kapetan
Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
- Член од
- 4 октомври 2008
- Мислења
- 966
- Поени од реакции
- 535
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
ЗАШТО ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ ?????
а. ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КВАЛИТЕНО ОРГАНСКО ЃУБРИВО
б. ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРОТЕИНСКО БРАШНО.
в. ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНA
Вовед
- Пред 5000 год. старите Египќани знаеле за црвите. Со нивните закони најстрого забрането било изнесување црви од долината на реката Нил, бидејки тајната на плодноста на тој крај била врзувана со голема концентрација црви во речните наноси на реката Нил.
- Многу векови подоцна еден од најголемите научници Чарлс Дарвин повеке од 40 години ги проучувал црвите и прв напишал до денес најкомплетна студија за нив. Во неа изведува едноставен заклучок дека ‘‘ Сета родна земја во целиот Свет повеке кратно поминала и ке поминува низ утробата на црвите ‘‘ и констатира дека црвите во природата во тек на една година преработуваат и исфрлаат 4 кг. хумус на квадратен метар (или 40 тони на хектар). И уште констатира дека во природата не постојат други животни кои во историјата на Светот одиграле толку важна улога каква што одиграле црвите во создавање на хумусот, како основна компонента од кого завивиси основната човекова егзистенција. - храната -
- Особината да прават хумус е искористена од човекот за производство на органско ѓубриво
Еден од начините да се поврати квалитетот на веке деградираните почви е исфрлање од употреба на вештачките ѓубрива и користење органски ѓубрива
Една од главните предности на биохумусот е големиот процент на органската материја во него, со која ја поправа структурата на почвата и ја зголемува плодноста на почвата
Одржив развој е нова, општо прифатена концепција која се темели на раст кој нема да го надмине капацитетот на природата во целина, а тоа значи да живееме со природата а не да земаме повеке отколку што може земјата да даде. Има многу начини и програми како да се постигне принципот на одрживост во сите сегменти од човековите дејности. Еден од нив е производството на храна и наречен е одрживо земјоделие. Како дел од одрживото е органското земјоделие.
Основна предност на органското земјоделие е производство високо вредна и здравствено безбедна храна која ке биде извор на здравјето на луѓето и животните. Познато е дека многу болести на современиот човек доаѓаат од неправилна исхрана и употреба на загадена и здравствено неисправна храна. Втора предност на органското производство е зачувување и заштита на животната средина така да оставаме чиста почва, вода и воздух за наредните генерации.
ЕДНО ОД НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ ОРГАНСКИ ЃУБРИВА ВО ПРИРОДАТА Е ЃУБРИВОТО ДОБИЕНО СО ПОМОШ НА КАЛИФОРНИСКИТЕ ЦРВИ
А. ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКО КВАЛИТЕНО ОРГАНСКО ЃУБРИВО
Со помош на калифорниските црви се прават повеке ѓубрива (во цврста и течна состојба )
Биохумусот е арско ѓубре преработено од калифорниски црви.Преработката трае една год.
Од биохумусот со екстракција на микроорганизмите и макро и микро елементите со посебна технологија се добива течно ѓубриво, ‘‘ БИОФЛОР ‘‘ кое се користи во системите капка по капка и фолијарно
Биохумусот од просечен квалитет содржи: 11 пати повеќе калиум, 5 пати повеќе азот 3 пати повеќе магнезиум, и 7 пати повеќе фосфор од арското ѓубре.
ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ ПОЧВАТА
- Биохумусот ја поправа структурата на почвата, и врши биомелиорација на истата.
- Големиот број на микроорганизми со своите ферменти вршат оживување на почвата, и ја зголемуваат нејзината плодност.
- Ги стабилизира изворите на азот од сите врсти ѓубрива и почви.
ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ РАСТЕНИЈАТА
- БИОХУМУСОТ ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата.
- Растенијата контролирано го користат азотот, постигнуваат природна рамнотежа и конечно содржат 75% амонијачен и 25% нитратен азот што е сон на секое растение.
- ( Нитратите во поголеми количини се штетни за луѓето и растенијата )
- Микроорганизмите го стимулираат растот и развојот на растенијата, и ја зголемуваат отпорноста на растенијата кон сите видови болести, суша и мраз.
- Растенијата имаат поздрав и побогато развиен коренов систем, поголем број
- листови и крошната им е пополна.
- Растенијата се поздрави и наездата на инсектите се намалува.
- Намален процент на измрзнување при екстремно ниски температури.
ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ ПЛОДОВИТЕ
ü Зголемен процент на витамин “ C “ во плодовите од 2-7 пати.
ü Приносите кај овие растенија се поголеми за мин. 20 %.
ü Плодовите се покрупни со поизразени бои и со поубав мирис и вкус.
ü Плодовите созреваат порано за 5-8 дена.
ü Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.
Квалитетот на биохумусот се гледа од една анализа на Земјоделскиот факултет во Торино.
АКО ИДНИОТ ОДГЛЕДУВАЧ ПОЧНЕ СО 10 ЛЕГЛА
v Инвестиции во првата година
- 10 легла калифорниски црви. x 100 евра = 1.000,00 евра
- ПВЦ фолија за легла . . . . . . . . . . . 80,00 евра
- Даска за леи за легла . . . . . . . . . . . . 100,00 евра
- Количка, лопата,вила ,гребло . . . . . . . 50,00 евра
- Арско ѓубре 10 тона х 18 евра = . . . . 180,00 евра
Вкупно трошоци на крај од првата година 1.410,00 евра
На крај од првата година имаме стабилизирани мин. 30 легла
Добивка од продажба на биохумус на крај од првата година.
- 6 тона х 250 евра = 1.500,00 евра
На крај од првата година имаме добивка од 90,00 евра
Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката се зголемува за 180,00 евра и на крај од првата година имаме добивка од 270,00 евра.
v Инвестиции во втората година:
- Набавка арско ѓубре 40 тона х 18 евра = 720,00 евра
- ПВЦ фолија за легла 100,00 евра
- Даска за легла 200,00 евра
Вкупно трошоци во втората година 1.220,00 евра
Добивка од продажба биохумус на крај од втората година
- 20 тона х 250 евра = 5.000,00 евра
На крај од втората година имаме добивка 3.780,00 евра
Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката му се зголемува за уште 720,00 евра и изнесува 4.500,00 евра
v Инвестиција во третата и наредните години :
1. ПВЦ фолија за легла 100,00 евра
2. Даска за легла 100,00 евра
3. Други трошоци: вода струја пп вреќи и др 400,00 евра
- Набавка арско ѓубре 100 т. X 18 евра = 1.800,00 евра
Вкупно трошоци на крај од третата година 2.400,00 евра
Добивка од продажба биохумус во третата и наредните години.
- 60 тона х 250 евра = . . . . . . . . . 15.000,00 евра
Добивка на крај од третата год. 12.600,00 евра