Култура на хигиена во трговијата

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Има многу под теми за во оваа тема
како само се дозволени некој работи во трговијата или не се да чуеме.
Има ли инспекција во оваа гранка си ја врши ли работата да чуеме.
-Како е дозволено на зелените пазари на отворено да се истакнуваат
цел ден и продаваат како такви разни семиња и јаткасти производи.
Тие производи не се мијат пред употреба како овошјето,туку како такви
се јадат или употребуват во приготвувањето, а знаеме,сме виделе каква е хигиената на пазарите,доволно е што е нон-стоп врвулица од луѓе а со тоа и се разбира ПРАШИНА на овие производи.
-Како е дозволено и ова сте го виделе во помалите продавничиња да во еден фрижидер има смрзната риба,зеленчук,тесто па дури и сладолед.
-Како е дозволено,не дозволеното инсекти во месарниците?
-Како е дозволоено да има нареден леб на полиците без обвивка па така не се зема првиот фатен леб,него мора да се стиснат-пипнат уште неколку пред да се одбере вистинскиот.
-КАКО Е ДОЗВОЛЕНО СЕ ОСТАВА ПРОСТОР И ВИЕ ДА НАБРОЈТЕ
неправилности и култура на хигиена во трговијата.
---------
Култура на хигиена на трговијата при транспорт
(е ова е веќе ДОБАР наслов а не како тој пред некој ден)
Сте виделе знаете,дека лебот и белите пецива се разнесуваат-доставуваат
до трговските дуќани многу рано,во темно,не можам точно да потврдам
но секако дека почнуваат во 4 наутро.
Не ми е познато дали при регистрација на овие возила се врши и специјален преглед на просторот за транспорт на лебот, или може со било кое возило па макар и 101 некој пи-ап од 1978 год.
Ама не е тоа маката,гледам дека се возилата-комбињата во добра состојба бар повеќето,друго е маката.
Се уште има производители кој лебот го доставуваат незавиткан во негова посебна амбалажа туку само во гајби.Пластични решеткасти гајби кој последен пат се измиени пред 6 години кога ги фатил дождот.
Е тие гајби се сите со иста боја,повеќето жолти,па така да таа што била најдоле,утре ќе биде најгоре или во средина,носејќи ја со себе на дното цела прашина од душемето која потоа ќе се истресе на лебот од гајбата подоле.
Потребно најдолните гајби секогаш да бидат најдоле и со друга боја.
Ама тоа не е се, следува полошото. Гајбите се симнуваат од возилото дирекно на улица и така се влечат до дуќаните.Така е бар кај повеќето,
иако ете Ж.Л. си носат и мали колички за таа намена.
Но дуќаните не се отворени во тоа време и така гајбите со лебот и бели пецива се остават надвор-простум,под стреа или на самиот тротоар.
Како е ова дозволено,сакате слика, од тие комбиња рано насабајле и не може да поминете, а на превознокот му се брза,па може да му се деси и да ги преврти некогаш гајбите и што?
Или пак се превтртеле-истуриле некогаш сами, ама трговецот ќе си ги собере од земја-асфалтот растурените во овој случај гевреци 100 тина на број.
А некој или вие или јас ќе го купиме тој геврек.
----
бонус...темата од пред некој ден за истиов проблем сега со друг ЈАЗИК.

Како е ова дозволено
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
.!. мој хигиена во македонија.
а да бидеме реални и не ни може да има некоја голема хигиена особено по помалите продавници или пекари каде еден работи се и ги послужува муштериите и наплатува, во малска продавница продавачката прво ти мери компир а после ти вади сирење од кантата и на крај наплатува (а и што да прави да се мие на секои 5 мин. е невозможно)... друго тоа за по парази, пиљари каде се е по цел ден на милос божја оставено да не се зборува.
исклучоци има ама генерално за хигиена сме тапа скоро сегде од пазар до болница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom