- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.812
- Поени од реакции
- 1.082
Ердоган: Нема да толерираме воени маневри на нашата граница со Сирија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да толерира одржување на какви било воени маневри во Сирија во близина на нејзините граници.
- Од самиот почеток нагласивме дека нема да толерираме присуство на (воени) единици во зоната од (сириската) граница со Ирак до Средозњменото Море, изјави Ердоган по петочната молитва.
Ваквото предупредување на Ердоган уследи по зачестените информации во последно време за присуство на руски војници на аеродромот во градот Камишли во североисточна Сирија, близу сириско-турската граница.
- Ние сме многу чувствитрелни по ова прашање, порача Ердоган, најавувајќи дека за ова ќе разговара и со американскиот потпретседател Џо Бајден на нивната утрешна средба во Истанбул.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права пред неколку дена соопшти дека „неколку десетици“ руски војници и инженери биле забележани „последниве денови“ на аеродормот во Камишли.
Според Ердоган, станува збор за околу 200 руски војници кои се стационирани во Камишли, град каде мнозинството од жителите се Курди и кој е под контрола на локалните курдски сили, лојални на властите во Дамаск.
Извор во Владата во Анкара, во изјава за турските медиуми, денеска нагласи дека Турција „внимателно ги следи“ руските воени активности на нејзината граница со Сирија.
- Можам да ви кажам дека Турција внимателно ги следи сите воени активности на нејзините граници, а посебно на границата со Сирија, изјави владиниот извор, кој побарал анонимност.
Во врска со тврдењата за руско воено присуство на нејзината граница со Сирија, турскиот вице-премиер Тугрул Туркеш изјави дека Турција во тоа не гледа закана по нејзината безбедност.
- Ние сме во тек со активностите на Русија. Руските сили во Камишли не можат да претставуваат закана за Турција, која е членка на НАТО, нагласи Туркеш во одговор на пратеничко прашање.
Весникот „Хуриет“ објави дека во рамки на напорите за зголемување на безбедноста на турската страна од границата во реонот на Камишли, Армијата на Турција вчера ископла ровови околу минираната зона долж граничната линија со Сирија.
Кризата во односите меѓу Москва и Анкара ескалираше по инцидентот на 24 ноември минатата година, кога руски авион-ловец од типот Су-24 М беше соборен од турското Воено воздухопловство. Според тврдењата на Анкара, авионот го нарушил турскиот воздушен простор, што руското Министерство за одбрана категорично го негира.
По ова Анкара ја обвини Москва дека заедно со Иран воено го поддржува сирискиот претседаѕел Башар ел Асад и дека цел на нејзините напади на територијата на Сирија повеќе се бунтовничките сили, отколку припадниицте на џихадистичката група Исламска држава.
Во конфиктот во Сирија, Русија ги поддржува властите во Дамаск, додека Турција т.н. умерена опозиција и инсистира на заминување на Асад од власта.
Русија на обвинувањата на Анкара одговори со тврдења дека Турција и доставува оружје на ИД и дека купува нафта на териториите под контрола на џихадистите.
http://plusinfo.mk/vest/55209/erdogan-nema-da-tolerirame-voeni-manevri-na-nashata-granica-so-sirija