Курс по сметководство

Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Здраво:)

Имам ново прашање - каде можем да се запишам на курс по сметководство? Јас сум од Прилеп,но овде не наоѓам...Сакам да познавам македонското сметководство.
Фала многу
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
практикант во некое сметководствено биро ....
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Во Штип имаше еден држеше курс по сметководство 5 месеци х 2000 ден.=10.000 ден,ако не ти е проблем да доаѓаш во Штип евала :)
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Не ме сакат...:)

практикант во некое сметководствено биро ....
[DOUBLEPOST=1395929828][/DOUBLEPOST]А дали може далечински?
Во Штип имаше еден држеше курс по сметководство 5 месеци х 2000 ден.=10.000 ден,ако не ти е проблем да доаѓаш во Штип евала :)
 
Последно уредено:
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
а во скопје? и како до сертификат за сметководтство ? има ли нешто корист што имам на факс положено сметко. ?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
а во скопје? и како до сертификат за сметководтство ? има ли нешто корист што имам на факс положено сметко. ?
Само што им почнаа: https://www.facebook.com/kontoprofit?ref=br_rs

За уверение ти треба работно искуство од 1 до 10 години, во зависност од тоа дали сакаш да добиеш лиценца за сметководител или овластен сметководител. Уверенијата ги издава само и единствено министерството за финансии. За искуство па ти треба бар малку знаење...

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи „Службен весник на РМ“ бр.27/14 во периодот од 13февруари до 13 мај 2014 година може да се поднесе барање за добивање на привремено или трајно уверение за сметководител и овластен сметководител, до писарницата на Министерството за финансии (во зградата на НИП Нова Македонија)или да се испрати на адреса: Министерство за финансии, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје.
Уверенијата ќе се издаваат на лицата кои заклучно со 13 февруари 2014 година ги исполниле следните услови, и тоа:

  • Привремено уверение за сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование и 1година работно искуство. Надоместокот за издавање на привременото уверение за сметководител ќе изнесува 300 денари.
  • Привремено уверение за овластен сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, или вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 години работно искуство. Надоместокот за издавање на привременото уверение за овластен сметководител ќе изнесува 500 денари.
  • Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, ќе се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи.Надоместокот за издавање на трајно уверение за сметководител или овластен сметководител ќе изнесува 1000 денари.
Кон барањето лицето задолжително поднесува:
  • Доказ за завршено образование, во копија заверена на нотар,
  • Преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување издаден од Агенцијата за вработување во оригинал,
  • Потврд-а/и од работодавач-и за работно искуство во вршење на сметководствени работи за докажување на вкупниот работен стаж потребен за добивање на соодветното уверение, во оригинал или копија заверена на нотар, и
  • Доказ за уплатен надоместок,примерок од налогот за плаќање на јавни приходи ПП 50
http://finance.gov.mk/smetkovoditeli

Привремено уверение, според последните законски промени ќе важи 30 месеци, а после тоа ќе мора да се полага за трајна лиценца (но лично верувам дека пак ќе ги продолжат овие 30 месеци рок).
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
55
Поени од реакции
10
Јас само може да ги препорачам дечките :) Јас не учев за да работам сметководство, сосема трета ми е професијата ама ми требаше да знам како функционираат некои работи во државава бидејќи имам сопствена фирма.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Bavarec и Тиквуле,многу ви благодарам на информациите! Дали има и други фирми како Конто Профит, каде да ги најдам?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Bavarec и Тиквуле,многу ви благодарам на информациите! Дали има и други фирми како Конто Профит, каде да ги најдам?
Мислам дека се се на се 3-4, но за две од нив имам слушано многу негативни коментари. Една од нив мислам дека за време на уписи пушта и реклама на групер / купинапопуст и сл. страни и е многу поефтина, ама како што ти кажав никој не ми се пофалил од нив.

Вторите пореспектабилни се Нова (https://www.facebook.com/#!/novakonsalting.edukacija?fref=ts), но овие се доста поскапи и од тоа што ми кажале луѓе одат многу повеќе „по план и програма“. Таксиметар куца принцип, 20 дена трае... Овие од Конто Профит се пофлексибилни, надоместуваат пропуштени часови и имаат прирачник со обуката. Онака поотворени се за комуникација за време на обуката и отпосле. Кај нив трае околу 2-3 месеци. Е сега првиве се ревизори колку што знам а вториве сметководители. Нова се во Карпош а Конто Профит во Аеродром.

И едните и другите имаат паралелно и работа на компјутер за време на обуката, а после тоа имаат и обуки за напредно сметководство и за финансиска анализа. Нова мислам дека обуката ја вршат на нивен сопствен софтвер направен за обука а другиве на комерцијален софтвер.

Гуглај кога има уписи обично пуштаат adwords. Или едноставно пиши им на фб од прва рака информирај се.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Фала многу!

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Би ти препорачал Конто Профит во Скопје. www.profit.com.mk

Го посетував курсот, одличен е. Благој инструкторот е многу фин.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Фала многу, за жал нема как да одам во Скопје...јас сум во Прилеп.

И јас сум од провинција - Демир Хисар. Ама патував и преспивав по една вечер во Скопје.. Патот и спиењето ме кошташе повеќе од курсот :) Тоа е тоа.. Битно научив доста работи што не се учат на факултет.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
На сите сметководители - Среќни велигденски празници!:) Мир,здравје, љубов......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom