ЛУДВИГ ВАН БЕТОВЕН

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Тој е германски композитор на виенската класика, еден од најзначајните, најгенијалните музички композитори воопшто, во историјата на светската музичка култура и цивилизација. Бил клучна фигура во преминот помеѓу класичната и романтичната ера во западната класична музика, а инспирирал и влијаел врз недоброј генерации композитори и музичари.
Познат е пред се како композитор, но во свое време бил и прославен пијанист (учел заедно со Јозеф Хајдн и стекнал углед на пијанист виртуоз).
Познато е дека и покрај постапното губење на слухот во младоста, продолжил да создава значајни ремек- дела цел живог, дури и кога сосема оглувел.
Интересно е дека бил и еден од првите „слободни“ композитори- организирал претплатнички концерти продавајќи музика на издавачи и стекнувајќи финансиска поддршка од богати покровители. Тоа го правел порадо одошто да бара постојано вработување од црквата или од аристократските дворови.
Лудвиг Ван Бетовен (Ludwig van Beethoven) е роден најверојатно на 16.12.1770. (следниот ден крстен) во Бон, а умрел во Виена, на 26.03.1827. година. Потекнува од музичко семејство (татко Јохан Ван Бетовен и мајка Магдалена Кеверик ван Бетовен). Дедо му, кој исто така се викал Лудвиг, бил дворски капелмајстор во Бон, а татко му пејач (тенор) во капела, исто така во Бон. Воодушевен од тогашното чудо од дете, младиот Моцарт, кој уште на 6 години компонирал музика, тој се обидел и младиот Лудвиг мошне рано да го учи свирење на виолина и клавир, при што често и претерувал. Имено, Лудвиг морал често ноќе да станува и да вежба. Воопшто, неговиот младешки живот не бил едноставен. Татко му бил алкохоличар, а мајка му често била болна и од шест деца преживеале само две.
Набрзо Лудвиг Ван Бетовен станал оргуљаш на дворот и добил редовна месечна плата. На 13 години свири чембало и виола во оркестарот на дворот и се занимава со компонирање на различни камерни музички дела. За да го унапреди своето знаење, во 1787. година заминува во Виена, град кој во тоа време, благодарерние на композитори како што е Јозеф Хајдн, бил европски музички центар, за да учи кај славниот Моцарт. Меѓутоа, поради голема зафатеност со компонирање на свои дела и други грижи што го оптоварувале, Моцарт не бил многу заинтересиран за младиот Лудвиг. Сепак, кога слушнал како свири рекол: „Еден ден тоа момче ќе направи голем метеж во светот!“ По две недели Бетовен морал да ја напушти Виена и да се врати во Бон, зашто мајка му била на умирање.
Во 1789. година одлучува да стурида на универзитетот во Бон, каде што доаѓа во допир со идеите на Француската револуција, слободата и човечноста, кои го одушевуваат и можат да се забележат во неговите подоцнежни дела, посебно во неговата единствена опера „Фиделио“.
На 22 години повторно заминува во Виена и таму останува. Иако Моцарт веќе бил мртов, Бетовен им станува ученик на строгиот Јозеф Хајдн и Антоно Салиери. Набрзо станува познат со својата камерна музика, која претставувала нешто сосема ново. Познат е и како мајстор на импровизацијата и виртуоз на клавир.
На 29 години почнува да работи на својата Прва симфонија и ја завршува само за една година. Успешно е праизведена на 02.04.1799. година.
Имал 30 години кога кај него биле забележано знаци на отосклероза од „мешовит“ тип- болест на средното во внатрешното уво и која го води кон глувост. Почнува да слуша се помалку и поради тоа се повеќе да ги избегнува луѓето барајќи мир во природа, каде што обично наоѓал и инспирација за своите композиции. Набрзо станува сосема глув, па веќе не е во можност да ги изведува сам своите концерти, ниту да диригира.
Бетовен и натаму работи на своите дела. Следи Втората симфонија, која не постигнува некој поголем успех, а потоа Третата која, спротивно, предизвикува сеопшто одушевување. Симфонијата била посветена на Наполеон и најнапред имала назив „Sinfonia grande, intitolata Bonaparte“, но кога дознал дека Наполеон на 18.05.1804. се крунисал за крал и ги отфрлил своите републикански идеи побеснел и го избришал називот, а ја нарекол „Херојска симфонија , компонирана во слава на еден голем човек“ (позната е уште како „Ероика“). Праизведбата се одржала во август 1804. на виенскиот двор на кнезот Лобкович, па нему му била и посветена.
По многу и чести поправки, во 1805. година е одржана праизведбата на единствената Бетовенова опера, најнапред наречена „Леонора“, „Фиделио“.


Во првата половина на 19. век Бетовен, заедно со Џоакино Росини, станува најпознат и најславен музички композитор во Европа. Неговите симфонии, проткаени со револуционерен дух, набрзо стануваат редовен репертоар на сите оркестарски концерти. Неговата Петта симфонија често се нарекува и „Симфонија на судбината“, зашто настанала во тежок период од животот на Бетовен. Наводно, за нејзините први четири тона тој рекол: „Така дојде судбината на врата“. Изведена е на 22.12.1808., заедно со Шестата (Пасторала) и четвртиот концерт за клавир. Самиот композитор својата Шеста симфонија ја означил како „повисок израз на вдахновение од сликарството“.
Седмата симфонија е изведена со огромен успех на 08.12.1813. година.
Во текот на Виенскиот конрес Бетовен, кој во младоста бил опседнат од хуманизмот на Фридрих Шилер, а подоцна и од Гете, заклучува дека иднината на Европа се засновува само на потчинување на други, и тоа го нагласува во својата оперета „Егмонт“. Кога целосно оглувел, при крајот на животот, го напишал делото „Heiligstädter Testament“.
По смртта на неговиот брат во 1815. тој го прибира кај себе неговиот син Карл, но набрзо се покажало дека односот на Бетовен спрема својот внук од почетокот не можел да мине добро. Со своите претерани морални определби толку го ставил под притисок, што младиот Карл на крајот се обидел да изврши самоубиство. Овој обид (во тоа време обидот за самоубиство бил кривично дело) многу го оптоварил и влијаел врз Бетовен, но и оптовареноста од приватни проблеми. Во 1822. година го пишува делото „Missa Solemnis“.
Една година подоцна ја завршува својата Деветта симфонија, во чиј последен став воведува и зборови, стихови на Фридрих Шилер од „Одата на радоста“, додека првите три дела со својата музичка архитектура и темите го обележуваат правецот на симфонистите на романтизмот се до Гаустав Малер. Симфонијата, заедно со делови од делото „Missa Solemnis“, е изведена на 07.05.1824. година.
Поради напредување на болеста, во 1826. го прифаќа повикот на вториот брат, Јохан Николаус, со неговото семејство да мине неколку недели на имотот во околината на Кремс. На 1. декември Бетовен се враќа во Виена во отворена кочија, и покрај прилично студеното време. Добива воспаление на белите дробови што некако го преболел, но тоа ги влошило останатите проблеми. На 03.01.1827. напишал тестамент, а неполни два месеца подоцна, на 26.03. умира во својот дом.
На гробот Währing е погребан на 29.03., а присуствувале повеќе од 30.000 луѓе. Во 1888. година посмртните останки на Лудвиг Ван Бетовен се пренесени на виенските централни гробишта, каде што денес еден покрај друг стојат гробовите на Бетовен и Шуберт.
Се претпоставува дека умрел од болест на црниот дроб, на што упатува ДНК анализата на влакна од неговата коса.
На денот на неговата смрт е забележана една „(не)приодна“ појава: Виена ја зафатило страшно, незапаметено невреме. „Прочитано“ е дека починатиот ја тресел тупаницата од небото, додека громови и молњи паѓале врз градот.
Лудвиг Ван Бетовен останал неженет, иако имал бројни блиски врски со жени, повеќето мажени благороднички и, се разбира, недостижни. Идентитетот на Бетовеновата најголема љубов, „Бесмртната Љубена“, е мистерија до ден- денес. Се претпоставува дека тоа била Антонија Брентано, чиешто најмладо дете многу веројатно го има зачнато тој.
Најзначајни дела:
-Петта симфонија
-Шеста пасторална симфонија
-Деветта симфонија
-Пет концерти за клавир
-Концерт за виолина во Д-Дур, опус 61
-Концерт за клавир, виолина и виолончело во Ц-Дур, опус 56
-Опера „Фиделио“, опус 72 ( за неа Бетовен напишал 4 различни увертири)
-Оперета „Егмонт“, опус 84
-Соната „Урнатините на Атина“, опус 113
-Соната за гудачки инструменти
-„Missa Solemnis“ во Д-Дур, опус 123
-Сонати за клавир (Pathetique, Sonata quasi una fantasia, Apassionata)
-клавирски дела (Bagatelle „Fur Elise“ во а- мол)
-камерна музика, како за гудачки, така и за дувачки инструменти.


 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Bravo za temava,redno bese...top sklopeno.Jas samo da ja preporacam knigata Desettata simfonija koja e povrzana so Betoven.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Мене искрено нешто што најмногу ми се допаѓа е вториот став од деветтата симфонија и исто вториот став од петтата симфонија. А исто морам да забележам дека не е набројана и една од најубавите сонати "Moonlight sonata" или барем така ја знаат во денешно време.
Кај сонатите на Бетовен, односно молските сонати на Бетовен мрачните моменти се врв. Не знам како успевал да направи такво нешто и да долови толку мрачна атмосфера, ама јас ги скапувам слушајќи и секогаш ми се преубави. Јас верувам дека Бетовен започнал и десетта симфонија која не ја покажал никому и заминал со неа под земја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom