Историја на Фудбалот

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Прапочетоците на фудбалот, како денес убедливо најпопуларен спорт на денешницава датираат од околу 500-600 години пред нашата ера.
Првите документирани докази и пишани документи за кои постојат и научни докази за игра со топка слична на денешниот фудбал потекнуваат од Кина 200-300 години пред нашата ера.
Во тоа време во Кина постоела игра со топка наречена Tshu shu која била многу слична со денешниот фудбал и во која игра учесниците се обидувале да протнат топка направена од животинска кожа низ дупка од мрежа распната помеѓу два Бамбусови стапови високи 10 метри.
Tshu shu била многу популарна за времето на Династијата Хан и била дел од строгата војничка обука на редовната Кинеска војска.


Уште еден облик на игра со топка предходник на современиот фудбал исто така потекнува од далечниот исток,а тоа е играта Kamari ,која се појавила во Јапонија околу 500 години подоцна отколку во Кина. Тоа била кружен тип на исгра но далеку помалку спектакуларен отколку Tshu shu.
Kamari повеќе бил чесна церемонијална активност,каде не се барало поголеми способности и немало натпреварувачки карактер.
За време траењето на играта учесниците немале никаков физички контакт,и не постоел ни најмал знак за меѓусебна борба за топката.
Играчите на многу мал простор имале за цел да си ја додаваат топката и при тоа таа не смеело да падне на земја


Во Мексико и Централна Америка се појавува гумена топка во периодот помеѓу 600 и 1600 година од нашата ера. Играта која ја играле жителите на тие простори се одржувала на издолжен терен долг 12-15 метри во форма на правоаголник,кој имал исправен ѕид на средината на кој се наоѓала дупка.
Целта на играта била тешката гумена топка да се протне низ дупката.


Во Северна Америка во 16 век Американските Индијанци играле игра со топка која ја нарекувале " Psuschuakohowor" што во буквален превод значело," Да се собереме и да ја удираме топката со нога".
Плажите широки скоро еден километар оддалечени со голови од 2 километри,биле игралиште за дури 1000 играчи истовремено.
Играта била премногу груба,па се случувало да бидат искршени многу коски за време траењето на играта,во која учесниците биле украсени со разни накити и исшарани со разни воени бои и не се препознавале визуелно помеѓу себе.


Сите овие предходни видови на игра со топка имале некое влијание на фудбалската игра,но разбојот на фудбалската игра каква што денес ја знаеме се случувал во Англија и Шкотска.
Играта која се играла на Островот има корени од 8 век од нашата ера и имала голем број на локални и регионални облици кои со тек на време се усовршувале до денешниот поим за фудбал,ваков како што го знаеме.Тие почетоци на фудбалот во Британија се разликувале од сите до тогаш познати видови на колективна игри кои постоеле до тогаш. Биле многу малку организирани,повеќе насилни и спонтани и обично во нив учевствувале неограничен број на играчи.
Повремено игрите биле натпреварување помеѓу села и населби и се играле на селските улици,пазари или на полињата. Се случувало понекогаш околу 1000 играчи во занес по топката да уништат цели села и населби.За време на играта која била претерано груба било дозволено секаков вид на удирање како и се останато. Фудбалот кој тогаш се играл бил масовен фудбал во кој бројот на играчи не бил ограничен,и никакви правила не постоеле.
Според еден запис од Ворктинктон Англија,за да се исполни целта постигнување на погодок било дозволено се освен Убиство.


Голем број на закони и забрани во текот на фудбалската историја не придонеле за намалување на неговата популарност. Понекогаш забраните и законите биле построги,некогаш поблаги но ентузијазмот кај неговите љубители со секој поминат меч растел се повеќе и повеќе,иако кај власта во Англија и Шкотска многу ретко за време на неговите почетоци наидувал на одобрение.


Лорд Мејор од Лондон во 1314 година издал прокламација во која го забранил играњето на фудбалот. Причините биле во тоа што за време на фудбалските мечеви поради големиот број на играчи доаѓало до големи нереди во кои учествувале и до неколку стотини луѓе,а просторот каде се играло бил потоа целиот неупотреблив за било што,скоро секогаш се случувало да настрада некое помало селце или населба,а после завршувањето на мечот имало голем број на повредени,а не ретко се случувало и да има човечки жртви.
За времетраењето на стогодишната војна од 1338 до 1453 година помеѓу Англија и Франција фудбалот бил забранет за играње.
Англиските кралеви Едвард III,Ричард II,Хенри IV и Хенри V го забранувале фудбалот поради тоа што омилената игра ги одвраќала војниците од вежбањето на корисни војнички вештини,како стрелање кое имало голема важност во Британската војска во тоа време.
Сите Шкотски кралеви во XV век исто така го забранувале играњето фудбал.
Во декретот кој го донесол Џејмс I во 1424 година се вели дека " Ниеден човек нема да игра фудбал ".



Иако забрануван како најпопуларна игра,ни една од мерките за спречување на играњето фудбал не дала резултат. Популарноста на играта секојдневно растела и луѓето премногу ја сакале грубата игра со топка за некој да може да им ја забрани. За време на ренесансата во Италија,поточно во Фиренца и Венеција се играл вид на фудбал наречен “calcio”.
За разлика од фудбалот што се играл во Англија и Шкотска, Калчото во Италија бил далеку поорганизирана игра со топка, и играчите биле облечени во дресови со различни бои на екипите и се играло на сите големи свечености и празници во Фиренца.
Во Англија играта се уште била многу груба и немало никаков напредок во развојот за време од 500 години. Ништо се немало сменето се до почетокот на 19 век ,кога се почнало да се игра фудбал во познатите јавни училишта во Англија. Фудбалот на почеток се играл како зимска игра помеѓу домовите во јавните училишта Winchester, Charterhouse и Ethon а многу ретко помеѓу нив поради тоа што секое училиште си имало воведено свои правила, од кои некои си имале правила каде било дозволено контакт на топката со раце а некои училишта не. Матурантите од јавните училишта кога ќе појделе на универзитет, таму не смееле да играат фудбал освен со своите стари школски другари.
Прв обид да се направат стандардни правила и да се отклонат големите разлики во фудбалот е направено на Универзитетот Кембриџ во 1843 и 1846 година,по што голем број на јавни училишта ги прифатиле тие правила и се познати потоа ка Кембриџски Правила во фудбалот. Потоа во 1862 и 1863 година се одржани серија состаноци на училишни и вон училишни клубови од Лондонското подрачје и соседните окрузи,кои се сложиле дека ќе објават правила и така ќе го одвојат Рагбито од новонастанатиот Фудбалски Сојуз(FA).
Многу клубови не ги прифатиле новонастанатите фудбалски правила и продолжиле по свои, посебно ова било изразено во Шефилд и неговата околина. Во 1867 година е формиран фудбалскиот сојуз на Шефилд, како предходница на подоцна окружните сојузи кои постојат во Англија. Шефилд и Лондон играле два меча помеѓу себе во 1866 година и тогаш за прв пат времето за игра е ограничено на час и половина. Во 1871 година ФА ги поканува сите 15 клубови на сојузот да учествуваат во натпреварувањето за трофејот на ФА, кое станува прво официјално фудбаласко натпреварување во светот.
Со ФА купот почнува модерната историја на најважната споредна работа во светот Фудбалот.
Фудбалот кај нас се јавува малку подоцна. Фудбалот, или "футболот", како што ја нарекувале оваа игра во Македонија во времето на нејзиното актуелизирање, започнал да се развива во почетокот на XX век. Во 1919 год. биле основани фудбалските клубови: „Македонија“, „Напредок“, „Сингелиќ“, а во 1920 год. клубовите „Вардар“ и „Југ“. Во 1922 била формирана ФК Беласица од Струмица, а една година подоцна и фудбалскиот клуб „Тиверија“ од истиот град.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Уште еден податок, го прочитав во „Политикин Забавник“, во Англија се играле утакмици 150 против 150, не мозжам ни да го замислам ова :vozbud:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Точно е, прочитај го и првиот пост некогаш и 1000ци играле. И имам уште еден податок кој ми го кажа дедо ми, но не знам колку е веродостоен, дека во почетоците место топка користеле човечки глави.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.017
Поени од реакции
2.050
Точно е, прочитај го и првиот пост некогаш и 1000ци играле. И имам уште еден податок кој ми го кажа дедо ми, но не знам колку е веродостоен, дека во почетоците место топка користеле човечки глави.
:vozbud:и јас имам слушнато за ова од постари личности :D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Ние сме дигале илинденско востание против турците, Енглеска фудбал играла.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
јас знам по селата во јагнешка кожа превртена, ставале волна и играле, арно ама тоа било прилично скапо, пошто кожата била вредна а и се кинела после неколку утакмици, така да само поимашливите играле...а може и да ме лажеле :cool:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Точно е, прочитај го и првиот пост некогаш и 1000ци играле. И имам уште еден податок кој ми го кажа дедо ми, но не знам колку е веродостоен, дека во почетоците место топка користеле човечки глави.
The human head weighs between 3.5 and 5.5 kilograms.

Фудбалска топка 400 – 450 g





 
Член од
26 јули 2011
Мислења
39
Поени од реакции
41
FK LJUBOTEN 1919 Првата фудбалска топка во Тетово ја има донесено Никифор Вочевски во 1916 година, а три години подоцна во 1919 година, професорот по фискултура Франтишек Ваник, кој дошол од Словенија донел нова топка и почнал на часовите по фискултура да са игра фудбал. Првите поклоници на фудбалот биле: Јован Марковски, Стевица Бошњаковски, Никола Павловски-Бутика, Симо Момировски, Заре Заковски, Момчило Ќириќ, Саша Поповски, Миле Захариевски и други. Овие гиманзијалци за првпат го играат фудбалот во Тетово, а и тогаш, во 1919 година за првпат се споменува клубот ФК Љуботен, и за првпат се настапува под тоа име. Било одбрано името Љуботен, затоа што во тоа време се верувало дека Љуботен бил највисокиот врв на Шар Планина.
Клубот бил регистриран и примен во Лоптачкиот сојуз, во 1922 година. На 23 јули 1922 година во Тетово била отворена Градската библиотека, а свеченето обраќање го одржал Јован Марковски. Првото основачко собрание на ФК Љуботен е одржано пет дена подоцна на 28 јули 1922 година, и повторно свеченото обраќање го одржал Јован Марковски. Во првиот управен одбор на ФК Љуботен биле избрани: Симо Момировски, Никола Павловски-Бутика, Стеван Јовановски, Момчило Ќириќ, Александар-Цане Поповски и Крсто Димитриевиќ, а за претседател бил избран Јован Марковски. Веднаш по основачкото собрание бил одигран натпревар, во кој се сретнале ФК Љуботен и ФК Спорт од Скопје, кој завршил нерешено 1:1, а голот за Љуботен го постигнал Рускиот емигрант Скуриков.znaci najstar tim vo makedonija e ljuboten tetovo.Ima indicie deka prviot pocetok na ljuboten bil duri vo 1909 god no se do 10 godini podocna se oformuva timot bidejci do togas kako sto znaeme nemalo topke za igranje pa se igralo so nesto primitivno najverojatno rucno napraveno nlik na topka... :))))
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Најстариот професионален фудбалски клуб во светот НОТС КАУНТИ,формиран 1862.. Македонија,и Балканот тогаш уште во среден век биле :):)
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Најстариот професионален фудбалски клуб во светот НОТС КАУНТИ,формиран 1862.. Македонија,и Балканот тогаш уште во среден век биле :):)
Не е најстар, Шефилд е постар. Најстар е како ПРОФЕСИОНАЛЕн клуб иначе има постари клубови :)
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Bochum founded 1848 ...

VfL Bochum is the of the oldest sports organizations in the world claiming an origin date of 26 July 1848
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.313
Поени од реакции
6.167
Ф.К. Горски од Велес, формиран 1919.

--- надополнето: Aug 29, 2011 9:47 PM ---
Точен датум незнам, ама фудбалскиот клуб е легенда на градот. Го знаат старите велешани. Познат е по тоа што на утакмици фудбалерите оделе качени на рамења, со зурли и тапани. Домашен терен им бил теренот кај Топилница(денес не постои). Клубот гаснел и се раѓал неколку пати. Нема голема историја во Националната лига, најголем успех мислам дека е втора лига, генерално клубот е место каде што се дружеле младите од левата страна на градот, поточно црна џамија, четкушева чешма и потокот. Една сезона дури 9 фудбалери од Горски преминале во Борец за да го спасат клубот од испаѓање од првата лига во што успеале. Клубот е повторно реформиран лани во 2010 и игра во општинската лига во Велес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom