Истражување на пазарот во Македонија

Член од
20 септември 2010
Мислења
40
Поени од реакции
3
Пребарувам информации за да средам еден бизнис план и наидов на проблем кога видов дека не само што нема независни истражувања за многу општи теми, туку и завод за статистика на македонија не нуди некои основни информации. На пример нема информација за број на жители и старосна структура на жители на општина Аеродром, истата е гурпирана како Скопје и околина каде што спаѓаат Аеродром, Бутел, Шуто Оризари и уште некоја општина. Следно нема информација за просечни месечни примања на жители на Скопје или поделено по општини.
Од друга страна, не се наоѓаат информации за успешноста на пример на угостителски субјекти, или удел на пазарот на истите.
Знае ли некој дали воопшто постојат јавно достапни вакви информации или единствен начин е да се ангажира фирма која врши истражувања?
 
D

Darko_ufo

Гостин

Ова ти што го бараш го има само во нормални држави, каде што се врши попис на население, ние сме ненормална држава. А прашање и тие фирми какво истражување ќе ти направат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дека премногу очекуваш од Државниот завод за
статистика. Тие прибираат податоци за она што ја интересира државата
Најдобро е да сам направиш анкета на примерок од општина Аеродром и да изведеш статистички заклучоци
Направи анкетен лист и собери податоци од 20 или 30 испитаници
Ако дисперзијата е голема, зголеми го бројот на испитаници, ако не е - тогаш имаш податок
 
Требаше да нагласам дека информацијата за правните субјекти не се ни надевав дека ќе ја најдам во истражување на ДЗС, во тој поглед си во право дека не треба да имам толкави очекувања. Али it blew my mind што нема информација за старосна структура или број на население, ниту пак официјалниот портал на општината не нуди таква информација, стаиле податок од пописот во 2002 и тоа е тоа.

Ова ти што го бараш го има само во нормални држави, каде што се врши попис на население, ние сме ненормална држава.
Абе се прават проценки врз основа на одредени фактори и пописот во 2002, ама треба некој да го загрее столчето :) .
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Требаше да нагласам дека информацијата за правните субјекти не се ни надевав дека ќе ја најдам во истражување на ДЗС, во тој поглед си во право дека не треба да имам толкави очекувања. Али it blew my mind што нема информација за старосна структура или број на население, ниту пак официјалниот портал на општината не нуди таква информација, стаиле податок од пописот во 2002 и тоа е тоа.

Абе се прават проценки врз основа на одредени фактори и пописот во 2002, ама треба некој да го загрее столчето :) .
Не можеш проценки да правиш на попис стар 15 години друже тоа ти е смешен аргумент. За ова поминато време што се се има десено само бог знае.

Затоа мртви идат на избори кај нас пошто не можеш да докажеш ништо без попис тие проценки би биле нагаѓање и немаат врска со наука и статистика.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Види батка , глупо е да бараш истражување на старосна , образовна , верска и тако даље структура у држава у која сите мање више се знаеме со име и презиме и чат пат некој со прекар . У оваа месна заедница , извини такозвана држава , се знае кој што имал за ручек вчера , каква торта порачала онаа колешката од урбанизам за роденден на детето и тако даље .
Мислам и ти на сабајле не правиш утринско постројавање и смотра на фамилијата , то се прави у војска кај што имаш голем број на луѓе а вие можете и за доручек да си го констатирате бројното стање !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom