Каде да наjдам? [Food Edition]

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ти дечко изгледа си од марс, без навреда. Мелено не се купува никаде, бираш кртина и велиш да ти ја сомелат. Така се прави, а ако најдеш некаде готово мелено, никако не го купувај, ќе се каеш.

пратено од телефон, ебаго...
Извини, ти богу на храната. Ти кој никогаш не си поставил некое вакво глупаво прашање и си ја навредил интелегенцијата на другите. Никогаш не сум купувал во Скопје мелено месо, оо јас марсовецот провинциски. Ама фала на одговоров, колку глуп и да беше. Прашав за квалитетот на месото, а не за тоа како се меле. :tapp:
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117

Не се склдисуј, затоа реков без навреда. Марс уште не ни е провинција така да и за тоа не се тревожи. Повеќе ми личиш на младо дете што не знае. И подобро помина од мене (се надевам) пошто јас купив го зготвив, фрлив и тек после си го прашав дома истото. И ист одговор добив... А за квалитет каде има... Па веро тинекс или подобро некоја приватна месара. Толку знам јас, богот на тазе закланото месо ќе ти каже подетално кои месари имаат најтазе ;)

пратено од телефон, ебаго...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Итно ми треба инфо, кај има најдобро мелено месо во Центар? Има разни месарници, се носи месо од секакви земји, колку поминало низ испитувања не знам и малку ми е сумњиво, па ме интересира искуство, каде има добро мелено телешко месо во Центар.
Според мене најдобро е месото од Промес. Или во тој случај ако ти е сомнително готовото мелено месо, најдобро е да земеш кртина и да ти ја сомелат:)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
А бре луѓе, човекот прашува каде има квалитетно телешко месо за да му го сомелат. Со право прашува, затоа што не знае каде што ќе му увалат. Ако некој има добро искуство, нека му каже. Јас сум се зарекол веќе никогаш да не купам телешко месо од Веро. Инаку Shawn Spencer јас купувам месо од Влатко и Маки, во зградите блиску пазарот во Тафталиџе. Нема веќе никаде да најдеш телешко, како што имаше порано, посебно не во Скопје.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Јас купувам од Римес и сум супер задоволен (колку што може да биде задоволен човек од макеоднскиот пазар), обично си земам пола-пола ( пола свинско пола телешко) и супер е и квалитет и вкус и до сега никогаш не сум имал ни најмал проблем, константни се.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
31
Поени од реакции
15
Каде да најдам чаден лосос, чедар, рикота, власец, васаби? И препорачајте некој добар лут сос, Фала :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Каде да најдам чаден лосос, чедар, рикота, власец, васаби? И препорачајте некој добар лут сос, Фала :)
Чедар и димен/чаден/пушен лосос можеш да најдеш во поголемите маркети како што се Тинекс, Веро, Рамстор.........., а за останатите работи стварно не би знаел каде има:)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Дали се наоѓа некаде низ Скопјево засладено кондензирано млеко (sweetened condensed milk)? Сум прашувала во Тинекс, Рамстор, Кам, итн и или ме гледаат бледо или ми даваат едни картони со евапорирано млеко за кафе. Нормално не e битно дали е на Nestle :)

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Дали се наоѓа некаде низ Скопјево засладено кондензирано млеко (sweetened condensed milk)? Сум прашувала во Тинекс, Рамстор, Кам, итн и или ме гледаат бледо или ми даваат едни картони со евапорирано млеко за кафе. Нормално не e битно дали е на Nestle :)

Не знам зошто те гледале така во Кам кога они го држеа едно време. Искрено цела година немам погледнато во тој рафт и не знам дали го има уште.
Во Веро исто имаа ...

Ако не ќе ти дадам рецепта прави дома. :)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
@CafeDelMar

Знам како се прави дома али безбедно е да речеме дека исто ко да не знам, пошто нема да се згнам да мешам 40 мин млеко на рингла :)))

Во Кам има едно во картони. На него пишува condensed milk, али у суштина е евапорирано млеко за кафе. Не е тоа јас што го барам. Во веро еднаш ми најдоа едно во лименка, али не беше засладено и беше ретко. Јас ова што го барам е густо ко пудинг и многу благо.

Донесов од Софија пред некој месец неколку конзерви, ама само уште една имам. Сега ми е криво што не го домкнав цел рафт :) Фала ти секако.
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Дали некаде во Скопје има фурна во која може да се однесе месо (прасе, мисирка, јагне...) или нешто друго да се испече ?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дали некаде во Скопје има фурна во која може да се однесе месо (прасе, мисирка, јагне...) или нешто друго да се испече ?
Незнам баш дали може цело прасе, мисирка или што и да е цело да ти испечат, но знам дека месо можеш да однесеш да ти испечат во тоа продавницата кај што печат скара до кај Кај Злате што е. Поточно помеѓу Латана и Кај Злате. Само незнам дали уште работи.
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Благодарам
Незнам баш дали може цело прасе, мисирка или што и да е цело да ти испечат, но знам дека месо можеш да однесеш да ти испечат во тоа продавницата кај што печат скара до кај Кај Злате што е. Поточно помеѓу Латана и Кај Злате. Само незнам дали уште работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom