Лара Фабијан

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Лара Фабијан е белгиско-италијанска пејачка позната по нејзината вокална интерпретација на песните и фантастичната техника...Пее на италијански,шпански,француски и англиски а исто така има песни испеани на португалски и германски...Во 1994 станува канадски државјанка , во времето кога започнува да пее во Квебек...

Во 80-тите пее на неколку натпреварувања каде што зема први награди а во 1986 го издава првиот сингл насловен L'Aziza est en pleurs" / "Il y avait"...Две години подоцна РТЛ од Луксембург ја избира неа да ја претставува земјата на Евровизијата што се одржа во Даблин...Го освојува 4-тото место покрај спектакуларната изведба и синглот се продава во Европа во 500 000 примероци...

Во 1991 година се сели во Монтреал заедно со нејзиниот продуцент за да ја започне кариерата во Северна Америка...Истата година таа издава албум во Канада кој се продава во 100 000 примероци ...На него се најдоа повеќе поп-денс хитови како "Le jour où tu partira", "Les murs кои допринесоа таа да биде избрана за пејачка на годината во Канада...

Во 1994 го издава албумот Карпе Дием со кој тотално се пробива на сцената а хитовите како Tu t'en vas", "Si tu m'aimes", "Leïla" допринесуваат албумот да стане платинест ...Две години подоцна , Дизни студиото ја повикува Лара да го позајми својот глас за ликот на Есмералда во Ѕвонарот на богородичната црква а исто така ја пее и насловната нумера на филмот Que Dieu aide les exclus"...

Во 1997 по успехот на Карпе Дием го издава вториот албум кој во Франција се продава во 2 милиони примероци и набргу станува платинест а хитовите како Tout", "Je t'aime", "Humana" ја освојуваат сцената...По 2 години следи албумот Лајв во новиот милениум ја освојува публиката во САД ...Во 2003 се враќа во Франција а во наредните години соработува со неколку познати продуцентски имиња во Европа кои планираат да и ја трасираат кариерата во европските земји, претежно во Италија...




Јас неам ниеден албум од типкава, али мислам дека со изведбата на овие песни на клиповите е еден од најдобрите женски вокали на денешницата...Стилот на пеење, смиреноста,интерпретацијата и го прават гласот совршен и непогрешлив...Ми остави впечаток во препевот на Caruso i Adagio и мислам дека овие 2 верзии на песните после нејзината обработка која е совршена повеќе не можат да бидат испеани на подобар начин...

Вашите мислења...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom