Исчезна малезиски боинг, лет MH370 со 239 патници

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
За сите оние кои што сакаат да бидат во тек со овој настан, би им го предложил feed-oт на весникот Mirror од В.Британија. Немој да се лажете со македонските медиуми, стварно без врска се. Барем да знаат од кој медиум да си ги копираат вестите, ако не за друго. :tapp:
Точно, Мирор се одлични. Ова е малце попрегледен линк --- > http://www.mirror.co.uk/news/world-news/missing-malaysia-airlines-flight-live-3224818
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Како бе тоа телефоните уште им ѕвонеле на овие од малезискиот авион, а никој не може да ги најде? Are you fucking kidding me? Триангулација? Базни станици? Или објавуваат информации од ракав агенцииве само за да му додадат мистичност на случајов и да зголемат читаност?
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Како бе тоа телефоните уште им ѕвонеле на овие од малезискиот авион, а никој не може да ги најде? Are you fucking kidding me? Триангулација? Базни станици? Или објавуваат информации од ракав агенцииве само за да му додадат мистичност на случајов и да зголемат читаност?
Се зачудив и тоа

Инаку да си кажам дека го прочитав на некои од нашите портали

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.344
Последно е дека бајаги сркшнал од предвидената патека на движење, што значи до денес го барале на погрешна локација. Тоа со телефоните благе везе нема. Се движел спротивно од предвидената локација но не се враќал кон онаа од која полетал.
 
Ова колку што знам не е сигурно. Мислам дека Малезиската војска наводно го видела авионот на радар после 1 саат откога бил изгубен од .. првичниот радар? Не знам стварно. Некаде прочитав дека имало 2 вида на радари за посебни пригоди.
 
C

cige

Гостин
Џонти Рос и Џaн Маре се две од многуте патници кои биле повикани во пилотската кабина во текот на летот од Пукет во Куала Лумпур.
Рос изјавила дека таа, Маре и илотот во кабината пушеле пури и се фотографирале во текот на летот.
Таа додала и дека во еден момент пилотот ѝ ја зел раката на нејзината пријателка за да ѝ гледа во дланка и да ѝ ја предвиди судбината.
Овој инцидент се случил во декември 2011 година, кога Рос со својата пријателка патувала кон Куала Лумпур. Таа изјавила дека еден стјуард ги повикал да појдат во кабината и во текот на летот, а пилотите целото време го потрошиле со нив. Но, и покрај тоа, таа во ниту еден момент не се чувствувала загрозено.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.344
Ова колку што знам не е сигурно. Мислам дека Малезиската војска наводно го видела авионот на радар после 1 саат откога бил изгубен од .. првичниот радар? Не знам стварно. Некаде прочитав дека имало 2 вида на радари за посебни пригоди.
Sea imas na CNN, prvo e oznaceno mestoto kade e izguben kontaktot i kade go baraa, a potoa kade isceznal od radaritte, znaci bajagi skrsnal od patekata na dvizenje, edno e sigurno, na pogresno mesto go barale. Saat i 10 minuti patuval vo druga nasoka, od 1.30 do 2.40, do momentot koga e izguben od radarite. Vo 1.30 e zaguben kontaktot so avionot.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Како бе тоа телефоните уште им ѕвонеле на овие од малезискиот авион, а никој не може да ги најде? Are you fucking kidding me? Триангулација? Базни станици? Или објавуваат информации од ракав агенцииве само за да му додадат мистичност на случајов и да зголемат читаност?
http://au.news.yahoo.com/world/a/21903251/family-phoned-passengers-on-missing-malaysia-airlines-flight/

Можеле да ѕвонеле ама објаснив пред тоа - тоа е обичен сигнал при интернационални повици.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Фантастично сум заинтерсиран за авионот кој пред 3 дена, наводно го снема од радарот во водите на Јужно Кинеското Море. Пред да ја започнеме дискусијата да ве воведам во најголемите Авионски несреќи во последните 60 години.

о текот на историјата повеќе пати се случувало авиони да исчезнат без трага, подеднакво преокупирајќи го вниманието на јавноста, воздухопловните експерти, па дури и режисерите. Многу мистерии беа решени дури откако е пронајдена црната кутија на авионот, која ги бележи податоците за летот и ги снима гласовите во пилотската кабина.

Еве ги петте најмистериозни случаи при кои исчезнал авион, секако, пред да се случи саботната мистерија.

Air France, лет 447 (2009), комбинација на технички дефекти
Истражителите со месеци не можеле да ја утврдат причината за несреќата на авионот кој летал на линијата Рио де Жанеиро-Париз, кој исчезнал над Атлантскиот Океан. Две недели после инцидентот на 1 јуни 2009 година, најдени се делови од урнатините и телата на 228 патници и членови на екипажот, но дури 2 години подоцна биле пронајдени и главниот дел од срушениот Airbus 330 и црната кутија.

Конечниот извештај на ВЕА, официјалната агенција на француската влада за истражување на авионски несреќи, бил објавен дури во јули 2012 година. Утврдено е дека несреќата била комбинација на технички дефекти и пропусти на недоволно обучените пилоти, а се случила кога авионот летал низ подрачје во кое беснеела бура со грмотевици.

TWA, лет 800 (1996), експлодирал во воздухот
Авионот на компанијата TWA на летот 800, кој во 1996 година експлодирал во воздухот близу до брегот на Лонг Ајленд (Њујорк), и денес е тема околу која се плетат многу теории на заговор, вклучувајќи ја и онаа дека Боингот 747-100 на летот за Париз бил мета на терористички напад или дека го погодил метеор. Во несреќата починале 230 патници.
FBI и NTSB, кои 4 години трагаа по причината за несреќата, востановиле дека оштетени кабли довеле до пожар во резервоарот за гориво, само 12 минути откако авионот полетал од Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.

US Air, лет 427 (1994), паднал при брзина од 480 километри на час
Краткиот лет во домашен сообраќај од Меѓународниот аеродром О’Хер во Чикаго до Питсбург завршил како трагедија, кога авионот со 132 патници и членови на екипажот се срушил при брзина од 480 километри на час. Ужасната катастрофа се случила на 8 септември 1994, 10 минути пред слетувањето. Истрагата на крајот покажала дека неискусните пилоти поради дефект во кормилото на авионот изгубиле контрола над леталото.

Flying Tiger, лет 739 (1962), не е пронајден ни после 50 години
Повеќе од 50 години откако исчезнал без трага авионот на американската авиокомпанија Flying Tiger, изнајмен од американската војска, се’ уште не е пронајден.

На 15 март 1962, кога авионот Super Constellation L-1049, кој пренесувал војници и залихи од Калифорнија во Сајгон, Виетнам, исчезнал кога требало да наточи гориво на островот Гвам. Денот бил ведар. Ни во овој случај не биле испратени сигнали за помош и се претпоставува дека 107 патници и членови на екипажот починале. Војската повеќе пати организирала потери, но не биле пронајдени никакви остатоци или докази, и не била потврдена причината за исчезнувањето на авионот.

Pan Am, лет 7 (1957), непозната причина за несреќата
На 8 ноември 1957 година авионот Боинг 337 на летот од Сан Франциско за Хаваи исчезнал во Тихиот Океан. Недела дена подоцна урнатината ја нашол носач на авион на американската морнарица Philippine Sea, откако екипажот здогледал тела и остатоци од авионот како пловат по океанот североисточно од Хонолулу.

Конкретно за овај авион на Малезија Еирлајнс, Боинг 777, лет 370 исчезна пред неколку денови. Она што ми е фрапантно е тоа што го гледам на СНН. Значи, да разјасниме Летот беше со план да се движи од Малезија, Куала Лумпур до Виетнам, односно крајна дестинација Пекинг, Кина. Меѓутоа, што се случува ? Полетува во 12 40, а во 13 30 губи контакт со контролната кула. После тоа се испраќаат воени бродови на лице место, каде што првично се губи контактот. 48 часовната потрага по остатоци и преживеани, не дава со плод. Стручњакот кој работеше и го расветли случајот со Еир Басот кој леташе од Рио до Париз и кој падна пред неколку години, даде друга теорија и даде друг приказ на работите. Имено, последните информации, во живо на СНН говорат дека авионот бил стотици километри надвор од курсот и дека последната остварена врска, односно сигнали дека авионот се наоѓа таму, некаде во близина на островот Pulau Perak. Она што е фрапантно е дека тоа островот се наоѓа над Малезија и дека всушност авионот се има вратено назад, во еден замислен имагинарен триаголник.

За полесно да ви биди еве ви директен линк кон островот со помош на мапите на гугл. https://www.google.com/maps/place/Pulau+Perak/@5.680357,98.9408874,6z/data=!4m2!3m1!1s0x304976135f4045a1:0xd79cd6ef07d5bb96

Значи, тоа таму е местото каде што по новите истраги бил остварен контакт дека авионот бил забележен. Ако видите дека требало да полета од Куала Лумпур и да оди кон Виетнам, како попатна станица како се наоѓа стотици километри надвор од курсот, и се наоѓа на некој замислен остров ? По правилото, и по мислењето на експертите тие летале надвор од курсот и како единствено решение/размислување/теорија е дека имало проблеми, механички и дека пилотите пробувале да се вратат назад. Меѓутоа, тие летаат надвор од курсот и го промашуваат аеродромот, бидејќи немале навигација. Меѓутоа, се поставува прашањето зошто нема комуникација помеѓу пилотите и помеѓу кулата ? Се поставува прашањето зошто никој од земјата не го детектрирал авионот, ако повторно прелетал над Малезија ? Се поставува прашањето дали станува збор за терористички напад ? Многу прашања, многу можни одговори, многу теории.

Што мислите Вие ? Дебатирајте.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
И да, нека додаде некој од модераторите повеќе избор во анкетата. На грешка притиснав ентер и ми се активира темата.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Како бе тоа телефоните уште им ѕвонеле на овие од малезискиот авион, а никој не може да ги најде? Are you fucking kidding me? Триангулација? Базни станици? Или објавуваат информации од ракав агенцииве само за да му додадат мистичност на случајов и да зголемат читаност?
While you would expect that when you hear a ring tone the phone is on and in working order that may not actually be the case - according to one expert. "The network is searching for the phone. First based on where it last was, then it expands. Then if the network can't find the phone, the call terminates. Apparently even if the phone in question is in airplane mode - or is off or terminally broken - it may still ring on the caller's end, despite there technically being no chance of it being connected.
 
Ф

Флеш

Гостин
Терористи самоубијци не користат фалсификувани пасоши, и не постојат познати самоубијци, познати се откако ќе се разнесат.
Терористите од 11-ти септември користеле свои легитимни пасоши.

Нјаверојатно се работи за илегални емигранти.
И официјално е веќе ....... Двајцата познати патници биле емигранти од Иран со возраст од 18 и 29 години , властите и семејствата објави ја дека оделе да бараат азил во друга земја ... Значи отфрлена е теоријата дека е терористички настан .... Украдените пасоши ти било трговија со лажни пасоши ... Кради,фалсификувај и продај на имигранти за поминување на граници .... :)
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Не знам од кој повеќе да се нервирам. Дали од порталите македонски што пишуваат секакви сценарија, или од членовите овде што им веруваат?
Мислам ок, разбирам дека има 12 годишњаци на форумов, но има и некои постари членови што ги читам од порано што веруваат во срањата пд нашите портали.

Енивеј, еве едно мое резиме за случајов:

Не е киднапиран авионот и не слетал на некој остров (Лост фанови жал ми е).

Не се достапни луѓето на телефон, проверете 2 поста над мојот.

Најверојатно се работи за некоја експлозија во лет (може да е тероризам, експлозивна декомпресија, metal fatigue на некој дел од авионот и сл)

Ако не е експлозија, тогаш е некој поголем дефект (механички, електронски, хидрауличен) по што пилотот се преценил дека може да го среди без да ја извести контролата на летање.

Трето и најмалку веројатно е кршење на крило, мотор или опаш. Во овој случај и потрагата по преживеани би била најтешка бидејќи авинот би се распаднал во воздух. Нешто слично на спејс шатлот. Најмалку веројатно бидејќи не би можело да се забележи на радарите дека сменил насока.

Според мене, најверојатно е второто сценарио. Некој поголем проблем се појавува на авионот по што пилотот се преценува (евентуално откажале сите електронски системи-мада шансите за ова ср скоро нула) и не ја контактира кулата. Намерата му била да го стабилизира авионот и после тоа да објави тревога.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Единствено што не ги разбирам е зошто се вратиле назад ? Ако одговор е механички проблем, зошто не побараа помош ? И најважното, како повторно ја надлетале територијата на Малезија, а никој не видел со оглед дека се „урнал“ во мало островче, над Малезија ?

Никако неможам да разберам, како тој повторно се вратил назад, а никој не видел. Има радари има се, толкава механизација, не разбирам. Али ќе биди интерено.

За тероритсти се сомневам, бидејќи тие обично ја превземаат вината за нападите и пред време се знаат кои се нивните цели. Овдека не е така, барем не кажуваат. Јас мислам дека поради механички проблеми пробал да се врати назад, а ако му се случило истото, како на симултативниот лет на ербасот кој падна на пат од Рио до Париз, пред 4 години, и дека дошло до откажување на некои сензори на дното од авионот и да нема комункација со кулата, пилотот пробал да се врати назад, но неуспешно. Но, пак се повторува прашањето кое и експертите на СНН го повторуваат. Како никој не го забележа Боингот кој повторно ја прелетал територијата на Малезија !?

Lost fans like this. Desmond is behind this :)))[DOUBLEPOST=1394565463][/DOUBLEPOST]
Не знам од кој повеќе да се нервирам. Дали од порталите македонски што пишуваат секакви сценарија, или од членовите овде што им веруваат?
Мислам ок, разбирам дека има 12 годишњаци на форумов, но има и некои постари членови што ги читам од порано што веруваат во срањата пд нашите портали.

Енивеј, еве едно мое резиме за случајов:

Не е киднапиран авионот и не слетал на некој остров (Лост фанови жал ми е).

Не се достапни луѓето на телефон, проверете 2 поста над мојот.

Најверојатно се работи за некоја експлозија во лет (може да е тероризам, експлозивна декомпресија, metal fatigue на некој дел од авионот и сл)

Ако не е експлозија, тогаш е некој поголем дефект (механички, електронски, хидрауличен) по што пилотот се преценил дека може да го среди без да ја извести контролата на летање.

Трето и најмалку веројатно е кршење на крило, мотор или опаш. Во овој случај и потрагата по преживеани би била најтешка бидејќи авинот би се распаднал во воздух. Нешто слично на спејс шатлот. Најмалку веројатно бидејќи не би можело да се забележи на радарите дека сменил насока.

Според мене, најверојатно е второто сценарио. Некој поголем проблем се појавува на авионот по што пилотот се преценува (евентуално откажале сите електронски системи-мада шансите за ова ср скоро нула) и не ја контактира кулата. Намерата му била да го стабилизира авионот и после тоа да објави тревога.
Значи за болдот, ако е така и ако имал механички проблеми, како тој се вратил назад и како поминал повторно на територијата на Малезија и како никој не го забележа тоа ? Ако прелетал морал да биди забележан, а ако имал механички проблеми, тогаш повторно доста долго се одржал во воздух, односно од местото каде што е последниот контакт, па се до каде наводно се наоѓа авионот !?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom