Каснувањата од крлеж се опасни!

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Мене ми се има закачено крлеж пред десетина година на Водно ама среќа го откривме истиот ден па го извади татко ми со пинцета така да немам последици.

Инаку во средна Европа ги има многу повеќе отколку во Македонија.

ПС. На моја позната ќерка и има добиено борелиоза од каснување на крлеж. Девојчето се маткаше 10 години по лекари додека да се открие болеста. Инаку и нема конкретен лек, само смирување на симптомите.
 
А

Адриано

Гостин
Крлеж се вади со бензин или со ракија!
му ставаш малце бензин за да ги изгориш пипците или ракија да го омалаксаш па да пушти!
Директно никогаш не пробувајте да го вадите оти можно е да го скинете телото а главата да остане во натре па после хирушки да мора да се извади!
Инаку главата ако остане продолжува да копа низ местото пак почнува да цица крв и пак регенерира само подлабоко!
Овоа ми го кажуваше еден комшија мој он чува ноеви и 2-3 пати има закачено по еден крлеж од нив!
и совет за тие што чуваат кучиња низ куќа ако забележат дека кучето има крлежи да го избањаат после ке го испрскате со спреј(се продава по земјоделски аптеки и ветеринарни станици и дуќани) и ке го врзете надвор за половина саат сите болви и крлежи само паѓаат од него и умираат наземја ваше е само да изметете на крај!
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Колку ми е страв од ова, брее.
Прво имам фобија од инсекти, второ ова плус опасно е, леле.

Немам искуство со крлежи, скраја да е, ќе умрам од страв.
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Колку ми е страв од ова, брее.
Прво имам фобија од инсекти, второ ова плус опасно е, леле.

Немам искуство со крлежи, скраја да е, ќе умрам од страв.
Не седи по треви, по паркови, и немаш гајле :)
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Мене ми се има закачено крлеж пред десетина година на Водно ама среќа го откривме истиот ден па го извади татко ми со пинцета така да немам последици.

Инаку во средна Европа ги има многу повеќе отколку во Македонија.

ПС. На моја позната ќерка и има добиено борелиоза од каснување на крлеж. Девојчето се маткаше 10 години по лекари додека да се открие болеста. Инаку и нема конкретен лек, само смирување на симптомите.
Терапија постои.
Целта на терапијата е спречување на болеста во секундарна и терциерна фаза.
Плус и голем број на антибиотици се активни in vitro кон борелиите.
Меѓутоа системското третирање со антибиотици на пациенти со убод од крлеж не е правило, единствено кај трудници, поради ризикот од инфекција на плодот.
Поентата е што болеста е мултисистемска, дава симптоматологија од многу органи и системи, па може да се предвиди, т.е да се помеша со многу други болести, па да лекуваме сосема погрешно.
Затоа и стои, дека веднаш по каснувањето на крлежот потребно е да се упатиме до специјализирана здравствена установа, каде ќе биде остранет правилно, и ќе се земе крв за серологија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
lajmska-bolest-1.jpg

...три дена после каснување на крлеж (доколку е инфициран), доволно време да се размножи пренесената борелија бактерија (48 ч - со инкубација до 7 дена), треба терапија истиот ден, кога се оди некаде на викенд се зема секогаш ,,прва помош,, што во завој, јод, антибиотик, антиалергик, затоа што временски ако брзо се реагира може воопшто и да не настапи болеста од инфициран укасан крлеж, симптоми знат да се појават и после месец дена или како касна фаза до година дена после инфекцијата.


lyme-dsiease-symptoms.png


... пренесување на борелијата може да се пренесе преку вагиналниот секрет т.е. преку сексуален однос, па партнерот нека се тестира исто, ако односот бил токму деновите после каснување од крлеж кога борелијата сеуште не била уништена од антибиотикот, па и од имуниот одгодговор на телото.


E4B87975-8BF6-4893-A57C-E7660C95D26B_1_105_c.jpeg 146959097-protect-yourself-against-ticks-lyme-disease-prevention-poster-human-skin-parasite-da...jpg


...со пинцета се извлекува полека главата во спротивен правец, ама не со вртење оти ќе се скине главата или ќе остане “устата со пипците“ внатре.


pravilno_otstranqvane_na_kurlezh.jpg otstranqvane_na_kurlezh_s_konec.jpg


... не е баш така дека крлеж го има „само по висока некосена трева“, на пример, пред некој ден кога пешачел по пат (асфалт), а околните дрвја крошните наведнати над патот и крлежот безобразно паднал одозгора и токму на вратот на еден кој секојдневно тренирал брзо пешачење, ни трева видел ни низ трева се движел.


51093192_wide-2ad886625dbffccb81fd733df766aaa98dbc7cd4.jpg S_0817_lyme-disease_C0031417.width-320.jpg


... крлежот најчесто се движи низ телото 20 минути додека одбере каде да го лоцира своето каснување, најчесто на меки места на телото, односно каде крлежот мисли дека ќе биде сокриен, затоа е важно преслекување на алиштата, туширање и преглед на телото.

347555-fb.jpg cdn.grove.wgbh.jpg


...мај 2023 година, над 15.000 луѓе биле вклучени во студијата што ја водел Технолошкиот универзитет Блекинге во Шведска „Студијата за вакцината“ сега била во тек повеќе од една година и испитаниците биле во фаза да ја примат својата трета доза на антиборелија (Лајмска) вакцина.


VLA15_Ph3_Launch_.png

... и нормално како што се очекуваше во моментов Валнева (VLA2001 чија последна нова вакцина била против Ковид-19 развиена од француска биотехнолошка компанија - Валнева, користејќи традиционални методи, со условно одобрение за ставање во промет во Англија) и познатиот Фајзер, развиле вакцина за Лајмска болест, VLA15, која е мултивалентна која го таргетира надворешниот површински протеин А (OspA) на Borrelia, па оваа вакцина била дизајнирана да ги заштити луѓето од северноамериканските и европските соеви на бактеријата Лајмска болест.

ice_screenshot_20230815-122541.jpeg

... откако вакцината за Лајмска болест ќе биде одобрена како безбедна и ефикасна од Администрацијата за храна и лекови (ФДА), ЦДЦ ќе работи со Советодавниот комитет за практики на имунизација (ACIP) за да развие препораки за тоа каде во САД јавноста може да има корист од Лајмска болест вакцина, ЦДЦ ќе ги пренел овие препораки за да се зголеми свеста за вакцината кај јавноста и кај лекарите за да се спречи Лајмска болест во Соединетите држави, па и достапна за Европа препоставка дека би профункционирала антиборелија вакцина во 2026 година.

...дали тоа значи дека овие три години нешто ќе се случи непредвидено, сигурно нема да биде тоа природно, кај се погодија на пример крлежите во Велес, Штип заразени, што со другите делови во МКД, само од милениците дневно се острануваат крлежи или ова вака сите инфицирани, може дискутабилно како коронавирусот пуштени од лабораторија, демек инфицирани крлежи, кој му знае, лично се сомневам и за успешноста на вакцината, зашто има многу подврсти на борелија (Borrelia burgdorferi) на пример и не е баш така да се направи вакцина за сите врсти, напротив човекот кој веќе прележал борелија од крлеж, ако повторно биде каснат од инфициран крлеж, пак ќе се инфицира од борелија бактерија без разлика што во телото има присуство на антитела од предходната инфекција, различни варијатети на борелија нема да даде можност за општа вакцина за заштита Lyme borreliosis, односно поконкретно хексавалентната VLA15 вакцина против Лајмска борелиоза одговори на антитела против сите шест серотипови насочени од вакцината, но што со другите серотипови?


Untitled.jpg KRLEZ-1.jpg


... така да Лајмската болест не е единствената инфекција која се пренесува преку крлежи која сега е фактор на ризик, постојат шест инфективни агенси пренесени од истиот крлеж, ама тие не се толку вообичаени како агенсот на Лајмската болест (Анаплазмоза, Бабезиоза, Borrelia miyamotoi, а особено проблематичен е вирусот на енцефалитис Powassan -елен крлеж) и сега ова на големо се разговара за потенцијални инфекции и вакцинацијата за Лајмска болест, посебно што Д-р Тони Фаучи, поранешен директор на Институтот за инфективни и алергиски болести на НИХ, повикал на развој на вакцини против сите овие агенси и да, веќе биле објавени студии на животни за mRNA вакцина за Лајмска болест, ми се присторува на де жаву ситуација.


Dnd4XW_UYAE8Un9.jpg

...па кога веќе сличната Денга инфекција предизвикана од вирус денга се пренесува преку комарци во тропските области, што не би друг т.н. вирус на Кримско-Конго хеморагична треска (CCHFV), кој се пренесува преку крлежи што се карактеристични за Африка и Азија, сега наеднаш присутни во Европа, па во Штип и Велес, колку би била случајност за да би било природно?

...секое животно, инсекти има свои предатори кои се хранат со нив, по природен пат може да се воспостави рамнотежа и инфекциите да се намалат или исчезнат, дали се прска против комарци и други инсекти, дали се прави нешто околу скитниците кучиња кои се едни од преносители на крлежи на своето тело?

Пандемска закана?

... ширење на крлежите со тврдо тело Hyalommamarginatum кои го носат вирусот CCHF и неговата постојана циркулација значи дека ризикот од прелевање од животните на луѓето е висок, факторите како што се климатските промени и движењето на добиток или диви животни може дополнително да го зголемат неговото географско ширење, при што вирусот неодамна го прошири својот дофат од регионот на Балканот до Централна и Западна Европа.


krlezi-10.jpg

... вирусот се пренесува на луѓето со каснување од крлежи (особено Hyalomma крлежи, иако може да се заразат и други видови крлежи) или преку контакт со крвта или ткивата на заразените животни за време и веднаш по колењето, бројни диви и домашни животни можат да го носат вирусот, вклучувајќи говеда, кози, овци, зајаци и ноеви, повеќето случаи на луѓе се случиле кај луѓе вклучени во сточарската индустрија, како што се земјоделски работници или работници во кланици и ветеринари, меѓутоа, откако ќе се заразат, луѓето можат да го пренесат меѓусебно преку контакт со крв или телесни течности или несоодветна стерилизација на медицинска опрема исто така, постои загриженост дека во некои случаи може да се појави пренос преку воздух.


c1cc86d4-61d4-4a6f-8ece-70fa95ea719d_figure1.gif


...дали тоа ни се спрема веќе да не се произведува месо за јадење и тоа веќе да го нема во нашето мени без разлика од кое животно, со сила вегани?

Период на инкубација:
Симптомите обично се развиваат пет до шест дена по контакт со заразена крв или ткиво, до максимум 13 дена.


6-krimska-treska-2-full.jpg 6. Кримска треска.jpg

Симптоми:
Тие обично се ненадејни во почетокот и вклучуваат главоболка, висока температура, повраќање и болки во грбот, зглобовите или стомакот. Како што болеста напредува, луѓето имаат тенденција да развијат големи области со тешки модринки, тешки крварења од носот и неконтролирано крварење на местата на инјектирање.

Дијагноза: Различни лабораториски тестови може да се користат за дијагностицирање на CCHF, но комбинацијата на откривање на вирусен антиген (ЕЛИСА антиген фаќање), секвенционирање на вирусна РНК (реверзна транскриптаза-PCR) и изолација на вирусот од крвта или ткивата на пациентите е најефикасна за време на раните денови на инфекција. Антителата на вирусот може да се откријат подоцна или во крвта на преживеаните CCHF.

CCHF.png

Дали има вакцини или третмани или тековно истражување и развој:

Третманот е главно поддржувачки, фокусирајќи се на замена на изгубената крв и обезбедување на правилен баланс на течности и електролити во неа, како и поддршка на дишењето и функцијата на срцето и лекување на секакви секундарни инфекции, додека пациентот закрепнува, некои студии сугерираат дека антивирусниот лек рибавирин може да биде ефикасен третман, но доказите за тоа се различни.

... во моментов нема лиценцирана вакцина за CCHF, освен во Бугарија, каде што инактивирана вакцина добиена од мозок на глушец му се дава на воениот персонал од 1970-тите, сепак, не се објавени студии за ефикасност.

Други вакцини се во развој, вклучително и човечки и животински вакцини.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom