Историја на семејното стебло

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнувате, како сте дошле вие тука, кој биле вашите прадедовци. Обично тоа го бараат оние стремени кон историја.
Доста е тешко да ги најдете вашите корени бидејќи тоа зависи од вашите прадедовци или дедовци кои може да ви го кажат тоа и ако навистина знаат.

Се обидов, до некаде ми успеа. Никому не му е гајле за тоа како јас сум дошол на овој свет, но ќе го споделам, изгледа премногу сериозно го сфатив тоа ;)

Имено не знам колку се веродостојни годините бидејќи не ги ни проверив не го знам точниот животен век на моите предци. Успеав да допрам до години околу 1700-те...

1. Стеблото па потоа животни случувања.


Прчко – Пестимија​
↓​
Нема потомок ( Прчко е убиен )​
↓​
Андо - Пестимија​
↙ ↘
Ефрем Арсо​
↓​
( 1775 ) Ефрем – непозната жена Арсо – непозната жена​
(умира рано ) ↙ ↘
Јован Коцо​
Ефрем – Миса​
↙↘
( 1857) Ѓорѓи Димко и Тоде​
↓​
Ѓорѓи – непозната жена ( умира млада )​
↘ Савка ( ќерка )​
↓​
Ѓорѓи – Палагија ( доведува дете Томе )​
↙ ↘
Јана, Божана и Александар ( 1914-2004 )
↓​
Александар – Ратка ( 1912 - 1987 )​
↙ ↘
Стојан Загорка​
↓​
Стојан – Пандора​
↙ ↘
Тони, Зоран, Соња​
↓​
Тони – Елизабета​
↙ ↘
Ѓорѓи Адријана​
↓​
Јас
Историја: Прчко - Името е примитивно и те како, не знам ништо пред него, за него се знае дека бил доста силен, снажен човек кој живеел во село северно од Штип. За него не знам многу освен дека го нарекле "Прч" затоа што стоел на раце ( валда чудо им било тоа не знам ) според него и маалото во кое дедо ми ( Стојан ) пораснал било наречено Прчково маало бидејќи селото било доста големо и било поделено на маала. Прчко е убиен од Лазаринци во тепачка за некој имот ( лозје )

Пестимија: Била од соседното село, таа не останала вдовица, се премажила за Андо дојденец од некое село Рибник ( не сум истражувал каде е тоа село ) и оставиле потомок Ефрем и Арсо.

Андо: Бил земјоделец се преженува за Пестимија немале имот па затоа Андо ја довел тетка му да живее со нив ( ваљда биле млади ) таа поседувала 60 овци, 2 ѕевгара, 30 ектара обработлива почва и 40 ектара пасиште ( во селото каде е родена ) имено Пестимија не заминала да живее кај Андо туку Андо дошол во куќата на Прчко.

Ефрем: За потеклото на Ефремовиот брат Арсо не ми беше потребно, Ефрем се жени ( не е познато името на жената ) таа умира рано и не остава потомок. Ефрем се преженува и добива 3 сина Тоде, Димко и Ѓорѓи. - Ефрем бил Кмет во селото познат трговец, го снабдувал селото со некои предукти ( нез. како одело тоа ) а тргувал во Солун и Софија.

Ѓорѓи: Ѓорѓи бил син на Ефрем, доживеал длабока старост од 90-тина години, бил кривулест и крупен човек. Како Андо, Ефрем и Ѓорѓи останал да живее во истото село. Жената на Ѓорѓи е непозната по име и умрела млада, остава потомок Савка. Ѓорѓи се преженува со Палагија која доведува дете по име Томе. Ѓорѓи доживува 3 среќи Јана, Божана и Александар.

Александар е фактички мојот прадедо. Се жени за Ратка и има 7 мртви/изгубени родени деца се раѓа Стојан ( името Стојан е дадено што требало да значи Стоп / Стој за смртта на децата ) и малку подоцна е родена Загорка. Александар е евидентиран како Сане. Живеел за време на војните, единствено што знае се Бугарите, никогаш не се вклучува во партизанските одреди поради омразата кон Тито ( причината е конфискување на имотите со цел формирање на задруги / Колективизација ), инаку тежок ВМРОвец...
Доживува старост од 92 години, Умира во 2004 во Штип ( одамна преселен во село во близина на Штип )




Стојан: Мој дедо, сеуште жив, од него ми остана многу т.е сето мое знаење за колена на назад а за таа благодарност во 2007 направив кратки клипови кои ги зачував на CD каде тој ги раскажува животните стории од детството, германски војски и палењето на околните села ( и причина за палењето ) поколението од Прчко до денес.

Пандора: Мојата баба. Единствено на што многу ме чуди е нејзиното име. Името Пандора не знам колку е често но јас го поврзувам со митовите на античките народи и Пандорината кутија ( ваљда не знаеле за мечките панди во Кина ;) ) сепак таков детал во така изолирани места далеку од градовите ( и градовите едвај постоеле ) не знам од каде ама со сигурност можам да кажам дека не е пропаганда.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.894
Семејно стебло е терминот, не дрво.
Иначе сум праел муабет со баба ми, со татко ми, имам идеја што како до 4-5 колена наназад.
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Семејно стебло е терминот, не дрво.
Иначе сум праел муабет со баба ми, со татко ми, имам идеја што како до 4-5 колена наназад.
Како точно се одбројуваат колената? Последно јас, предпоследно татко ми...па се до каде се знае или?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнувате, како сте дошле вие тука, кој биле вашите прадедовци. Обично тоа го бараат оние стремени кон историја.............
.
многу убаво од твоја страна што си се заинтересирал за историјата на сопствениот род и си се обидел да направиш свое семејно дрво .(y)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Јас само од прабаба ми и прадедо ми знам(од стр на мајка ми) :
Елисавета Прадовна + Јосиф Ражнатович = Вељко Ражнатович + Горан Ражнатович
Вељко Ражнатович + Славка Јосифович = Жељко Ражнатович ...(натаму нема потреба да пишувам)
Горан Ражнатович + Јелена Стојич = Стојан Ражнатович и Јадранка Петровска = Јас и Брат ми
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Уфф знам назад доста некој 300 години од прилика имињата не ми текнуваат на сите(ама ги имам горе на документи турски и сл) ама до пред од прилика 300 години потекнуваме односно живееме во Скопје(топаана,старо маало) предходно пред 300 години значи сме биле од село на Шарпланина денешно Косово(на самата граница е) Крвеник се викало селото може и уште се вика незнам точно. Во врска со моето презиме познато е дека голем дел(најголем дел) од луѓето во Македонија немале презиме како денес што е најчесто туку името на дедото му било фактички презиме а моето денешно презиме потекнува од Петруш кмет на тогашна топаана богат човек почитуван тој мене ми е прапра дедо

п.с. секоја чест за отварочот на темата јако си ги проучил работите
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.894
Како точно се одбројуваат колената? Последно јас, предпоследно татко ми...па се до каде се знае или?
Да, последно колено си ти. Ко ќе ти се родат деца, тие ќе бидат последно колено.
--- надополнето: 30 мај 2012 во 17:59 ---
Btw, 100% македонец сум и по мајка и по татко. :cool:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
од кај таткоми знам што имам информации се до 6 колено наназад што би дошло за прадедоми на дедоми.

Од кај мајками дедоми бог да го прости ги знаеше со се нашата генрерација на негови внуци 15 генерации наназад од првиот од неговиот род за кој се знае и по него се неси презиме од таа страна. Детето со неколку месеци тогаш било пронајдено фрлено во река од страна на маж и жена кои немале деца. Детето бидеќи било спасена од водите на треска му дале име Спасе. Вујкоми а и сите машки роднини од страна на мајками го имаат презимето Спасески. Презимето е старо повеќе од 500 години. Знам за втор братучед на мајками кој ја има цела историја на фамилијата запишана на книга која ја наследил од теткому и во која редовно додава се мажено , женето , новородено а има корен од бебето Спасе што било турски јаничар и за кои има и фамилијарни легенди...
 
М

Мартин`

Гостин
Стојан: Мој дедо, сеуште жив, од него ми остана многу т.е сето мое знаење за колена на назад а за таа благодарност во 2007 направив кратки клипови кои ги зачував на CD каде тој ги раскажува животните стории од детството, германски војски и палењето на околните села ( и причина за палењето ) поколението од Прчко до денес.
Па нашиве постари баби/дедовци се докази за нашата историја, штета како на никого до сега не му текнало да прошета низ селава па и градовите и да документира нивни мемории посебно за војските (Германските, Српските и Бугарските) па да имаме вистински докази а не од историчари кои може само да наѓаѓаат што се вика. Мене баба ми раскажуваше (веќе почината бог да ја прости) за Бугарските војски колку биле лоши/безмилосни/брутални за разлика од Германските кои биле по-добри. Инаку порано ми кажувале повеќе информации.. ама кој го интересирало, е сега кога ме интересира нема кој да ми каже за од двете страни. За едната горе-доле, пра баба ми знам се борела во Српските редови чети/партизани или како и да се викаат незнам точно.

Важно мораше некоја наша институција да напише книга/филм подолг и да документира се.. од живи луѓе докази се највалидни.
Инаку потекло на моите предци е од Кривопаланечко односно од тие села близу границата со Србија и Бугарија.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.082
Прв братучед почна да го истражува семејното стебло и стигна бајаги далеку и на крај испадна дека корењата ми се еврејски. Ако имам можност ќе го напишам целото семејно стебло на форумов. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
Од на баба ми (татко ми) страната имам цела историја назад до 17 век што од дневници од прадедо ми, што од фотографии, портрети, понекое писмо.
Од другата баба (мајка ми) истотака имам некоја историја од татко и` - дневници пишани после солунскиот фронт, фотографии.
ЈБГ имаа начин да си го негуваат семејното иако не биле цело време заедно.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.613
Поени од реакции
10.861
Од едната страна имам стигнато до на баба ми бабата, родум од Мат, Албанија, а на другата страна до дедото на дедо ми, родум од Херцеговина. Другиве се од Охрид, поточно Канео, значи не села, планини и реки околу.
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Моето презиме потекнува токму од Ефрем, можеби е лудост, но со оглед на тоа што имам читано а делумно и застапувано теории дека средновековните македонски имиња или презимиња биле без ов, ски, ев, пр: Паско Кузман, одличен пример за зачувување на традицијата...не би било лошо да станам Ѓорѓи Ефрем.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
На крај секогаш ке заклучиш дека потекнуваш од адам и ева..:)
Шала настрана,тоа е теоријата на дарвин.

Иначе прочитав некаде дека преку днк тестови и анализи можеш да ги дознаеш своите предци до 7-мо колено...
А баш би сакал да ги дознаам своите предци ама не од блискава историја,туку од далечната далечната..
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
На крај секогаш ке заклучиш дека потекнуваш од адам и ева..:)
Шала настрана,тоа е теоријата на дарвин.

Иначе прочитав некаде дека преку днк тестови и анализи можеш да ги дознаеш своите предци до 7-мо колено...
А баш би сакал да ги дознаам своите предци ама не од блискава историја,туку од далечната далечната..
И јас сум се замислувал за ова,ама ко ми текне дека можам да откријам некој диктатор шо бил ко шо беше чичко ми,просто сакам да мислам дека све почнува од таа лоза сега шо сум,дека јас сум си прво колено па сега почнува!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom