За какви гастрономи во Македонија збориш? На две раце се т.е. самите шефови и 3-4 плус минус дегустатори. Да бидеме искрени за да ти успее тука вакво нешто најпрво треба да се има гастроносмка култура, а тоа го нема. Нема подлога за такво нешто затоа што за постарите модерната и експерименталната храна е ѓубре а младите не сакаат да експериментираат со вкусови, а да не збориме за квантна гастрономија. Почнаа некои тука готвачи во подем со традиционална македонска, премина на моноресто кујна и на крај ги снема. Под ,,вистински гурман" во Македонија се подразбира елегантно пополнет човек во средни години кој ,,се разбира" само од месо, скара, некоја пита или гибаница, макарони или евентуално јуфки или шпагети стандардно направени сварени или печени, кисело млеко и два вида кашкавал кравји и овчи и тоа е тоа. На таквите ,,гурмани" кога ке им послужиш пилешко филе во чоколаден сос, васаби со чили и карамела, среднопечен Велингтон итн, три дена повраќаат и тоа не чини, тоа е извртена храна. НЕ, и за другите народи и култури нашата храна е извртена. Или ,,гурман" кога ке ти каже дека од ал денте ке те боли стомак затоа што е живо... Викаш чаша одбрано вино.. Колку енофили има тука што ке знаат да го почуствуваат букето пред да го вкусат? И тоа не наредено во шишиња туку во декантери.
Идејава ти е супер но пред да почнеш со реализација опипај го пулсот доста длабински затоа што ниту Ремзи, Ботура, Келер, Пук или кој и да било не доаѓаат доколку имаат информации дека ке ,,предаваат" пред некој што не знае што е касерола или жилијен.