Конзистентноста на квалитетот на македонските компании

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Една од работите која ме иритира кај нас е промената на квалитетот на нашите производи.
Последно што забележав е кашкавалот на Георгиеви што се продава во КАМ по цена од 285 ден. за килограм.
Кога прв пат излезе како проивод имаше некоја промотивна цена од 269 ден. и квалитетот на кашкавалот беше солиден. (барем според мене)
По неколку седмици цената на истиот кашкавал порасна за 15 ден., но сепак задржаа со квалитет и цената беше сепак фер.
Последните два пати кога купив сетив дека го промениле вкусот драстичнои дека квалитетот им е намален. (пак според мојот вкус)
Истото се случи и со малешевскиот кашкавал во мала пита што се продаваше во Тинекс за цена од околу 280тина ден. Подоцна се зголеми цената, и на крај опадна и квалитетот.
Втор пример што го имам забележано се дел од производите на Винчини каде што квалитетот им опадна.
Друга работа која што е феномен кај нас се и дел од рестораните и сендвичари. Почнуваат одлично и како што почнуваат да работат, добиваат муштерии, намалуваат на квалитет, зголемуваат на цена и најчесто на крај завршуваат неславно.
Ова се однесува и за авто перални, услужни дејности итн.

Ваши некои примери за промена на квалитетот на услугата или пак производот на наши проиводители и компании?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Windfucker и јас сум го забележала истото. Прво го забележав со оние крокетите од печурки. Порано беа многу повкусни, сега ставаат само леб (најверојатно) и еден куп бибер, да не се осети дека п од печурка нема во нив. Истото е со 90% од производите. Осоговското сирење е томбола, еднаш добро, два пати како со оцет. Кајмакчаланот исто така, некогаш вкусен, некогаш пластичен. Но не е само тоа за прехранбените производи, туку сѐ кај нас функционира така. Другаркиве одат по маникири и баш сум приметила на почеток кога ќе отворат некое такво место, сѐ супер прават и со тек на време сѐ полошо и полошо продолжуваат. Никој не останал доследен на првичниот квалитет на работа, не знам на што се должи тоа. Наместо да го задржат квалитетот, со тоа нели и купувачите, и да стекнат нови, мислат дека луѓето се смотани и нема да ја приметат разликата, а они ќе си собираат пари.
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Ретко убав кашкавал, а сите на почетокот се убави. Порано јадев од Идеал Шипка, па го расипаа и сега вкусот е ко шампон да јадеш. После почнав да купувам Милко (или така некако) или осоговски ама и нив ги расипаа. Сега купувам од Здравје веќе 1 година и можам да кажам дека не е лош.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Има повеќе варијанти на муабетов,

правата е дека намалуваат на квалитет, за да остварат поголем профит,

втората е дека си експериментираат со цените за да видат до кај иде правилото за побарувачка (колку се зголемуваат цените се намалува побарувачката и обратно).

третата е дека реални фактори влијаат на зголемувањето на цената, односно покачени цени на материјали, суровини итн итн.

Во секој случај се се врти околу максимизирање на профитот (нормално).

пс има многу повеќе причини

ппс темава најубаво во Економија да оди ;)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
- ‘Кaфето‘ на Паскалин.
- Штрудлите на Винчини...нека учат од една фирма исто таму на истокот за штрудли, дури не се расипале во меинстрим и тие нали...
- кочанските печурки, во тегла и најлон
- Малешевски кашкавал на Рудине
- сите до еден производи на (Свислион) Агроплод посебно Ресана :(
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.660
Поени од реакции
21.703
Треба да се фокусира темата на компании кои го задржале кавалитетот оти обратните се премногу, вака барем ќе се олесни работата. Вегера, Седмица, Скопско, Родео цигари и уште многу има за тргнато на полошо. Најчесто како што кажа членот погоре тоа се прави поради краткорочна максимизација на профит. Во случај ако земеме фризерски салон, на почетокот кога ти влагаат 3ца дневно ги тинтраш ги пустиш ги правиш поради тоа што не се многу и поради тоа што сакаш да оставиш добар впечаток. Кога ќе ти дојдат 40 нејќеш да вработиш уште една да ти асистира оти сакаш да си ги лапкаш парите сама па почнувш да штракаш со ножиците побрзо затоа што другите што чекаат ствараат тензии и така полека за да уштедиш 200 евра месецов ќе си го заебеш цел бизнис. Исто е и со кафичи еден келнер на 30 маси, ќе има чекање и грешни нарачки епа ќе има. Исто е и со производите ако зголемиш капацитетот на производство а не го зголемиш персоналот кој учествува во производството и контролат,а ќе има грешки, ќе има пропусти. Македонските компании или имаат самоубиствени нагони или имаат основни проблеми со логика, да не зборам за елементарна писменост од економија и менаџмент, а така е оти учеле марксизам и фантастика на економски. И кога истите тие после ми зборат како тито ни дал држава и со едно југо се одело до Плитвички езера и назад и да ми продаваат муда за економскиот систем на сфрј ми иде сам да се мавам со безбол палица затоа што им реплицирам. Тоа се тие менаџерчиња и газди од генерација Икс и троа нешто постаро.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Само Стоби Флипс се исти 20 години.
Све друго варира од ден за ден. Све.
Јогуртот денес и јогуртот утре, веза немаат едно со друго.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Се логирав специјално за темава проверена работа словенските племиња не ги бива за господари само за робои.
Земете Руска кола или автобусиве што ги заваруваа во Украина пуни со фушеви.

Пазарувам македонски производи од мои 5 години кога моите првпат ме пратија по леб и млеко и се што ми поминало низ рака траело како квалитет одреден период, а после не многу време година, две а најчесто и пар месеци се сјебало земи пекари, бурекџилници, сендвичари, сокови, грицки, благи квалитетот сегде почнува да варира во моментот кога славата ќе му удри во глава на новопечениот газда.

Не не бива за водење на фирми тоа е научно докажано ни фали господарскиот ген на англо-саксонците, нас ни е домет да работиме за други тука за беспари, а на Запад за 15-20 евра од саат.

Тие ни се гените. ;)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Една од работите која ме иритира кај нас е промената на квалитетот на нашите производи.
Токму заради ова кога ќе се решам да јадам надвор, јадам само не неколку места.

Места кои го имаат задржано квалитетот со години, тоа се:

Енрико.

Седмица.

Гиго пицерија.

Амзо (кај Васе) - кафана.

Нашите идиоти од трговци, мислат дека ќе карат со кратење на квалитет, а уствари со константноста на истиот можеш да создадеш далеку поголемо име, па дури и да наплаќаш повисоки цени без да изгубиш муштерии. На пример Енрико и Гиго, се релативно скапи пицерии, од која едната е на релативно непрометно место во градот, што се вика маалска пицерија, а пак прави профит еднаков на оние од центар, ако не и поголем.

Сепак ако земеш да анализираш, со самото тоа што во Енрико/Гиго на пример имаш 3 пати повеќе зарзават него во другите "пицерии" иако на прв поглед мислиш дека пицата нема да те најаде т.е. дека е мала, истата ќе те засити и држи сит далеку подолго него некоја бедна пица која ја разнесуваат.

Пиците кои ги разнесуваат се двојно поголеми во дијаметар, затоа што тоа е само тесто на кое има 20-на печурки (маринирани - грозота) сечени со жилет хоризонтално, и "шунка" од најниска класа толку тенка што се прозира, но сепак како целосен производ пицата ти создава илузија дека ќе се заситиш повеќе затоа што е далеку поголема, па затоа и трговците го користат овој трик и реално гледано им успева, класична игра на мозокот.

За крај, штедењето со купување на такви производи, без разлика дали имаш или немаш доволно пари, е исто така илузија, која си ја создаваме и ги оправдуваме одлуките за поефтини производи.

Абе во Енрико големата или пак во Гиго, фамилијарна, е сигурно едно 800+ грама тешка, земи пица на разнесување и измери ја, ќе дознаеш колку всушност штедиш :icon_lol: за вкусот не ни коментирам.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.665
Се урниса секаков квалитет и стандард. И сега ,,купувајте македонски производи,,! Е што да купуваме!? Не сум некој плачипичка по СФРЈ ама да бидеме реални тогаш имаше огромен квалитет и високи стандарди на се што се произведуваше, што и да купеше човек се беше со висок и постојан квалитет......
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.456
Седмица дека го има задржано квалитетот мало морген.
А богами у оваа новата у Карпош нити квантитетот не го имаат задржано, по 10 компирчиња ставаат.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Седмица дека го има задржано квалитетот мало морген.
А богами у оваа новата у Карпош нити квантитетот не го имаат задржано, по 10 компирчиња ставаат.

Јас последен пат јадев пред еден недела, иако сендвичот е малце послаб, сепак е сеуште на задоволително ниво, и врти кругови покрај другите сендвичари.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.456
Јас последен пат јадев пред еден недела, иако сендвичот е малце послаб, сепак е сеуште на задоволително ниво, и врти кругови покрај другите сендвичари.
Задоволително ниво можеби да, подобар од другите секако, меѓутоа квалитетот е паднат и кај нив.

Имаше и период кога лепчињата им беа устоени и се распаѓаа кога јадеш. Сега ги средија лепчињата ама ти викам во Карпош новата што ја отворија пред 10тина дена, 3 пати јадев, 3 пати имаше по 10 компирчиња во сендвичите, два пати ми ги утнаа комбинираните и ниту еднаш не бев прејаден како што обично бев на времето од 7ца.

Дали сакаат побрзо да го вратат влогот во новата сендвичара незнам, само знам дека сендвичот од пред еден месец од Аеродром или Центар беше за 30% поголем/пополн од овие 3 што ги јадев од новата локација.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Задоволително ниво можеби да, подобар од другите секако, меѓутоа квалитетот е паднат и кај нив.

Да бидам искрен, првпат после некоја година јадев од седмица пред 1 недела, така да најверојатно си во право, али сепак сендивчот е генерално на место, беше одличен, чизбургер јадев, кога го дојадов се препотив, дефинитивно е преголема количина на храна, така што и да го смалиле не смета :D

Но за другите места кои ги наведов, гарантирам дека е така....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom