Искуство од купување на половен автомобил од странство со бруто - нето цена (VAT reclaimable)

Член од
4 јуни 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Сакам да прашам дали некој има искуство со купување на автомобил од странство кој се продава со бруто и нето цена? Со можност за поврат на данокот.

На mobile.de поскапите авомобили се продаваат со бруто и нето цена кои за Германија изнесуваат со разлика од 19%, во Италија 21%, во Франција 20%... Таа разлика е всушност платениот данок.

На autoscout24.com се обележени со звездички тие коли кои имаа нето и бруто цена за продажба.

Моите информации се дека бруто цената е за купувачи од ЕУ додека нето цената (поврат на данокот) е за купувачи надвор од ЕУ.

Искуството кое ми е потребно е тоа дали има некој купувано кола со бруто и нето цена или поточно дали си го повратил данокот?

Целокупниот процес за тоа, кои документи се потребни, каде треба да се заверат и како да се поврати данокот? Мора купувачот да се врати назад во државата од каде го купил авомобилот или може да се заврши и тоа преку банка, односно преку овластено лице; да кажеме пријател кој живее во таа држава?

Ве молам за споделување на евентуалните искуства.

Доколку веќе има тема во која е разговарано наведеното погоре ве молам да ме посочите како би дошол до потребните информации.
 
Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
За да добиеш повратен VAT на возилото во Германија треба да има документ: Ausfuhrbescheinigung

Али има премногу документи кои треба да се средат за да се извади овој документ. И повеќето не се замараат освен ако возилото не е 2014/2015

Ако возилото испадне дека има давачки не платени, тој што го извадил документот за повратен VAT има да плаќа многу големи казни и претежно никој не се замара да го извади

Приватно лице ќе неможе да го извади овој документ, само ако купуваш од обвластен дилер за висока цена би можеле да ти средат, ако и само ако возилото е претходно од лизинг или е купено во готово од фирмата каде што знаат дека немаат дополнителни трошоци.
 
Член од
4 јуни 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Точно дека поновите возила се објавени со можност за поврат на VAT но исто така речиси сите тие се објавени од сопственици на плацови за коли.
Сепак интересот ми е за возило од 2011 па наваму. Едноставно ми е страв да не излезе грешка во математиката. Ако возилото се продава на пр. 18000€ и да кажеме дека намалено за данокот излегува некаде околу 15000€ разликата и тоа како ми е битна бидејќи на такво возило наредните давачки се доста големи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom