Ауу, ме наеживте со постовиве.
Ве прочитав само до втора страница и ме заинтересира, ама немам многу време, уште малку одам на ручек, а и на MSN нешто ме тормозат...
Ме изненадивте, многу сте знаеле за ова, сите различно, ама многу научив, фала ви.
Јас не верувам во "живот после смртта", "воскреснување на духот" и слични глупости, ама клиничка смрт постои, но тоа не е смрт бидејќи од смртта нема назад, само некој начин на заспивање, како што кажавте погоре, како кратка кома нешто, не дека се разбирам, ама логично е, нели?
Пууу, кај отиде здравството, јас ич не им верувам на докториве, жива, здрава ќе ме прогласат за мртва.
И јас како
СпаЈдеР сакам со мобилен да ме закопаат, за секој случај, сешто се случува во денешно време.
Ај поздрав, бегам сега, друг пат ќе дочитам, се заинтересирав.