Чекајте малце другари нели со дебитна не можеш во минус или има и дозволен лимит за во минус?
Јас вршев некои плаќања за татко ми и сумата беше околу 140.000 денари. Мисирите во банка два пати ми ја прокнижиле и глеам на е-банкинг после пар денови од кога платив ми стојат уште во резервирани средства сумата ама веќе ги неам на сметка. Во меѓу време зимам плата, глеам одма ми ја нема а ми се намалуваат резервираните средства. Одам во банка, кажувам ситуација и ми викаат „ааа имате платено, ви земале од сметка, сега сте во минус“. Како во минус, кога прво е дебитна, после веќе ги имам платено. Си извадив од е-банкинг свој извод, побарав од местото каде што плаќав доказ дека само еднаш е стигната уплата и после тегнење од недела-две, објаснување и докажување испадна дека случајно два пати ми ги прокнижиле од сметка (а пази, дебитна). Е сеа, да немав луѓе и да не оптеретував у банка, немаше никад да успеам да докажам дека само еднаш сум платил а не два пати. Одма после тоа ми ги тргнаа 140.000, се тргнаа од резервирани средства, ми се поврати платата и сфе беше у нормала.
Зборам за Тутунска Банка.