Историја на Фудбалот

Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
“Нешто за фудбалот“ - Фидан Коминовски
Фудбалот носи со себе подолга историја, бидејќи на зелениот терен по топката се трча веќе 170 години. Секако, ни интелектуалците не се имуни кон овој спорт. Мнозина се изненадени, што и уметниците, творците од било која определеност, манифестираат страст кон фудбалот. Се појавуваат многубројни книги, романи, раскази, монографии и репортажи, за најважната споредна работа на светот.

Францускиот нобеловец Албер Ками, воопшто не бил и во дилема, да ги изнесе своите спомени како фудбалер во алжирскиот универзитет во клубот “Расинг“. Тој во своите белешки тврдел: “Фудбалот ме научи на се она што треба да знам за моралот“. Потоа, Жан Пол Сартр во критиката на дијалектичкиот ум, како илустрација на својата теорија, како пример зема фудбалска екипа, како “група која зближува меѓусебе“.

Говорејќи за голманите во фудбалските тимови, рускиот автор Владимир Набоков ја бележи улогата, што многу е наметната. Го објаснува голманот како осамен орел, ас на авијацијата, човек на тајноста, тој дури е т.н. последен бранител на самата фудбалска екипа. Исто така, Едуардо Галеано, автор од Уругвај, истакнал: “Како и сите Уругвајци и јас сакам да бидам фудбалер“. Овој толкувач на Марадона и Пеле во својата книга “Фудбалот - сјај и темнина“ е осмислен од сториите за дриблинзите и мајсторските додавања на топката, кои значат пукот во мрежата. За Пеле, кажува дека минуваше низ противничките редови како нож.

Интересно е да се спомене, дека весникот “Монд“ објавува посебен додаток со седум фудбалски стории, под наслов “Седум писатели на стадионите“, во рамки на книга, се разбира со корици во зелена боја. Во Париз се појави и книгата насловена како “Жолт картон“ од Ник Хернби, кој имаше три љубови во животот - фудбалската топка, музичките плочи и жените, а токму на ним, на самите жени, е упатена оваа книга. Кога ќе го прочита романот, жената ќе нема ништо повеќе да разбира од фудбалот, но ќе ги засака оние што го сакаат.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Јас нема да пишувам многу за фудбалот, туку само ќе ги набројам неколку од оние што ги сметам дека треба да бидат наречени легенди.
Аргентина - Диего Армандо Марадона, Марио Кемпеш и Даниел Пасарела
Англија - Боби Чарлтон и Боби Мур
Германија - Франц Бекенбауер, Герд Милер и Лотар Матеус
Шпанија - Хозе Антонио Камачо и Раул Гонзалез
Италија - Паоло Роси, Салваторе Скилачи, Паоло Малдини и Франко Бареси
Унгарија - Ференц Пушкаш и Сандор Кочиш
Бразил - Пеле, Гаринча, Сократес, Ромарио, Ривалдо и Роналдо
Југославија - Драган Џаиќ и Драгослав Шекуларац
Франција - Мишел Платини и Зинедин Зидан
Русија - Лев Јашин
Данска - Петер Шмајхел и Михаел Лаудруп
Холандија - Франк Рајкард, Јохан Кројф и Марко Ван Бастен
Македонија - Дарко Панчев

Издвоив некои од нив, бидејќи ме мрзеше да пишувам повеќе, а и многу изоставив, али повеќето од нив се прославени и го достигнуваам врвот на нивната кариера за време на СП.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Најфудбалскиот ден во годината
Побарајте слободен ден од понежната половина и набавете си доволна количина на пиво и грицки/мезе. Оваа недела, 7.10.2012, е најфудбалскиот ден во годината, а можеби и во деценијата.
Шпанија
Барселона - Реал Мадрид 19:50
Сите погледи на фудбалска Шпанија овој викенд се насочени кон големото „Ел Класико" дерби. Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат 165-та првенствена средба откако е започното ривалството во 1929-та година. Барселона веќе има 8 поени предност, па Реал Мадрид мора да оди на се или ништо.
Освен овој дуел, во недела во Шпанија ќе се одигра и уште еден интересен меч. Шампионот од Лига Европа и освојувачот на европскиот Суперкуп, Атлетико Мадрид во 21:30 ја пречекува третопласираната Малага, екипата која не знае за пораз веќе 11 натпревари.
Италија
Милан - Интер 20:45
Првото „Дерби дела Мадонина" исто така ќе се одигра на овој „најфудбалски ден". Милан и Интер имаа лош старт на сезоната, и победа на 220-то официјално дерби ќе значи„рехабилитација" и враќање на самодовербата. На Милан очајно му се потребни поените затоа што веќе заостанува 9 поени зад Јувентус и 5 зад Интер, но од спротивната страна ќе го имаат нивниот довчерашен напаѓач Касано кој ќе биде посебно мотивиран за ова дерби.
Франција
Олимпик Марсеј - ПСЖ 21:00
Првопласираниот во Франција го пречекува второпласираниот во „Ле Класик" дербито. За прв пат по 19 години овие две екипи се среќаваат во момент кога ги држат двете водечки позиции во лигата. ПСЖ и Олимпик се двата најпознати клубови кои доаѓаат од двата најголеми француски градови (нешто како Скопје и Битола), па ривалството помеѓу овие две екипи е огромно, како на теренот, така и надвор од него. Дуелите помеѓу навивачките групи секогаш завршуваат со голем број повредени и уапсени, а во 2010-та година имаше и еден загинат.
Португалија
Порто - Спортинг Лисабон 21:45
Најголемо ривалство во Португалија е она помеѓу Порто и Бенфика, но секако големо е и ривалството на Порто со втората лисабонска екипа од големата тројка во оваа земја.
Англија
Њукасл - Манчестер Јунајтед 17:00
Едно од класичните ривалства од ерата на Премиер лигата ќе се обнови во недела. Њукасл и Манчестер Јунајтед беа големи непријатели кон средината на 90-те години кога двете екипи се бореа за титулата, а нивните дуели отсекогаш привлекуваат огромно внимание.
Русија
Спартак Москва - ЦСКА Москва 16:00
Најголемото ривалство во Русија. ЦСКА е клуба оформен од војската, а Спартак е „народен клуб". За тоа колку не се поднесуваат овие два клубови говори и фактот што на едно дерби неодамна беа уапсени 695 навивачи.
Турција
Фенербахче - Бешикташ 18:00
Дуел помеѓу најуспешните турски клубови, локално дерби и ривалски дуел помеѓу работничка класа од азискиот дел (Фенербахче) и средна класа од европскиот дел на Истанбул (Бешикташ).
Македонија
Шкендија - Вардар 15:00
Белгија
Стандард - Андерлехт 14:30
Клуб Бриж - Генк 18:00
Кипар
Омонија - АПОЕЛ 17:00
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Значи, Барселона останува единствената екипа со 6 титули во една сезона?

Пеп жртва на сопствениот успех.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Значи, Барселона останува единствената екипа со 6 титули во една сезона?

Пеп жртва на сопствениот успех.
Зошто Баерн има само 5? Не освои се што може да се освои?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.019
Поени од реакции
20.760
Излегоа бомби :icon_lol: снимени разговори помеѓу Рамос и претседателот на шпанската фудбалска федерација. Во нив Рамос се жали за судиите, конкретно за ВАР.
Во еден разговор, Рамос барал од Рубиалес (претседателот на федерацијата) овој да му помогне, да лобира за него во УЕФА, за Рамос да ја добие златната топка :vozbud:

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Едно конкретно прашање, ако има некој да одговори, фала му унапред:

Дали некогаш прво коло на некоја од првите пет или десет европски лиги почнувало после 15 август?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Едно конкретно прашање, ако има некој да одговори, фала му унапред:

Дали некогаш прво коло на некоја од првите пет или десет европски лиги почнувало после 15 август?
Да. Шпанците и Италијанит мислам стално почнуваа на крај на август до пред короната. А ПЛ обично околу 15ти.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
Италија долго време почнуваше последниот викенд од август.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom