Кајганџиска фудбалска пресметка! [пријавување]

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Момци,

Дојде и тој ден, конечно да изиграме асална партија фудбал без да ни сметаат локалните копиљаци - на поголем терен од вообичаеното ракометно игралиште. На ваше барање, го резервирав игралиштето кое се наоѓа до помошниот терен на Ф.К Работнички (во Градски Парк - Скопје), кое е со драстично поголеми димензии од тоа што сме навикнати и со прилично големи голови (можеби за нијанса помали од вистинските).

Тука се игра 8х8 и верувајте дека ќе требаат барем по 1-2 измени во секој тим. Затоа ве охрабрувам да се пријавиме што помасовно поради неколку причини:
- Да имаме измени;
- Да не се случи некој да заебе па да немаме доволно играчи;
- Да ги поделиме подобро трошоците;

Кога сме кај трошоците за ова задоволство, теренот за 1 час чини 2.500 денари. Што значи дека ако сме точно 16 души ќе платиме по 156 денари од човек, а ако сме 20 ќе платиме по 125. Што е ништо во споредба со задоволството да се игра на големо теренче.

За тие што си планираат да земат копачки додека го читаат текстов - стоп! Имајте на ум дека се игра на вештачка трева, па нема да имате никаков проблем со лизгање доколку играте со нормални патики за фудбал. Ако играме со копачки само ризикуваме сериозни повреди, затоа што сигурно нема да носиме костобрани...

Поканети се и останатите љубители на фудбал да ни се придружат во публика, затоа што теренот има и трибина.

За сега, пријавени се:

1. @Acid
2. @whysoserious?
3. @Stefan-kobe
4. @wiksa
5. @NomoregameS
6. @Чичко Кумплунг
7. @TheWhiteMamba
8. @Cthulhu^
9. @El_Matocho
10. @ЅОНЕ
11. @.Sky.

Изјавија интерес, но не се сигурни:
@Marjan-MiKi
@Инкогнито Original
@bookfan
@Kaiser

Би сакал најдоцна до утре да бидете ДЕФИНИТИВНО СИГУРНИ дека доаѓате, да не ни се случи некој заеб во последен момент. Списокот се билда се до максимум 20 играчи и потоа се затвора.

Значи уште еднаш:
- Недела, 19:40 часот;
- Теренчето со големи голови до помошниот стадион на Работнички во Парк;
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Одлично :) конечно добар терен


Значи сигурно доаѓам јас и пријавувам уште еден сигурен играч кој ќе дојде во недела мој другар. :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Одлично :) конечно добар терен

Инаку пријавувам јас уште еден сигурен играч кој ќе дојде во недела мој другар. :)
Ве молам да бидете педантни и да го апдејтувате соодветно списокот при пријава!
1. Acid
2. whysoserious?
3. Stefan-kobe
4. wiksa
5. NomoregameS
6. Чичко Кумплунг
7. TheWhiteMamba
8. Cthulhu^
9. El_Matocho
10. ЅОНЕ
11. @.Sky.
12. Другар на .Sky.

Исто така, кога ќе се навршат пријавените, мислам дека е подобро да направиме поделба за таму да не губиме време. А и за подобро да си се договорат тимовите што ќе играат, да се држат под конец околу доаѓање и тн... Нормално, ќе треба да се договорат и за бојата на дресовите :)
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.845
Конечно, супер! Потврдувам присуство, ваков настан никако не смее да се пропушти! Иако морам да признаам дека ама ич не ми се свиѓа забраната за копачки.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
Теренов е перверзии, ајде пријавувајте се уште 7-8 души да направиме 20ка и да изиграме добар фудбал. :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Конечно, супер! Потврдувам присуство, ваков настан никако не смее да се пропушти! Иако морам да признаам дека ама ич не ми се свиѓа забраната за копачки.
Знам дека ти е мерак, ама ајде да бидеме реални... Знам дека сакаш копачки, ама некој може да настрада. Дури и ако ти си 100% сигурен дека нема да играш опасно, знаеме дека може да се случат и сосема случајни „копања“ кога најмалку се очекува :(

Не е забрана, туку препорака од срце :)

Теренов е перверзии, ајде пријавувајте се уште 7-8 души да направиме 20ка и да изиграме добар фудбал. :)
Башка, ќе играме на рефлектори! :vozbud:
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сум играл на теренов.
Одлична подлога, треба многу движење (дури и за голман), имајте предвид дека подлогата е малку побавна.
Од друга страна има простор за перверзии од солирања и одлични проигрувања.
Првиот пат, јас лично, имав проблем да се навикнам на широчината на голот, но набрзо се` бидува.

Оваа недела не сум во Скопје, инаку би ви се придружил, иако непоканет :D.
До некој следен пат, ви посакувам да се соберете и да напраите одлична партија.
Ај создравје :)
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Јас длабоко се извинувам, ама во недела нема да можам да присутвувам на спектаклот :)
Цел викенд нема да сум во СК, се прибирам во недела, не знам точно кое време, па затоа на време да ви кажам да не сметате на мене :)

п.с. Ако имам луфта ќе поминам да ве sирнам, да видам со какви квалитети располагате :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Јас длабоко се извинувам, ама во недела нема да можам да присутвувам на спектаклот :)
Цел викенд нема да сум во СК, се прибирам во недела, не знам точно кое време, па затоа на време да ви кажам да не сметате на мене :)

п.с. Ако имам луфта ќе поминам да ве sирнам, да видам со какви квалитети располагате :D
Ја апдејтувам листата тогаш :)

1. @Acid
2. @whysoserious?
3. @Stefan-kobe
4. @wiksa
5. @NomoregameS
6. @TheWhiteMamba
7. @Cthulhu^
8. @El_Matocho
9. @ЅОНЕ
10. @.Sky.
11. Другар на .Sky.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ауч, да најавеше побрзо бе Мац... ми напрај склети сеа.. а ќе бранев ко Касилјас :pipi:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ауч, да најавеше побрзо бе Мац... ми напрај склети сеа.. а ќе бранев ко Касилјас :pipi:
Најавено беше уште од минатата недела, ама од кај да знам дека и ти си кандидат... :)
Играме секоја недела, имај во предвид за следната и прати ја темава :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom