоска не беше со сите во паметот, ама рече дека мора да иде за да ја издржувал фамилијата (мајка, татко, брат). Во почетокот кога ке поминеш низ сите тие тестови кога те примаат потпишуваш договор дека ке работиш таму 5 години. После тие пет години ако сакаш можеш да го продолжиш договорот со што и добиваш француско државјанство, а можеш и да се откажеш и да си се вратиш дома. Слободни денови имаат во неделата и го гледам по сликине што ги става на фб дека доста си се шетка, што значи не им е толку затворен животот без комуникација со надворешен свет. Дреме на нет секој ден од работа, така да и нет им е дозволен:toe:. Колку им е тешко само они си знаат:popce:
И тоа се само луѓе и ова им е стандардна работна професија, може ќе те зачуди и фактот колку вакви професионалци имаат профили на сјатови како Линкедин каде бараат вработување и контакти.
Доволно само да пребаруваш Defence Services или security and risk management company.
Легијата на странци е слична по намена.
Се разбира дека вработените ќе имаат повеќе време за “убивање“ :) но земи во обѕир дека со секоја задача имаат неколкупати поголем ризик да се повредат или загинат. Има еден куп нашинци па и останати Балканци во овие фирми и легии. Србите и Хрватите царуваат во Авганистан.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Јас имам другар што е таму еве веке неколку години и е од Македонија. Платата во почетокот му беше околу 5000евра, сега не знам колку му е ама сиг му е покачена. Што точно работат не сака да ми каже, посебно зашто јас го прашав преку фб и ми рече дека не смее ништо да пишува зашто го следат. Знам дека повекето време се во база во Франција негде на југот доле. Еднаш ми спомна дека ги пракале во Африка кај племињата, а што им правеле не ми кажа. Исто не знам низ што се поминуваат секојдневно, ама знам дека последен пат кога се врати летоска не беше со сите во паметот, ама рече дека мора да иде за да ја издржувал фамилијата (мајка, татко, брат). Во почетокот кога ке поминеш низ сите тие тестови кога те примаат потпишуваш договор дека ке работиш таму 5 години. После тие пет години ако сакаш можеш да го продолжиш договорот со што и добиваш француско државјанство, а можеш и да се откажеш и да си се вратиш дома. Слободни денови имаат во неделата и го гледам по сликине што ги става на фб дека доста си се шетка, што значи не им е толку затворен животот без комуникација со надворешен свет. Дреме на нет секој ден од работа, така да и нет им е дозволен:toe:. Колку им е тешко само они си знаат:popce:
5000 евра дека зимал на почеток мало морген, треба еден куп години да поминеш за да стигнеш до таа плата (ако воопшто стигнеш).

И да треба да си будала да одиш за ситни пари да го ризикуваш животот :)
 
Член од
10 септември 2013
Мислења
9
Поени од реакции
0
Значи од Балканот има многу легионери со неколку се знам.... и од македонија прилично добар дел околу 4-5 со некој се знам ... и значи не е како шо викате ова она на мисија земаат во африка по 3000-4000 евра ... 4 месеци. и не е така како шо кажувате ризик ова она па и во Шведска да одиш да работиш градежништво и тоа е ризик...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
https://www.youtube.com/watch?v=hsy4NoRPebw Изгледајте го линков за нештата да станат појасни ;) (околу вашата дискусија) што и како е таму... И тоа од уста на легионар раскажано :) изгледајте ги сите видеа поточно целата емисија.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Бивши француски командоси и легионери во Исламската држава


Десетици поранешни француски војници, од кои најголем дел припадници на специјалните единици и на Легијата на странци, им се приклучиле на џихадистите што војуваат во Сирија и во Ирак





Европски специјалци во редовите на џихадистите

Најголем дел од бившите војници ѝ се приклучиле на екстремната терористичка група Исламска држава, која има контрола врз големи делови од Сирија и од Ирак. Франција е клучен актер во меѓународната коалиција, предводена од САД, во воздушните напади врз позициите на џихадистите во овие две блискоисточни земји.

Претставник на француското министерство за одбрана, како што пренесува АФП, ги потврдил информациите за поранешни војници што му се приклучија на џихадот во Сирија и во Ирак.
- Проценуваме дека десетици бивши војници им се приклучија на овие мрежи. Не сме загрижени толку за бившите војници. Важно е да се спречи феноменот на радикализацијата во рамките на нашите сили - истакнал францускиот претставник, кој побарал да остане анонимен.

Францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриан, сепак, директно не го коментирал проблемот, за кој прво јавија радиото РФИ и весникот „Л`Опинион“.
- Случаите на бивши војници, кои се на искушение за џихадистичка авантура, се екстремно ретки - истакна Ле Дриан.
Сепак, Давид Томсон, новинар во РФИ и автор на книгата „Француски џихадисти“, смета дека воопшто не треба да се потценуваат овие ретки случаи.
- Овие луѓе што пристигнуваат во Сирија и во Ирак веќе се борци и знаат на кој начин војуваат француските војници - оцени Томсон за „Фигаро“.

РФИ наведува дека помеѓу војниците што станале џихадисти има бивши членови на Легијата на странци и поранешни припадници на специјалните падобрански единици. Според радиото, некои џихадисти на социјалните мрежи признале дека се бивши француски војници.
- Преостанатите се експерти за експлозиви, млади луѓе во дваесеттите години. Некои преминале во исламската вероисповед, додека другите имаат арапско-муслиманско потекло - додава РФИ.
„Л`Опинион“ го наведува случајот со францускиот џихадист со северноафриканско потекло, кој служел пет години во елитната Прва маринска пешадиска падобранска единица и поминал обука за командоси. Тој бил најмен од приватна компанија за обезбедување да работи на нафтените инсталации на Арапскиот Полуостров.
- Тој постепено бил радикализиран, израснал долга брада и ѝ се восхитувал на исламистичката идеологија. Џихадистот потоа заминал за Сирија - пишува францускиот весник.

Европа стравува од нови напади

Повеќе од 20 министри за надворешни работи на земјите од меѓународната коалиција предводена од САД, која се бори против теророт на Исламската држава, вчера во Лондон се состанаа на специјална конференција, на која се разговараше за начините како да се скрши отпорот и да се елиминираат џихадистите на оваа организација во Сирија и во Ирак. Домаќинот на конференцијата, британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, во изјава за Би-би-си порача дека коалицијата има уште многу работа што треба да се направи пред да може да се рече дека екстремистите од ИД се совладани.
- Станува збор за повеќе мерки, како запирање на напливот на регрути за оваа екстремно исламистичка сунитска група, пресекување на каналот за финансирање на нејзината борба, зголемување на помошта за оние што на теренот се борат против ИД, како и обезбедување повеќе хуманитарна помош за жртвите на исламистите - рече Хамонд.
Анонимен американски дипломат од Вашингтон за британската информативна мрежа изјави дека во моментов примарна задача за коалицијата е да се блокираат сите регрутирања нови припадници на групата, кои во најголем дел доаѓаат од Европа. Во меѓувреме Европа и понатаму е под висок степен на тревога поради можни терористички напади, предупредија неколку европски извори.

http://daily.mk/svet/bivshi-francuski-komandosi-legioneri-islamskata-drzhava
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сега не е лесно некој да биде примен во Легијата, бидејќи и граѓаните на Франција можат да се пријавуваат за регрутација
А и намален е бројот на легионерите, Франција одамна не е колонијална сила.
Се на се - се работи за историска традиција
Еве ја химната на Легијата
https://www.youtube.com/watch?v=HdMnY7lBe30
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
654
Поени од реакции
329
ФРАНЦУСКА ЛЕГИЈА НА СТРАНЦИ - ДА ИЛИ НЕ!?
Во последно време редовно ми пристигнуваат пораки во кои многу наши луѓе од што им е убав животот во една од најуспешните економии на светот, бараат да им помогнам да најдат работа во Ирак, Авганистан, Африка или на брод.

Други пак разочарани од сиромаштијата, корупцијата, криминалот и безизлезот во кој се наоѓа Македонија ме прашуваат дали вреди да се замине во Француската легија на странци? Колку е тешко да се влезе во неа? Колку е тешко да се издржи во неа? Колку се исплатува да се биде во неа?

МОЕТО МИСЛЕЊЕ Е – ДА!!!
Вреди да се замине во Легијата на странци. Вреди да се вложат 5 години од животот во Француската легија на странци. Вреди затоа што по завршувањето на 5-годишниот договор се стекнувате со француско државјанство и што е уште поважно со сертифицирани вештини и работно искуство кои ќе ви овозможат по излегувањето од Легијата да заработувате по десетина илјади долари месечно. Насекаде низ светот. Петте години кои ќе ги поминете во Легијата не се фрлени во празно. Напротив, покрај суровиот тренинг и жестока дисциплина ќе доживеете и многу интересни, убави и возбудливи нешта. И нешта полни со андреналин.

УСЛОВИ
За да стигнете до некое регрутно место на Легијата во Франција ви требаат помалку од 100 евра. Условите за влез се многу едноставни. Доволна е само цврста решеност, добро здравје и возраст од 17 до 40 години! Внимавајте!!! Возраст од 17 до 40 години!!! Ништо друго! Ништо повеќе! Односно, треба уште нешто но тоа е далеку поедноставно од овие три.

ПРОВЕРКИ НА ФИЗИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ, ГЕСТАПО И ЛЕКАРСКИ
Најпрво треба да се направат згибови на вратило. Доволни се само четири згибови на вратило. Колку повеќе толку подобро но и четири се доволно. Со само 4 згибови вие сте поминале еден од трите физички теста. Следниот тест е да направите 50 стомачни. Доволни се само 50 стомачни подигања со свиткани нозе и вие сте го поминале и вториот тест. Последен е таканаречениот “бип“ тест кој се состои од малку трчање кое исто така е едноставно и не бара којзнае колкава физичка подготвеност. И толку. Значи четири згиба, 50 стомачни, малку трчање и физичките проверки се готови. Потоа следува мало испрашување со многу прашања или т.н. “Гестапо“ интервју. Одговорајте внимателно и ќе поминете. По завршување на “Гестапо“ интервјуто ве упатуваат на стандардни лекарски прегледи. Доколку сте психофизички здрави вие сте примени на селективна обука во Француската легија на странци.

ВАЖНО!!!
За влез во Легијата нема да ви побараат членска книшка од ДПМНЕ. Ниту од било која друга партија. Ниту пак некој ќе побара да му обезбедите список со 20 гласа. Ниту ќе треба да се молите. Ниту да фаќате “врски“. Ниту да се понижувате.

ОБУКА
Потоа започнува потешкиот дел. Ве упатуваат на селективна обука. Селективната обука е исклучително напорна и динамична но иствремено и многу интересна и возбудлива. Пешачење, трчање, ползење, тепање, пукање, воени вештини. По завршувањето на селективната обука вие сте примени во Француската легија на странци. Во зависност од вашите дотогашни резултати, бирате една од четирите регименти во кои продолжувате со понатамошна работа, обука и усовршување.

ПЛАТА
Во Легијата не се оди за пари. Во Легијата не се заработуваат пари. Не многу. Особено не во првите неколку години. Подоцна, кога почнувате да одите во разни мировни и борбени мисии низ целиот свет може да заработите и некоја пара. Вистинската заработувачка доаѓа по напуштањето на Легијата. Како поранешен Легионер релативно лесно можете да најдете работа било каде во светот за плата која се движи од минимум 7-8 илјади евра па нагоре.

СКОК ВО НЕПОЗНАТОТО
Денес дури и Легијата не е како порано. Имате интернет. Имате комуникација со вашите блиски. Се издржува полесно. Не е толку страшно. Но е далеку од лесно.

Младино!!! Не бидете пасивни!!! Не трчајте по партии за работа во “буџет“ за 250 евра. Скокнете во непознатото! Одете и изборете сѐ за живот. За пристоен живот. За поубав живот. Кога ќе завршите со сѐ, вратете сѐ дома. Заедно ќе ја продолжиме борбата за Македонија.

Сите вие кои сте сериозно заинтересирани за влез во Француската легија на странци пишете ми во инбокс. Да видам прво кои сте. Да видам колку сте. Потоа можеби ќе ве поврзам со еден мој човек кој пред кратко време беше таму. Ќе ви објасни сѐ за физичките проверки, ќе ви објасни сѐ за “Гестапо“ тестот, ќе ви објасни сѐ за медицинските прегледи. Ќе ви каже како да се подготвите, на што да внимавате и што да очекувате.

На крајот на август ќе направите една заедничка средба. Ќе се запознаете помеѓу себе. Ќе сѐ видете кои сте. Ќе видете колку сте. Вежбајте заедно. Патувајте заедно. Во регрутниот центар влезете заедно. Издржете. Борете сѐ. Станете воини. Заработете пари. Вратете сѐ. Дома. Живејте живот. Достоинствен живот. Праведен живот.

П.С. Знае ли некој колку Македонци во овој момент има во Легијата на странци? Колку Македонци воопшто досега, служеле во Легијата на странци? Доколку имате било каква информација молам напишете ја во коментар или пратете ми ја во инбокс.

П.П.С. Според моите информации во Легијата на странци во овој момент НЕМА НИТУ ЕДЕН Македонец. Се надевам дека грешам. Зошто нема??? Затоа што ние Македонците сме многу јаки. На тастатура.

18.07.2015.
Генерал Ангелов
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@RadE_Strongest,

Што е ова - реклама за легијатa?
Легијата на странци одмна не е она што била во минатото. Сега и Французите можат да се пријават, сведена е 7700 луѓе
Не заборавете се работи за платеничка војска која во минатото за пари се борела за проширување и одржување на колониите на Франција
Денешнава легија е спомен на некогашната
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Денешнава легија е спомен на некогашната
Во која смисла спомен на некогашната?
и денешната легија како и таа од пред 100 години се праќа во најтешките и највалканите воени операции
Не ги чуваат за паради, одат во брегот на слоновата коска авганистан и редица афрички грѓански војни
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.591
Поени од реакции
38.739
Текстов од кога прочитав 2-3 реченици сфатив дека стојанче го пишал не ми ни требаше да скролам до доле, и он јаде бурек за легијата а не ни бил у некоја таква организација некогаш
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Луѓеее знаете ли што значи француско државјанство... :eek: Башка после легија на странци со тие серификати и признанија и плус француско државјанство можеш во Франција да работиш како професионален телохранител. А тоа звучи како многу пари. Што вика стојанче се заработува со таа слава после легија и до десетици илјади евра месечно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Луѓеее знаете ли што значи француско државјанство... :eek: Башка после легија на странци со тие серификати и признанија и плус француско државјанство можеш во Франција да работиш како професионален телохранител. А тоа звучи како многу пари. Што вика стојанче се заработува со таа слава после легија и до десетици илјади евра месечно.
легионер нема врска со телохранител, за телохранител потребна е друга школа и обука, исто ко да речеш дека некој кој има лиценца за телохранител би бил добро обучен легионер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom