Карцином на тестиси

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Незнам дали е активна темата т.е. дали ја прати некој ама имам едно прашање:
Има некој месец левиот тестис ми е поголем од десниот (и порано ми беше) ама сега ко ќе го допрам ме боли и често ми се качува малце нагоре. Има и некоја друга болест освен рак шо можи да биди?
Na lekar Kiko, batali forum za dijagnozi davanje, ne se igra so takvi raboti
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Na lekar Kiko, batali forum za dijagnozi davanje, ne se igra so takvi raboti
На докторКА :D
Јас сум со надеж дека само ќе помини, оти ми се имаше случено и порано па за некоја недела немав ич гајле. Ама ќе видиме, времето ќе покажи и најверојатно ќе ја посетам болницата (иако не ми се влегва таму)
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Некаде прочитав дека предизвикува овој вид карцином и стерилитет,ако некој знае,дали се лечи тој вид на стерилитет ? да не бидам погрешно сватен не сум бил болен од ова скраја да е не сум ни во моментот туку чисто информативно ме интересира.. :)
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935

Па тестисот кој е зафатен со карцином се вади, останува друг здрав тестис кој е доволен за производство на хормони и репродукција. Ама пошо многу често се дава како профилакса 1 циклус хемотерапија по BEP протокол често знае хемотерапијата да заебе работа и човекот да остане стерилен (значи тестисот не произведува сперматозоиди), хормонската фукција останува.
Друг случај кога карциномот е во напредна фаза, знаци 2,3,4 тогаш се према агресивна терапија и зрачење и пак ете голееем ризик за стерилитет.
Затоа во нормални земји се зачувува сперма, кај нас не знам дали го прават тоа.
 
Фала :)
 
Член од
26 март 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0

Десниот тестис ми е малку поголем за разлика од левиот,на горниот дел од тестисот поточно на на епидедимот (или како и да се нарекува се надевам ќе разбереш) имам како израсток.На левиот тестиос го има истото но помало е за разлика од десниот и се осеќа како топче на допир.Посетив уролог ми рече дека се е во ред но некако не ме држи место...Немам болки во тестисот ниту абдоменот а ниту пак во грбот.Нормална ејакулација и нормално уринирам.Иако ми кажа урологот дека сум здраво момче што би ми кажал ти,фала однапред.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Десниот тестис ми е малку поголем за разлика од левиот,на горниот дел од тестисот поточно на на епидедимот (или како и да се нарекува се надевам ќе разбереш) имам како израсток.На левиот тестиос го има истото но помало е за разлика од десниот и се осеќа како топче на допир.Посетив уролог ми рече дека се е во ред но некако не ме држи место...Немам болки во тестисот ниту абдоменот а ниту пак во грбот.Нормална ејакулација и нормално уринирам.Иако ми кажа урологот дека сум здраво момче што би ми кажал ти,фала однапред.
Сакаш да кажеш веднаш зад горниот дел од тестисот во вид на топче ( нешто помало од џамлија)..... јас колку што знам тоа е дел од епидедимот......, но за секој случај можеш да си посетиш и некој друг уролог :)
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Сакаш да кажеш веднаш зад горниот дел од тестисот во вид на топче ( нешто помало од џамлија)..... јас колку што знам тоа е дел од епидедимот......, но за секој случај можеш да си посетиш и некој друг уролог :)
Да пошо ти си испофаќал милион тестиси у животот па дури и вака преку форум можеш да кажеш дека можеби урологот згрешил, па да отиде кај друг.

Ако си бил на уролог, те прегледал, ондак што се замараш. Прај си самопреглед секој месец, ето штом си бил сега знаеш што е нормално, па евентуално ако настане некоја промена ќе знаеш дека тоа е нешто ново што до сега не било таму. Не те држи место пошо си се извадил од памет од хипохндарчиња и докторчиња и разноразни текстови, i feel you :D. Фати си женска и ќе видиш како ќе заборавиш на се.
 
Fala na odgovorot drugar :)[DOUBLEPOST=1395871915][/DOUBLEPOST]
Да пошо ти си испофаќал милион тестиси у животот па дури и вака преку форум можеш да кажеш дека можеби урологот згрешил, па да отиде кај друг.

Ако си бил на уролог, те прегледал, ондак што се замараш. Прај си самопреглед секој месец, ето штом си бил сега знаеш што е нормално, па евентуално ако настане некоја промена ќе знаеш дека тоа е нешто ново што до сега не било таму. Не те држи место пошо си се извадил од памет од хипохндарчиња и докторчиња и разноразни текстови, i feel you :D. Фати си женска и ќе видиш како ќе заборавиш на се.
Да ти кажам се изначитав сваштарии и од секого...Фала ти многу на одговорот,си правам самопреглед секоја недела..Обично не се замарам за никоја болест мн мн ама кога се работи за фамилијарно злато не ми е сеедно.Фала уште еднаш биди ми многу поздраве.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Дали за кај уролог треба упут од матичен или може директно да се отиде?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Дали за кај уролог треба упут од матичен или може директно да се отиде?
За на државно треба - за на приватно јок :)

Ја бев на преглед во Јули - рекоа ќе ми се јават за 2 недели за што-како(зафат бла бла) и уште ми се немаат јавено :ROFLMAO:

Македонско Здравство
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
26
Поени од реакции
2
Здраво да не имал некој ваков проблем работев дома и поместив еден предмет и осетив на левата страна нешто левата нога препонот во моментот не ми беше ништо но после 2 3 дена осетив блага болка кај препонот и кај левата страна на стомакот отидов направив ехо на абдомен ми рекоа од левата страна на бубрегот сум има ситни кристали ама исто така левиот тестис почна малце нагоре да се качува па ке се спушти надоле и кога ке се соберат тестисите левото бега на стана кога ке бидат во нормална состоја се е океј отидов на уролог ме гледаше рече дека немам кила и што сум работел било ама еве помина една недела пак некако е исто дали сте имале некоја ваква дешавка?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.519
Поени од реакции
34.650
Скрининг

... секое машко како и женско мора барем еднаш годишно да направи лабораториски преглед т.е. скрининг, што се подразбира примена на лабораториски тестови за рана детекција на болести, во момент кога не се присутни симптомите на болеста,

... како што секоја жена мора да направи барем еднаш годишно контролен гинеколошки преглед без разлика во која возраст се наоѓа, иако нема никакви симптоми така и мушкото мора да посети уролог, посебно ако се сомнева околу изгледот на тестисите.

005_TCAF-Brochure-2017_Front+(2).jpg

Тестикуларно самоиспитување на тестисите

...постапка со која секое машко треба да го проверува изгледот и конзистентноста на неговите тестиси да не содржат некакви сомнителни грутки или други неправилности, кои би можеле да се знаци на некоја инфекција или туморозни промени.

... така да, како жената си парви самоконтрола на градата за време на туширање, така и мажот треба да направи самоиспитување на тестисите под топол туш кога кожата е мека и нешно со двете раце да се направи контрола на тестисите со нежно подигање на скротумот, нормално е да едниот тестис биде поголем од другиоти да бидат обесени на различни нивоа, но така треба и да останат, а не да има постојано растење и разлика меѓу двата тестиса, тестисот не треба да содржи никакви грутки, неправилности и оток, трди подвижни или неподвижни творевини, затоа што тоа може да биде знак за некоја инфекција, но и за некои туморозни промени.

hidrosel_2.png 1.jpg

Тестиси- симптоми поради кои мажите мора да се јавуваат кај урологот :

„... оток или јазол во тестисот кој најчесто е безболен или минимално болен, потоа непријатно чувство, чувство на стегање во пределот на тестисите, промена на бојата на кожата на скротумот над тестисите, болна ејакулација и крв во ејакулатот, болки на препони и долниот дел на абдоменот, многу голема разлика во големина на тестисите.

... може да се напипа и некоја грутка во тестисот, но ако таа е мала како зрно и во длабина на тестисот тпогаш тешко да се напипа, а и нема да покаже никакви симптоми, па затоа треба да се направи ултразвук (како најпрецизна дијагноза), иако карцином на тестисите обично не покажува рани симптоми.

... но постојат и испитувања на крвта кои ги нарекуваме „туморски маркери за карцином на тестиси“ кои се покачени во подоцнежен стадиум, додека во почетна фаза може да покажат нормални вредности т.е. негативен резултат.

Одредување на тумор маркери

...со земање на венска крв и секој тумор маркер е специфичен за определен дел од телото, односно за определен орган, па со оглед на покачените вредности на одреден тумор маркер може да се добие сомнение за постоење на малигна промена на ткивото за кое тој е специфичен доколку добиеме повисоки вредности од референтната граница, што не мора да биде веднаш дијагнозстицирано како канцер, туку едноставно за некоја патолошка промена која мора да се испита до крај.

- HCG (Хорионски Гонадотропин) (референтна вредност до <2 U/L) овој тумор маркер нормално е покачен за време на бременоста, како што сите знаеме се заснова најчестите тетови за докажување на бременост бидејќи се лачи од постелката, но има и други случаеви кога може да биде знак за некоја туморозна промена на многу органи, па и кај тестиси.

- LHD (Лактат Дехидрогеназа) (референтна вредност 105 – 333 IU/L) како протеин го има во секој организам, но може да биде покачен при воспалителни процеси, но и при тумурозна промена на тестиси.

-AFP (Алфа-фето протеин)25ng/ml AFP во серум, како протеин кој нормално се наоѓа во феталната крв за да веднаш после раѓањето неговата вредност се нормализира е зголемен и кај тумори на тестиси се зголемува рапидно и над 500ng/ml, се користат моноклонални антитела за идентификција на АФП специфичност, тестот трае10-20 мин и со него се детектира, кај пациенти со АФП-секретирачки тумори, серумските нивоа на АФП често се совпаѓаат со големината на туморот.

- NSE (Невроспецифична Енолаза) (референтна вредност < 12.5 ng/ml) негово покачување често се забележува и кај туморозни промени на тестисите.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
 
Kajgana Shop

На врв Bottom