Легендарните Мањифико

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Пред некој ден случајно ги начекав на еден ТВ-канал легендарните Мањифико(значи не словенскиот Мањифико)туку нашите,македонските Мањифико,кои беа познати по исполнувањето на фолклорни шпански,мексикански,латиноамерикански песни.

Лидери на оваа стара македонска музичка група беа Панче и Невена Кочоски,родители на македонската актерка Тања Кочовска и на поп-пејачката Лидија Кочовска.

Искрено,иако Мањифико одамна не постојат,вреди да се слуша нивната музика,особено госпоѓата Невена Кочовска,која ме фасцинира со нејзиниот глас и специфичната латиноамериканска физиономија.

Госпоѓата Невена Кочовска ја вбројувам во плејадата THE BEST OF MACEDONIA.

Знае ли некој нешто за оваа група,може ли да се најдат материјали или нивни снимки,јас се трудев да пронајдам нешто од нив,но безуспешно,нивни снимки нема на youtube.

Има ли некој автобиографии на членовите на Мањифико,каде се сега,што работат,нешто околу нивната кариера,успеси итн.


Сметам дека иако се многу стара група,сепак вреди да се спомне нешто за нив,тие се класика на македонската естрада.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Единствено шо знам е дека стариот има една лонгплејка од нив, друго нишо не знам... Ќе ја откопам деновиве да преслушам тро па ќе рапортирам. :)
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Темава ми е отворена многу одамна,но дури сега наjдов информациа за нашите Magnifico:



Велики се нема што!

Гордоста на Македониа!!!!!
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
1
Поени од реакции
1
Pa Pacne i Nevena ziveat vo Ohrid,Krsto pocina vo 1991g,a za drugiot Neznam bas

--- надополнето ---

eve nesto

za pance i nevena

Панче и Невенка Кочовски, дел од некогаш популарниот ансамбл во Македонија и на бившите ЈУ-простори „Мањифико“, денес водат мирен пензионерски живот. Со носталгија се сеќаваат на минатото, на многубројните турнеи, златните тиражи, запознавањата, дружењата... Родителите на Тања и Лидија Кочовски, односно бабата и дедото на Александар и Нела, веќе неколку години го трошат пензионерскиот стаж. Панче Кочовски (65) ја дочека пензијата во 1995 година како директор на ЗАПМ, додека неговата сопруга Невенка се пензионираше како наставник по музичко во ОУ „Лазо Трповски“.

--- надополнето ---

inace jas sum sin na krsto tausanov,pa ako treba nesto nekoi materijali kako videa ,ploci ili tama nesto,samo kazete, pozz

--- надополнето ---

Ретко се случува да излеземе јас и сопругата и никој да не ни пријде со прашањето: зошто престанавте? Меѓутоа, бевме свесни дека се' што има почеток има и крај. Последниот настап го имавме во мај 1990 година на големиот концерт на Градски стадион, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Со почетоците на распаѓањето на Југославија се распадна и ансамблот „Мањифико“. Причина за распаѓањ
ето беше смртта на Крсто Таушанов, кој беше еден од основачите заедно со мене, објаснува Кочовски. Немаше замена за него, човек како него не најдовме и прекинавме со работа, бидејќи сфативме дека се' има свој почеток и крај. Во овој период на 31-годишно постоење „Мањифико“ има реализирано над 3.700 концерти речиси на сите континенти, освен во Азија, снимено 140 получасовни и едночасовни сопствени ТВ-емисии и уште стотина каде што сме биле гости. Снимени се пет ЛП, четири аудиокасети, едно цеде, една видеокасета и над 30 сингл-плочи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom