Копа Америка 2015

Кој ќе биде победникот на Копа Америка 2015?


  • Вкупно гласачи
    146
  • Гласањето е завршено на .

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
logo.jpg

Можеби не атрактивна како Светското или Европското првенство, но летово главна занимација на фудбалските фанови ќе биде Копа Америка - шампионатот на Јужна Америка. Домаќин на овогодинешното, 44то издание на овој турнир ќе биде Чиле, а ќе учествуваат 12 репрезентации. Копа Америка започнува на 11 Јуни, а финалето ќе се игра на 4ти Јули на Националниот стадион во Сантиаго. Ова е 7ми пат Чиле да биде организатор на ова натпреварување.

Фаворити број еден секако се Бразил и Аргентина, но и репрезентациите како домаќинот Чиле, Колумбија и Уругвај во никој случај не заостануваат на квалитет. Уругвајците сепак ќе имаат голем хендикеп во не играњето на Луис Суарез, кој треба да ја "одлежи" казната поради инцидентот со Киелини на Светското Првенство минатото лето.


Групна фаза и формат на натпреварувањето:
161795.jpg

Најпрво да споменеме дека за овој турнир не се играат квалификации, поради тоа што имаме се на се 10 земји членки на КОНМЕБОЛ. Сите 10 репрезентации се директно пласирани на секое издание на Копа Америка, а со цел да се дојде до број од 12 тима федерацијата на Јужна Америка поканува 2 репрезентации, кои најчесно доаѓаат од соседните КОНКАКАФ. Оваа година тие 2 земји се Мексико и Јамајка, кои најверојатно ќе влезат со послаби екипи, бидејќи од 7ми Јули ги очекува Голд Купот - шампионатот на Северна и средна Америка.

12те репрезентации се поделени во 3 групи, а ждребот и распоредот може да ги видете на сликата погоре. После групната фаза следува 1/4 финале, што значи дека продолжуваат 8 од 12те тима кои настапуваат на турнирот. 6 четврт финалисти доаѓаат од прво и второпласираните екипи во секоја група, а за репрезентациите кои ќе ја завршат групната фаза на третото место се прави мини табела. Првите два тима во оваа табела составена од третопласираните екипи продолжуваат во 1/4 финалето, а најслабо рангираната репрезентација си оди дома заедно со последно пласираните репрезентации од групите А, Б и Ц.


Нок-аут фаза:
nokaut faza.jpg

Нок аут фазата започнува на 24ти Јуни, а вкрстувањето е покажано на сликата погоре. Интересно е што во четврт и полу финалињата, заедно со мечот за трето место во случај на нерешен резултат после 90 минути мечот веднаш се одлучува на пенали. Продолженија од 2х15 минути може да гледаме само финалето, нормално ако не се реши победникот во регуларниот дел од мечот.


Бранител на титулата е Уругвај, кој во финалето пред 4 години во Аргентина го совлада убедливо тимот на Парагвај со 3-0. Интересно е што на тој турнир 3тото место го освои Перу, а четвртото Венецуела. Големите Бразил и Аргентина беа елиминирани уште во 1/4 финалето, па сигурно ќе сакаат да го поправат впечатокот што го оставија на последното издание на Копа Америка. Воедно, Уругвај е и најтрофејна репрезентација, со освоени 15 титули - шампион на Јужна Америка. Табелата на победници на Копа Америка е следна:

pobednici.jpg

Мислам дека нема потреба од повеќе информации, со оглед на тоа што во наредните постови ќе следува мини анализа на секоја репрезентација. @Peja989 нека ја затвори темава, бидејќи се договоривме дискусијата да почне откако ќе ги "презентираме" тимовите кои ќе настапат на овогодинешното издание на Копа Америка.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Чиле

Домаќинот на овогодинешната Копа Америка​

Фудбалската федерација на Чиле е основана во 1895та година. Нејзин селектор моментално е Жорге Сампаоли.
Капитен на репрезентацијата е Клаудио Браво, голманот на Барселона а заменик капитен е Гари Медел играчот на Интер.
Играч со највеќе настапи кај ``Црвените`` е капитенот Браво со 89 настапи а најдобар стрелец на сите времиња е славниот Марсело Салас со 37 постигнати голови.
Чиле своите натпревари на домашен терен ги игра на стадионите Национал и Моњументал.
Моментално се наоѓаат на 16то место на ФИФА ранкинг листа. Највисок пласман забележуваат во 1998 година кога се 6ти а најнизок во 2002та година каде го завземаат 84то место.

КОПА АМЕРИКА

Чиле по 7ми пат ќе биде домаќин на Копа Америка.
Прв пат биле домаќини во далечната 1920та година каде го освојуваат 4то место зад Уругвај, Аргентина и Бразил.
После 6 години односно во 1926та година Чиле повторно е домаќин каде го освојува 3то место зад Уругвај и Аргентина.
Во 1941 година Чиле на домашен терен повторно е 3то пласиран, истиот пласман го забележува и во 1945та година.
10 години подоцна, во 1955та година Чиле на Национал стадионот го игра своето прво финале на Копа Америка каде со 1-0 е поразен од репрезентацијата на Аргентина.
Во 1967та година повторно се враќаат на 3то место покрај веќе стандардните финалисти Уругвај и Аргентина.
Чиле за последен пат бил домаќин на Копа Америка во 1991та година каде го освојува 3то место овојпат позади Аргентина и Бразил.

Најдобар пласман на Чилеанците е второто место кое го освојуваат на турнирите во Чиле 55` каде се поразени од Аргентина, Уругвај 56` овој пат со пораз од домаќинот Уругвај, 79` турнирот нема домаќин туку се игра дома-гости Чиле губи во финалето од Парагвај и во 1987ма во Аргентина во финалето се поразени од Уругвај.

Чиле истотака 5 пати бил трето пласиран.

СОСТАВ

Еве ги 23та пријавени играчи за претстојниот турнир, без поголеми изненадувања тоа е тој ростер спремен за изненадување на домашно тло. Со главните ѕвезди како Браво, Медел, Санчез и Видал, Чилеанците се подготвени да му донесат радост на својот народ за прв пат во историјата на Копа Америка. Зошто да не.

Голмани:
1. Клаудио Браво (Барселона, Шпанија)
12. Пауло Гарсес (Коло-Коло, Чиле)
23. Џони Ерера (Универсидад де Чиле, Чиле)

Одбрана:
2. Еугенио Мена (Крузеиро, Бразил)
3. Мико Алборноз (Хановер 96, Германија)
4. Маурицио Исла (Јувентус, Италија)
13. Хозе Рохас (Универсидад де Чиле, Чиле)
17. Гари Медел (Интер, Италија)
18. Гонзало Хара (Мајнц, Германија)

Средина:
5. Давид Пизаро (Фиорентина, Италија)
6. Карлос Кармона (Аталанта, Италија)
8. Артуро Видал (Јувентус, Италија)
10. Хорхе Валдивиа (Палмеирас, Бразил)
14. Матијас Фернандез (Фиорентина, Италија)
15. Жан Босежур (Коло-Коло, Чиле)
16. Фелипе Гуриерез (Твенте, Холандија)
20. Чарлс Арангуиз (Интернасионал, Бразил)
21. Марсело Диаз (Хамбургер, Германија)

Напад:
7. Алексис Санчез (Арсенал, Англија)
9. Маурицио Пинила (Аталанта, Италија)
11. Едуардо Варгас (Наполи, Италија)
19. Едсон Пуч (Хуракан, Мексико)
22. Анџело Енрикез (Динамо Загреб, Хрватска)


Селекторот на ``Црвените`` игра во формација со 3ца во задната линија 4 во везниот ред и 3 напаѓачи односно систем 3-4-3.

На голот е капитенот Клаудио Браво кој има фантастична сезона во Барселона каде прими 19 гола во Примера. Во одбраната Еугенио Мена и Гонзало Хара десно и лево и Гари Медел во централниот дел на одбраната.

Во везниот ред двајца централни играчи за врска се Марсело Диаз и Артуро Видал, десно Маурицио Исла лево Жан Босежур.

Напаѓачкото трио е составено од Еду Варгас, Алексис Санчез и Маурицио Пинила.


РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

Чиле е во група со Мексико, Еквадор и Боливија. Јавноста очекува пласман во нокаут рундата како прво пласирани со оглед на тоа што најголемиот конкурент во оваа група `Сомбреросите` од Мексико ќе бидат видно ослабени поради тоа што најверојатно ќе настапат без своите најдобри играчи.

На отварањето на турнирот на 11 Јуни во 20:30 на Национал во Сантијаго Чиле ќе игра против Еквадор. Следниот натпревар исто на Национал го играат на 15 Јуни во 20:30 овојпат против Мексико и последниот натпревар од групната фаза е закажан за 19 Јуни во 20:30 против Боливија на Национал стадионот во Сантијаго.


 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.729
Поени од реакции
11.564
Мексико

ФИФА Ранкинг : 22
Селектор : Мигел Ерера
Капитен : Рафа Маркез

Мексико како член на CONCACAF конфедерацијата е една од двете репрезентации кои беа поканети на ова издание на Копа Америка. Почнувајќи од 1993 покрај десетте репрезентации од CONMEBOL се покануваатуште две репрезентации кои се географски и културно блиски до оние десет (најчесто од CONCACAF) па така Мексико е репрезентацијата која има најмногу учества како поканета (вкупно 8, а ова ќе биде нивното девето учество).
Како позначајни успеси на овој турнир може да се нагласат нивните два сребрени медали (1993 и 2001) и уште три бронзени (1997, 1999, 2007).

Треба да се напомене дека ова лето Мексико ќе се натпреварува на два фронта, по самото завршување на Копа Америка следува регионалниот Голд куп. Се очекува селекторот Мигел Ерера да употреби околу 50 играчи за двете натпреварувања. Хавиер ,,Чичарито” Ернандез, Карлос Вела, Џовани Дос Сантос, Андрес Гуардадо, Хектор Ерера и Гиљермо Очоа се изоставени од конечниот список на играчи кои Ерера ги повика за Копа Америка, па може да се забележи дека приоритет ова лето за мексиканецот ќе биде Голд купот.
Сепак и составот повикан за во Чиле не треба да се отпишува пред време, се работи за еден микс на искусни и млади талентирани играчи кои ќе сакаат да се докажат.
Рафа Маркез кој после натпреварот против Холандија на светското првенство во Бразил долго време не играше за својата репрезентација се враќа и се очекува да биде лидер на овој измешан мексикански состав. Досега има запишано 124 натпревари за Мексико.
Состав
Голмани
Jesús Corona (Cruz Azul), Meliton Hernández (Veracruz), Alfredo Talavera (Toluca)​

На голот на местото на Очоа се најде Хесус Корона од Круз Азул, а Очоа се очекува да застане помеѓу стативите на Голд купот.
Одбрана
Adrian Aldrete (Santos), Hugo Ayala (Tigres), George Corral (Queretaro), Julio Dominguez (Cruz Azul), Gerardo Flores (Cruz Azul), Miguel Herrera (Pachuca), Rafael Marquez (Verona), Carlos Salcedo (Chivas), Efrain Velarde (Monterrey)

По завршувањето на светското првенство селекторот Ерера испробуваше 2 различни формации со највеќе проблеми во одбраната. Мексиканците имаат големи надежи во Карлос Салседо кој пред само еден месец го имаше своето деби за Мексико, а се очекува со Рафа Маркез да бидат двајца од тројката во одбраната во Чиле.
Средина
Javier Aquino (Rayo Vallecano), Jesus Corona (FC Twente), Marco Fabian (Chivas), Javier Güemez (Tijuana), Juan Carlos Medina (Atlas), Luis Montes (León), Mario Osuna (Querataro)Во средината многу се очекува од Марко Фабиан и Хесус Корона, а по страшната повреда на светското првенсто во Бразил на терените се враќа и Луис Монтес.
Напад
Enrique Esqueda (Tigres), Eduardo Herrera (Pumas), Raul Jimenez (Atlético Madrid), Javier Orozco (Santos)Во нападот покрај Раул Хименез се најде и Едуардо Ерера кој на своето деби против Парагвај на крајот на март го постигна својот прв гол за Мексико, а не се исклучува и изненадување од Енрике Ескеда.

Алтернативи
Isaac Brizuela (Chivas), David Cabrera (Pumas), Jurgen Damm (Pachuca), Luis Fuentes (Pumas), Alfonso Gonzalez (Atlas), Enrique Perez (Atlas), Rodrigo Salinas (Pachuca)

Група и распоред на натпревари
Мексико е во групата А со домакинот Чиле, Еквадор и Боливија. Натпреварите ќе ги играат на Estadio Sausalito, Estadio Nacional и Estadio El Teniente на 12, 15 и 19 јуни.
За првите 2 места се очекува да има голема борба помеѓу Чиле, Мексико и Еквадор, но никако не може да се отпише и веројатно според многумината аутсајдерот Боливија.




¡Vamos MEXICO!


 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658

JAMAJKA

Фудбалската репрезентација на Јамајка е единствениот дебитант на овогодинешното издание на Копа Америка. Првично, била поканета репрезентацијата на Јапонија, па откако одбиле ги поканиле Кинезите, за на крај поканата да ја прифатат Јамајканците. Реге момчињата како што популарно ги нарекуваат фудбалерите на Јамајка, во моментов се наоѓаат на 74-тата позиција на ФИФА ранг листата и единствено репрезентацијата на Боливија се наоѓа под нив од сите учесници на Копа Америка. Низ историјата, највисоко котирале на 27-то место на ФИФА ранг листата во 1998 година кога беа дел од СП во Франција.

Слично како и Мексиканците, така и Јамајка ќе го искористи овој турнир за воигрување на своите фудбалери, испробување на нови играчи и тактики за она што следува по Копа Америка, а тоа е Голд купот кој се игра еден месец подоцна.

Селектор на екипата е Winfried Schafer, кој беше предводник на селекцијата на Камерун на СП 2002 со кого го има освоено Африканскиот куп во истата година, а групата на СП не успеа да ја мине откако Камерун со 4 бодови, заврши зад Германија и Ирска.
Поминале 9 години откако по отказот во Камерун, Шафер превзема некоја репрезентација и веднаш по доаѓањето во Јамајка успева да го освои Карипскиот куп во 2014 година, совладувајќи ги Тринидад и Тобаго во финалниот дуел.

Јамајка нема играчи кои се познати во светски рамки, па пријавениот состав за Копа Америка не верувам дека ќе ви значи нешто многу :D

Голмани:
Двејн Милер, Сирианска Шведска
Дувејн Кер, Сарпсборг Норвешка
Рајан Томпсон, Питсбург САД

Одбрана:
Џермејн Тејлор, Хјустон САД
Адриан Мариапа, Кристал Палас Англија
Вес Морган, Лестер Англија
Кемар Лоренс, Њујорк САД
Хјухан Греј, Вотерхаус Јамајка
Даниел Гордон, Карлсруе Германија
Михаел Хектор, Ридинг Англија

Средина:
Родолф Остин, Лидс Јунајтед Англија
Џе-Вон Вотстон, Далас САД
Џоби МекАнуф, Лејтон Ориент Англија
Џоел Грант, Јеовил Таун Англија
Герет МекКлири, Ридинг Англија
Ленс Леинг, Едмонтон Канада

Напад:
Дарен Матокс, Ванкувер Канада
Дешорн Браун, Валеренга Норвешка
Симон Докинс, Дери Каунти Англија
Дино Вилијамс, Монтего Беј Јунајтед Јамајка
Ромео Паркс, Исидро Метапан Ел Салвадор
Жил Барнс, Хјустон САД
Алан Отеј, Монтего Беј Јунајтед Јамајка

Најпознати играчи во составот на Јамајка се Родолф Остин 30 годишниот играч од средината на Лидс кој за три сезони забележал над 100 настапи во нивниот состав, Мариапа кој во последните 3 сезони забележал 36 настапи за Кристал Палас, Весли Морган, стандарден дефанзивец во одбраната на Лестер со над 140 настапи од 2012 година досега, Даниел Гордон стандарден во средината на Карлсруе, како и Џермеин Тејлор кој со 80 настапи е предводник на оваа репрезентација.
Капитен на селекцијата е Родолф Остин.

Се работи за репрезентација која се состои од играчи кои се физички доста спремни, цврсти во дуелите и најважното поседуваат голема брзина.
Се најдоа во група со Аргентина, Уругвај и Парагвај, па може да се случи да изненадат некоја од овие селекции (особено Парагвај) доколку трпеливо ја чекаат својата шанса и нападнат со брзи контра напади.

На Голд купот, Јамајка играле со само еден напаѓач, Матокс. Во последните два подготвителни дуели шанса добил и Барнс кој постигнал гол на своето деби и тоа било препорака да добие шанса за Копа Америка.
Остин е лидер во составот и тој е играчот кој носи дисциплина на теренот и ги храни напаѓачите со добри пасови. Јамајка не е репрезентација која практикува досаден фудбал, напротив сакаат да се надигруваат, а големата брина на фудбалерите им носи дополнителна експлозивност.
Од друга страна, тоа може да биде и доста лошо за нив, бидејќи доколку играат поотворен фудбал лесно би можеле да бидат торпедирани од репрезентациите кои факт е дека се далеку технички подобри од нив. Така, пред една година загубиле 8-0 против Франција на пријателски натпревар.

Интересно, во последните 6 дуели не знаат за пораз (5 победи и 1 нерешена), а во последните два пријателски меча настрадаа Венецуела со 2-1 и Куба со 3-0.
Против Венецуела стрелале Матокс и Барнс, додека головите против Куба ги постигнале Гордон, Паркс и Матокс.

Стартните 11-мина на последниот дуел со Куба биле:
Томпсон, Морган, Мариапа, Лоренс, Гордон, Остин, Барнс, Вотсон, Грант, Паркс и Матокс.

На Копа Америка ќе пробаат да ја минат групата и тоа би бил голем успех за нив. Со оглед на тоа што тешко дека ќе освојат бодови против Аргентина и Уругвај, сите сили ќе ги насочат на дуелот со Парагвај. Со оглед на тоа што Парагвај има доста слаби резултати во последно време, нема да биде изненадување доколку Јамајка слави во меѓусебниот дуел и дојде до посакуваното трето место.

 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Еквадор



Историја на Копа Америка:

По 25-ти пат фудбалксата репрезентација на Еквадор ќе биде дел од Копа Америка. Еквадорците немаат некоја убава истроија на Копа Америка, најдобриот пласман го имале уште во далечната 1959 година на Копа Америка која таа година се одржувала токму во Еквадор и од 5 квалификувани репрезентации, домаќините завршиле на 4тото место, исто и на Копа Америка во Еквадор 93тата, тие пак биле 4то пласирани. Тие две 4ти места се сметаат како најдобри пласмани во историјата на Еквадор на Копа Америка првенството. Капитен на Еквадор е играчот на Пачука, дефанзивецот Валтер Ајови, додека стратег на Еквадор е аргентинецот Густаво Куирентос. Моментално Еквадор се на 34тото место на ФИФА ранг листата


Повикани играчи:

Голмани: Максимо Бангуера (Барселона), Александар Домингез (Кито), Либардо Аскона (Дел Вале), Естебсасн Дрер (Емелек)

Дефанзивци: Валтер Ајови (Пачука), Жуан Карлос Паредес (Ватфорд), Фиксон Еразо (Гремио), Габриел Акилер (Емелек), Оскар Багуи (Емелек), Артуро Мина (Дел Вале), Роберт Арболеда (Универзас Католика), Марио Пинеида (Дел Вале), Џон Нарваез (Емелек), Луис Ромеро (ЛДУ Кито)

Среден ред: Кристиан Нобоа (ПАОК), Џеферсон Монтеро (Свонси), Михаел Аројо (Америка), Ренато Ибара (Витезе), Фернандо Хидалго (ЛДУ Кито), Педро Куињонез (Емелек), Џуан Казарес (Банфиелд), Џонатан Гонзалес (У.де.Г), Осбалдо Ластра (Емелек), Ангел Мена (Емелек) Педро Лареа (ЛДУ Лоја)

Напад: Жаиме Ајови (Годој Круз), Енер Валенсија (Вест Хем), Фидел Мартинез (У.де.Г), Милр Боланос (Емелек)

Група:


Еквадор е дел од групата А, каде што друштво ќе му прават домаќинот Чиле, потоа еден од фаворитите Мексико и Боливија. Еквадор и Чиле на 11 јуни ќе го отворат овогодинешното издание на Копа Америка. Останатите натпревари ги играат на 15ти и 19ти со Боливија и со Мексико.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.962
Поени од реакции
25.275

П А Р А Г В А Ј


par.jpg par copa.jpg

top goalscorers.jpg

Репрезентацијата на Парагвај ќе учествува по 35-ти пат на шампионатот во Јужна Америка - Копа Америка. Досега го имаат освоено два пати, 1953 и 1979. На последниот шампионат во 2011 беа вицешампиони откако загубија во финалето од Уругвај со убедливи 3:0. Нивен селектор кој ќе ги предводи на шампионатот е Рамон Диаз.


Состав

Голмани:Justo Villar (Colo Colo), Anthony Silva (Independiente Medellín), Alfredo Aguilar (Guaraní)

Одбрана:Paulo Da Silva (Toluca), Marcos Cáceres (Newell’s Old Boys), Pablo Aguilar (América), Miguel Samudio (América), Iván Píris (Udinese), Fabián Balbuena (Libertad), Bruno Valdez (Cerro Porteño).

Среден ред: Víctor Cáceres (Flamengo), Osvaldo Martínez (América), Nèstor Ortigoza (San Lorenzo), Richard Ortíz (Toluca), Óscar Romero (Racing), Osmar Molinas (Libertad), Eduardo Aranda (Olimpia).

Напаѓачи: Roque Santa Cruz (Cruz Azul), Lucas Barrios (Montpellier), Nelson Haedo Valdez (Eintracht Frankfurt), Edgar Benítez (Toluca), Derlis González (FC Basel), Raúl Bobadilla (Augsburg)


Играчи од кои се очекува многу се секако напаѓачите Роке Санта Круз, Нелсон Валдез и Лукас Бариос кои во минатото торпедираа со голови во Бундеслигата, но поради староста и опаднатата форма на тие играчи ќе се очекува и многу од играчите кои сезонава блеснаа за своите тимови. Играчи како што се 21-годишниот Дерлис Гонзалез, офанзивното крило за Базел сезонава постигна 3 гола и 8 асистенции во 25 одиграни натпревари. Дерлис сезонава исто така постигна и 3 гола во ЛШ. Тука е и напаѓачот на Аугзбург, Раул Бобадиља кој сезонава со 10 постигнати гола во Бундеслигата беше еден од клучните играчи за успехот на Аугзбург со завршувањето на 5-то место и картата за влез во групната фаза во новата сезона на Лига Европа. Од поискусните играчи во одбраната се Иван Пирис од Удинезе како и Пауло да Силва од Толука кој има највеќе настапи (120) за репрезентацијата. Тука е и искусниот 37-годишен голман Хусто Виљар кој има 107 настапи за репрезентацијата. Поради повреда селекторот Рамон Диаз нема да може да смета на напаѓачот на Трабзон, Оскар Кардозо, но поради преголемиот избор на напаѓачи тоа не би требало да претставува проблем за селекторот.

Репрезентацијата на Парагвај се наоѓа во групата Б во друштво на репрезентациите на Уругвај, Аргентина и Јамајка. Пред првиот натпревар на 13 јуни против Аргентина, Парагвај на 6-ти јуни ќе одигра припремен натпревар против репрезентацијата на Хондурас.

matches.jpg


Дресовите со кои што ќе настапуваат

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658

БОЛИВИЈА
Боливиската фудбалска репрезентација доаѓа како најслабо рангирана селекција на ФИФА ранг листата во споредба со останатите учесници на Копа Америка. Моментално се наоѓаат на 92-та позиција и се 18 места под Јамајка на ФИФА ранг листата. Својот подем го имаат во 90-тите години од минатиот век, кога успеваат да се пласираат на СП 1994 во САД, а потоа во 1997 година на Копа Америка која се одржува токму во Боливија, импресивно стигнуваат до финалето, но губат од една од најдобрите селекции на Бразил во историјата.

Боливија има 24 учества на Копа Америка, а може да се пофали со една шампионска титула освоена во 1963 година, како и со финалето во 1997 година. Очекувано, и двата шампионати во кои имаат забележано позначајни успеси се одржале на нивно тло. Познато е дека поради големата надморска височина на главниот град Ла Паз, воздухот е поредок и останатите селекции имаат големи проблеми кога играат против Боливија на гостински терен. Да не го заборавиме фијаското на Аргентина пред неколку години во Ла Паз, кога загубија со 6-1, а потоа се жалеа дека постојано им се повраќало на фудбалерите и губеле свест. Неколку пати имаше инциијатива натпреварите на Боливија да не се играат во Ла Паз, ама мислам дека ништо не бидна од тоа.

Внимавајте на ова, БОЛИВИЈА НЕМА ПОБЕДА ВОН ЛА ПАЗ ОД 1993 ГОДИНА :angel:
Боливија нема победа на Копа Америка од 1997 година, кога во финалето слави над Мексико. Од тогаш имаат одиграно 16 меча, на кои забележале 7 нерешени и 9 порази, без ниту една единствена победа.
Следствено на тоа, немаат поминато група од 1997 година.

Селектор на Боливија е Маурицио Сориа, екс голман на Боливиската репрезентација (1995-2002) кој селекторската позиција ја превзема во 2015 година. Непосредно пред почетокот на Јужно Американскиот шампионат, Сориа изјавува дека ќе воведе целосни промени во стилот на играта, бидејќи типичната дефанзивна тактика во минатото не им донела некои позабележителни резултати. Најавува напаѓачка игра, во која клучен фактор ќе биде поголемата посесија на топката.

Играчите кои му се на располагање се:
Голмани:
Хуго Суарез, Блуминг Боливија
Ромел Куињонез, Боливар Боливија
Хозе Пењариета, Петролеро де Јакуиба Боливија

Одбрана:
Роналд Ралдес, Ориенте Петролеро Боливија
Марвин Бехарано, Ориенте Петролеро Боливија
Едемир Родригез, Боливар Боливија
Едвард Зентено, Жорге Вилстерман Боливија
Роналд Егуино, Боливар Боливија
Мигел Хуртадо, Блуминг Боливија
Леонел Моралес, Блуминг Боливија
Кристијан Коимбра, Блуминг, Боливија

Средина:
Хасмани Кампос, Боливар Боливија
Алехандро Чумасеро, Стронгест Боливија
Пабло Ескобар :D, Стронгест Боливија
Валтер Веизага, Стронгест Боливија
Дани Бехарано, Панетоликос Грција
Дамир Миранда, Боливар Боливија
Дамиан Лицио, О'Хигинс Чиле
Мартин Смедберг-Даленсе, Гетеборг Шведска
Себастијан Гамара, Милан Примавера Италија

Напад:
Марсело Мартинс Морено, Чангчан Јатаи Кина
Рикардо Педриел, Мерсин Турција
Алсидес Пења, Ориенте Петролеро Боливија

Повеќето од фудбалерите доаѓаат од Боливиското првенство (17 фудбалери), и тоа од најсилниот клуб Боливар, како и едни од подобрите тимови Ориенте Петролеро, Блуминг и секако The Strongest, најдобриот клуб на светот :icon_lol:

Единствениот попознат фудбалер во Боливискиот состав е Марсело Мартинс Морено, играчот кој беше дел од Шахтјор Доњетск, Виган и Вередер Бремен (во последниве два тима, на позајмица од Шахтјор). После неколку години минати во Европа, замина во Бразилското првенство, од каде годинава се пресели во Кинескиот тим Чангчан.
Морено има 49 настапи за Боливиската репрезентација и има постигнато 12 погодоци, што го става на 8-та листа на најдобри стрелци во Боливискиот национален тим. Му требаат три погодоци да дојде до третото место, а 8 до првата позиција.
Сепак, репрезентативната кариера на 27-годиншниот Морено оди во надолна линија, откако веќе две години не знае какво е чувството да ја затресе противничката мрежа.

Капитен на екипата е Роналд Ралдес, 34-годишниот централен бек на Ориенте Петролеро. Со своите 81 настап за националниот состав, се наоѓа на седмата позиција на вечната листа. Во својата богата клупска кариера, само еднаш има настапувано во некој Европски тим (додуша не е Европски, ама со оглед на тоа што Израел има право да се натпреварува во натпреварувањата под капата на УЕФА, ќе го вбројан како Европски :D), и тоа во Израелскиот Макаби Тел Авив.

Играчи на кои треба да се обрне внимание 24-годишниот креативец од средниот ред на Боливија, Алехандро Чумасеро. Тој е предводникот на оваа репрезентација во поглед на креирањето шанси и водењето на играта. Досега има одиграно 21 натпревар и постигнато еден погодок за репрезентацијата.
Големо изненадување во составот на Боливија е повикот за 18-годишниот дебитант Себастијан Гамара, кој е дел од младинскиот тим на Милан. Сезонава има одиграно 21 меч за младинците на Миланезите и нема постигнато погодок. И тој е еден од играчите на Боливија од кој се очекува многу во иднина.
Во составот има уште двајца други играчи кои ќе се надеваат дека ќе дебитираат во националниот дрес, третиот голман Пењариета и дефанзивецот Коимбра.

Од составот отпаднале неколку искусни играчи кои имаат и над 40 настапи за репрезентацијата, што значи дека Сориа оди на Копа Америка со состав освежен со неколку помлади играчи.

Како екипа од четвртиот шешир во ждребката, Боливија се падна со домаќинот Чиле, гостинот Мексико и репрезентацијата на Еквадор. Боливијците ќе целат на освојување на третата позиција, но и за тоа имаат мали шанси. Чиле како домаќин на првенството несомнено е фаворит во оваа група, додека Боливија шансата ќе ја бара против Еквадор и против составот на Мексико во кој недостасуваат многу важни играчи со оглед на настапот кој им следи на Голд купот.

 
Последно уредено од модератор:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Колумбија

logo.jpeg


Селектор: Хозе Пекерман
Капитен: Радамел Фалкао
Најмногу настапи: Карлос Валдерама (111)
Најдобар стрелец: Радамел Фалкао (25)
ФИФА ранкинг: 4
Репрезентацијата на Колумбија годинава ќе го забележи својот јубилеен 20ти настап на Копа Америка. Во досегашната нивна историја, Колумбијците го освоиле овој шампионат само еднаш, во 2001 година, како домаќини на истото. Тие доаѓаат во Чиле во прилично добра форма, со само два порази во последните 2 години. Еден од двата пораза го претрпија во 1/4 финалето на Светското Првенство минатото лето од репрезентацијата на Бразил. Сепак, тимот на Колумбија имаше одлично СП, беше едно од пријатните изненадувања и верувам дека придоби многу симпатизери со атрактивната игра. Причина плус да навивате за оваа репрезентација е фактот дека ги имаа најубавите навивачки на Мундијалот во Бразил. Понесени од тој добар резултат, Клумбијците овој пат одат на поголемо достигнување - прваци на Јужна Америка. Освен титулата од 2001 год. освоена на домашен терен, други позначајни успеси на Копа Америка оваа репрезентација бележи во 1975, кога освојува сребро после поразот од тимот на Перу во големото финале и во 1987, 1993 и 1995 кога го завршува првенстово со бронзен медал. Првиот настап на ова натпреварување Колумбијците го бележат дури во 1945, а нивниот пласман на секој од претходните 19 настапи е следниот:

rezultati.jpg


Состав:
Голмани: David Ospina (Arsenal), Camilo Vargas (Atletico Nacional), Cristian Bonilla (La Equidad)

Одбрана: Camilo Zuniga (Napoli), Santiago Arias (PSV Eindhoven), Carlos Valdes (Nacional de Montevideo), Cristian Zapata (AC Milan), Jeison Murillo (Granada), Pablo Armero (Flamengo), Pedro Franco (Besiktas), Darwin Andrade (Standard Liege)

Среден ред: Alexander Mejia (Monterrey), Carlos Sanchez (Aston Villa), Edwin Cardona (Monterrey), Edwin Valencia (Santos), James Rodriguez (Real Madrid), Juan Guillermo Cuadrado (Chelsea), Victor Ibarbo (AS Roma)

Напад: Radamel Falcao (Manchester United/Monaco), Carlos Bacca (Sevilla), Jackson Martinez (Porto), Teofilo Gutierrez (River Plate), Luis Fernando Muriel (Sampdoria)
Репрезетнацијата на Колумбија има eптен интересен состав, кој е посебно јак во нападот. Интересно е што селекторот Хозе Пекерман не игра една единствена формација и знае да се прилагоди на противникот. Играчи кои сигурно ќе фалат во средниот ред се Фреди Гуарин и Абел Агилар, кои ќе отсуствуваат поради повреда. Отсуството на овие два играчи може да биде клучно во пласманот на Коплумбијците на Копа Америка, бидејќи немаат добри алтернативи за пополнување на тоа место во средината. Исто така уште еден одличен фудбалер е надвор од натпреварувањето - Хуан Кинтеро, играчот на Порто, и верувале или не, фудбалерот на Дортмунд, Адриан Рамос исто така се повреди месец дена пред почетокот на ова натперварување. Не дека нема алтернативи за Рамос, напротив, но репрезентацијата на Колумбија се соочува со големи проблеми и малери непосредно пред стартот на шампионатот на Јужна Америка.

Како главен играч веднаш би го издвоил фудбалерот на Реал Мадрид - Хамес Родригез, а други играчи од кои фудбалската јавност во Колумбија очекува многу се капитенот Фалкао, Хуан Квадрадо од Челзи и напаѓачите Мартинез и Карлос Бака. Стартната 11ка да бидам искрен, ептен тешко е да ја предвидам. Пред се, бидејќи Пекерман знае да ги менува тимот и формацијата во зависност од противникот. Сепак, анализа не би била анализа без можна формација, па кога јас би го правел тимот би играл вака:

Оспина
Ариас -Запата-Муриљо- Зуњига
Санчез
Квадрадо -Хамес- Ибарбо
Фалкао--Мартинез
Тимов е можеби малце преофанзивен, но како што кажав, прво - Колумбија игра убав и атрактивен фудбал и второ - нападот на Колумбија е страшен, па според мене попаметно би им било да го искористат тоа и да играат на гол повеќе. Ако гледаме според формата реално Бака заслужува да игра пред Фалкао во првиот тим, меѓутоа Фалкао е капитен на тимот, така да не очекувам тој да биде во стратните единаесет.


Група и натпревари:

ggrupa c.jpg
Репрезентацијата на Колумбија беше извлечена во групата Ц, каде што ќе се сретне со екипите на Бразил, Перу и Венецуела. Се освен пласман во 1/4 финалето би бил огромен дебакл за Колумбијците, а несомнено дербито на групата ќе го одиграат против репрезентацијата на Бразил. Тоа би требало да биде меч за првата позиција и со тоа добивање на полесен противник во 1/4 финале. Распоредот на тимот на Колумбија е следен:
  • 14 јуни (21:00) Колумбија - Венецуела
  • 18 јуни (02:00) Колумбија - Бразил
  • 21 јуни (21:00) Колумбија - Перу


team photo.jpg
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
ПЕРУ



Селектор: Рикардо Гарека
Капитен: Клаудио Пизаро
Најмногу настапи: Роберто Паласиос (128)
Најдобар стрелец: Теофило Кубиљас (26)
ФИФА ранкинг: 63

Перу, држава со интересна историја, за што сведочи и самиот прекар на репрезентацијата, прекарот кој гласи „Инките“. Секако, овој прекар датира од XV век кога истите тие Инки ја сочинувале најмоќната држава на тие територии, со центар во градот Куско. Но, нивната слава не траела долго. Во 1532 година, шпанските конквистадори навлегле на овие територии и ги покориле Инките, притоа принудувајќи ги да им служат како робови кои ќе работат во богатите рудници. Се прашувате каква е поврзаноста? Па поврзаноста е во иронијата, а иронијата е во тоа што конквистадорите биле предводени од славниот Франциско Пизаро, а денеска капитен на оваа репрезентација е исто така личност која се вика Пизаро, Клаудио Пизаро (за фановите на фудбалот познат како „еј ене го оној со косицата што играше у Баерн“).

Перу натпреварите ги игра на стадионот наречен Естадио Национал кој се наоѓа во главниот град Лима. Треба да се забележи дека два пати го имаат освоено турнирот „Копа Америка“, а бележат и четири настапи на Светското Првенство. Сепак, на светската сцена ги немаме видено од 1982, а нивниот најскорешен успех е завршувањето трето место на Копа Америка во 2011 година.

Црвено-белата боја ќе ја бранат следните играчи:

Голмани: Pedro Gallese (Juan Aurich), Diego Penny (Sporting Cristal), Salomon Libman (Cesar Vallejo)

Одбрана: Luis Advincula (Vitoria Setubal), Carlos Zambrano (Eintracht Frankfurt), Pedro Requena (Cesar Vallejo), Hansell Riojas (Cesar Vallejo), Christian Ramos (Juan Aurich), Yoshimar Yotun (Malmo), Jair Cespedes (Juan Aurich)

Среден ред: Josepmir Ballon (Sporting Cristal), Edwin Retamoso (Real Garcilaso), Carlos Lobaton (Sporting Cristal), Carlos Ascues (Melgar), Joel Sanchez (Universidad San Martin de Porres), Paolo Hurtado (Pacos de Ferreira), Juan Manuel Vargas (Fiorentina), Christian Cueva (Alianza Lima)

Напад: Andre Carrillo (Sporting CP), Jefferson Farfan (Schalke), Paolo Guerrero (Corinthians), Claudio Pizarro (Bayern Munich), Yordy Reyna (RB Leipzig).

Со оглед на тоа што повеќето играчи се од домашното првенство, убеден сум дека ќе преовладува тимскиот дух. Сепак, товарот ќе треба да го носат најискусните, а тоа се оние кои настапуваат во странство. Пизаро ја има капитенската одговорност, но многу се очекува и од неговиот партнер во нападот, Хуан Мануел Варгас, како и од везниот играч, Џеферсон Фарфан. Во одбраната се истакнува Карлос Замбрано, познат по тоа што во него има некоја цака за постигнување голови. Голманите се тотални анонимци, но токму тоа е убавината на фудбалот, се надеваме дека еден од нив ќе се истакне и ќе биде забележан на светско ниво.


Screenshot_1.png
Перу се наоѓа во групата Ц, која како што гледате не е ни малку наивна. Танцот ќе го заиграат со Бразил, Колумбија и Венецуела, а кој кого ќе го надигра останува да видиме во овие денови:

  • 14 јуни (11:30): Бразил - Перу
  • 18 јуни (01:30): Перу - Венецуела
  • 21 јуни (21:00): Колумбија - Перу




Напред Перу, или како што тие знаат да кажат: Firme y feliz por la unión! (Цврсто и среќно за унијата!)​
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Селектор: Ноел Санвисенте.
Хуан Аранго е вистинска икона што се однесува на фудбалот во Венецуела, екс играчот на Борусија Менхенгладбах а моментален член на мексиканскиот Тихуана е капитен на оваа репрезентација, играч со највеќе настапи (121) и најдобар стрелец во историјата на фудбалска Венецуела со 23 постигнати голови.

КОПА АМЕРИКА

Селекцијата на Венецуела заедно со Боливија се едни од најслабите репрезентации на овој континент. Венецуела на Копа Америка за прв пат се појавува во 1967та година кога го освојува 5то место. Од тогаш па се до 2007та година Венецуелците никогаш не биле подобро пласирани од 10то место.
Во 2007та година на турнирот каде се домаќини завршуваат на за нив високото 6то место.
Сличен успех остваруваат и после 4 години односно во 2011та година на последната Копа Америка во Аргентина каде го освојуваат историското 4то место, губејќи на пенали во полуфиналето од Парагвај и во мечот за 3то место се поразени од Перу со 4-1.

СОСТАВ

Селекторот Санвисенте за настап во Чиле се одлучи за следните 23 играчи.

Голмани:
Алан Бароха (Каракас, Венецуела)
Вилкер Фаринез (Каракас, Венецуела)
Даниел Хернандез (Тенерифе)

Одбрана:
Габриел Цикеро (Минерос де Гвајана, Венецуела)
Гренди Пероцо (Ајачио, Франција)
Андрес Туњез (Бурирам Јунајтед, Тајланд)
Вилкер Анхел (Депортиво Такира, Венецуела)
Роберто Росалес (Малага, Шпанија)
Фернандо Аморебиета (Мидлсброу, Англија)
Освалдо Вискарондо (Нант, Франција)

Средина:
Рафаел Акоста (Минерос де Гвајана, Венецуела)
Роналд Варгас (Балискерсирспор, Турција, след. АЕК Атина)
Франклин Русена (Депортиво Ла Гуаира, Венецуела)
Цезар Гонзалез (Депортиво Такира, Венецуела)
Томас Ринкон (Џенова, Италија)
Џон Муриљо (Замора, Венецуела, след. Бенфика)
Луис Мануел Сеихас (Санта Фе, Колумбија)
Хуан Аранго (Тихуана, Мексико)
Алехандро Гера (Атлетико Национал, Колумбија)

Напад:
Гелмин Ривас (Депортиво Такира, Венецуела)
Николас `Мику` Федор (Рајо Ваљекано, Шпанија)
Хозеф Мартинез (Торино, Италија)
Саломон Рондон (Зенит Санкт Петерсбург, Русија)

Покрај капитенот Аранго, најзвучно име во репрезентацијата на Венецуела е дефинитивно напаѓачот на руски Зенит, Саломон Рондон кој се очекува да биде ударна игла во нападот на својата земја.
Покрај нив, тука е и Томас Ринкон екс играчот на Хамбургер, моментален член на италијанска Џенова, брзоногиот напаѓач на Торино Мартинез, Роберто Росалес од Малага и екс играчот на Атлетик Билбао Фернандо Аморебиета.

РАСПОРЕД

Венецуела се наоѓа во групата Ц заедно со Колумбија, Перу и Бразил.
Својот прв натпревар го игра на 14. Јуни против Колумбија, 2 дена подоцна односно на 18ти Јуни против Перу и последниот натпревар против Бразил на 21 Јуни.







@Ilumious aj и моево шаљи го у Копа АмериЦа.
 

Schtrawzenigger

and the Baltic Fleet
Член од
9 јули 2013
Мислења
672
Поени од реакции
2.323
УРУГВАЈ

150px-Uruguay_football_association.svg.png
Селектор: Оскар Табарез
Капитен: Диего Годин
Најмногу настапи: Диего Форлан (112)
Најмногу голови: Луис Суарез (44)
ФИФА Ранкинг: 8

КОПА АМЕРИКА
Репрезентацијата на Уругвај е најуспешната репрезентација во историјата на ова натпреварување со дури 15 освоени титули, една повеќе од Аргентина која има 14. Тие се првите освојувачи на ова натпреварување, во 1916 година, исто така и последните, пред 4 години во 2011 година.

СОСТАВ

Голмани
gk.png
Првиот избор за голманската позиција на селекторот Табарез е Фернандо Муслера, голманот на Галатасарај
.

Дефанзивци
деф.png

Централните бековски позиции ќе ги окупираат капитенот Диего Годин и младиот Хозе Хименез, двајцата бекови на Атлетико Мадрид, додека фаворити за стартните места на страничните бековски позиции се Макси и Алваро Переира, дефанзивците на Бенфика и Естудијантес (позајмен од Интер)
Еден од најстандарните дефанзивци на Уругвај, Мартин Касерес е повреден и ќе го пропушти ова натпреварување.

Среден ред
мид.png

Во средниот ред на Уругвај ќе оперираат Николас Лодеиро и стариот, искусен, ќелав Аревало Риос по средината и Кристијан Родригез и Карлос Санчез по крилните позиции. Место во овој тим немаше за Валтер Гаргано, до неодамна стандарден во средниот ред на Уругвај, додека Гастон Рамирез е повреден.

Напад
напад.png

Нападот на Уругвај е видно ослабен. Луис Суарез, најдобриот играч на Уругвај го пропушта ова натпреварување поради казната од 9 меча неиграње на репрезентативно ниво, која ја доби на минатото Светско Првенство поради гризење над Киелини. Диего Форлан, најдобриот стрелец на Уругвај на сите времиња, неодамна се пензионираше од репрезентација. Затоа, главната опасност по голот на противниците ќе доаѓа од Единсон Кавани, голгетерот на ПСЖ. Негов партнер во нападот би требало да биде младиот 22 годишен напаѓач на Бордо, Диего Ролан, кој го искористи неиграњето на Суарез и се наметна на селекторот Табарез стартувајќи на последните неколку меча на Уругвај.

РАСПОРЕД

Репрезентацијата на Уругвај се наоѓа во групата Б, заедно со Аргентина, Парагвај и Јамајка. Првиот дуел го играат на 13 Јуни против Јамјка, вториот на 16 Јуни против големиот ривал Аргентина и на крај против Парагвај, на 20 Јуни.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

АРГЕНТИНА
Џонтра Волта не дозволува да си играат со неговата Аргентина!

Селекцијата која 14 пати била континетален првак, 2 пати светски и 2 пати олимписки шампион. Репрезентација за која играле според многумина најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона и Лионел Андрес Меси.

Селектор на Гаучосите е Херардо Тата Мартино кој ја наследи селекторската функција од Алехандро Сабеља.

Капитен на репрезентацијата на Аргентина е Лионел Меси а негов заменик Хавиер `Ел Хефе` Маскерано.

Со 145 настапи на врвот на листата со највеќе одиграни натпревари во сино белиот дрес на Аргентина е славниот Хавиер Аделмар Занети.

Најдобар стрелец со 56 гола е Батистута, Габриел. Скроман дечко, све паре шаље кеви!


КОПА АМЕРИКА

Гаучосите до сега 14 пати се радувале на злато од Копа Америка, последен пат во далечната 1993та година на турнирот во Еквадор каде во финалето со 2-1 ги совладуваат Сомбреросите од Мексико, стрелец на 2та гола е Барон.

12 пати биле второ место и 4 пати трето со што се една од најуспешните репрезентации заедно со Уругвај


СОСТАВ

Тата Мартино се одлучи за следниве 23 играчи со кои ќе патува во Чиле, изненадување е што во составот го нема Макси Родригез.:icon_lol:

ГОЛМАНИ:
1.Серхио Ромеро (Сампдорија, Италија)
12.Нахуел Гузман (Тигрес УАНЛ, Мексико)
23.Маријано Андухар (Наполи, Италија)


ОДБРАНА:
2.Езекиел Гарај (Зенит Ст.Петерсбург, Русија)
3.Факундо Ронкаља (Џенова, Италија)
4.Пабло Забалета (Манчестер Сити, Англија)
13.Милтон Каско (Њуелс Олд Бојс, Аргентина)
15.Мартин Демикелис (Манчестер Сити, Англија)
16.Маркос Рохо (Манчестер Јунајтед, Англија)
17.Николас Отаменди (Валенсија, Шпанија)


СРЕДИНА:
5.Фернандо Гаго (Бока Јуниорс, Аргентина)
6.Лукас Биља (Лацио, Италија)
7.Анхел Ди Марија (Манчестер Јунајтед, Англија)
8.Роберто Переира (Јувентус, Италија)
14.Хавиер Маскерано (Барселона, Шпанија)
19.Евер Банега (Севиља, Шпанија)
20.Ерик Ламела (Тотенхем, Англија)
21.Хавиер Пасторе (ПСЖ, Франција)


НАПАД:
9.Гонзало Игуаин (Наполи, Италија)
10.Лионел Меси (Барселона, Шпанија)
11.Серхио Агуеро (Манчестер Сити, Англија)
18.Карлос Тевез (Јувентус, Италија)
22.Езекиел Лавеци (ПСЖ, Франција)


Аргентина во составот има играчи кои сезонава играа во врвна форма. На голот е Серхио Ромеро кој имаше ограничена минутажа во Сампдорија сезонава, но затоа во одбраната Отаменди и Гарај имаа фантастична сезона зад себе, првиот со Валенсија се пласираше во квалификациите за Лигата на Шампионите а вториот ја имаше една од клучните улоги во освојувањето на руското првенство со Зенит. Бековските позиции се загарантирани за двоецот од Манчестер, Сити и Јунајтед, десно Забалета лево Рохо.

Во везниот ред Тата Мартино ќе биде на слатки маки, во централниот дел односно како последен играч за врска ќе оперира `Шефот` Маскерано кој освои триплете со Барса сезонава, лево и десно од него би требало да се најдат Банега кој ја освои Лигата на Европа со Севиља и Анхел Ди Марија кој имаше дискутабилна прва сезона на Островот во дресот на Црвените Ѓаволи од Манчестер.

Напаѓачкото трио ќе го составуваат кумовите Меси и Агуеро како подршка (најверојатно) за Карлитос Тевез кој имаше одлична сезона во дресот на Јуве со кој освои дупла круна во Италија и играше финале во Лигата на Шампионите, против Барса на Меси.

Ромеро​

Забалета-Отаменди-Гарај-Рохј​

Банега-Маскерано-Ди Марија​

Агуеро-Тевез-Меси​


РАСПОРЕД

Аргентина е во група Б заедно со шампионот Уругвај, гостинот Јамајка и Парагвај.

13 Јуни против Парагвај
16 Јуни протви Уругвај
20 Јуни против Јамајка
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695



Federative Republic of Brazil
República Federativa do Brasil
БРАЗИЛ

Или Резил, името кое им беше наметнато после дебаклот кој го доживеаа на минатогодишното светско првенство, на своја територија, од страна на Германија, актуелниот светски шампион.

Најфудбалската нација во светот и речиси точно година по најболниот ден во нивната историја, живее со бремето на катастрофалните седум гола кои ги примија од Германците во полуфиналето од СП. Голем дел од играчите кои беа трагичари лани, се сеуште главните играчи на оваа генерација бразилски фудбалери. Генерација која многумина ја дефинираат како екипа без конкретни лидери на сите делови од теренот, генерација без класа шпиц и без вистински мотор на тимот во средината на теренот.

На самите нив е да преку настапот на Копа Америка ја подзаборават минатата година, но ниту тие а ни бразилскиот аудиториум немаат посебни очекувања од континенталниот собир.

Состав:

Goalkeepers: Jefferson (Botafogo), Marcelo Grohe (Gremio), Neto (Fiorentina)
Defenders: Fabinho (Monaco), Filipe Luis (Chelsea), Dani Alves (Barcelona), David Luiz (PSG), Marquinhos (PSG), Thiago Silva (PSG), Miranda (Atletico de Madrid)
Midfielders: Elias (Corinthians), Fernandinho (Manchester City), Casemiro (Porto), Willian (Chelsea), Philippe Coutinho (Liverpool), Everton Ribeiro (Al-Ahli), Douglas Costa (Shakhtar Donetsk), Fred (Shakhtar Donetsk)
Forwards: Neymar (Barcelona), Robinho (Santos), Roberto Firmino (Hoffenheim), Diego Tardelli (Shandong Luneng)

Како што пишав, тимот е воглано ист од претходното светско првенство, но сепак со враќањето на Дунга на селекторската позиција има неколку промени.

Една од највпечатливите е таа на голманската позиција. Жулио Цезар може беше плачко и идеше пешки до дома по секој пораз, ама сигурно беше подобар од моменталното трио кое е на располагање. Во него најискусен е Џеферсон, кој и покрај своите 32 години има само 17 настапи за репрезентацијата и ни е релативно анонимен, затоа што кариерата воглавно ја поминува во домашната лига, а во Европа има незначителни настапи во Трабзонспор. Негова алтернатива е Нето, доскорашен голман на Фиорентина и ново засилување на Јувентус. Трета опција е Марсело Грохе. Овие двајца сеуште немаат дебитирано за националниот дрес.

Најмалку промени има во одбраната. Дани Алвес сепак ќе настапи и на оваа Копа Америка, откако беше дополнително повикан од селекторот заради повредата на Данило. Во него до одбраната ќе бидат ваљда едни од најпреценетите стопери во светот. Озогласениот Давид Луиз кој никако да се оттргне од киксирање во главните утакмици и пичето кое плачело дека не може да биде капитен Тиаго Силва, за кој рака на срце има спротивни впечатоци од страна на рајата, но како оди времето испаѓа дека е можеби и попреценет играч од Луиз. Левата страна од одбраната ќе ја држи Фелипе Луиз. Нивни алтернативи се Фабињо, Маркињос, Миранда и Џеферсон.

Моменталниот среден ред на Бразил е можеби еден од најслабите во нивната историја. Од имиња како Жилберто Силва, Едмилсон, Кака, Роналдињо, Ривалдо... сега нивото е спуштено на недокажани млади таленти и недокажани стари некогашни млади таленти. Најискусен и најстар во тој дел од тимот е триесет годишниот Елиас, кого едвај го паметиме од настапите во Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон. Настап помалку од него има помладиот и моментално попознатиот Вилиан од Челзи. Поискусниот дел го комлетира Фернандињо од Сити, кој исто закачил 30 години. Останатите се млади играчи како Даглас Коста, Роберто Фирмињо, Кутињо, Касмеиро, Фред и Евертон Рибеиро кој игра у факинг арапска лига.

Но и средниот ред не е за грев колку нападот. Никако да се роди Бразилец кој ако не ко Роналдо, би придонел колку Адриано. Така Диего факинг Тардел со своите 30 години неславна кариера, која моментално се тлее во факинг кинеска лига, ќе треба да ја тресе противничката мрежа. Покрај него друштво му прави уште еден никад докажан талент и топло-ладно играч, чиј ™ потег е всушност и единствениот потег кој го знае, Робињо. Единствен асален играч во нападот (можеби и во целиот тим?) е Немјар. Иако и за него не владее „добро“ мислење во фудбалскиот фан свет. Тој со своите 23 години, сега и како капитен треба да ја однесе оваа сирота генерација бразилски фудбалери што подалеку на овој турнир.

На Копа Америка...

Што се однесува до минатите јужноамерикански првенства и Копа Америки (?), Бразил е рекоредер со 33 настапи и овој турнир го има освојувано три пати во стариот формат (Јужноамериканско првенство) и пет пати во новиот форма (Копа Америка)

Оваа година, се наоѓаат во група со противникот кој го елиминираа во четвртфиналето на СП - Колубмија, како и со Пери у Венецуела.

Реалните очекувања за ефектот во групата се освојување на второто место.

Capture.PNG

Тоа е тоа во кратки црти, очекувањата за разлика од ланското СП за овој настана не се пренапумпани, па останува да се крстиме во Нејмар и компанија дека нема пак да се избрукаат и тука:

За крај, секако, најпрепознатливата работа од Бразил покрај фудбалот...



Бразилски милфици со огромни газови.

Vai, vai, vai.


Ordem e Progresso!
@Peja989 префрлај, ако не береш и ти вишњи. :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Јас ја отворив темава, па еве и официјално да ја отворам за смртниците што не правеа анализи :cujte:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom