Кривична постапка (работи што е пожелно да се знаат)

Дискусија во форумот 'Право' започната од Sagan, 16 април 2008.

  1. Sagan

    Sagan Гостин

    Здраво.
    Верувам дека многумина од вас некогаш имале контакт со нашите судови (кој како обвинет, кој како гонител), но имало работи што сте сакале да ги знаете, но времето не Ви дозволило да прочитате нешто повеќе за оваа материја.

    Ако сакате да дознаете како работат судовите и адвокатите, читајте тука.
  2. Sagan

    Sagan Гостин

    Сигурно веќе ви е познато дека согласно Законот за кривична постапка, секој кој е гонет од државата или приватно, го ужива правото на „препоставка на невиност“. Тоа со сигурност не е она право кое секојдневно го гледаме во Македонија, каде уапсените ги снимаат како ги спроведуваат до истражен затвор или истражен судија, а настанот е топ тема во сите медиуми. Ова право кај не може да се ужива и кога Министерот за внатрешни ќе излезе пред камерите и ќе каже дека „имале несоборливи докази“ за приведениот, на тој начин директно вршејќи притисок врз независноста на Судот.

    Значи, пресумпцијата (претпоставката) за невиност значи дека лицето кое е обвинето за кривично дело се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда, како што вели чл. 2, ст. 1 од ЗКП.

    Целиот тој процес, од пронаоѓање на осомничениот, прибирањето на докази (материјални и сведоци), дејствувањето на обвинението и одбраната, до донесувањето на конечна одлука, се нарекува „кривична постапка’.

    Кривичната постапка во Република Македонија се дели во 5 стадиуми:
    1. Подготвителна (истрага);
    2. Обвинување;
    3. Главен претрес;
    4. Постапка по правни лекови и
    5. Извршување на пресудата.

    Постапката пред судот може да биде редовна (кога обвинетиот се товари за кривично дело за кое би можело да му се изрече казна над три години затвор); скратена (до три години затвор) и казнена постапка спрема малолетници. Само редовната постапка ги има сите пет стадиуми.
  3. Sagan

    Sagan Гостин

    Збор-два за стадиумите одделно

    1. Преткривичната постапка ги опфаќа сите дејствија со кои државните органи настојуваат да го откријат постоењето на кривично дело и откривањето на неговиот сторител, обезбедувањето на доказите и пристапувањето кон формалната постапка.

    Како органи кои постапуваат во овј дел се МВР, јавен обвинител и истражен сидија.

    Пред да се дојде до главниот претрес, постапката поминува низ претходната и постапката на покренување на обвинение. Во претходната постапка се пронаоѓа лицето за кое е најверојатно дека го сторило делото. Ако не се најде сторител, нема да има постапка. Значи. во оваа постапка, се собираат сите докази дека конкретно лице е сторител.

    Врз основа на собраните докази и нивниот квалитет, судот одлучува дали ќе покрене или не кривично гонење. Според тоа, истрага може да се спроведе само кон лицеза кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело, а целта е да се соберат податоци и докази кои ќе овозможат покренување кривично гонење. Основано е само она сомневање кое се заснова само на докази.

    2. Обвинувањето значи поднесување на обвинителен акт против некого. Него може да го поднесе само овластен тужител. Тоа значи дека кривичните дела за кои е можна затворска казна над три години се гонат по службена должност и нив секогаш мора да ги покренува полицијата, јавниот обвинител или истражниот судија, соодветно на тежината на делото, а ако делото се казнува со пониска казна, тогаш може оштетениот да ја покрене постапката, бидејќи државните органи не постапуваат по вакви дела (приватна тужба).

    3. Главниот претрес е најважен стадиум, кога започнува кривичната постапка, која станува усна, јавна, непосредна и контрадикторна. На главниот претрес се вршат сите подготовки за главното судење се до донесувањето на одлука. Во овј дел се изнесуваат сите собрани докази. Главниот претрес завршува со донесување и објавување на пресуда.

    Инаку, него го процесира претседателот на судскиот совет, а за истиот се води записник.

    4. Правните лекови ги опфаќаат правата на жалба пред второстепен и врховен суд. Овој институт овозможува одлуката на првостепениот суд да биде контролирана од повисок суд, заради избегнување на евентуална грешка или страв од пристрасно судење :uvo:

    5. Извршувањето на постапката е можно само доколку одлуката е правосилна (судот пресудил), но и извршна (осудениот не се жалел, или се жалел, но пресудата е потврдена од повисок суд). Овој дел го извршува Управата за извршување на санкции при Министерството за правда.
  4. Sagan

    Sagan Гостин

    Преткривична постапка

    По својата природа, преткривичната постапка е управна и криминалистичка (криминалистичка кривична постапка). Со неа се означуваат сите активности на органите за внатрешни работи кои се насочени кон пронаоѓање на сторител на кривично дело, прибирање и доставување на докази до јавниот обвинител, кој понатаму одлучува дали истите се издржани и дали постапката ќе продолжи.

    Субјектот против кого се водипреткривичната постапка има својство на осомничен. Значи, тој не е обвинет, па ги има сите уставни прави, доколку тие не се ограничени со одлука на истражниот судија (притвор, домашен притвор, забрани за патување надвор од градот, државата и сл.)

    Во оваа постапка, МВР обезбедува доказен материјал и поднесува барање за спроведување кривична постапка до јавниот обвинител. Сепак, во оваа фаза можат да бидат превземени и некои истражни дејствија (привремено одземање предмети, претрес на дом и лице, увид, вештачење, задржување, лишување од слобода и притвор).
    Можно е дури и испитување на лицето.

    За да започне оваа фаза, не е потребно да постојат докази, туку доволно е да имаиндиции дека е извршено кривично дело.

    Во фазата надлежни органи се МВР, јавниот обвинител и истражниот судија. Како главен координатор и давател на насоки за работата на МВР е јавниот обвинител. Кога МВР ќе дознае дека е извршено кривично дело, тоа по закон е должно да ги превземе сите мерки за наоѓање на сторителот, соучесниците, да се обезбедат траги и предмети и да се соберат известувања.

    Кај тешките кривични дела, задолжително е излегување на истражен судија на терен. Тогаш тој е главен раководител на собирањето докази и другите истражни дејства, за што го известува јавниот обвинител.

    Во оваа фаза МВР е овластено да собира известувања од граѓани, да врши преглед и претрес на патници, возила и багаж, да блокира патни правци и реони, да легитимира, да распише потрага и потера, да врши претрес во дом, да фотографира, дактилоскопира, да спроведува и да поднесува кривични пријави.
  5. Insanity

    Insanity

    Член од:
    4 март 2008
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    9
    Или што би се рекло купете си го кривичниот закон, отворете Устав за да си прочитате што е пресумпција на невиност- се е објаснето у поширок хоризонт!
  6. Sagan

    Sagan Гостин

    А што ако сторителот е затечен на местото на злосторството?

    Во праксата на МВР, не често, но сепак се случува сторителот да е затекнат на местото на злосторството (т.н. ин флагранти). Тоа значи дека делото се врши во присуство на полицијата или некое друго лице, односно има присутно лице во моментот кога се врши.

    Во Македонија, постојат 4 вакви ситуации:
    1. Кога флагрантноста е очигледна- сторителот врши дело кое е видено од полицијата, т.е. лицето е изненадено (сторител физички напаѓа некого, не забележувајќи дека има присуство на полиција).

    2. Сепак, делото може да е извршено, а сторителот се уште да е на местото на злосторот, да се оддалечува од него, при што оставило јасни траги за насоката на бекство, или кога кај лице ќе се најдат предмети чие држење е забрането.

    3. Случаи кога делото е проследено со јавни повици („Фатете го крадецот...!“) или кога сторителот ќе се најде со предметите од делото.

    4. Дојава од сопственик- кога сопственикот ќе констатира дека пред извесно време е извршено к.д. врз негов имот.

    Она што е важно за секој од вас, што читате, е дека:
    -Секој може да лиши од слобода лице кое е фатено во извршување на кривично дело кое се гони по службена должност. Откако ќе го сторите тоа :salut: треба да повикате полиција.:nesvest:
    -Полициски службеник може да ве задржи на местото на злосторот за од вас да собере известување или да ве упати во полициска станица за таму да дадете известување.
    -Осомничениот се приведува и се фотографира и дактилоскопира (му се земаат отпечатоци). Може и да објават фотографија или фото-робот, за јавноста да помогне во пронаоѓањето.
    -ако се најдете на местото на злостор, а воопшто не сте учествувале, можно е полицијата и Вас да ви побара да Ве дактилоскопира. Ако не сте поврзани со настанот, нема зошто да се плашите. Ако сте допирале предмети (сте се обиделе да и пружите помош на жртвата), тоа мора веднаш да му го кажете на полицискиот службеник.
    -Од вас како сведоци, полицијата е должна да собере секаков вид на известувања, а веднаш потоа имаат надлежност да извршат претрес на дом и лице.
  7. Тикви4ка

    Тикви4ка Нарцис со сина крв

    Член од:
    1 март 2007
    Мислења:
    3.100
    Допаѓања:
    213
    не, не... земи си ја книгата уставно право... башка ќе набиеш мускулатура носејќи ја.. башка годинава книгите ни ги даваа од факултет... и све ке прочиташ и ништо нема да знаеш..
  8. kpbKENGUR

    kpbKENGUR Devil's Advocate

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    5.133
    Допаѓања:
    191
    ваква тема, само за парнична, вонпарнична и извршна добро би ми дошла =) треба скоро да полагам кај арсен јаневски. =) ако има некој билокаква помош, материјали, штобило, нека донира -D
  9. Тикви4ка

    Тикви4ка Нарцис со сина крв

    Член од:
    1 март 2007
    Мислења:
    3.100
    Допаѓања:
    213
    што ?
    као демек на правен си?
  10. Sagan

    Sagan Гостин

    Како да и помогнете на полицијата и општеството?

    Секое лице може да ја извести полицијата или јавниот обвинител дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност (можно е да се знае и сторителот). Ваквиот акт со кој се известуваат наведените органи, се нарекува ПРИЈАВА.

    Вашата кривична пријава ќе постане мотив за превземање на постапката. Овде мора да бидеме свесни дека со пријавувањето, не се ставаме во улога на кодоши, туку на заштитници на правото, правдата, државата и воспоставените вредности. Секој од нас мора да биде свесен дека криминалот е општествено зло, кое еден ден може ќе се сврти и против нас, ако не реагираме на време. Значи, потребно е секој од нас да изгради потребен степен на безбедносна култура, што претпоставува дека секој од нас ќе биде свесен дека има потреба од нужен степен на безбедност, и потрагата по безбедност ќе биде наш начин на однесување, а не нешто што го правиме под присила.

    Законот предвидува ДОЛЖНОСТ на секој граѓанин на Македонија да пријави подготвување на кривично дело или дело кое веќе е сторено. Ако граѓанин не пријави дека дознало дека е извршено к.д., тогаш тоа извршува кривично дело „НЕПРИЈАВУВАЊЕ“.

    Пријавата може да биде писмена или усна, дури и не мора да пишете од кого е (анонимно), може да се потпишете и со псевдоним, и сл.

    Сепак, пријавата треба да содржи опис на настанот, место, време, учесници, оштетен и сведоци.

    И уште нешто за денес: ако вие сте оштетен, а делото се гони по приватна тужба, тогаш кривичната пријава за делото значи и дека сте поднеле предлог за гонење. Ако друг даде известување, тогаш полицијата е должна да ве праша дали ќе дадете одобрение за гонење.
  11. duffy_f

    duffy_f денес те сакам повеќе од вчера

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    11

    А не знам што би ти требало за полагање на граганско процесно право освен тоа што го има како литература.Зарем не ти е доволно?Парнична си има книга,Вонпарнична излезен е новиот закон и мислам дека од септемвриска сесија ке се полага по тој закон а до тогаш по стариот, и извршна си има литература.Ова ти е доволен материјал.Имаш се во скриптара само оди кажи има граганско процесно и тие си знаат.И крши нога на испит.Не е лесен материјалот.:nesum:
  12. duffy_f

    duffy_f денес те сакам повеќе од вчера

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    11
    За кривична постапка исклучиво Кривичен Законик, Уставно право не ти врши работа.Таму се само основите всушноста на целиот правен систем кај нас, да има и за презимпција на невиност ама конкретно за кривична постапка, третман на осомничениот, водење на постапката, пресуда и олеснителни и отежителни околности се тоа во Кривичен Законик или евентуално нешто пошироко и потеоретски во книгата Казнено право на Владо Камбовски и на Марјановиќ мислам дека има.
  13. kpbKENGUR

    kpbKENGUR Devil's Advocate

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    5.133
    Допаѓања:
    191
    не, прва сум на земјоделски и апсолвент на електро, а граѓанско процесно онака го листам.. неам шо да праам. па ми требаше совет повеќе.
    види, ги иам материјалите, законите, се, знам дека е и повеќе од доволно : ). работава е помош околу професорот у стил: што прашува, на што да се обрне внимание, блабла.. ме нафураа за човекот дека бил опасен ептен =)
    како и да е, почнав да го спремам, па јунска се надевам ќе биде. ај, штом полагам ќе известам овде =) свесен сум колку е тешко...
  14. duffy_f

    duffy_f денес те сакам повеќе од вчера

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    11
    Па јас полагам на делови ама не слушај многу што зборуваат, битно научи добро и оди на испит, зашто мислам дека овде стварно се бара многу и за 6.Па срекно!
  15. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.390
    Допаѓања:
    2.664
    Не!
    Кривичниот законик е материјалното право, а формалното право е Законот за кривична постапка!
    Значи, барајте го ЗКП!

Сподели преку: