Каков бизнис би започнале со 80 - 90 000 евра!?

B

Bafra

Гостин
Со среќа нека ти е со бизнисот..
Мене ме интересира за фарма на свињи не за вакви научно-фантастични работи како што беа и брзорастечките дрва, одгледување на ноеви, штурци, полжави итн :D
Ако фарма за свињи беше исплатлива инвестиција Пекабеско први ке си отвореа.
Конкуренција е огромна (не домашна).
Може да направиш Органско свинско, ама за тоа треба голема инвестиција
Плус муслиманството се шири,значи помалку потрошувачи. Моли се кинези да се населат :P
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ме интересира нешто во врска со плејстешн 4 играчница, дали е такво нешто исплатливо да се отвори, онака само си размислувам иако немам чаре:D.
Пример каква просторија треба, дали е потребно да е со над 3м висина, со колку конзоли е доволно да се почне(3-4), каков интернет е потребен за играње онлајн(30-60мбит), дали некој размислувал за вакво нешто во МКД? Јасно ми е дека се скапи игрите, но има и за ефтини пари, кои се веќе користени, па за пример 50евра ќе земеш 7-8 игри. Ако ти тргне бизнисот ќе купиш и најнова игра штом излезе.
Видов пред некое време на некоја српска телевизија, реклама за вакво нешто, ама со се живо внатре, и стари конзоли, билијард, пикадо, и компјутери и најнови конзоли, цел гејминг центар, не знам како се викаше.
Додека пишувам, најдов нешто дека имаме во Тетово, http://www.porta3.mk/raj-za-gejmerite-vo-tetovo/
Ако овој пост пречи во темата, префрлете го во одделот за игри.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.815
Со среќа нека ти е со бизнисот..
Мене ме интересира за фарма на свињи не за вакви научно-фантастични работи како што беа и брзорастечките дрва, одгледување на ноеви, штурци, полжави итн :D
прво ти требаат простории, па храна и најбитното е да најдеш пласман зошто ако не најдеш жив има да те изедат, ова ти го кажувам пошто ние со татко ми чувавме пред 4-5 години. Ќе се родат прасиња па не се продаваат ќе ги раниш со месеци и на крај ќе ги дадеш зошто пошто, и тоа не се ни наоѓа човек што ќе сака да ги купи, на 100 месарници да прашаш еден ако се нафати да ти купи и тоа му продаваш квалитетно месо а не нешто рането со концентрати и чуда.
 
S

silmarillion

Гостин
Продавање памет е бизнисот на иднината. Кој ќе се фати со производство ни 9 миљони не го крпат. Затоа со 20-30.000 можеш да имвестираш во себе и да се испромовираш таму кај што треба. Се друго е губење време.
 
G

Goldie

Гостин
Ако фарма за свињи беше исплатлива инвестиција Пекабеско први ке си отвореа.
Конкуренција е огромна (не домашна).
Може да направиш Органско свинско, ама за тоа треба голема инвестиција
Плус муслиманството се шири,значи помалку потрошувачи. Моли се кинези да се населат :P
Неможе да не е исплатливо кога немам видено ниту една фарма да се затвори, напротив во последниве години се отворија доста нови а веќе постоечките го зголемија својот капацитет. Пекабеско почна со друга бизнис стратегија мада и они имаа план баш лани го читав директорот Кутревски дека планираат отварање на фарма со капацитет од 30.000 свињи. Плус Македонија дури и сама не ги задоволува потребите за свинско и увезува од надвор

прво ти требаат простории, па храна и најбитното е да најдеш пласман зошто ако не најдеш жив има да те изедат, ова ти го кажувам пошто ние со татко ми чувавме пред 4-5 години. Ќе се родат прасиња па не се продаваат ќе ги раниш со месеци и на крај ќе ги дадеш зошто пошто, и тоа не се ни наоѓа човек што ќе сака да ги купи, на 100 месарници да прашаш еден ако се нафати да ти купи и тоа му продаваш квалитетно месо а не нешто рането со концентрати и чуда.
Јасно ми беше одприлика тоа, за објект ќе одат 20-30.000 евра. Механизација и земјоделска површина имам така да за храна во поголемиот дел ќе покривам од мое производство, единствено не сум запознаен многу во делот за свињарство. Колку храна се троши по свиња, кој е соодносот на храната (пченка/јачмен/пченица итн) кој се користи за нивна исхрана, до која килажа се товат до продажба, како оди цената споредбено со годините уназад, дали постојат договори за откуп на месо кај нас (најбитниот дел) и пак ќе кажам значи зборувам за поголема бројка околу 100-150 свињи по турнус не неколку па да нудам по месарници туку на големо за кланици. Ако некој има време и познавање во оваа бранша ќе биде добро да напише некој збор повеќе
 
Член од
20 февруари 2016
Мислења
8
Поени од реакции
1
Ако фарма за свињи беше исплатлива инвестиција Пекабеско први ке си отвореа.
Конкуренција е огромна (не домашна).
Може да направиш Органско свинско, ама за тоа треба голема инвестиција
Плус муслиманството се шири,значи помалку потрошувачи. Моли се кинези да се населат :P
Епа муслиманите јадат телешко. Можеби фарма со крави би било добра инвестиција?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Не би сакал да те демотивирам, ама и сегашните производители имаат проблем со пласманот на свинското. Србија заради Војводина секогаш ќе има доста поефтино производство на пченка и следствено на свинско месо.
Како аргумент против еве и денешен напис

Производителите на свинско месо во паника, цената постојано паѓа, а во фармите се вишок и 20.000 свињи. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека во моментов цената на свиското месо жива мера се движи од 70 до 50 денари. Причината за вишокот е тоа што големите супермаркети во земјава веќе неколку месеци вршат увоз на евтино свежо месо од соседна Србија, а исто така голема улога има и ембаргот кон Русија.“
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Неможе да не е исплатливо кога немам видено ниту една фарма да се затвори, напротив во последниве години се отворија доста нови а веќе постоечките го зголемија својот капацитет. Плус Македонија дури и сама не ги задоволува потребите за свинско и увезува од надвор
Има пари во тој бизнис, само бара многу работа. Има непишано правило дека во временски интервали од 4-5 години, се јавува катастрофа сезона. Ако си баш малер да погодиш првата година...

Колку храна се троши по свиња, кој е соодносот на храната (пченка/јачмен/пченица итн) кој се користи за нивна исхрана, до која килажа се товат до продажба, како оди цената споредбено со годините уназад, дали постојат договори за откуп на месо кај нас (најбитниот дел) и пак ќе кажам значи зборувам за поголема бројка околу 100-150 свињи по турнус не неколку па да нудам по месарници туку на големо за кланици. Ако некој има време и познавање во оваа бранша ќе биде добро да напише некој збор повеќе
Се зависи како ги чуваш и храниш. Трошок за храна ( конверзија се вика ) треба да ти изнесува 3-4 кгр храна за 1 килограм тежина.
Сооднос на храна ти е многу општа работа, зависи од суровини што имаш и од нивна цена, битно ти е да запазиш одредени параметри во однос протеини/енергија
 
G

Goldie

Гостин
Не би сакал да те демотивирам, ама и сегашните производители имаат проблем со пласманот на свинското. Србија заради Војводина секогаш ќе има доста поефтино производство на пченка и следствено на свинско месо.
Како аргумент против еве и денешен напис

Производителите на свинско месо во паника, цената постојано паѓа, а во фармите се вишок и 20.000 свињи. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека во моментов цената на свиското месо жива мера се движи од 70 до 50 денари. Причината за вишокот е тоа што големите супермаркети во земјава веќе неколку месеци вршат увоз на евтино свежо месо од соседна Србија, а исто така голема улога има и ембаргот кон Русија.“
Таман работа да ме демотивираш, секое мислење во склоп на темава е добредојдено. Секако ќе ми помогне во одлуката за иднина да се решам да инвестирам или не..

Има пари во тој бизнис, само бара многу работа. Има непишано правило дека во временски интервали од 4-5 години, се јавува катастрофа сезона. Ако си баш малер да погодиш првата година...

Се зависи како ги чуваш и храниш. Трошок за храна ( конверзија се вика ) треба да ти изнесува 3-4 кгр храна за 1 килограм тежина.
Сооднос на храна ти е многу општа работа, зависи од суровини што имаш и од нивна цена, битно ти е да запазиш одредени параметри во однос протеини/енергија
Зависи што сметаат за катастрофална, ете на веста погоре пишале дека е лош период и цената се движела 50-70 жива мера. Реално малку е таа цена ама пак не верувам да е до толку мала за да пропаднеш, сигурно ќе имаш барем да се одржаваш со некаков минимален приход. Концентратот што го прават не кошта повеќе од 25-30 денари (пченица, јачмен, пченки купуваа по 8 денари за килограм) а и викаа дека уште поефтина цената била на увозното од Србија, други работи што го сочинуваат концентратот знам е соја, сол и такви работи во помал соодност кој не чинат многу.

Фала за одговорот инаку, нешто е пооптимистички од другиве :D што се однесува до работа знам дека има, и во план ми е и да вработам човек плус кој би ги работел физичките работи
Инаку во контект на темава еве Кумановецов лани воопшто не се жалел http://mrt.com.mk/node/21941
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Таман работа ако концетратот те кошта 30 денари....Секој што озбилно се бави со свињарство, сам си ја припрема храната.
Друга работа, имаш 2 типа на одгледување свињи - 1. Обично почетници купуваат прасиња со тежина од цца 15 кгр и ги одгледуваат до 100-110 кгр. 2. Комплетна фарма со мајки и добивање мали прасиња.
Во првиот случај имаш посигур но производство, помалку проблеми. Во вториот случај, повеке пари ![DOUBLEPOST=1455994817][/DOUBLEPOST]ПС. На Шаклев ништо не му верувај...
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Со среќа нека ти е со бизнисот..
Мене ме интересира за фарма на свињи не за вакви научно-фантастични работи како што беа и брзорастечките дрва, одгледување на ноеви, штурци, полжави итн :D
samo seti se na extra mein, i kje ti stane jasno deka i da ti uspee biznisto.kje dojde cico mijalkov da bidete partneri.ako odbies,kje si zatvoris firmata.
 
G

Goldie

Гостин
samo seti se na extra mein, i kje ti stane jasno deka i da ti uspee biznisto.kje dojde cico mijalkov da bidete partneri.ako odbies,kje si zatvoris firmata.
Да бе Мијалков ќе се замара за мал бизнис во кој според мои проценки приходот би бил околу 20-30.000 евра на годишно ниво.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Да бе Мијалков ќе се замара за мал бизнис во кој според мои проценки приходот би бил околу 20-30.000 евра на годишно ниво.
koe zamaranje? doagja,ti dava partnerska ponuda.prifatis,money for nothing za nego. odbies,dobivas UJP. kaj vide zamaranje?
 
Член од
23 октомври 2015
Мислења
128
Поени од реакции
72
Ova e vekje konkretna suma mada e nekoj minimum za poseriozni raboti Ima kombinacii za autsorsing za stranstvo. Ne mora da e ajti i na drugi podracja ima semi. Treba kliker da ja izvedis rabnotata, nos da ja namirisas i edno 100 iljadarki[DOUBLEPOST=1456863381][/DOUBLEPOST]Da se nadopolnam najpametno e covek so obrazovanie od tehnicki i slicni nauki da poraboti nadvor vo pogolema firma za da vidi svet, da vidi do kaj e tehnikata i normalno da ispece zanat.posle toa koga ke vidis sto im treba poeftino autsorsaj go vo makedonija ili kade bilo kade sto e eftino[DOUBLEPOST=1456863505][/DOUBLEPOST]Inaku jas licno da gi imam zivi sega ovie pari bi se upisal na doktorat(od ovie deficitarnive struki so se) vo amerika ili anglija. Toa bi napravil.
 
Последно уредено:

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
336
Поени од реакции
323
Приход, доход, пасивен, активен... Добро ги знам овие поими и нивните дефиниции, но целата поента ми е нардоски кажано дека според мене да чувам пари затворени во банка или уложени во стан за да го издавам под кирија ми се скроз промашен поим.
Јас лично секој денар гледам да го инвестирам, некои што ме познаваат се чудат како останувам без пари.
Последната инвестиција што ја направив беше од парите кои ги тргнав да ги имам во секој случај, издржаа 3 месеци и ги снема и тие.

Можеби до негде и овој мој начин на размислување и постапување не е исправен но јас се водам од една замисла, зашто да ми седат парите на сметка или под перница кога можам да ги вртам?

Сепак ова се размислувања и до утре можеме да се убедуваме што е подобро и на крај никој нема да си смени мислење.
Па затоа и немаш скршен денар бе друже. И јас сакам да ги инвестирам парите за кои сум р'мбал во странство, но не само да ги треснам каде било како што ти велиш. Од нив сакам да вадам идеална живеачка, па може и на друг (како вработен) би му го овозможил истото. Е сега, ако бизнисот вклучува и извоз, тоа е веќе џекпот, а не само да се истресат парите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom