Кога го прашале Х.Форд кое е најдобро возило рекол секое ново возило е најдобро. Но во Македонија барем во овој сектор речиси 90% од камионите се купуваат настаро така да кога се споредува се споредува старо со старо возило. Е тука јас предност би има дал на Германските и Шведските производители, значи според мене Сканија,Волво,Мерцедес и Ман влегуваат во големата четворка. Сите овие си имаат свој предности, кој според почетна цена, цената на деловите, достапност на деловите, си има и свој просек на прв ремонт и менувач, кои делови најчесто страдаат, тежина, и секако потрошувачка.
Сканијата купена на старо има средно-висока цена. Најдобро е позната по најниска потрошувачка. Имаат најдостапни делови во Македонија и во соседните земји, а и цената на деловите не им е превисока. Во просек прв ремонт може да се очекува после првиот милион километри додека менувачот нешто порано некаде околку 700 илјади километри. Во основната тежина се речиси најтешки,а и нема многу делови кои се јавуваат како проблематични во одредени серии, веројатно само доколку физички се оштети на пример има премногу делови на маската и тие се прилично скапи.Се јавува доста рѓа на шасија после 7-8 година на еур2 и еур3 сканиите. Нова Сканија е најскапа во почетна цена.
Волво купено настаро е најскапо од сите овие 4 брендови. Потрошувачката му е доста ниска на мануелните менувачи,додека на i-shift има 2 до 3 литри поголема потрошувачка. Деловите во Македонија им се премногу скапи, но во соседните земји на пример во Солун ги има за значително поефтини цени. Најиздржливи се и прв ремонт се очекува после 1 милион и 200 000 км, додека за менувач околу 700 до 800 илјади км. Немаат проблематични делови како некои од останатите камиони. Огромна предност во Македонија им е тоа што си имаат свој систем VEB тоа е сопствено моторно кочење и би било алтернатива ако нема ретардер, знаејќи дека Македонија е планинска земја тогаш Волво се број еден за локален транспорт.
Ман е најефтин и нов и стар. Деловите му се најефтини и најдостапни. Прв ремонт некаде околу 600 илјади км исто и менувач на тие километри. Потрошувачката им е доста голема во споредба со шведските камиони. Некои серии имаат доста проблематични делови, како на пример еур3 ман со common rail моторите. Исто и со автоматите и со филтерот за воздух.
Мерцедес кај камионите не е како кај и кај автомобилите. Цената на нов е висока, додека стар е поефтин од шведските.Потрошувачката им е највисока. Деловите им се доста скапи и кај нас и во др земји. Во просек прв ремонт некаде околу 800 илјади км менувач на 700 илјади. еур 2 актроси се најпроблематични камиони досега кој сме ги имале.
Такви искуства сме имале со сите овие камиони, имаме променето околу 30 камиони и сега ги преферираме шведските Волво и Сканија, овие совети важат за мотори со 400 до 460 кс.
Поздрав