Камиони

Член од
17 јули 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Ako ima nekoj na forumov sto ima kiperi ili karticka za gorivo ,neka pise mail ili neka prati privatna poraka.
Pozdrav za forumasite.
 

iveco_mkd

Газда
Член од
27 јуни 2012
Мислења
32
Поени од реакции
0
Јас имам градежна фирма работиме со ниско градба (изградба на патишта) и имаме кипери еве дел од нив :

1. Ивеко Еуро Тракер
2003 год. на производство
Еуро 3 стандард
Курсор мотро со 6 клипови
440 КС
менјач ZF 180 4/4 + Половинки
Милер надоградба
Купен 2009 г. од Германија со 270.000 км








Oвој ми е омилен и кога има птореба јас го возам :)

2.Ивеко Еуро Тракер
2004 год. на производство
Еуро 3 стандард
Курсор мотро со 6 клипови
380 КС
менјач ZF 180 4/4 + Половинки
Едностран кипер
Купен 2009 г. од Словенија со 300.000 км





3.Сканија п114
2003 г. на производство
Еуро 3
380 КС
Менјач 3/3 + половинки
Купен 2012 од Холандија со поминати 380.000
Специјална надоградба за превоз на асфалт со капаци со термо изолација за задражување на температурата




--- надополнето: 28 јуни 2012 во 09:53 ---
Има уште, овој е еден од најголемите камиони во Македонија

4. Гинаф 5452
430 кс
Еуро 3
Надоградба за превоз на асфалт




Ако има некој на форумот од Рдовиш,Неготино,Кавадарци,Штип,Делчево,М,Каменица можда не видел како работиме таму :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И кои дефекти ви ги јавува Ивекото?
 

iveco_mkd

Газда
Член од
27 јуни 2012
Мислења
32
Поени од реакции
0
Ламелата ја меневме и на двата други поголеми дефекти не се имале барем до сега , освен оние стандарни да пукне црево, гума и сл.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Потрошњата како ви е?
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
И кои дефекти ви ги јавува Ивекото?
Секоја генерација на Iveco си има своја историја.

Еуро 3 моторите кои беа со јачина од 430 коња имаа проблем само со турбото, првите модели имаа проблеми и со борд компјутерите, тој проблем бргу беше отстранет.

Кај наредната генерација на Iveco односно кога се појавија Еуро 5 моторите со јачина од 450 коња проблемот со турбото си остана ама се појави уште еден дефект, почнаа моторите да прочукуваат после 300.000 поминати километри. Тоа се должи на јакиот мотор односно 450 коња сместени во 10 литарски мотор. Лекот беше само нов мотор.

Потоа се појави Iveco Cube, со малце подруга пумпа за вбризгување на гориво ама проблемот со турбото пак не беше отстранет. Камион со 200.000 поминати километри смени 3 турбини, што е многу многу е. Заборавив да кажам дека овие мотори имаат проблеми и со VTG вентилот односно вентилот кој ги регулира повратните гасови во моторот.

И покрај сите тие проблеми останувам вечен љубител на Iveco, никогаш нема да ја заборавам јачината на моторот односно влечењето на угорниците како и за мене најдобриот интардер кој е направен досега, толку добро синхронизиран со темпоматот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За влечење нема подобар камион дефинитивно. Електрониката и потрошњата им се голема маана, тука им е болката.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
За влечење нема подобар камион дефинитивно. Електрониката и потрошњата им се голема маана, тука им е болката.
Електрониката да ама потршувачката не, ние имавме 180 Iveca и сите трошеа по 30 литри, ако камионот имаше проблем со турбото тогаш идеше и до 32.
Потрошувачката зависи најмногу од шоферот, Iveco има посебен начин на возење. Барем така ми кажаа и ме обучија инструкторите во фабриката во Улм.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Електрониката да ама потршувачката не, ние имавме 180 Iveca и сите трошеа по 30 литри, ако камионот имаше проблем со турбото тогаш идеше и до 32.
Потрошувачката зависи најмногу од шоферот, Iveco има посебен начин на возење. Барем така ми кажаа и ме обучија инструкторите во фабриката во Улм.
Во Србија покажува 32, а додека кај бугарчињата знае да дигне и до 40. Не само од шоферот, туку и од теренот. Кога минеш низ село како Бугарија нормално е да троши 40:icon_mrgr:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Во Србија покажува 32, а додека кај бугарчињата знае да дигне и до 40. Не само од шоферот, туку и од теренот. Кога минеш низ село како Бугарија нормално е да троши 40:icon_mrgr:
За помала потроувачка кај Iveco-то треба менување по една брзина и тоа на 1300 вртежи, кога шоферот ќе види населено место, раскрсница кружен тек треба уште на 500 метра пред тоа да ја тргне ногата од гаста, нека оди камионот по инерција.
Возењето со темпомат е исто така важно, заштедува гориво а брзината е исто важна, од 87 KM/H до 90 KM/H потрошувачката е поголема за. 2.5 до 3 литри.
Многу работи се важни, кога ќе собереш се на едно место се собира една убава количина на гориво а како што се цените на нафтата богами добро се чуствува на џебот.

Sent from my HTC One X using Tapatalk 2
 

iveco_mkd

Газда
Член од
27 јуни 2012
Мислења
32
Поени од реакции
0
Kај нас ивековците не се имале проблеми со турбото и слично, но за кипери се добри иако сите ги кудат дека не се добри
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа како ќе ти се погоди и како ќе го одржуваш. Речиси сите плукаат по МАН, па има луѓе кој многу се фалат. Зависи од среќата :)
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Kај нас ивековците не се имале проблеми со турбото и слично, но за кипери се добри иако сите ги кудат дека не се добри
Немаат проблем затоа што моторите се со помалце коњски сили, не е исто 380 и 450 коњски сили на 10 литарски мотор.
 

iveco_mkd

Газда
Член од
27 јуни 2012
Мислења
32
Поени од реакции
0
Жолтиот е 380, а белиот е 440
 

Kajgana Shop

На врв Bottom