Каде оди нашето општество?

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Прилагоди се на општеството. Не можеш да очекуваш општеството да се прилагоди на тебе.

Sent from my LG-D850 using Tapatalk
НЕ НЕ НЕ! Нема да се прилагодиш на ништо, ќе живееш по своја воља нормално во границите на моралот, а потчинување и инфериорност, не.
У мојот личен случај цел мој живот се прилагодуваат на мене ја никад не сум се прилагодила на никој. Ако не им одговарам како таква, Адиос, Аривидерчи, Чао.
Сакам да кажам ако целиш кон она што ти си го замислил ќе бидеш продуктивен и за себе а и таквата лична сатисфакција ќе се одрази позитивно и во општеството ако секој поединец се води по сопствените желби, однесување и амбиции.
Не правам муабет за проблематични личности на кои памет не им доаѓа и продужуваат по нивно иако немаат ниту личен успех ниту пак придонесуваат било како за општеството туку чисто за она што сметаш дека ти е интерес а не е прифатено од општеството.
 
Последно уредено:

banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
139
Поени од реакции
68
многу си ми емо друже.Како што ги опиша луѓево со сарказам со вулгаризми се 99% од децата у средно.Незнам за чест и морал ама за што би сакал ти да зборуваш со другарите од школо?Да дискутираш квантна физика?Проблемот е и до тебе.Опушти се малце, позезај се.Ништо нема да постигнеш ако си цело време учтив и се криеш во ќош. И уште нешто, тебе никој нема да те смета за атрактивен (ни женски ни машки) ако никогаш не го изустиш тоа што го мислиш, ако не стоиш зад тоа што ке го кажеш и ако ќутиш цело време.Кој ќе те почитува како таков?А ако сметаш дека се станува поинтересен само преку зборење лошо за другите онда стварно незнам што да ти кажам.Многу си се поставил како жртва во целава приказна

Таквите луѓе, со матурантски години јас ги чувствувам денес иако сум веќе при крај во средно.
и ти си на "матурантски" години
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.122
НЕ НЕ НЕ! Нема да се прилагодиш на ништо, ќе живееш по своја воља нормално во границите на моралот, а потчинување и инфериорност, не.
У мојот личен случај цел мој живот се прилагодуваат на мене ја никад не сум се прилагодила на никој. Ако не сакаат да се прилагодат, Адиос, Аривидерчи, Чао.
После кога ќе останете сами некој друг ќе ви биде крив.
 

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
После кога ќе останете сами некој друг ќе ви биде крив.
Зашто сами? Демек треба да глумам нешто за да бидам прифатена, ако е така, боље сама да бидам али не се слагам дека сам ќе остaне оној кој е искрен у намерите.
It is better to fail in originality than to succeed in imitation.
Always.
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Иста будала како стари ја од средно. Со детска фантазија да бидам херој што ќе ја воскрене цела генерација од малограѓанско однесување. Друже батали го целиов муабет, фокусирај се на себе и тие 2% нека ти бидат сите 100%, во твои очи тие го заслужуваат вниманието. Зашто да се пикаш кај што ти мириса скапано, гледајќи така на светот и ти ќе станеш гомно. Заеби чест, тоа е наивност; замени ја со гордост. Биди горд на тоа што сметаш дека те прави добар човек и биди спремен да го браниш. Сакаш тоа што си да дојде до израз? Lead by example. Ако успееш во своите намери со сопствените квалитети гарантирам дека ќе бидеш забележан. Нема потреба да бидеш гласен ако не сакаш, делата вриштат а зборовите се молкум на крајот на денот.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Чекај чекај, некој спомна квантна физика. Попрво ќе зборам за тоа, него да оговарам некоја девојка т.е да ја исцрнувам у друштво. Дека била со тројца у една иста вечер бла бла бла,( а таа не била со никого) дека и направиле тоа тоа и тоа, (а ништо од тоа), и ќе вмешаат плус религија и финансии. Зар мислиш дека ова е топ муабет? Извини, никад не би го правел тој муабет со никого. Подобро ќе се тргнам на страна и ќе молчам и нема да ги слушам тие глупости, и тоа време ќе го искористам по продуктивно. И многу ми е трагично тоа што тој што ја исцрнува девојката, он ќе биде тој што ќе ја зема. И зборувате дека нема да се биде привлечен меѓу спротивниот пол. Доволно е една особа да ти види квалитетите и веќе да не ти треба ни една друга. Подобро би чекал 10 години за вистинската, отколку 10 години изминати со милион и една. Тоа е мое мислење.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Чекај чекај, некој спомна квантна физика. Попрво ќе зборам за тоа, него да оговарам некоја девојка т.е да ја исцрнувам у друштво. Дека била со тројца у една иста вечер бла бла бла,( а таа не била со никого) дека и направиле тоа тоа и тоа, (а ништо од тоа), и ќе вмешаат плус религија и финансии. Зар мислиш дека ова е топ муабет? Извини, никад не би го правел тој муабет со никого.
Прво, не е црно и бело. Сите "фаци" дремат по цел ден и оговараат други? Мхм, да, 100 посто. Незнам од каде е излезена таа мисинформација дека со друштво цело време треба да се збори за нешто "големо"-религија, политика, кванта физика, ватевер. Реално 90 посто од муабетите се тепање време, безвезе работи што никој нема да ги памти 5 минути од кога се кажани. И ова е сосем океј. Има и оговарања, има и сериозни муабети, ама главно е тоа, тепање време, забава.

И зборувате дека нема да се биде привлечен меѓу спротивниот пол. Доволно е една особа да ти види квалитетите и веќе да не ти треба ни една друга. Подобро би чекал 10 години за вистинската, отколку 10 години изминати со милион и една. Тоа е мое мислење.
Второ. Од кој филм го извади ова?

Клучен збор-чекање. Едно гледиште е ова твоево. Ќе си чекам јас некоја да ме забележи па здравје и да ми се претстави, па и да ме викне да се видиме, па после ако може кај неа дома да отидеме да завршиме работа, а со ред и свадба да организира ако не. После да не се замарам јас комшијата нека и направи деца. beta af.

Друго гледиште е (ти) како алфа мажјак да се ставиш во социјални ситуации, да запознаеш и потенцијално поминеш "милион и една" девојка па од сите тие САМ да си ја избереш таа што ти одговара на тебе. Не сме веќе 15 век да бираат мама и тато жена.

Scarcity vs Abundance. Фина работа.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Нашето општество оди напред. Порано сите беа лицемери, сеа секој го покажува своето вистинско лице.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.289
Поени од реакции
4.639
...има една интересна изрека од Сатја Саи. Баба:"Човештвото треба да ги осознае и доживее сите зла за да го доживее своето потполно просветлување..." :)
...е сега тоа "сите зла" по мене има две лица како и се останато на овој свет:
-комплетна преродба и живот во мир и благосостојба
-армагедон...и ондак то :-D
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Прво, не е црно и бело. Сите "фаци" дремат по цел ден и оговараат други? Мхм, да, 100 посто. Незнам од каде е излезена таа мисинформација дека со друштво цело време треба да се збори за нешто "големо"-религија, политика, кванта физика, ватевер. Реално 90 посто од муабетите се тепање време, безвезе работи што никој нема да ги памти 5 минути од кога се кажани. И ова е сосем океј. Има и оговарања, има и сериозни муабети, ама главно е тоа, тепање време, забава.



Второ. Од кој филм го извади ова?

Клучен збор-чекање. Едно гледиште е ова твоево. Ќе си чекам јас некоја да ме забележи па здравје и да ми се претстави, па и да ме викне да се видиме, па после ако може кај неа дома да отидеме да завршиме работа, а со ред и свадба да организира ако не. После да не се замарам јас комшијата нека и направи деца. beta af.

Друго гледиште е (ти) како алфа мажјак да се ставиш во социјални ситуации, да запознаеш и потенцијално поминеш "милион и една" девојка па од сите тие САМ да си ја избереш таа што ти одговара на тебе. Не сме веќе 15 век да бираат мама и тато жена.

Scarcity vs Abundance. Фина работа.
А, дали би паѓал ондак во депресии, од потенцијалните „милион и една“, кога би ја одбрал таа што највеќе ти одговара на тебе, всушност која најубаво си ја врши работата во креветот, таа те одбива тебе на крајот, бидејќи еве пример, ти не си ја задоволил убаво. :)
Или би почнал од јово на ново... И се така, се додека не те избере тебе некоја?!
Чаре?!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Луѓе, без чест, без морал, без малку знаење, со полно идиотизам и зборови кои никако не се добри, секогаш контроверзни, секогаш со доза на интрига. Таквите луѓе, со матурантски години јас ги чувствувам денес иако сум веќе при крај во средно, такви луѓе што до вчера излегле од пелени, се замислуваат дека се нешто и некаде и ги диктираат најзлобните работи за време на престојот во училиштето па и вон него. Не знам само како тоа во очите на женскиот пол тие се секогаш атрактивни, секогаш привлечни, оние кои немаат цели, имаат само уста отворена до ушите и само се зборува негативности. Секогаш полни сарказми, понижувања и навредувања доколку не си по нивниот терк. Тоа се познава и го приметуваат оние малата група околу 2% како мене смирени, добри, немаме намера да навредуваме некој без причина, неќеме и немаме душа да изустиме некој лош збор, цело време гледаме да си молчиме и да бидеме учтиви, но тоа од се против наша корист. После секој ден од доаѓање од школо си доаѓам понижен, згазен, уште една негативна лекција, уште едно срање кое досега не сум го слушнал. Чист пример објаснувам тоа дека да сакаш да се прикажеш во добро светло пред другите и да импресионираш мораш пред сите други да повредеш некој за да испаднеш во спротивниот пол дека вредеш. Денес тоа се цени, не знам јас зошто сум роден во ова општество. За да си доаѓам дома скршен и да си доаѓам дома со помислите каде згрешив денес? Да си доаѓам дома со помислата што мислаат дека сум јас, иначе јас сум еден обичен човек како и нив. Ми доаѓа да се затворам и да не се замарам, ама лесно е тоа да се каже, тешко е да се примени. Имав многу добар другар, не сме ни од исто место, тој е од градот, не сме од исти клас, ама си го имавме муабетот, тој беше онака стабилен, смирен, нешто на изглед како мене, многу ретко да спаднеше на ниско ниво, секогаш ја следеше модата, беше на добар поглед од спротивниот пол. Како и да е, јас си ги имав многупати искажувано моите цели, моите амбиции, моите ставови, моите мислења, моите тајни оти му се доверив, мислејќи дека ќе успее да научам од него нешто за да бидам што повеќе во ин, таков е редот денес, ама од тоа ништо, зошто, затоа што ми заврте грб одма и откај да знам што може да си поигрува и да ме оцрнува пред друг народ.
Прво би ти одговорил на прашањето, а потоа и би те советувал.

Најпрво за тоа каде оди општеството..................., општеството оди напред со технологијата, медицината и уште еден куп други науки, но затоа оди назад со културата, трпеливоста, почитта, воспитувањето и вреднувањето на човештвото/живот свет. Уствари општеството како оди напред се повеќе се губи човечноста на еден човек. Никогаш не се знае, можеби ова некогаш ќе се промени, но бар во скоро време мислам дека не.

Што се однесува до твојот проблем. Сите сме изминале низ основно, средно, работа и еден друг куп работи каде што треба да се умешуваш во група со други луѓе. Е сега во сите тие периоди/групи секогаш масата ќе биде поделена на сељаци/насилници/невоспитани, неутрални и добри/културни/воспитани кои ќе трпат од сељаците/насилниците/невоспитаните.

На почетокот сите се појавувате со маски, но како поминува времето и се опуштате почнуваат да паѓаат маските. Тие невоспитаните ќе ја тргнат одма маската и ќе почнат да си го покажуваат вистинското лице и глас со цел да надвладеат и да обележат нивна територија. Мирните ќе ги тргнат маските и ќе ја покажат својата слабост, а тоа најлесно го манипулираат оние невоспитаните. А тие неутралните се оние со сто маски на лицето кои знаат час да бидат лоши со невоспитаниот и воспитаниот, час да бидат добри со истите двајца. Тие неутралните се најуспешни, затоа што знаеш како рекле............... ,,Тивка вода брег рони".

Вакви групи на луѓе секогаш имало, има и ќе има, само целта е да знаеш како ти да се прилагодиш на општеството, а сепак тоа на тебе да ти годи. Никогаш не го практикувај она................., Ако неможеш против нив, придружи им се. Верувај дека не вреди да се спушташ на некое ниско ниво и да бидеш како некој само за он да не биде против тебе. Но тоа незначи дека ти треба секаде да бидеш културен, мирен и воспитан. Ако ти ќутиш и не ги покажеш забите нормално дека постојано они тебе ќе те измачуваат.
Биди слободен, не се срами од тоа што ќе кажат другите, покажи го и твојот глас, но сепак држи си до тебе.

Е сега реалноста е дека ти си се опуштил во средно и они ги дознале само твоите добри особини (кои нив како дивтари им сметаат) и твоите слабости. Така да сега е прекасно да го сменат мислењето за тебе. Гледај да ги игнорираш, но и да го изгубиш срамот и воспитаноста пред нив. Гледај да не запаѓаш во конфликти, а ако веќе дојде до такви побарај помош од твоето друштво, родители или од надлежните каде што учиш. Но истовремено и анализирај се себе си, види дали има и нешто што нечини и кај тебе. Ако гледаш дека има нешто такво кај тебе што и на тебе не ти се свиѓа, обиди се да го поправиш или искорениш.

Но сепак кога ќе стигнеш на факултет или ќе се вработиш ова ќе го сметаш за големо искуство кое ќе ти помогне да се снаоѓаш во новата средина. Но тогаш гледај да не ги покажуваш повторно своите слабости и да откриваш премногу за себе. Едноставно биди си поќутлив и држи се на некоја дистанца од колегите, затоа што ако мислиш дека ќе најдеш вистински пријатели, веројатно си се излажал.

Се надевам дека ти помогнав/ме со советов/советиве и дека нешто во иднина кај тебе ќе се промени на подобро.

:)
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
А, дали би паѓал ондак во депресии, од потенцијалните „милион и една“, кога би ја одбрал таа што највеќе ти одговара на тебе, всушност која најубаво си ја врши работата во креветот, таа те одбива тебе на крајот, бидејќи еве пример, ти не си ја задоволил убаво. :)
Или би почнал од јово на ново... И се така, се додека не те избере тебе некоја?!
Чаре?!
Стигна ти до таа па големиот проблем ете го.

Само три точки за тебе. Цепи си влакна неишишан, и ти далеку ќе стигнеш.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Дечко ја дадов пример, Ти се најде повредениот. Зашто би глумел алфа мажјак, кога можам да бидам со девојка која ќе ги почитува моите слабости? Реков ќе ја чекам вистинската, неморам да легнувам секоја за 1на вечер. Зар ти мислиш дека моите ќе идат да ми бараат жена? Едноставно неможам да најдам толку разложен одговор, за да ти одговорам.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Дечко ја дадов пример, Ти се најде повредениот. Зашто би глумел алфа мажјак, кога можам да бидам со девојка која ќе ги почитува моите слабости? Реков ќе ја чекам вистинската, неморам да легнувам секоја за 1на вечер. Зар ти мислиш дека моите ќе идат да ми бараат жена? Едноставно неможам да најдам толку разложен одговор, за да ти одговорам.
Под тоа болдираното подразбирам дека за себе мислиш дека не си алфа. Океј. Ама да немаш никаква желба да се промениш и да ги средиш слабостите е штета.

Патем, никаде не пишав дека треба да легнуваш некоја секоја вечер, да не се цитирам сам пишува потенцијално да ги/ја поминеш. АКА по желба.

Знаеш што? Чекај си ја таа вистинската, повеќе за другите ќе има.
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Стигна ти до таа па големиот проблем ете го.

Само три точки за тебе. Цепи си влакна неишишан, и ти далеку ќе стигнеш.
За тебе зборував, пошто ти си во случајов алфа-мажјакот, нормално ќе стигнеш до таа. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom