Кожна болест - Vitiligo

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од jasmina19, 12 март 2009.

  1. Калипсо

    Калипсо

    Член од:
    22 февруари 2008
    Мислења:
    1.648
    Допаѓања:
    41

    Ај ѕирни на овој линк. Со среќа !
  2. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR Негативниот

    Член од:
    8 јануари 2009
    Мислења:
    2.823
    Допаѓања:
    734
    Хмм... па нели витилиго е рак на кожа ?
  3. Zona Pelucida

    Zona Pelucida Тhe enlightened one

    Член од:
    20 декември 2008
    Мислења:
    946
    Допаѓања:
    285
    Ne tuku se podlozni na rak na koza.
  4. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    4.857
    Допаѓања:
    6.911
    Ама тоа не е сеуште потврдено.

    Инаку лек за витилиго има,но не кај нас.Од минатата година е увезен во Србија.Лекот се вика мелагенин плус.
    Познат кубански лек против болеста витилиго,односно депигментација на кожа.Лекот е добиен од од човечка плацента и на основа на клиничките испитувања во Куба се покажал како успешен кај 84% од случаите.
    линк:http://www.mtsmondo.com/lifestyle/cars/text.php?vest=105637
    За повеќе информации за лекот прогуглајте.
  5. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR Негативниот

    Член од:
    8 јануари 2009
    Мислења:
    2.823
    Допаѓања:
    734
    Како и самата што кажа 84 % лечи значи пак не е баш ефикасен витилиго е наследна болест и е природна а чим е природна против природата не се може
  6. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    4.857
    Допаѓања:
    6.911
    Погрешно си разбрал......пишува дека помогнал кај 84% од случаите,а не дека лечи со 84% сигурност:smir:
    п.с.Не сум кажала јас,туку тие што вршеле испитување.Само го преведов текстот од српски на македонски има и линк,а и гугл за повеќе информации за лекот:smir:
  7. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR Негативниот

    Член од:
    8 јануари 2009
    Мислења:
    2.823
    Допаѓања:
    734
    Незнам ја тоа мислам не сум заболен витилиго (да чукнам во дрво) ама колку сум ја информиран мислам нема лек
  8. marijamare

    marijamare

    Член од:
    16 декември 2008
    Мислења:
    294
    Допаѓања:
    59
    Ja imav isti takvi fleki ( gi zakaciv od bazen).mi preporacaa shampon Oronazol (ili Orongazol ne sum sigurna tocno) i krema Ekalin ili sprej Ekalin ama sprejot e podobro. Se koristi dva pati dnevno taka sto se tusiras so shamponot i pri toa treba ubavo da tries na mestata kaj sto ti se flekite se dodeka ne pocrveneat, potoa treba da ostavish 10-15 min da dejstvuva, a potoa ubavo da se isplakne, samo vnimavaj vodata ne smee da ti bide mnogu topla. Odkoga kozata ke ti bide sosema suva se macka od kremot ili se prska od sprejot a potoa se razmackuva. Odkako ke namackas od kremot ili sprejot pocekaj so oblekuvanjeto 10-15 min za da ne go izbrises so oblekata. Mene mi pomogna, megutoa otkoga ke izceznaa flekite go koristev uste 2-3 nedeli. Imav probano se i sesto samo ova mi pomogna ama bev mnogu uporna, a upornosta se isplati.
    Dodeka go pravev seto ova mi zabranija da jadam mrsna hrana, testenini, soncogled, cokolado, cigari i kafe, alkohol,i gazirani pijaloci, i mi zabranija da se potam ( duri mi napisaa i opravdanie za na fizicko za cela godina da ne vezbam :) ). Ne deka seto od ova voopsto ne go jadev, piev, ama izbegnuvav kolku mozam. Se nadevam deka ke ti pomogne nesto od ova. Pozdrav.

    Tuku luge ja imam eden problem. Imam po teloto golemi kafeavo-crni ispaknati bebemki. Site na pamet si gi znam megutoa edna vecer mislejki deka e mozolce na grbot sum stiskala edna od niv deka bese ispaknata kako mozolce sto imaku ne se bas takvi. Koga se osvestiv deka e mozno da e bemkata prekinav.Naredniot den i nataka se bese ok, a posle nedela dena otprilika osekav deka me cesa, a na dopir me boli kako da e potkozno mozolce. Da vi kazam mnogu se plasam deka kako mala me ucea da ne gi cepkam bidejki od toa mozelo da nastane rak. Aj ako nekoj nesto znae neka pise pls.
  9. Rukita

    Rukita

    Член од:
    24 мај 2009
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    2
    Доколку некој има бели флеки неколку некаде низ телото не мора да значи дека е витилиго поради тоа што флекиоте од витилиго кај секого се појавуваат на истото место, флеките се појавуваат на зглобовите на нозите, на зглобовите на рацете, на вратот една, околу устата, околу оците, на брадата, на лактите, на колената, на грбот една, подмисшки, на прстите, на стапалата одозгоре, на препоните ... исто така не мора да значи дека е наследно витилигото , точната причина за појавување на витилигото е многу комплексна и сеуште не е потполно разјаснета. никој не може да утврди за што точно станува збор дали е генетски или е настанато од сосем други причини како на пример од емотивен стрес кое е едно од теориите за причината за појавување на витилиго. Друго да додадам: ВИТИЛИГОТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ИЗЛЧОЖЕНО НА ЈАКО СОНЦЕ! Кожата се вцрвенува многу доколку сте изложени на сонце без на вас да има крема за сонце фактор 30 минимум, а тоа не е добро поради тоа што витилигото е подлежно на рак, тој дел од кожата е без пигмент и е многу ранлив. Знам повеќе за витилигото од колку што знам за себе го имам на себе 15 години, доволно за да го проучам цело , доволно да знам многу повеќе од сите останати кожни доктори во Македонија, изначитана сум многу изнаслушана исто, живеам со него и никој нема да ме убеди дека знае повеќе од мене за нешто што е дел од мене 15 години.

    Инаку ќе се надоврзам на муабетот за Мајкл Џексон.
    Мајкл Џексон имаше витилиго. На почетокот му испаднаа на рацете времето кога го промовираше Трилер и на концерти беше цело време со нараквици за да не се гледа. Потоа кога почна да му се шири направи пластична операција која му овозможи да го изгуби пигментот на целата кожа (го забрза процесот на ширење на витилигото) и затоа беше бел. Доколку имате гледано скеаде каде што е на сонце надвор тој носеше чадор огормен со него СЕКОГАШ. На крај неговата смрт беше предизвикана од пресилни лекарства кој ги примаше за скршениот колки и за РАК НА КОЖАТА.
  10. porecanac

    porecanac

    Член од:
    23 октомври 2009
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Znaci vaka i jas imam vitiligo :) jbg toa e mi se pojavi pred nekoj mesec pred toa nekoj mesec imav golem stres nervoza i najverojatno e toa pricinite, taka da do sega ne sum staval nisto i ne sum probal so nikakvi kremi. Sakam da znam dali nekoj se izlecil i da mi predlozite nesto. Pozdrav
  11. stela*

    stela*

    Член од:
    11 ноември 2009
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    i jas imam vitiligo , se rasiri nasekade,na liceto na racete na teloto od edna tocka celo telo,me umre me unisti jas ne sum jas
    koga pravam muabet so nekogo ne me slusa tuku mi gleda vo flekite
    ili me sozaluva
    ili ne me ceni
    ova e prokletie deka site vikaa deka sum mnogu ubava,ha sega da me vidat sarena....
    grozno
    ni jas ne se sakam poveke,samo nejkam da im go ostavam na generaciite posle mene,sekoj den ziveam so strav da ne mu se pojavi na moeto detence....
    i sto da pisam site sto imaat veke znaat....
  12. Lucifer Sam

    Lucifer Sam

    Член од:
    31 август 2008
    Мислења:
    1.846
    Допаѓања:
    809
    Чим така поминало не е витилиго. Да поминуваше витилигото со едно шампонче и со нејадење мрсно немаше кај мене да треба 11 години за ДЕЛУМНО да се повлече. И витилигото не се „закачува“ на базен. Не е тоа бактерија или вирус. Туку еден вид хронична болест на кожата.


    Јас воопшто не го сваќам витилигото како моја мана или нешто што може да ми претставува пречка во животот.

    Кој ги ебе тие што ми гледаат во флеките. Едно време ме нервираа, после тоа почнав да ги зезам и да им правам да поцрвенуваат од срам ради тоа што не можат да си го контролираат очите, а сега веќе не се ни замарам каде им се очите.

    Јас кога зборам со некого го гледам директно во очи, а он нека гледа кај сака.
  13. marijamare

    marijamare

    Член од:
    16 декември 2008
    Мислења:
    294
    Допаѓања:
    59
    Добро ја незнам точно за која кожна болест стануваше збор кај мене, мислам дека беше нешто габично, незнам, ама целата процедура со кремот и спрејот траеше околу 7-8 месеци, а претходно ги имав околу 4-5 години и користев разни креми и не ми помагаше ништо само ова ми помогна и оттогаш веке 8 години немам флеки.
  14. UniqueGirl

    UniqueGirl Гостин

    Многу ми е жал кога ќе прочитам вакво нешто.. :(
    Зашто да имаш комплекс на нижа вредност ради некојси небитни ликови во твојот живот.
    Инаку имав ко помала..неколку на ногата, не беа приметливи.
    По ова што го прочитав најверојатно се работи за витилиго.
    Не подлежев на никакви третмани со тек на времето сами се повлекоа..
    Некогаш..(на пролет ми се чини) се случува онака да ми се појавува на делови на ногата, а дури и да ми се појави на лицето нема да ми биде битно, ќе се помирам со тоа. :smir:
  15. porecanac

    porecanac

    Член од:
    23 октомври 2009
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    jas vo mometnov koristam elidel 1% cream go naracav od germanija pa ke vi kazam dali funkcionira. sakam da mi kazete dali nekoj probal so toj bilkarot od resen naume sto dava nekoja ishrana 2 nedeli sto da se jade???

Сподели преку: