Какви мистерии крие Македонија?

Член од
24 јуни 2009
Мислења
175
Поени од реакции
342
Grobot na Aleksandar Makedonski e na planinata Plackovica, Kocansko. Taa planina porano imala drugo ime i za nea se znae deka na nea se trenirala vojskata na Aleksandar makedonski. Ima eden tunel, pred tunelot postarite kazuvale deka ima 2 zlatni lava koi bile ukradeni. Vo taa pestera ili tunel mnogu imaat vleguvano, no nikoj od tie sto vlegle nema izlezeno, poso imalo mnogu stapici, taka kazuvaat. Ova nikade nema da go sretnete, zatoa so najverojatno krijat se. Imase poskoro vreme eden decko, na planinata Plackovica imase iskopano nekade okolu 30 kg zlato, no go fatija i mu odzemaa zlatoto i sea e vo zatvor vo Strumica. Isto taka, mora da se napomene deka na ovaa planina se zabeluvaat mnogu neidentifikuvani objekti.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Доста бе, таман имам направено бизнис план са кннежје, кога ќе го најдат гробот, ќе има туристи, ќе отворам сендвичара, хамбургери за германски туристи ќе идат по 100 денари парче. Немој да ми рушеш плановите!
 
M

MysteryMan23

Гостин
Grobot na Aleksandar Makedonski e na planinata Plackovica, Kocansko. Taa planina porano imala drugo ime i za nea se znae deka na nea se trenirala vojskata na Aleksandar makedonski. Ima eden tunel, pred tunelot postarite kazuvale deka ima 2 zlatni lava koi bile ukradeni. Vo taa pestera ili tunel mnogu imaat vleguvano, no nikoj od tie sto vlegle nema izlezeno, poso imalo mnogu stapici, taka kazuvaat. Ova nikade nema da go sretnete, zatoa so najverojatno krijat se. Imase poskoro vreme eden decko, na planinata Plackovica imase iskopano nekade okolu 30 kg zlato, no go fatija i mu odzemaa zlatoto i sea e vo zatvor vo Strumica. Isto taka, mora da se napomene deka na ovaa planina se zabeluvaat mnogu neidentifikuvani objekti.
знаеш ли од дека се влегува во тунелот? :D
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
175
Поени од реакции
342
знаеш ли од дека се влегува во тунелот? :D
Mislam bese nekade kaj seloto Morodvis, ae ke se raspitam i ke ti pisam pp. Inace ja mislam i deka ne e slucajno, zasto bas tuka na ovaa planina vo seloto Morodvis, brakata Kiril i Metodij ja imaat sozdadeno kirilicata, mislam deka 3 ili 4 god ja sozdavale.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Имам слушано дека некоја експедиција има пробано да копа под беласица (незнам дали по гробот на Александар или нешто друго) и УДБА ги има затрупано сите дур биле во тунелот .
И јас имам слушнато слично. Бугари наводно копале али никој не ги закопал ,едноставно ги снемало..којзнае каква е причава.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Тунели, стапици, планини, гробови... Многу Индијана Џонс филмови има гледано некој. 21 век сме а уште верувате во вакви глупости. Макар и да има нешто точно во сите овие муабети, сега барем е лесно да се тестираат овие теории. Има бесполотни возила кои може да се употребат да се влезе во некој тунел и да се испитаат. Ама нема кој да се замара со вакви глупости.
 
Член од
27 март 2011
Мислења
347
Поени од реакции
150
Trcame vo grckite ostrovi na odmor a svojata drzava ne ja poznavame, a kolku poveke bogatstvo ima tuka nego na krf i zakintos.. Zalno...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Околу областа Вила Зора (Велешко) имаше голема фама... Се претпоставуваше дека има голема веројатност таму да е гробот на Александар. Имаше сериозни археолози од целиот балкан кои со недели работеа на местото и тврдеа дека се работи за тајна гробница која може да ја открие само оној кои ке ги "прочита" тајните симболи околу местото кажуваа дека измериле дека е многу метри длабока итн. Но како и се во државава така и ова секое чудо за 3-ри дена не продолжило ископувањето и пронаоѓањето и никому ништо.
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
163
Околу областа Вила Зора (Велешко) имаше голема фама... Се претпоставуваше дека има голема веројатност таму да е гробот на Александар. Имаше сериозни археолози од целиот балкан кои со недели работеа на местото и тврдеа дека се работи за тајна гробница која може да ја открие само оној кои ке ги "прочита" тајните симболи околу местото кажуваа дека измериле дека е многу метри длабока итн. Но како и се во државава така и ова секое чудо за 3-ри дена не продолжило ископувањето и пронаоѓањето и никому ништо.
Во Била Зора се работеше на базиликата , а останатото беше само шпекулација , и не е прв пат да доаѓаат странски археолози и да работат на одредени кампањи кај нас
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Во Била Зора се работеше на базиликата , а останатото беше само шпекулација , и не е прв пат да доаѓаат странски археолози и да работат на одредени кампањи кај нас
Знам дека не е прв пат да доаѓаат странски археолози кај нас али ова се слушна надалеку... Веројатно поради новинарите. По интернет по весници секаде пишуваше "Гробот на Александар речиси најден..." новинарска работа имам слушнато дека имало и кавга помеѓу археолозите и наводно тоа била причината што престанало истражувањето. Кој знае можеби стварно има нешто на тоа место археолозите не намеруваат локација бадијала никогаш. :unsure:
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
163
Знам дека не е прв пат да доаѓаат странски археолози кај нас али ова се слушна надалеку... Веројатно поради новинарите. По интернет по весници секаде пишуваше "Гробот на Александар речиси најден..." новинарска работа имам слушнато дека имало и кавга помеѓу археолозите и наводно тоа била причината што престанало истражувањето. Кој знае можеби стварно има нешто на тоа место археолозите не намеруваат локација бадијала никогаш. :unsure:
Искрено не беше до кавгите меѓу нив , нон стоп си вадат очи меѓу себе се побиваат нема везе , проблемот беше што екипата се состоеше од студенти од 2 год на фзф - археологија , што од носот подалеку не знаат , и се разбира финансиите немаше да се покрие сместувањето на јаката стручна екипа спомната погоре . Новинарите напумпаа што напумпаа , снема пари и дечурланава си се вратија од екскурзијата што ја тераа таму , не беше терен со работа , туку со циркузи правење за жал .... тоа се случува со деца кога ќе си фатиш работа
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.597
Што значи зборот `БЕЛГРАД` на српски јазик?Како град постоел и во Македонија(ако не се лажам некаде кај с.Песочан охридско,а некои тврдат и кај кавадарци)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Подземните тунели кријат златно минато



Кратово има недобројни легенди, приказни колку ти душа сака и колку што имаш време на располагање. Во средновековните кули, пак, владее мистерија, сѐ почнува со „се претпоставува“, „меѓу народот кружи муабет“, „старите велат“... Една од претпоставките е дека целиот град лежи на тунели, кои ги поврзувале 12-те кули, некогашни упоришта на закупниците на рудниците. Освен што преку нив можело да се стигне од една кула во друга, во случај на опасност, еден излез водел и до Кратовска Река. Но сето тоа денес е закопано во историјата














СРЕДНОВЕКОВНИТЕ КУЛИ ВО КРАТОВО

#РаскажиНиЗаМакедонија

Почнувајќи со реновирање, пред извесно време, сопственикот на еден кратовски ресторан допрел до подземните тунели за кои се претпоставува дека ги поврзуваат средновековните кули во овој град. Ова не е легенда, туку жива вистина.

На почетокот од тунелот има бунар и, кога ќе го прескокнете, низ мрачен, тесен, влажен подземен ходник, со поднаведната глава, се влегува во поголема одаја. Батериска ламба е неопходна, инаку нема да стигнете никаде.

Кратовските тунели датираат од 13 век. Во нивната околина речиси секој сопственик, штом ќе копнеел да стави темели за куќата, наидувал на вакви подземни ходници, но од незнаење или од немарност, ги полнеле со бетон, камен и ги закопувале.

- Во 1956 година стариот мој почна да ја гради куќата и, кога сакаше да стави темели, наиде на тунел. Во тоа време немаше цемент, па ставија 20 кубика камења и го закопаа отворот - вели стар жител на Кратово.

Ја закопале историјата, а сега дошло време да се копа по неа и да се тегнат конци за да се утврди претпоставката дали средновековните кули се поврзани меѓусебно, најверојатно за подобро да се заштитат некогашните жители и незабележено да пребегаат од едно место на друго.

Факти Претпоставки
- Реставрирани се Симиќeвата кула и Саат-кулата

- Златковата кула се реставрира во моментов

- Хаџикостовата кула е следна за обнова

- Како часовникот во Саат-кулата има уште два - во Дубровник и во Виена

- По Турчинот Данке, никој не знае да го навие часовникот
- Цело Кратово лежи на тунели

- Тунелите се меѓусебно поврзани

- Тунелите водат до другите кули или до реката

- Во тунелите има скриено злато



МУЗЕЈ БЕЗ ЅИДОВИ

Драган Георгиевски, директор на музејот во Кратово, вели дека се претпоставува оти излезот од овие тунели водел во реката.

- Во случај на опасност, тие имале две опции - да излезат во друга кула или во реката. При изградбата на куќите, многу од тунелите се уништени и закопани. Сега Управата за заштита на културното наследство има проект да се истражат подземните ходници во Кратово. Ќе се прави сондажа да се утврди дали тунелите ги поврзувале кулите - вели Георгиевски.

Љубопитноста деновиве кани многу гости во ресторанот „Александрија“, во кој во моментов се наоѓа единствениот влез кон тунелите. Ова е само мал дел од сложувалката за историјата на Кратово. Речиси целиот град е како музеј без ѕидови, а многу тајни сѐ уште се скриени под земјата. Над неа, пак, стари градби, автентични куќи, камени мостови. Каменот наѕира од секој објект на чаршијата.

Сепак, средновековните кули се посебна глетка. Високи тесни градби, со ниски врати, со резбан камен го чуваат споменот за едно далечно време. Миризбата, темните одаи, камениот под, мрачните и стрмни скали сведочат за животот на закупниците на рудниците на злато во Кратово. Недобројни легенди, приказни колку ти душа сака и колку што имаш време на располагање. Во овие кули владее мистерија и сѐ почнува со „се претпоставува“, „меѓу народот кружи муабет“, „старите велат“.

ЗАКУПЦИТЕ НА РУДА СЕ КРИЕЛЕ ВО КУЛИТЕ


Со години, децении и векови кулите се препуштени сами на себе, на милост и немилост, но иако нагризани од забот на времето, сѐ уште не се предаваат и гордо исправени ја шират аурата дека и по смртта постои живот. Во последниве години кратовци почнаа да копаат по своето богатство, да ја тргаат правта од овие културни споменици, да буричкаат во златното минато. Така нов живот доби Симиќевата кула, која е обновена од петици до глава, и почна да привлекува гости. Саат-кулата, по која некогаш сите го сметале времето, исто така, е целосно реконструирана. Трите ката зборуваат за тоа како било. Часовникот се наоѓа внатре во неа и, бидејќи е во центарот на Ајдучка чаршија, кога ќе отчукал, сите знаеле колку е часот.

- Три ковачки часовници направил мајсторот, за Дубровник, Виена и за Кратово. И го научил Турчинот Данке да го навива секој ден. Но по него, никој не умеел со овој часовник, така што за него времето застанало - вели кратовецот Стевче Доневски.

Во кулите некогаш живееле закупниците на рудниците. Тука го чувале златото и се криеле од непријателите. Затоа овие градби имаат речиси непробивен одбранбен систем. Во околината во Кратово имало неколку рудници, а во градот имало и топилница. Златото се ковало во градот, така што во подовите во одаите на кулите се наоѓало и ден-денес може да се најдат златни алтани.

- Кулите се градени во 13 и во 14 век, не може со сигурност да се каже. Златкова кула е најстара од сите кули. Обично се со три ката и приземје. Градени се по ист терк. Имале силен одбранбен систем. Вратите ги потпирале со сурме, односно со сигурносна греда правена од кувано дрво што не дозволува никој да влезе. Претежно живееле на горните катови, а на приземјето ја чувале рудата. Архитектонски се мајсторски изведени, со полни ѕидови од полуклепан камен и малтер. Сите прозорци имаат железни решетки - вели Драган.

НАСТРАДАЛЕ ВО КАРПОШОВОТО ВОСТАНИЕ

Во моментов во тек е реставрацијата на Златкова кула.

- Алал ви вера. Одлично ви оди - им вели Драган на работниците.

Тие чепкаат по ѕидините, се обидуваат да ја задржат автентичноста. Американската амбасада има обезбедено буџет и до крајот на годината обновата треба да биде готова. Главната задача на археолозите и на работниците во моментов е да откријат дали има тунели во подземјето.

- Во Златкова кула се влегувало со скелиња. За заштита на кулите биле изградени и посебни набљудувачници со мали отвори, познати се како чуварници. Ѕиркаш од малечко прозорче и има простор само за едно око или за цевката од пушката - раскажува еден од мајсторите.

Ги оставаме да работат и продолжуваме кон Симиќева кула, која е прва на влезот од градот. Наречена е по Стеван Симиќ, кој пред Првата светска војна бил сојузен пратеник од Белград и ги застапувал идеите на кралот. Овде имал канцеларија.

Од другата страна на реката се зачувани уште три кули. Преостанатите шест се срамнети со земја, на нивно место се ставени темели на нови домови. Среска кула едвај го преживеала Карпошовото востание, а веднаш до неа се Хаџикостова и Крстева, сместени во Скопска маала или на Скопска улица.
- Сите сокачиња водат во центарот. Само појди надолу. А во кулите сум израснал, си игравме во нив. Кружат муабети, во нив се наоѓало злато и дека и ден-денес постои веројатност да се најде - вели бато Коле.

Овие кули се ремек-дело на архитектурата. Кратовци се гордеат со нив, иако, интересно, голем дел од нив немаат ни влезено внатре.

- Кралот Костадин Дејановиќ со својата ќерка Сара почнал да ги гради, во неколку етапи. Шест години е ѕидана една кула, со 60 мајстори. Мајсторите морало да имаат вино и ракија - раскажува кратовецот Стевче Доневски.

Од некогашните 12 кули, пет се зачувани, а најмногу од нив настрадале за време на Карпошовото востание. Тие за научниците уште се енигма. Нагаѓаат кој бил градителот, архитектот, од каде бил набавуван каменот. Сѐ се тоа претпоставки за кои нема сигурни информации ни пишани документи. Но се знае дека рудари доаѓале од сите страни и мошне е веројатно дека биле добро плаќани. Сега, пак, со обновата на кулите, Кратово полека се претставува на туристичката мапа наменета за сите оние што се привлечени од мирисот на историјата. Воодушевувањето е гарантирано.

Пристапност

- Сите зачувани кули се наоѓаат во центарот на Кратово и се лесно пристапни

- Единствениот влез во тунелот засега е преку ресторанот „Александрија“

- За да влезете во тунелот, неопходно е да носите батериска ламба





На два квадратни километри 18 моста


Кратово е најстар град на Балканот. Освен старовековните кули, вистински историски споменик се и 18-те моста збиени само на два квадратни километри. Меѓу најпознатите се Радин мост, Гровчански мост, Радев мост, Чаршиски мост, Јокшински мост, Свински мост и Сарајски мост, подигнати во седумнаесеттиот век. Во тој период градот бил еден од главните рударски центри на Балканот. Низ градот поминуваат неколку реки, Манцева, Бабакарина и Табачка Река, кои се спојуваат во центарот на Кратово и ја формираат Кратовска Река. Низ градот има 32 чешми, кои некогаш биле единствен извор на вода. Исто така, најстарите два бора во Македонија се засадени на влезот во Кратово, во 14 век.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92215854161&id=49&prilog=0&setIzdanie=23571
 

Kajgana Shop

На врв Bottom