Империја на Сонцето (Empire of the Sun)

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Empire Of The Sun (band)


“Empire Of The Sun” е релативно нов австралиски електро бенд кој што е основан од двајца Австралијци во 2008 година. Дуото го составуваат Ник Литлмор и Лук Стил. Досега имаат издадено два албума, првиот

“Walking on a Dream” е издаден во октомври 2008 го лансираше кон врвот. Во Австралија е издаден 2х во платинеста верзија и еднаш златна во UK.
За овој албум имаат добиено неколку награди и признанија за најдобар деби албум и за најдобар електро-алтрнатив рок албум во Австралија.
Нивниот втор албум „Ice on a Dune“ беше издаден годинава на 13 јуни во Австралија, чиј што претходник е синглот „Aliveиздаден на 16 април 2013.
Моментално дуото се „штитеници“ на Virgin Records од Велика Британија и “EMI” Австралија.



2008-11 Walking on a Dream

Албумот беше издаден во октомври 2008 со 5 песни. Албумот беше номиниран за 11 награди на австралиските АРИА музички награди за 2009-та година, каде што освои 7 од 11-те. Албумот на австрлиската Топ-чарт листа дебитираше на осмото место, додека на британската Топ-чарт листа на 21-то. Песната носител на албумот беше издадена на 30-ти август 2008. Втората песна што ова дуо ја издаде беше песната „We Are the People” што беше промовирана на 20-ти септември истотака во 2008.
Албумот и сета нивна појава во музичкиот свет наиде на доста добри критики. Критичарката Софи Брус од Би-Би-Си Мјузик го опиша дуото како екстра-талентирано и дека овој албум е еден вид на инстант класика, додавајќи дека се чудни онолку колку што треба да не бидат чудаци. Исто така на веб-страната Метакриткс успеја да соберат 61 поен од 19 критики.


Како што напоменав погоре, албумот се здоби со неколку награди како што се:
  • Албум на годината 2008
  • Најдобро поп-издание
Покрај албумот дуото добија награди и за некои од своите песни:
  • Walking on a Dream доби награда за најпродаван сингл; спотот за песната доби награда за најдобро музичко видео
  • Видеото за We Are the People доби номинација за најдобро видео

Освен нивните песни и видеа, групата на АРИА музичките награди, каде што впрочем и ги доби овие награди се здоби и со признанието за најдобра музичка група за 2009 година.

Албумот исто така беше номиниран за најдобар меѓународен музички албум и на БРИТ музичките награди за 2009 година.

Песни на албумот:
1.Standing on the Shore
2.Walking on a Dream
3.Half Must
4.We Are the People
5.Without You


2011-сегашност Ice on the Dune

На 11 март 2013 година Емпајр оф д’ Сан го објавија трејлерот за нивниот нов албум Ice on the Dune, каде што се наведуваше дека албумот ќе биде издаден во месец јуни 2013.
„Водечката“ песна на албумот „Аlive“ беше издадена на 16 април годинава, како и тоа што беше оставена можност да се направат нарачки за албумот во излегување.

Стил со едно интервју успеа да направи бајаги голема промоција на групата, а и на албумот со тоа што Ај он д’ Дјуне го спореди со оној на Дафт Панк – Рандом Аксес Меморис, додавајќи дека тие(Дафт Панк) имаат подабар маркетинг, а они подобри песни.

Oвој албум за разлика од претходниот има подобар скор од +7 поени на страната Метакритик. Еден од критичарите што се бават со овој стил на музика изјави дека песните на албумот имаат добра мелодија, одличен ритам и смешни, но сериозни рефрени.

Од другата страна ценетиот и познат магазин Роллинг Стонес, односно еден од критичарите – Џон Долан му даде оцена 2,5/5, наведувајќи дека песните на овој албум не можат да се споредат со оние на Дафт Панк и дека не се за на подиум.




Песни на албумот:
1.Lux
2.DNA
3.Alive
4.Concert Pitch
5.Ice on the Dune
6.Awakening
7.I’ll Be Around
8.Old Flavours
9.Celebrate
10.Surround Sound
11.Disarm

12.Keep a Watch


Некои од нивните најпопуларни песни:


И за крај уште да го дадам својот коментар. Мене песните ми се закон и така често се наоѓаат на моите „рандом“ плејлисти. Мислам дека не се доволно експонирани, а дека имаат одлични креации.
Па оставам на вас заедно да ги искоментираме. Дали знаете кои се, дали сте ги чуле, дали и колку често ги слушате?
Енд лет д’ дискаш’н бегин...


ПС: За малце ќе заборавев една многу важна работа, ФИФА 14 играчите можеби ќе ја препознаат групава по .
Поздрав до колегите. :D
 
Ф

Флеш

Гостин
OMG !!!!! МОЈАТА ОМИЛЕНА ГРУПА ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ПОКРАЈ The Temper Trap !!!! Последниот албум го имам на мојот телефон .... Дечкиве се закон !!!!! ПРЕПОРАЧАНО !!! Сакав да направам тема за нив !!!! (y) (y) (y)(y)(y)


 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Иначе нешто ме заебава компјутеров, цел саат не можев да ја потврдам темава, а и гледам спојлерите ми се за никаде, воопшто не требаше така да испаднат :нинџ:
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Ова е моментот, првпат ја слушнав на aftermovie -то на Тумороуленд од 2011, немаш претстава колку пати сум го преслушувал целото клипче :D
Ако не се лажам, и јас таму ја открив. Перфекција, нема што ..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
И јас ги вбројувам меѓу моите поомилени бендови во последно време. Штета што електропоп / синтпоп кај нас има ограничена публика, па за жал и оваа тема ќе остане со само десетина коментари.
Добар бенд.

:(
 
Ф

Флеш

Гостин
И јас ги вбројувам меѓу моите поомилени бендови во последно време. Штета што електропоп / синтпоп кај нас има ограничена публика, па за жал и оваа тема ќе остане со само десетина коментари.



:(
не знаат шо сакаат кажано ... :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom