Клиничка смрт

Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
5-10 минути. После тоа мозокот умира.
Откако мозокот ќе престани да функционира , оживување (со нормална постапка) без оштетување на мозокот е успешно до 3 минути.
Ама мозочните клетки умираат неколку сати откако мозокот ќе престатни да работи, па со користење на посебни третмани при оживување можи да се оствари без оштетување на мозокот дури после 20+ минути.
 

D&E

Член од
15 февруари 2009
Мислења
87
Поени од реакции
1
А никако не можам да сфатам оние што пишале за некоја што се разбудила в гроб, ова она. Л'жги со опашки. :nesvest:
Toa e болест! Само заборавив како ибеше правиот назив! Ке се потрудам да најдам.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Чудна ми е приказната за таа девојката што откако докторите наводно сфатиле шо напрајле,решиле да ја откопаат.
Прво како што прочитав во постовиве, а и имам читано и на други страни за ова, клиничката смрт може да трае некаде од 5 до 10 минути максимум. Е, сега за да ја закопаат девојката со сите почести ваму таму потребно е повеќе време,а не 5 или 10 минути.
И што уствари сфатиле докторите откако ја погребале девојката? Дека таа имала клиничка смрт?
Не верувам баш во приказнава, освен ако тоа не било некое натприродно чудо па девојката оживеела,ама не можела да излезе од ковчегот, а богами и да се крени од два метра под земја...
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
А никако не можам да сфатам оние што пишале за некоја што се разбудила в гроб, ова она. Л'жги со опашки. :nesvest:
За епилепсија немаш слушнато?

Баш гледав Рипли пред некое време, во една епизода кажуваа како порано ги закопувале луѓето што не биле мртви, т.е. имале епилептични напади, а технологијата тоа време не била усовршена, па да знаат што му е...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Јас шо имам најмногу слушнато е ~30 минути. На документарец гледав на Discovery за некоја шо се удавила и после 30тина мин ја реанимирале.
Зависи од многу фактори како на пример: околната температура, возраста, здравствената состојба...

Инаку да појаснам клинична смрт е кога срцето не пумпа и нема дишење. Не мора да значи дека мозокот не работи те дека има мозочна смрт ко што некои претходно навеле. Мозокот функционира уште некое време иако изменето (научно е докажано со ЕЕГ). Од медицински аспек светлото од крајот на тунелот и сличните вакви искуства се препишуваат токму на видоизменетата работа на мозокот.
Секоја смрт започнува со клинична и продолжувва со биолошка. Ако човек од клинична смрт може да се врати во живот од биолошка не може. Биолошка смрт претставува иреверзибилен динамичен процес на материјално разградување на клетките (има етапи: пикноза, рексис, лизис....)
Биолошка смрт не настапува во сите ткива истовремено и е динамичен процес. За мозок биолошки измени се набљудуваат по околу 5-7 минути (различни автори различно кажуваат), за други ткива е и по неколку часа. Да поаснам мозокот не умира после 5-7 минути (3-15) туку процесот на биолошка смрт започнува.
Ние сме навикнати на смртта да гледаме како состојба, а не како на процес па затоа некои работи ни се потешки за разбирање. Со оваа тема се бави науката танатологија. Се надевам дека помогнав со разјаснување на некои работи.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Зависи од многу фактори како на пример: околната температура, возраста, здравствената состојба...

Инаку да појаснам клинична смрт е кога срцето не пумпа и нема дишење. Не мора да значи дека мозокот не работи те дека има мозочна смрт ко што некои претходно навеле. Мозокот функционира уште некое време иако изменето (научно е докажано со ЕЕГ). Од медицински аспек светлото од крајот на тунелот и сличните вакви искуства се препишуваат токму на видоизменетата работа на мозокот.
Секоја смрт започнува со клинична и продолжувва со биолошка. Ако човек од клинична смрт може да се врати во живот од биолошка не може. Биолошка смрт претставува иреверзибилен динамичен процес на материјално разградување на клетките (има етапи: пикноза, рексис, лизис....)
Биолошка смрт не настапува во сите ткива истовремено и е динамичен процес. За мозок биолошки измени се набљудуваат по околу 5-7 минути (различни автори различно кажуваат), за други ткива е и по неколку часа. Да поаснам мозокот не умира после 5-7 минути (3-15) туку процесот на биолошка смрт започнува.
Ние сме навикнати на смртта да гледаме како состојба, а не како на процес па затоа некои работи ни се потешки за разбирање. Со оваа тема се бави науката танатологија. Се надевам дека помогнав со разјаснување на некои работи.


Браво бе машко.
Е ај разјасни ни што е тоа ТАНАТОЛОГИЈА баш ме интерисира тој процес на смртта!!
 

DaN-MaN

Warlock
Член од
1 февруари 2007
Мислења
491
Поени од реакции
3
Дај некој форумџија да се најде што доживеал клиничка смрт па да каже убаво, не иде вака... :toe:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Браво бе машко.
Е ај разјасни ни што е тоа ТАНАТОЛОГИЈА баш ме интерисира тој процес на смртта!!
Танатологија не е процес туку наука што се занимава со проучување на сите аспекти на смртта. Името е од Танатос старогркиот бог (персонификација) на смртта.

Дај некој форумџија да се најде што доживеал клиничка смрт па да каже убаво, не иде вака... :toe:
Моето дожививање не ти се бендисува ? :toe:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
2
Баш пред некој ден зборував со мама, ми кажуваше за прабаба ми - умрела, организирале се за погребот. И требало секоја ќерка да и облечи по нешто... и сите пристигнале, само најстарата ќерка фалела да и облечи кондури... Баш кога пристигнала и таа, прабабава отворила очите... И после им кажувала како влегла во некоја градина, ја запознала мајка и што умрела кога имала 2месеци, сретнала некоја пријателка и пријателкава и рекла дека не е уште за таму, нема ни кондури на себе и дека таа и ги чува децата (што и умреле како многу мали)... После тоа живеела уште десетина години...
 

any

Член од
23 мај 2009
Мислења
22
Поени од реакции
10
zboris za katalepsija
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Пред нешто повеќе од 15 години бев на одмор во Струга со моите родитеи. Тогаш бев мал и незнаев а пливам ама ми беше ќеф онака да се праам дека знам и си шлапкав во плиткото. И додека така се глупирав се сопнав од еден камен, ме покри бран и се најдов под вода. Пробував да излезам од под водата ама неможев и убаво се наголтав вода. Потоа станав и тргнав кон брегот ама веќе беше доцна. Имав вода во белите дробови и не можев да дишам. Почна да ми се стемнува пред очи и да ми се врти во глава и некако ми изгледаше природно да се предадам. Чувството не можам да го опишам баш ама беше некако силно.НА почетокот ме опфати паника ама потоа чувствував нешто како блаженство, ми беше убаво. Незнам дали срцето ми работеше или ми беше престанало. Дека не дишав не дишав тоа е јасно. Наредно нешто откако сум паднал во клинична смрт а на што се сеќавам е извор на светлина, кои некој би го нарекол светлина на крајот на тунелот. Незнам дали тоа е мистично доживување блиску до смртта. Често се прашувам. Можеби светлата точка која ја гледав едноставно беше дел од сончевата светлина која пробила преку клепачите. Незнам некако ми е илузивно сета тоа. Инаку братот на една моја другарка исто бил во клинична смрт подолго од половина час. 45 минути ако не се лажам. Сепак го спасиле лекарите. Тоа се случило непосредно откако се родил па тоа е олеснителна околност. Немал никаква срдечна активност, а и не дишел. Сега е здрав и жив.
Тој ефект на Блаженство го опишува Достоевски во Идиот каде главниот лик е болен од епилепсија т. е тие елементи се авто биографски зошто и самиот Достоевски болувал од епилепсија. Не велам дека тебе ти се случило тоа но сигурно си доживеал слична или приближна состојба на неа. Крајот на тунелот... многу добра книга за патувањето на душата после смртта има отец Серафим Роуз кој живеел во Америка, во таа книга ги има опишано посмртните искуства на голем број луге има дадено пример на човек кој бил 36 часа во клиничка смрт , пример на човек каде душата астрално му се подигнува од телото после сообракајна несрека и гледа како докторите во операционата сала се обидуваат да ми го спасат животот како го опфатило чуство на паника зошто никој не можел да го чуе од докторите напразно викал и зборувал...после неколку минути се вратил во живот...
 
Член од
16 април 2009
Мислења
55
Поени од реакции
6
jas znam za eden moj drugar koj sto odese na planinarenje, no pred sest meseci koga bese na planinarenje so drustvo se razdelil od nivo okolu cetiri casot popladne i mu se gubi sekoja traga. po dva dena potraga go naogaat vo edna dolma prekrien so sneg go nosat vo bolnica i konstatiraat smrt i se ceka uste na obdukcija. pa koga trebalo da se izvrsi obdukcija toj si stanuva onaka normalno kako od spienje site se se sokirani. nikoj ne moze da objasni sto se slucuvalo so negoviot organizam od momentot koga "umrel" do koga se razbudil. e sega neznam dali ova spaga vo klinicna smrt ili sto e

a posle ova negoviot tatko koj sto raboti vo amerika prasal nekoj doktor za slucajov i doktorov mu vika deka toa e mozno i deka mozokot vo toj slucaj dava "naredba" na organizmot za ignoriranje na studot i gladot vo slucajov i "potrosuvackata" na organizmot se sveduva na minimalno.organizmot funkcionira onolku kolku sto e potrebno vo toj moment i deka toa e tolku malu da nemoze da go zabelezat nitu najosetlivi aparati. toa se slucuvalo eden na sto milioni
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Воскресението и клиничката смрт - најголеми тајни
Верувањето во живот по смртта, како и феномените поврзани со тоа верување, остануваат интрига за која, без сомнение, уште долго ќе се дискутира

Иако за искуствата на блиска смрт е многу зборувано, таквите случаи се' уште фасцинираат и ја тестираат границата на човечкото спознавање. Вечната тема за тоа што се случува по смртта е се' уште отворена. Секоја религија има сопствено објаснување, иако во заклучокот секогаш станува збор за вечниот живот, се вели во написот што го објави хрватски „Дневник“. Меѓутоа, само една личност, според верувањето на Христијаните, ја преминала таа граница и е вратила назад да сведочи. Станува збор за Исус Христос. Феноменот на воскреснувањето е прв пат опишан во Евангелијата. Во Новиот завет, апостолот Павле прв сведочи дека распнатиот не останал во смртта, туку дека по своето воскреснување третиот ден во повеќе наврати им се прикажал на сведоци. Евангелијата сведочат за прикажувањата на воскреснатиот Исус, но и за празниот гроб.
Од Исусовото воскресение христијаните го изведуваат и сопственото воскресение. Од друга страна го имаме феноменот на блиска смрт или т.н. клиничка смрт. Повеќето научни заедници ги опишуваат таквите искуства како некаков вид халуцинација т.е. производ на последната мозочна активност. Истражувачите на паранормалното и некои експерти сметаат дека станува збор за потврда за животот по смртта. Интересот за овој феномен се зголемил по објавувањето на сега веќе култната книга „Живот по животот“ на д-р Рејмонд Муди, во која се опишуваат серија такви случаи на кои заеднички им се некои слични или речиси исти искуства на личности што никогаш не се сретнале. Потоа биле објавени резултатите од серија студии и истражувања, а темата била начната и со холивудскиот филм „Тенка линија на смртта“, во кој група студенти се обидуваат да се доведат во состојба на клиничка смрт.

СВЕСТА ПОСТОИ И ПО СМРТТА

Медицинското објаснување на искуствата на блиска смрт се доведува во врска со лачењето ендорфин во мозокот, со што науката ги објаснува сите оние познати сцени за кои зборуваат луѓето што проживеале такво нешто. Таквата состојба стручно се нарекува автоскопија. Меѓутоа, станува збор за транскултурално искуство што го доживеале луѓе од разни страни на светот и од разни култури. Постојат и некои школи за јога во кои практикантот може да се доведе во слична состојба. Статистиката покажува дека дневно во светот се забележуваат 774 такви случаи. Сето тоа говори дека свеста веројатно продолжува да постои и по смртта.

- Во заднината на искуствата на блиска смрт постои нешто што се нарекува трансцеденција, а тоа можеме да го разбереме само ако прифатиме дека ова наше знаење не е единственото што постои. Самата појавност не е толку важна зашто се остварува и во ситуација на воскреснување и во рамки на искуствата на блиска смрт. Како психијатар, научник но и верник сметам дека кај таквите случаи сепак се открива некаква духовна димензија на нашето постоење. Иако конечната перцепција на тоа доживување се разликува од личност до личност, сметам дека на личноста што доживеала такво искуство може да и' помогне во сфаќањето на другите димензии на животот - вели психијатарот Владимир Груден.

ДВА РАЗЛИЧНИ КОНЦЕПТА

Воскреснувањето е теолошки, а клиничката смрт е медицински поим, па е можеби тешко да се направи споредба. Меѓутоа, единствениот момент во кој е документирано што се случува по смртта се искуствата на луѓето што го доживеале тој феномен. Од една страна имаме искуство на воскреснување доживеано од само еден човек, а од друга страна имаме искуство на блиска смрт доживеана од стотина луѓе. Но дали таквите искуства имаат некаква поврзаност со воскресението или станува збор за дијаметрално спротивни концепти?

- Концептот на воскреснување е поинаков. Исус се враќа во своето тело, што отскокнува од концептот на духовни контакти по смртта. Воскресението е единствено искуство зашто никој освен Исус не го доживеал, а тоа што е единствено не може да се споредува. Дури ни Христовото заминување во повисоките сфери не е јасно прикажано и сето тоа е мошне магловито. Догмите стари 2.000 години тешки се за дешифрирање и тука акцентот е пред се' на верувањето, зашто на крајот на краиштата станува збор за верата - вели Драго Плечко, хрватски истражувач на граничните области на науката.Груден, пак, смета дека разликите и не се толку големи и дека се' е работа на лично искуство.

- Иако воскреснувањето е работа на верата, верникот мора да се обиде да го доживее Господ директно, а не преку посредници. Бог е еден и него треба директно да го спознаете, така што и покрај различните концепции што ги даваат различните вери, станува збор за истото битие. Науката исто така мора да открива нови методологии, а некои од нив се и духовноста, емпатијата и спонтаноста. Тоа е единствениот начин да се оди во чекор со времето и да се објаснат таквите работи зашто нивната појава е недвојбена - вели тој.

ИНТРИГИ

Угледниот католички теолог, писател и предавач Адалберт Ребиќ дал свој поглед кон оваа проблематика. Смртта е дефинитивен настан во човечкиот живот, таа е реалноста на преминот од овоземскиот кон вечниот живот. Смртта е нешто што спаѓа во самиот сакрамент, премин во друга реалност во која човек може да влезе само со своето преобразено тело. Станува збор за тоа дека библиската антропологија не е дуалистичка и гледа на човекот како на целина, значи тело, душа и дух. Таа го спротивставува телесното битие на духовното, па на тој начин воскреснатото тело се воздигнува над се' што е физички. Така во Божја смисла човекот се реализира по продуховената телесност што нема физички компоненти. Тоа би можеле да го наречеме обновена личност зашто во воскресението се создава се' ново - вели тој.Верувањето во живот по смртта, како и феномените поврзани со тоа верување, остануваат интрига за која, без сомнение, уште долго ќе се дискутира. Концепциите и терминологиите можеби се разликуваат, но на оној што ја бара вистината не му преостанува ништо друго туку да се обиде да си ја објасни целта на животот преку сопствените искуства и осознавања.

извор- Дневник
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
3
Поени од реакции
1
Па кога би се престанале тие селски традиции дека човекот се закопува наредниот ден откако ке умре би се избегнале многу такви "морничави случаи". Клиничката смрт е медицински добро објаснена за да се поврзува со некои надприродни појави. Една од реалните теории е дека таа крв што ја има во мозокот е доволна за минимална функција и со оглед на тоа што се се контролира со нерви (срцето има своја инервација ама не работи сама) нормално е да се активира и срцето од некој нервен импулс и човекот да се разбуди во гробот =)
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Одсекогаш ме интересирал овој феномен на клиничка смрт.
Луѓето откако доживеале клиничка смрт повеќе го ценат животот! Сум читал дека многу атеисти што доживеале клиничка смрт отпосле станале верници :)
Други започнуваат да работат за хуманитарни организации. Стравот од смртта се намалува или исчезнува и општо здравјето се подобрува.
Почнуваат да го живеат животот со полна пареа, да создаваат врвни дела во разни творечки области, се зголемуваат интуицијата, оптимизмот, хуморот, им простуваат на некои на кои се зарекле дека никогаш нема да им простат. Самоубијците во тие мигови доживуваат ретроспектива на животот и имаат чувство дека одат во пекол, а по преживувањето започнуваат да го ценат животот. За разлика од постарите, децата кои доживуваат клиничка смрт најчесто гледаат живи деца, наместо мртви личности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom