- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.584
Ќе те замолам да споделиш какво е нивото на болката, кога боли и колку (ако можеш да направиш некаква градација или споредба на болка).Мене ми дијагностцираа карцином на тестиси пред една година. Две години пред да ми дијгностицираат, осеќав јаки болки водолниот дел на рбетот, како и долниот дел на абдоменот, а на тестисите немав ништо. Ноке не можев да спијам, ставав топли облози, при што едно време ќе престанеше но после болката повторно си продолжуваше.
Низ што се не поминав. Одев на физикална терапија демек рбетот ми бил искривен, ајас прав ко пушка. Па ми викаа дека сум имал воспаление на бубрезите, се додека не дојдов како итен случај во градска болница, каде преку КТ ми дијагностицираа не само голем тумор на тестис, него и хидронефроза на бубрегот поради притисок на туморот. За една година поминав две тешки операции и осум (едни од најтешките) хемотерапии и еве фала богу сега се контролирам, па в иднина би сакал да ме следи здравјето.
Инаку вас ако нешто ве интересира слободно прашајте ме.
Мој пријател ми имаат кажано дека одредени третмани на рак на простата е нешто што ненормално боли. Па ме интересираше некој да каже нешто и за други видови рак.
Однапред благодарам што споделуваш нешто што е интима и ти пожелувам опоравување и добро здравје.