Колкава е платата во Македонија?

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Има луѓе што си земаат,си учеле.:smir:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Во Прилеп локалните административци земаат по 35-36 000,плус доколку се советници како по закон,уште 12 000 денари,а им се “закачува“ уште по некое илјадарче од членството во разни одбори,така да стигаат до 60тина илјадарки месечно,што и не е баш мала работа.
Сепак ме радува податокот што последниве месеци многу фирми заминуваат под стечај,неможеќи да ги платат пристигнатите долгови за фирмарина,комунални такси,струја и кирии,па ќе се зголеми бројот на и онака преголемиот процент невработени.Така просечната плата во Македонија ќе достигне и по 50 000 денари со оглед на тоа што ќе имаме 50-60% невработени,вработените по автоматизам ќе делат повеќе пари од гломазниот и административен буџет,кој е и најголем во историјата на оваа Македонија.:zlo:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.165
Поени од реакции
17.962

Џабе не му иди умот, како ги оптеретија фирмите што можат да плаќаат, и нив ќе ги донесат на просјачки стап.

Не е само рецесијата крива што не се намалува бројот на вработени.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Џабе не му иди умот, како ги оптеретија фирмите што можат да плаќаат, и нив ќе ги донесат на просјачки стап.

Не е само рецесијата крива што не се намалува бројот на вработени.
Зависи од која страна гледаш,оти ако се гледа да се зголеми просечниот личен доход во Македонија,тогаш мора да се намали вработеноста.Значи ова со зголемувањево на невработени и пропажање на фирмите поради огромните наметнати давачки за фирмарини и други заебанции ќе допринесе по логика и зголемена плата на преостанатите вработени,особено на оние вработени во администрацијата,кој не мора да плаќаат такви давачки.:smir:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Треба да сме среќни што нашата земја се движи кон просек од 50.000 денари. Да се надеваме дека формулата нема да ја преземи Кина и да иштанца 600-700 милиони административци:pos2:

300.000 администрација - просек 50.000
700.000 невработени - просек прстот во уста...
(Економска стратегија)

Ако треба и пресата ќе почни прекувремено да работи...
 
Па ако веќе правиме споредба,администрацијата во Кина треба да биде моментално окулу 120 милиони луѓе,за да го достигне нивото на Македонија.Германците треба да имаат 10тина милиони,Французите 6-7 милиони,а САД треба да има барем 30 милиони луѓе ангажирани во администрацијата.Доколку беше така воопшто немаше да опстојуваат овие држави.:toe:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Точно така, само економистиве некако не признаваат. А за пропаѓање во право си, уште малку паразити и оганизмот ојде јабана...ко некој вирус ко ке се залепи, исто и со овие административциве.

30 милиона чиновници во САД хахаха тоа би било јако...ама ќе треба галонот 20 долари да е...порези,намети,арач...

Ние сме арач-држава и така и ќе пропадниме...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Eve kolkava e platata vo Makedonija :pos2::

Алармантно расте задолженоста на фирмите. Бројот на компаниите со блокирана сметка во мај годинава е поголем дури за 80 отсто споредено со истиот месец лани, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.Експертите очекуваат дека глобалната криза допрва ќе ја делка ликвидноста на фирмите и дека во втората половина во годинава драстично ќе се продлабочи внатрешната задолженост во државата. Освен кризата, за влошената ликвидност на компаниите е виновна и концепцијата на бруто-плата, коментираат аналитичарите.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=59BC3903B0CD4941BB53DF978944A8D3
 
T

The Blob

Гостин
Абе тие зимаат 26000 или до кај 30000 ама не повеќе:)
Сите што ги познавам а се од мојава струка (инж. информатичар) не земаат под 500 евра во просек, па и повеќе. 90% од моите соученици во средно, што завршија факултет (електро,економски,машински...) се вработени и земаат над 20-30000 почетна плата. Ако е некој високообразуван и стручен во својата област, има прилично големи шанси да се вработи. Најчесто оние кои се жалат дека е ниска платата во Македонија, се со несоодветно образование.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
- Покрај кризата, ликвидноста на компаниите е нарушена и од системот на бруто-плати и засилените даночни инспекции. Фирмите сега мора до средината на месецот да ги исплатат и платите и придонесите. Од друга страна, поради намалениот прилив од даноци во буџетот власта ги зајакнува даночните инспекции и по секоја цена ги испумпува парите од стопанството. Не сфаќаат дека така ќе постигнат контраефект - фирмите ќе замрат, а со тоа дополнително ќе се скусуваат приливите во државната каса - вели пратеникот Стојан Андов, кој предложи да се одложат измените во Законот за платениот промет со кои на побарувачите требаше да им се дадат поголеми права да распишат стечај.
Интересно е со овие експертиве. Според нив бруто плата и наплата на даноците се проблем. Но истите тие во други медиуми и друго време критикуваат сива економија, даночна евазија, ненадмирување на обврски... Намирување на обврските и наплата на даноци како проблем за оваа криза во стопанството, дури нереални мислења. Доколку сметаат дека ненадмирување на придонесите е легално и неплаќањето на даноци е исто така легално и оправдано и дека се лек за излез од кризата, добро :toe:. Ако ова го мислат навистина, може да прошетаат по другите земји (а имаат направено километража во износ од неколку земјини обиколки) во кои очебијно пробуваме да влеземе (ЕУ), или САД. Одлично размислување на експертот Андов кој за време од 20-25 години владеење на високи функции не успеа да направи ништо подобро за економијата (освен за горивото, се разбира).

Надлежните велат дека кризата не е највиновна за масовното згаснување на сметките. Планот на власта бил од Централниот регистар да се избришат 27.000 фирми, кои долго време се неактивни, акција што почнала од октомври 2008 година. Аналитичарите велат дека со таквите толкување се замижува пред проблемот.
Овој проблем кој го потенцираат "аналитичарите" никако да го сфатам. Проблем е што нема да фигурираат неактивни фирми?

Киро Ќучук во темница, ЕВН му ја исклучи струјата

Керамичката индустрија "Киро Ќучук" од Велес остана без струја откако ЕВН, по повеќемесечните одложувања, ја исклучи струјата во туларницата. Машините мируваат, а работниците се испратени дома и тоа во екот на градежната сезона кога производите на Киро Ќучук се најбарани. Причина за исклучување на фабриката од електроенергетскиот систем е неплатениот долг кон ЕВН од каде потврдуваат дека долгот е повеќегодишен и дека нивни екипи минатата недела извршиле исклучување на струјата во велешката керамичка индустрија и дека фабриката моментално е надвор од системот.
Тие реагираат и поради неодговорниот однос на менаџерскиот тим околу неплаќањето на обврските за потрошена струја поради што ЕВН ги исклучи од системот. Поголем број работници ни рекоа дека не само што керамичката индустрија ги нема платено обврските за струја, туку подолго време ги нема подмирено и обврските за здравствено и пензиско- инвалидско осигурување. Досега овие институции на неколку пати неплатените обврски се обидуваа да ги наплатат преку суд, меѓутоа, во интерес фирмата да работи, во последен момент се правеа договори за обврските да ги плати на рати.
Немаат земено 10 месеци плата... овие намачени души немаат ниту просечна плата. Но дали ради економската политика на владата?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Интересно е со овие експертиве. Според нив бруто плата и наплата на даноците се проблем. Но истите тие во други медиуми и друго време критикуваат сива економија, даночна евазија, ненадмирување на обврски... Намирување на обврските и наплата на даноци како проблем за оваа криза во стопанството, дури нереални мислења. Доколку сметаат дека ненадмирување на придонесите е легално и неплаќањето на даноци е исто така легално и оправдано и дека се лек за излез од кризата, добро :toe:. Ако ова го мислат навистина, може да прошетаат по другите земји (а имаат направено километража во износ од неколку земјини обиколки) во кои очебијно пробуваме да влеземе (ЕУ), или САД. Одлично размислување на експертот Андов кој за време од 20-25 години владеење на високи функции не успеа да направи ништо подобро за економијата (освен за горивото, се разбира).
Овој проблем кој го потенцираат "аналитичарите" никако да го сфатам. Проблем е што нема да фигурираат неактивни фирми?
Немаат земено 10 месеци плата... овие намачени души немаат ниту просечна плата. Но дали ради економската политика на владата?
За состојбите во поедини фирми не е крива само оваа влада,иако таа сноси најголем дел од одговорноста,затоа што фирмите колабрираат токму сега и под нејзино владеење.Куриозитетот е во тоа што навреме не се интервенирало за да се спречат девијантните појави како што е неплаќање на обврските уште при првите месеци од таквата појава,за сега да се знаеше кој фирми ќе опстојуваат ликвидно а кој треба да згаснат.Згаснувањето на овие фирми кој подолго време ги немаат платено обврските ќе придонесе за една ефективна ланчана реакција за своите погони да мора да ги затворат и оние засега добростоечки доверители кај фирмите должници.Значи доколку на пример затвори Киро Ќучук,тој нема да ги плати обврските и кон оној кој го снабдувал со нафта или репроматеријал,со што директно ќе биде загрозен опстанокот и на оние фирми кој досега колку толку успевале да си ги подмират долговите од оваа фирма.На тој начин,не само што влегуваме во рецесија,туку колапсот е неминовен со оглед на огромниот број фирми што станаа неликвидни во последно време со енормно високите наметнати давачки од страна на државата или владата.Примерите ќе се множат особено кај помалите фирми на кој им се наметнаа енормни давачки на локално ниво,од зголемени трошоци за прескапа вода,струја и комуналии па се до нови измислени даноци и некулкупати зголемени фирмарини,со цел локалните моќници да ги кофинансираат многубројните реклами за предвремени избори,да го зголемат своето лично контовно салдо и секако да “вработат“ енормен број административци во локалната самоуправа со што се создадоа услови за колапс на целокупната Македонска економија.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Можеби, но тие и не се така задолжени и во некој зијан кога тие менаџерски тимови земаат плати еднакви на противвредност на нови џипови и станови во елитните делови (скапите де) од градот. Фирмата на индиецот работи, а работниците се отпуштени. Иако нема допирни точки со конкретно производство во Македонија (за железарата), туку е само транзит...
Но експертите данокот и бруто платата (наплатата на придонесите) ги гледаат како причина за пропаст. Дали тоа значи дека, според нив не треба да се плаќаат давачки? И дали ако неактивните фирми се избришат, дали тоа значи пропаст? Или значи конечно расчистување со разни трансакции и матни префрлања на дејностите, парите...

Дури и газдата да добива енормно голем приход, да затајува данок...тоа за работникот не значи многу. Неговата плата ќе е сосем иста. Разликата е што газдата џипот ќе го купи за 2 или 4 месеци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom