Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Тешко е кога стануваш сведок на распаѓањето на врска и не знаеш што да направиш или како нештата стигнале до таму. Една врска не се расипува одеднаш, пред да се распадне долго била поткопувана. Причини би биле различни карактери, недоволно добивање љубов (внимание) или различни насоки. Недоразбирањата ако се претворат во бесконечни драми и сцени во продолжение на месеци, многу двојки се принудени да се разделат.
Ако го/ја сакаш вистински (но повеќе не си заљубен/а во него/неа), треба да му/и ја дадеш слободата да најде човек за себе кој ќе е способен да му/и даде љубов која ти не си во можност да му/и ја дадеш.
На кој начин вие сте/би раскинале со партнерот (во кој сте биле заљубени), за да не му е толку тешко (макар што не може да не му е ако вистински сака), дали употребувате фрази од типот: "Не е во тебе проблемот, јас сум крив/а", "Ми треба време да се средам, сакам да сум сам/а" и слично.