Крмас - Phytolacca americana

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од gata salvaje, 5 септември 2012.

  1. gata salvaje

    gata salvaje matufa

    Член од:
    2 декември 2011
    Мислења:
    6.875
    Допаѓања:
    10.386
    Edit - Линк од Wikipedia

    http://notformen.mk/zdravje-i-fitnes/zdrava-ishrana/2743-krmas-apce-protiv-grip.html



    Dali ste slusnale za ova rastenie i imate li nekoi soznanaija za negova primena.
    Krmasot ,nekade se sretnuva i kako krmus e povekegodisno zeljesto rastenie koe poteknuva od Severna Amerika , ali od neodamna cesto se srekava i kaj nas . Zaradi interesniot izgled se odgleduva po dvorovite kako ukrasno rastenie koe dosta brzo se razmnozuva. Inaku celoto rastrenie e dosta toxicno , no so blansiranje i dr obrabotka moze da se konzumiraat listovite i zreliot plod. Uste odamna e poznat kaj lugeto i go koristele najcesto za obojuvanje na vinoto i kako priroden pigment.
    Kaj nas se naoga kako susen plod niz pazarite , no kolku e siguren za konzumiranje i dali znaete nekoja negova medicinska primena ?
    Cisto me interesira za upotreba pri problemi so kardiovaskularniot sistem, narusena cirkulacijai problemi so veni.
  2. arakenx

    arakenx

    Член од:
    13 јули 2010
    Мислења:
    1.924
    Допаѓања:
    3.715
    крмасот го имаш сегде...семките се токсични....вообичаено се ставаат неколку бобинки (3-4)во чаша со ракија да отседат преку ноќ и се пие наутро на празен стомак....бобинките не се јадат...некои го прават и со вода.....ја подобрува циркулацијата и помага кај испукани капилари

    во Америка прават пити од бобинките така сто ги покиснуваат во вода а потоа ги истиснуваат нис сито за да ја исчистат смесата од семките

    исто така се јадат младите листови од растението така што кратко време се покиснуваат во вриена вода за да се ослободат од гочливиот вкус

    растението е релативно сигурно за употреба се додека семките се здрави...дури и случајно да голтнете некоја бобинка нема да се деси ништо...може да настане проблем доколку ги џвакате бобинките и ги скршите семките....но и тогаш една бобинки нема да ве убие....но може да ви го расипат денот...ако скршите поголем број семки...испумпување на стомакот не ви бега

    повремено го користам крмасот.....го растварам во ракија и ја пијам ракијата

    америте го викаат pokeweed

    најтоксичен е коренот и треба да се избегнува....лесно може да останете без бубрези
    На gata salvaje му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gata salvaje

    gata salvaje matufa

    Член од:
    2 декември 2011
    Мислења:
    6.875
    Допаѓања:
    10.386
    Slusnav i jas deka se stava vo rakija da otstoi i se pie , ali nekoi vikaat 40 zrna vo 1l rakija da otstoi 40 dena , a drugi velat samo 2-3 zrna da sedat 2-3 dena vo rakija kolku da se oboi rakijata crvena.Pomagal dosta za problemi so kapilari , ispusteni veni...zena od iskustvo mi kaza deka go pie veke 1 godina sekoe sabajle nagladno , ali vo casa voda , 5 zrna da otstoi preku nok i sabajle go pie , i deka skroz i se povlekoa venite. Ovoj recept i go kazal doktor od Skopje od transfuziologija .
    Ako dobro razbrav , znaci se stavaat zrnata (zreliot plod )da otstoi i se pie tecnosta , no tie ne se jadat ili dzvakaat:)
    Fala ti na informaciite:)
  4. Брзии

    Брзии Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!

    Член од:
    15 јануари 2012
    Мислења:
    1.026
    Допаѓања:
    477
    Мислам дека ова растеније правилно се нарекува Аронија ?
  5. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    3.843
    Допаѓања:
    4.556
    Аронија е овошје, на англиски се вика исто aronia или chokeberries, не е истото.
  6. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    13.397
    Допаѓања:
    4.611
    Peyote cactus (Lophophora williamsii)

    9654-004-B10C8BA2.jpg

    Не знам за тоа ама ова растение е многу фалено посебно во Домородната американска медицина, кај индијанците бе :icon_lol:.
    --- надополнето: 5 септември 2012 во 13:11 ---
    Ова не во ракија во текила го има :icon_lol:.
    На mans му/ѝ се допаѓа ова.
  7. arakenx

    arakenx

    Член од:
    13 јули 2010
    Мислења:
    1.924
    Допаѓања:
    3.715
    мала исправка
    исто така се јадат младите листови од растението така што два пати се провриваат (во две води) и водата се фрла, за да се отстрани горчината и токсините

    .дури и случајно да голтнете некоја бобинка (1-2) нема да се деси ништо...може да настане проблем доколку ги џвакате бобинките и ги скршите семките....но и тогаш една бобинка нема да ве убие....но може да ви го расипат денот...ако скршите поголем број семки...испумпување на стомакот не ви бега (повеќе од 5 ии 6 бобинки) можат да ви направат проблеми

    најтоксичен е коренот и треба да се избегнува.(без стручен надзор)...лесно може да останете без бубрези....или без вашиот таканаречен живот
    --- надополнето: 5 септември 2012 во 23:25 ---
    се ставаат зреи и исушени плодови (бобинки) во ракија или вода

    кој метод ти е полесен примениго
    или 40 бобинки на литро ракија па пиј секој ден по една чашка
    или секоја вечер по 3-4 бобинки на чашка ракија па пиј наутро

    битно е секогаш се пие наутро на празен стомак

    овие дози не би требало да се надминуваат
    На gata salvaje му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 3PiO

    3PiO

    Член од:
    4 декември 2005
    Мислења:
    48
    Допаѓања:
    2
    Иако мојот пост е гледам со големо задоцнување ќе ви го кажам моето искуство со КРМАС до сега.
    Пред околу две и пол години прележав бронхопневмонија и ме третираа болнички 10 дена. Примив 24 лендацини инфузии и 18 ефлорани за тие 10 дена а потоа уште 10 дена бев на таблети панцеф. Оттогаш здравјето ми стана многу нежно и секоја моја настинка задолжително завршуваше со примање на антибиотици и то неретко и по две дози за да се излекувам. Капакот беше минатат Нова Година 2013. Утрото на први се разбудив со страшно болење на грлото. После консултација со лекар примив доза амоксиклав, потоа уште една се со рецепт од лекар. Ми помина но само за три недели. Потоа болеста ми се поврати и повторно со рецепт од лекар примав усте две дози зинат. После ова грлото ми помина но ми остана некој секрет прозирен и леплив кој ме тераше да кашлам до април. Во април на своја рака зедов една доза сумамед и конечно зелосно оздравев. Во исто време кога го земав сумамедот разбрав за крмасот. Почнав да го консумирам како што научила мајка ми и од април месец до ден денес го користам и јас и мојот 5 годишен син. Ендо зрнце од исушен плод наутро со 300 мл по можност немногу студена вода. После тоа половина час не се конзумира ништо. Секој ден без прекин.
    Ефектите се следни. Од април до сега сум настинал се на се 4 пати од кои три настинки ми траеја по два дена а една околу 7. Антибиотик не сум користел од април наваму. Парацетамол и капки за нос и тоа е се. За вени не знам дали и колку помага. За холестерол и триглицериди не помага. Јас редовно правам контроли на крвта бидејќи сум дарител и по однос на факторите кои ги кажав нема ефект. Но сум сигурен дека имунитетот ми е подигнат многукратно. Од оние од кои слушнав за крмасот разбрав дека ова растение на овој начин го користат многу луѓе од моето опкружување и тоа со години без прекин и добар дел од нив „не знаат што е тоа апче“. Меѓу нив има и старци во 8 деценија од животот кои се фалат со своето здравје благодарение на користењето на крмасот. Кој сака нека верува, кој има предрасуди не мора. Но ако еден ден недај боже имате проблеми слични на моите со вашето здравје сетете се на овој напис. Инаку за ваша информација крмасот е вид на аронија и тоа не било која туку Phytolacca- acinosa. Се што ќе прочитате за него е веројатно точно, па и тоа дека има отровни супстанции во него но верувајте има ефект на имунитетот.
    Овде можете да прочитате нешто за неа но сигурно нема да го најдете она што ви го опишав погоре.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Phytolacca_americana
    http://en.wikipedia.org/wiki/File:Pokeberries.png
  9. blue ladybug

    blue ladybug Фанг ловер

    Член од:
    5 февруари 2013
    Мислења:
    3.690
    Допаѓања:
    7.470
    Каде може да се најде растениево?
  10. NikolaMKD91

    NikolaMKD91 ДИКТАТОР

    Член од:
    23 септември 2012
    Мислења:
    1.776
    Допаѓања:
    3.016


    Мислам дека го имаш на сите зелени пазари . :)
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marijamare

    marijamare

    Член од:
    16 декември 2008
    Мислења:
    294
    Допаѓања:
    59
    Крмасот е ефикасен против сипаници. Не се конзумира, туку се мачкаат сипаниците со него. Поздрав.
  12. Loreena

    Loreena

    Член од:
    21 март 2013
    Мислења:
    343
    Допаѓања:
    923
    Леле баба ми имаше во двор и ги сушеше на сонце.
    Јас кога ќе им седнев..како капини ги јадев.
    Некогаш сушени, некогаш свежо набрани. :D
    ПА ЖИВА СУМ :D
  13. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD

    Член од:
    9 јули 2011
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    14.155
    Како се прави во чаша вода, само ставаш едно зрно да седи преку вечер и наутро пиеш?
  14. arakenx

    arakenx

    Член од:
    13 јули 2010
    Мислења:
    1.924
    Допаѓања:
    3.715
    да да се обои водата и ја пиеш само течноста и се ставаат по 3-4 зрна

    ако веќе го голташ и зрното како што прават некои тогаш не би ти препорачал повеќе од едно
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD

    Член од:
    9 јули 2011
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    14.155
    За имунитет помага, а за гастритис? И дали може да пијам истовремено и мастика - со линцура и ајдучка трева?

Сподели преку: