Незнам дали е баш така, мене монетата ми е дадена од прадедо ми а од кај му е него врска немам, е сега стварно незнам зошто ако некој собира вакви монети да не можам да му ја продадам-толку ли е тоа јако кривично дело?
Еве ако ти ги познаваш добро овие работи, според тебе што би било најпаметно да се направи со монетата?
таа монета е културно добро на Македонија и можеш да ја имаш само ако си регистриран колекционер. И мора својата колекција да ти е пријавена и регострирана во музеј и не смееш вака да ја продаваш, си има процедура како и кому смееш. Значи мора да појдеш во музеј да им ја покажеш да кажеш од каде ти е и да ја регистрираат, и нив да им ја понудиш да ја откупат па ако тие неќат тогаш да ја нудиш надруги
Инаку едно од можните сценарија е на оглас да ти се јави инспектор од внатрешни и кога ќе ти ја плати - да те уапси и да си имаш многу проблеми ем да ти ја земат ем да ти се закани затворска казна ем трошоци.
Ова се однесува и за народни носии и за старо оружје.... иако на изглед безвредни најубо е да имаш едно мислење од музеј (не кошта ништо) дека носијата или некој стар грамофон или предмет... не е културно добро и може слободно да се продават