Каков бизнис би започнале со 80 - 90 000 евра!?

Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Па затоа и немаш скршен денар бе друже. И јас сакам да ги инвестирам парите за кои сум р'мбал во странство, но не само да ги треснам каде било како што ти велиш. Од нив сакам да вадам идеална живеачка, па може и на друг (како вработен) би му го овозможил истото. Е сега, ако бизнисот вклучува и извоз, тоа е веќе џекпот, а не само да се истресат парите.
Хахахахха само пола денар имам друже :(
Инаку тешко дека ќе правиш извоз од Македонија, јас правам на многу мал процент, но од Србија извозот ми е дури 60% поголем од овој тука.
Секако Србија е поголема земја и повеќе поволна за инвестиција заради природните богатства и слично.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Точно така, можеби и 15 пати по 70 000, но исто така можеш да гледаш од малце поинаков аспект.

На пример 15 луѓе по 70 000.
15 луѓе кои сметаат дека чување пари во банка во ваков период не е безбедно, или вложување во станови во во ваков период не е баш паметно, бидејки со вакво темпо на изградба и со вакво темпо на иселување цените неминовно ќе нурнат и тоа со домино ефект...

Парите во банка моментално се осигурани до 30 000, све над тоа е со ризик од дешавање на ТАТ, долгот расти во секоја минута, во последно како држава дневно се задолжуваме по 1 000 000 евра...

Тоа што Богов смирува и кажува дека се е во ред и дека не треба да има паника и дека се безбедни... хахаха тоа мене ништо не ми значи јас немислам дека во овај период се безбедни. Ако не се среди ситуацијата (а не оди кон така) можна е девалвација, а инфлација секако имаме, само што најверојатно ќе стани поголема...

Како и да е секој различно размислува, затоа сме тука да издискутираме и секој да си го искаже својот став на темата. Во мојот случа можеби и да најде соработник Ч)...
 
Член од
4 мај 2014
Мислења
322
Поени од реакции
35
Дали има некој размислувано/направено
Продавница за СЕ од али експрес ибеј да порачуваш и да си отвориш продавница да продаваш?
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Дали има некој размислувано/направено
Продавница за СЕ од али експрес ибеј да порачуваш и да си отвориш продавница да продаваш?
Kineski shopovi ti se toa. Vo sekoj grad ima,neznam kolku e pametno i dali se isplakja.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
со тие пари - занаетчиска пивара, нишо амбициозно, 3-4 тона пива месецо, ддистрибуција строго локално и пред се квалитет, на како овие индустриски шо не личи на ништо.
Во склоп на пиварата паб, 2-3 вида пиво, ќе се троши и лете и зиме, а ако не успее барем ќе имаш неколку години да си пиеш од залихите
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Kineski shopovi ti se toa. Vo sekoj grad ima,neznam kolku e pametno i dali se isplakja.
Кинески шоп или “се за сто“ Базаро систем у мало..... од роба за широка потрошувачка (садови и дребулии за домакинство, саксии, вазни украси), па нешто и од гифт шопови, играчки за деца, галантерија понешто, дури и канцелариски материјал (дигитрони, пенкала, хефралки) и уште многу ситнурии кои чинат околу или под сто денари.... Исти вакви има и во комшии, во Грција и во Црна Гора каде што продавниците се нарекуваат се за 1Евро.... иако и кај едните и кај другите куповната моќ е поголема! Ако тие со евро имаат ќар, веројатно работат со огромна маржа нашиве кои продаваат за 1,6 Евра!? Една таква продавница спроти QB поминувам тука, гледам растура, постојано по неколку купувачи внатре.... се лажат луѓето што е стотче (кутија цигари) па трошат и за непотребни ствари... а овие пак токму од тоа живеат!
Но за ова да отвориш и многу помалку ти требаат отколку што е наведено во темата...
Освен ако не мислиш да носиш на големо од Кина!?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Кинески шоп или “се за сто“ Базаро систем, од роба за широка потрошувачка (садови и дребулии за кујна, саксии, вазни), па нешто и од гифт шопови, играчки за деца, галантерија понешто, дури и канцелариски материјал (дигитрони, пенкала, хефралки) и уште многу ситнурии кои чинат околу или под сто денари.... Исти вакви има и во комшии, во Грција и во Црна Гора каде што продавниците се нарекуваат се за 1Евро.... иако и кај едните и кај другите куповната моќ е поголема! Ако тие со евро имаат ќар, веројатно работат со огромна маржа нашиве кои продаваат за 1,6 Евра!? Една таква продавница спроти QB поминувам тука, гледам растура, постојано по неколку купувачи внатре.... се лажат луѓето што е стотче (кутија цигари) па трошат и за непотребни ствари... а овие пак токму од тоа живеат!
Но за ова да отвориш и многу помалку ти требаат отколку што е наведено во темата...
Освен ако не мислиш да носиш на големо од Кина!?
На таква ситна роба, ситен е и ќарот и мора да имаш постојан голем обрт на роба за да преживееш и то скромно.
Пример, кога ќе удриш трошоци од кирија, данок, плата, телефон, пензиско и здравствено книговодител.... ќе мора да заработиш најмалце 1500 евра само да се покриеш со тие работи и постојано истиот капитал наново да го вртиш.
Да имаш 25% чиста заработка, ти треба продажба на 6000 предмети од по евро месечно.
Тоа ти иди околу 250 предмети по евро секој ден да дадеш. од понеделник до сабота....
Рачунај често ќе набавиш нешто шо слабо или ич не иде, таква роба мора да земеш на големо поради исплативоста во цена и транспорт, една инспекција да ти влезе и удри глоба, ојде плата, кирија, придонеси и даноци за цел месец...
пред дестина години во Београд ги имаше доста, се за евро, се за 100... сега веќе ги нема.
 
Член од
4 мај 2014
Мислења
322
Поени од реакции
35
Нема да биде све по евро ке бидат различни цените ке има најмногу работи за телфони заштитни стакла маски да има некој женски работи ланчиња бележици итн.. да има Интересни работи што ги нема тука во македонија а се ефтини а интересни.
Да се отворе продавница плус страна на интернет и преку страната да се продава и од продавницата
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Нема да биде све по евро ке бидат различни цените ке има најмногу работи за телфони заштитни стакла маски да има некој женски работи ланчиња бележици итн.. да има Интересни работи што ги нема тука во македонија а се ефтини а интересни.
Да се отворе продавница плус страна на интернет и преку страната да се продава и од продавницата
...сепак земи ги бројките на Лет3 : раб.денови Х комада Х цена ..направи едно екселче, па додај ги реално сите трошоци..планирани и апансас.. ќе си видиш дека со ваква роба ТЕШКО..
Сонот за семкарница е вечен сон на секој претприемач, но малку кој го остварил.. т.е.: по-малку-секој-ден-да-ти-капе-сигурна-пара.
Сите го ловат белиот кит , ама океанот е огромен....:):)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
...сепак земи ги бројките на Лет3 : раб.денови Х комада Х цена ..направи едно екселче, па додај ги реално сите трошоци..планирани и апансас.. ќе си видиш дека со ваква роба ТЕШКО..
Сонот за семкарница е вечен сон на секој претприемач, но малку кој го остварил.. т.е.: по-малку-секој-ден-да-ти-капе-сигурна-пара.
Сите го ловат белиот кит , ама океанот е огромен....:):)
има и тука можност али
ако си имаш свој дуќан и ако работиш фамилијарно, пример мажот жената и возрасно дете.
Тука веќе има место да се стиснеш.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
има и тука можност али
ако си имаш свој дуќан и ако работиш фамилијарно, пример мажот жената и возрасно дете.
Тука веќе има место да се стиснеш.
..има , затоа и такви баклаваџоглу бизнисчиња постоеле и постојат.., каде "газдата" ја прави (условно) и продава "баклавата" у свој дуќан...
Но денес сите сонуваат ГОЛЕМИ ТУНИ, интернетов на сите им стави дебели диоптрии...
 
Член од
4 мај 2014
Мислења
322
Поени од реакции
35
Немора да да се зимаат којзнае колку пари туку само да не се биде у минус
Ама многу трошкови ке бидат да најдиш место да отвориш продавница плус ќирија итн.. мн пари излева
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Условно кажано у Македонија на обичен смртник ниеден бизнис не може да му успее.

Еве пример, имаш пари и сакаш да отвориш некаков си локал на атрактивна локација, но тебе нема да ти ја изнајмат/продадат локацијата затоа што не си влијателен, односно немаш политички врски.
Ќе му ја дадат локацијата на друг и за помалку пари, но на некој кој има дебели врски со владејачката партија.

Друг пример, сакаш да отвориш минимаркет у мало, наоѓаш локација, година дена тераш, ќе го разработиш и газдата на локацијата ќе те избрка и тој ќе си отвори мини маркет.. Тоа често се случува

Отвараш продавница за бели пецива, ке го разработиш, а до тебе некој друг ќе отвори продавница за бели пецива ама ќе работи со ниски цени, затоа што работи на диво (врски со партијата на власт) и ќе те затвори.

Трет пример, отвараш аганција за обезбедување, не е проблем да се најдат луѓе што ќе рабоат, но проблем е да земеш обиект што ќе се обезбедува, ама на Мијалоков тоа не ми е проблем, отвара аганција за обезбедување и за година станува најголемата аганција за обезбедување.

Ако некој го послужи некоја луда среќа да му тргне со некој поголем бизис, владата редовно ке го рекетира, ако одбие да дава пари ќе го затворат.

Во МКД чесен човек неможе да тера бизнис.

Има ретки успешни приказни, но за жал тие неупешните приказни ги има во многу поголем број.

Македонија е многу мал пазар со многу слаба економија, башка корупирана, затоа тука тешко успева бизнис.

Со 90к еура мислам дека е добро да се купи стан на добра локација, да се уреди и да се изнајмува на стрранци за 500 еур месечно, или да се купи дуќан на добра локација (ама тоа потешко) и да се изнајмува за 1к или 2к месечно. се друго е лотраија или подобро кажано казино. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom